Спелеологот девет дена заробен во пештера до вечер може да биде извлечен


Американскиот спелеолог, кој на 2 септември поради болест беше заробен во пештера на длабочина од 1.040 метри во јужна Турција, може да биде извлечен на површина уште во понеделник навечер, објави Турската спелеолошка федерација (АФАД). Марк Дики (40) доживеал стомачно крварење додека го истражувал системот на пештерата Морка со меѓународен тим, а околу 150 луѓе, […]

Кремљ предложил размена на новинарот Иван Гершкович за убиецот на чеченски милитант во Германија


Вашингтон – Кремљ води преговори со Западот за можна екстрадиција на Вадим Красиков, за кого се претпоставува дека е таен агент на руските специјални служби кој отслужува доживотна казна затвор во Германија за убиството на Зелимхан Хангошвили, поранешeн командaнт на чеченските востаници.  Ова синоќа го објави весникот Волстрит журнал. Еден од затворниците кои Москва е […]

Австрискиот канцелар се залага за прекин на преговорите за пристапување на Турција во ЕУ


Австрискиот канцелар Карл Нехамер во интервју за „Велт“ изјави дека е против продолжување на преговорите за членство на Турција во ЕУ и ги повика земјите-членки да развијат нов формат на соработка меѓу Брисел и Анкара. Преговорите со ЕУ за пристапување на Турција почнаа пред 18 години, но веќе пет години се замрзнати, пишува„Велт“. Сепак, тој […]

Германија нуди база на НАТО за седиштето на Балтичкото море


Германија му ја нуди на НАТО својата способност да управува со поморските сили од регионалниот поморски штаб на Балтичкото море, изјави во неделата вицеадмиралот Јан Кристијан Каак, пишува германската новинска агенција ДПА. Каак истакна дека персоналот наменет за таа цел веќе бил задолжен за поморските маневри „Северните брегови“, голема вежба за обука во која учествуваат 3.000 […]

Украина oбјави дека зазела село веднаш до окупираниот Донецк


  Украина вели дека повторно зазела територија – на дел од фронтот што неодамна беше помалку во фокусот. Дел од селото Опитне во близина на Авдиивка е ослободено и позициите таму сега се зајакнуваат, рече заменик-министерката за одбрана Хана Малјар. Нешто слично известува и шефот на локалната воена администрација Виталиј Барабаш. Во моментов нема независна […]

Либија: Во бурата „Даниел“ загинаа најмалку 150 луѓе


Најмалку 150 лица загинаа во силното невреме што ја погоди источна Либија. Невремето донесе обилни дождови кои предизвикаа поплави, а оштетени се куќи и патишта, соопштија денеска владини извори. Властите прогласија вонредна состојба, ги затворија училиштата и продавниците и воведоа полициски час од недела. Бурата „Даниел“ ги погоди либиските градови Бенгази, Сус, Ал Бајда, Ал-Марџ […]

Кина ќе забранува облека „штетна за духот на нацијата“


  Кинескиот законодавен дом предложи измени на законот кој доколку биде одобрен ќе им овозможи на властите да казнуваат и притвораат луѓе кои носат облека што ги „повредува чувствата на нацијата“, предизвикувајќи нова загриженост за слободата на изразување во земјата. Постојаниот комитет на Националниот народен конгрес, кој го објави предлогот на својата веб-страница претходно овој […]

Ниските температури се нов предизвик по земјотресот во Мароко, граѓаните бесни


Новинарот на Ал Џезира, Абдел Мумин Ел Амрани, известувајќи од Маракеш, вели дека многу луѓе сè уште ноќеваат во јавни паркови и плоштади поради оштетените домови. Нов проблем е тоа што температурите почнаа да опаѓаат во вечерните часови. „Ако температурата паднала во Маракеш, можете само да замислите (како е) во планините. Ова е нов предизвик, […]

Шведска враќа повеќе книги и вежбање ракопис во училиштата, а помалку компјутери


  СТОКХОЛМ – Додека малите деца се враќаа на училиште низ Шведска минатиот месец, многу од нивните наставници ставаа нов акцент на печатените книги, тивкото време за читање и практиката на ракопис и посветуваат помалку време на таблети, независно онлајн истражување и вештини за тастатура. Враќањето на потрадиционалните начини на учење е одговор на политичарите […]

Бербок во Киев: Проширувањето на ЕУ е последица од руската војна


  Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок во понеделникот наутро пристигна во украинската престолнина Киев во посета која претходно не беше најавена од безбедносни причини. Тоа е нејзино четврто патување во земјата откако Русија го нападна својот сосед пред 565 дена. „Секој ден нов ужас, секој ден ново страдање и смрт. Тоа е безмилосната […]

Дваесет и две години од терористичките напади врз САД


Дваесет и две години од најразорните терористички напади во историјата, во кои загинаа речиси 3.000 луѓе. Исламистичка терористичка мрежа Ал Каеда изврши напади во Њујорк и во Вашингтон. На денешен ден во 2001 година припадници на Ал Каеда киднапираа четири патнички авиони со намера да ги извршат нападу врз симболите на САД. Ден два авиони […]

Авион на „Ер Чајна“ принудно слетал во Сингапур поради чад во кабината, девет лица се повредени


 Девет патници се повредени кога во авион на „Ер Чајна“ поради пожар на моторот влегол чад во кабината и поради тоа принудно слетал во Сингапур каде патниците се евакуирани, соопштено е утринава. -Ербас А320 со 146 патници и девет членови на екипажот принудно слета вчера околу 16 часот и 15 минути, објави Аеродромската управа на […]

Шведска ги враќа печатените учебници и вежбањето на ракописот во училиштата


Додека децата се враќаа во училиштата во Шведска минатиот месец, многу наставници ставија акцент на печатени книги, тивко време за пракса за читање и пишување, а помалку внимание на таблетите, независно истражување на Интернет и вештини за пишување на тастатура. Враќањето на традиционалните методи на учење е одговор на загриженоста на политичарите и експертите дали […]

Јужниот дел на Кина поплавен седми ден по обилните врнежи


Поради обилните дождови што ги донесе тајфунот Хаикуи, кој сега е тропска бура, јужна Кина е поплавена веќе седми ден, а голем број жители и патишта се блокирани. Во руралниот округ Бобаи во регионот Гуангкси, спасувачите на чамци се обидуваат да ги евакуираат луѓето на безбедно од вода длабока повеќе од два метри, јавија државните […]

Почнува септемвриската сесија на ЕП – главен настан обраќањето за „Состојбата на Унијата“ на Фон дер Лајен


Брисел – Во Стразбур денеска започнува петдневното септемвриско пленарно заседание на Европскиот парламент, во чии рамки в среда претседателката на Еврокомисијата, Урсула фон дер Лајен пред европратениците ќе го одржи своето годишно обраќање за „Состојбата на Унијата“.  Во пресрет на обраќањето, Фон дер Лајен денеска ќе се сретне со претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола. Последното […]

Вулканот Килауеа на Хаваите почна да исфрла жешка лава по двомесечна пауза


Хонолулу – Вулканот Килауеа на Хаваите, еден од најактивните во светот, еруптираше по двомесечна пауза, исфрлајќи жешка лава, но безбедноста на луѓето и објектите во националниот парк на Големиот остров не е загрозена. Хавајската опсерваторија на вулканите соопшти дека Килауеа еруптирала вчера попладне. Килауеа еруптираше во јуни неколку недели, исфрлајќи вжештена лава, а луѓето се собраа […]

Фон дер Лајен: Неопходно е да се развијат мерки за заштита од ризиците на вештачката интелигенција


Њу Делхи – Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека е неопходно да се развијат мерки на глобално ниво за заштита од ризиците поврзани со развојот на вештачката интелигенција (ВИ). – Верувам дека Европа и нејзините партнери мора да развијат нова глобална рамка за ризиците поврзани со вештачката интелигенција. Ова треба да […]

Во Аризона регистрирано најжешко лето во историјата


Во Феникс, Аризона синоќа повторно беше измерена температура од 43,3 степени Целзиусови, со што се урива претходниот рекорд за најжешко лето. Оваа температура била измерена 54 денови по ред, надминувајќи го претходниот рекорд од 53 денови по ред со толку висока температура. Според Мат Салерно од Националниот метеоролошки сервис, жешките денови можат да го достигнат […]

Израелски претставници првпат во историјата во официјална посета на Саудиска Арабија


Израелска делегација првпат во историјата е во официјална посета на Саудиска Арабија. Првата посета е реализирана поради состанокот во Саудиска Арабија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО. Во Ријад пристигнаа израелски дипломати, претставници на израелското Министерство за образование и на израелската управа за антиквитети пристигнаа во Ријад. Според дел од медиумите на состанокот Израел […]

Самитот на Г20 заврши – Индија, Русија и Бразил го оценија како успешен


Индискиот премиер Нарендра Моди го затвори самитот на Г-20 во недела на 10 септември, кој ги смируваше страстите и длабоките поделби околу војната во Украина и климатските промени, но, му ги даде своите „пет минути“ на глобалната дипломатска сцена. Лидерите на Г-20 се жестоко поделени од почетокот на руската инвазија на Украина минатата година, а […]