Најмалку 25 лица се повредени во пожар во Исмаилија на Суецкиот канал


Најмалку 25 лица се повредени во пожар во египетскиот град Исмаилија на Суецкиот канал. Пожарот, чија причина е непозната, пред зори избувнал во седиштето на Управата за безбедност, јави Ал Џезира. حريق ضخم يلتهم مديرية أمن الاسماعيلية يارب سلم pic.twitter.com/DnW5IEVPOW — mohamed el kholy (@MElKholy) October 2, 2023 Видеата објавени на социјалните мрежи покажаа пламен […]

Зеленски: Украина повеќе нема со својот суверенитет да плаќа за илузорните ветувања за мир


 Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, на прославата на Денот на ветераните на Украина рече дека неговата земја повеќе нема да плаќа со иднината на своите деца и нејзиниот суверенитет за „илузорните ветувања за мир“. -Денес, модерните генерации Украинци, вие и сите оние кои сега ја бранат нашата земја и народ, нашата слобода и независност, имаме можност […]

Октомвриско пленарно заседание на Европарламентот во Стразбур


Брисел – Од денеска до петок во Стразбур ќе се одржи октомвриското пленарно заседание на Европскиот парламент, на чиj дневен ред, меѓу другото, се разгледувањето на законот за слобода на медиумите и директивата за заштита од економски уцени, како и дебати за азилот и миграцијата, случувањата во Нагорно-Карабах и трговските односи на ЕУ со Кина.  […]

Велика Британија ќе ги распореди своите борбени авиони Тајфун во Полска


Манчестер – Велика Британија распоредува ловци РАФ Тајфун во Полска за да помогне во одбраната на земјата од заканата од руска агресија, соопшти министерот за одбрана на Велика Британија Грант Шапс за време на говорот на конференцијата на Конзервативната партија во Манчестер. Во својот говор на конференцијата Шапс зборуваше за начинот на кој Велика Британија го поддржува […]

ЕУ ќе ја зголемува помошта за Украина додека е блокирана во САД


Шефот за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жозеп Борел, денеска изјави дека Унијата ќе ја зголеми воената помош за Украина, откако американскиот Конгрес доцна синоќа усвои привремен закон за финансирање во кој не се споменува помош за Украина. Борел на прес-конференција за време на неговата посета на Киев рече дека за време на „егзистенцијална […]

Бајден до републиканците: Доста е, уморен сум од вашите игри!


Американскиот претседател Џо Бајден ги повика републиканските политичари да престанат да „играат“ со заканата од запирасње на работата на федералната влада, еден ден откако американскиот Конгрес усвои привремен договор за избегнување на такво сценарио. „Доста е…уморен сум од опасни игри“, нагласи Бајден во телевизиското обраќање по усвојувањето на вонредната мерка, што го одложи рокот за […]

ПКК презеде одговорност за самоубиствениот напад во Анкара


Курдистанската работничка партија (ПКК), објавена како терористичка група од Турција и нејзините западни сојузници, ја презеде одговорноста за денешниот самоубиствен бомбашки напад во турскиот главен град Анкара, во кој беа повредени две лица. „Против турското Министерство за внатрешни работи беше извршена пожртвувана акција од екипа на нашата Бесмртна бригада“, наведе ПКК за новинската агенција АНФ, […]

Ердоган: Турција веќе ништо не очекува од ЕУ


Турција веќе не очекува ништо од Европската унија, на чија врата чека 40 години, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.  „Ги исполнивме сите ветувања што и ги дадовме на Европската унија, но нив речиси и да ги нема“, рече Ердоган на инаугуративната седница на турскиот парламент, додавајќи дека нема да толерира нови барања или […]

Прва мисија на ОН по 30 години во Нагорно-Карабах


  Мисијата на Обединетите нации (ОН) пристигна денеска во Нагорно Карабах, соопштија властите на Азербејџан, пренесе АФП. Ова е првпат во последните 30 години оваа меѓународна организација да добие пристап до регионот.Портпаролот на азербејџанското претседателство изјави за АФП дека „мисијата на ОН пристигна во Карабах во неделата наутро главно за да ги процени хуманитарните потреби“. […]

Речиси милион луѓе на протести во Варшава против владата


Речиси милион луѓе се собраа на митинг во Варшава за да протестираат против конзервативната полска влада, изјави во денеска портпаролката на градот. Демонстрациите се одржуваат две недели пред општите избори на 15 октомври. „Ова се апсолутно најголемите демонстрации во историјата на Варшава“, рече Моника Беут во изјава за западни медиуми. На две недели пред парламентарните […]

Најмалку 13 жртви во пожарот во ноќен клуб во Мурсија


Најмалку 13 лица загинаа во пожар што зафати три ноќни клубови во Мурсија, град на југоистокот на Шпанија, соопшти денеска итната служба. Пожарот избувнал околу шест часот утрото по локално време.  Четири лица се пренесени во болница поради вдишување чад, а спасувачките служби трагаат по неколку лица кои се исчезнати по пожарот. Пожарот избувнал околу […]

ММФ почнува серија средби во Украина


Тим на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) денеска со владини и други украински претставници почнува серија состаноци во Украина на кои ќе се разговара за целите и предизвиците од владината политика, изјави претставникот на ММФ за оваа земја, Вахрам Степанјан, цитиран од британските медиуми. Украинската економија тешко настрада откако Русија во февруари 2022 година ја почна […]

Постои огромна опасност од употреба на нуклеарно оружје во Европа


Директорката на Директоратот за нуклеарна политика во НАТО, Џесика Кокс, денеска изјави дека постои огромна опасност нуклеарното оружје да се користи во Европа. „Русија се заканува со нуклеарно оружје. Гледаме дека Владимир Путин и руските официјални лица коментираат за ова прашање. Влегуваме во време кога опасноста од употреба на нуклеарно оружје се зголемува во Европа. […]

Лидерот на Прогресивна Словачка најави дека ќе ја спречи СМЕР да формира влада


Михал Симецка, лидерот на либералната партија Прогресивна Словачка (ПС), која заврши на второто место, со освоени 16,98 отсто од гласовите, на вчерашните парламентарни избори во Словачка, денеска изјави дека партијата ќе направи се што може за да го спречи победникот на изборите, партијата СМЕР ССД, да формира влада.  Симецка денеска изјави дека се уште гледа […]

Бајден избегна блокада на буџетот, „извиси“ помошта за Украина


Претседателот Џо Бајден во саботата потпиша предлог-закон за финансирање на федералната влада за да го спречи нејзиното затворање наредните 45 дена. Со тоа тој стави крај на хаотичните 24 часа што го зафатија поголемиот дел од Вашингтон и стави еден од главните приоритети на Белата куќа, помошта за Украина, во сериозна опасност. Како и другите […]

Години кои длабоко ја променија Полска


Спорни судски реформи, расправија со Европската унија, речиси целосна забрана на абортусот, послушни медиуми и дарежливи социјални програми: партијата Право и правда (ПиП) владееше со Полска осум години – и го трансформираше општеството, државата и медиумите. Дури и да ги изгуби изборите, ќе останат некои длабоки промени. Социјалните програми како изборни средства Јасните профитери на […]

Проруската партија СМЕР на Роберт Фицо победи на парламентарните избори во Словачка


На вчерашните парламентарни избори во Словачка, партијата Смер ССД предводена од поранешниот премиер Роберт Фицо освоила најголем број гласови – 23,31 отсто, врз основа на 99,2 отсто од преброените гласови, соопшти Словачкиот институт за статистика.  Според неофицијалните резултати од изборите, партијата Прогресивна Словачка заврши на второто место со 16,98 отсто, иако прогнозите пред изборите предвидуваа […]

Словачката либерална партија Прогресивна Словачка води на изборите, покажуваат излезните анкети


  Словачката либерална партија Прогресивна Словачка (ПС) води на парламентарните избори во саботата, покажаа првичните излезни анкети, потенцијално блокирајќи го поранешниот левичарски премиер Роберт Фицо да ја врати својата партија на власт, откако вети дека ќе ја прекине воената помош за соседна Украина, јави Ројтерс. Прогресивна Словачка освои 23,5 отсто од гласовите, пред 21,9 отсто […]

На работ на федералното затворање, Конгресот на САД усвои 45-дневен план за финансирање


  На работ на затворање на федералната влада, Претставничкиот дом во саботата брзо го одобри 45-дневниот нацрт-закон за финансирање за да ги задржи отворени федералните агенции бидејќи претседателот Кевин Мекарти се откажа од барањата за големи кратења на трошоците и се потпре на гласовите на демократите за усвојување за да го испрати пакетот до Сенатот. […]

За 1,5 година во Украина ќе се произведуваат турски дронови „Бајрактар“


Турското беспилотно летало „Бајрактар“ ќе се произведува во Украина во рамки на проект во кој ќе бидат инвестирани околу 100 милиони долари, јавија украинскките медиуми. Компанијата инвеститор „Бајкар“ ќе ја заврши изградбата на првата фабрика во Украина за околу 1,5 година, изјави директорот на компанијата Халук Бајрактар ​​на Форумот за одбранбена индустрија во Киев. „Изградбата […]