ОН бара да се спречи израелската офанзива во Рафа


Портпаролот на Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации, Џереми Лоренс, денеска изјави дека не може да се дозволи израелска офанзива во градот Рафа во најјужниот дел на Појасот Газа бидејќи ќе предизвика огромни човечки жртви, пренесоа британските медиуми. -Ако Израел ја започне својата загрозена воена операција во Рафа, каде што 1,5 милиони раселени луѓе […]

САД, Германија и Летонија предупредија на можни терористички напади во Русија


  Министерствата за надворешни работи на Летонија и Германија се приклучија на предупредувањето на САД за можни терористички напади во Русија. Двете земји издадоа препораки до своите граѓани, повикувајќи ги да избегнуваат патувања во Руската Федерација и да внимаваат на јавни настани во следните 48 часа. Министерството за надворешни работи на Летонија издаде предупредување на […]

Во Индија разбиена мрежа која нудела работа во Русија, но мажите ги испраќала на фронт во Украина


Во Индија е разбиена „голема мрежа за трговија со луѓе“, која намамувала млади мажи да работат во Русија, но биле принудени да се борат во војната со Украина. Околу 35 лица се испратени во Русија во рамките на шемата, соопшти доцна синоќа индиското Централното биро за истраги, што е речиси двојно повеќе од бројот од […]

Европа ќе забрани мини хотелска козметика и амбалажа за брза храна во рестораните


Пластичните пакувања за еднократна употреба за пакување свежо овошје и зеленчук, мини хотелската козметика и амбалажата за брза храна во рестораните ширум Европа наскоро ќе бидат забранети. Оваа новина следува откако беше постигнат договор за поодржливо пакување на секојдневните предмети. Договорот кој беше постигнат значително помалку амбициозен во споредба со оригинално предложениот. Новиот законодавен акт […]

Бајден сo борбен говор се нафрли на Трамп и републиканците


  Претседателот Џо Бајден „удри“ по Доналд Трамп во жесток говор пред Конгресот во четвртокот (7 март), обвинувајќи го неговиот изборен ривал дека се заканува на американската демократија и потклекнува на Русија, додека бараше уште четири години во Белата куќа. Во неговото последно обраќање за состојбата на Унијата пред изборите, Бајден, демократ, го обвини Трамп, […]

Поранешната британска премиерка потрошила илјадници фунти на кетеринг додека била на функцијата


Поранешната британска премиерка Лиз Трaс потрошила повеќе од 15.000 фунти на кетеринг за време на летот за Австралија додека била министерка за надворешни работи, пишува Independent. Британските даночни обврзници платиле повеќе од 1.400 фунти по лице за 12 државни службеници на едно патување во Австралија. Угостителството за летови до Австралија во јануари 2022 година чинеше […]

УНИЦЕФ: Повеќе од 230 милиони жени и девојчиња се подложени на отстранување на гениталиите


Повеќе од 230 милиони жени и девојчиња биле подложени на отстранување на гениталиите, од кои мнозинството живеат во Африка, се вели во извештајот објавен денеска од Агенцијата за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ). Во изминатите осум години, околу 30 милиони жени и девојчиња биле подложени на процедура во која нивните надворешни гениталии делумно или целосно […]

Нов инцидент со Боинг: На авион на „Јунајтед ерлајнс“ му паднала гума при полетување (видео)


На авион од моделот Боинг 777-200 на американската авиокомпанија „Јунајтед ерлајнс“ му отпадна гума при полетување од аеродромот во Сан Франциско, поради што авионот, кој летал за Јапонија, морал да биде пренасочен кон Лос Анџелес, пренесе Еј-Би-Си њуз. Авионот безбедно слета на меѓународниот аеродром во Лос Анџелес, соопшти Федералната управа за авијација на САД. На […]

НАТО ќе распореди системи „патриот“ во Литванија


НАТО ќе распореди противвоздушни ракетни системи, од американско производство, „патриот“ во Литванија во 2024 година, најави литванскиот министер за одбрана Арвидас Анусаускас. – Годинава ротациониот систем за противвоздушна одбрана конечно ќе стане оперативен, барем делумно, истакна Анусаускас. Литванија граничи со руската енклава Калининград и со руската сојузничка Белорусија. НАТО изминатите години распоредија дополнителни сили во […]

Амбасадата на САД во Русија предупредува на можни терористички напади во Москва


Амбасадата на САД во Русија ги предупреди Американците да избегнуваат големи собири во Москва, во следните 48 часа. Во предупредувањето се истакнува дека наредниот период можни се терористички напади од страна на екстремистите во главниот град на Русија, Москва. Предупредувањето е објавено на интернет-страницата на Амбасадата на САД во Москва. 

Брисел под блокада од осмомартовски манифестации


Брисел – По повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март денеска во Брисел во организација на неколку белгиски синдикати се одржува Национален ден за акција посветена на промоција на заштитата на правата на жените и на нивно поголемо учество во јавниот живот.  Во рамки на активностите по повод 8 Март предвидени се собири и […]

ЕУ: Да продолжиме да го инспирираме вклучувањето на жените во политиката


Брисел – Во оваа година на избори во многу земји во светот, ги охрабруваме сите жени, особено младите, каде и да се, да го искористат своето право на глас, да го бараат своето место во општеството и да се чувствуваат повикани да учествуваат во политичкиот живот, се наведува во заедничката изјава на Европската комисија и високиот […]

ОН: Израел почна кампања за изгладување во Газа


Специјалниот известувач на ОН за правото на храна, Мајкл Фахри денеска изјави дека Израел го уништува системот за исхрана во Газа како дел од пошироката „кампања за изгладување“ во војната против членовите на палестинската милитантна група Хамас. Говорејќи пред Советот за човекови права на ОН, тој рече дека телото не прави доволно за да им […]

САД ќе изградат пристаниште на брегот на Газа за испорака на хуманитарна помош


  Американските сили ќе изградат привремено пристаниште на брегот на Газа во следните неколку недели за да овозможат испорака на хуманитарна помош во голем обем, ќе објави Џо Бајден во говорот за состојбата на Унијата, поради предупредувањата за широко распространета глад меѓу 2,3 милиони жители на територијата на Палестинците. „Не ги чекаме Израелците. Ова е […]

Велика Британија ќе испрати повеќе од 10.000 дронови во Украина


Велика Британија ќе и испорача „повеќе од 10.000 дронови“ на Украина во 2024 година, вклучувајќи и дронови за напади, изјави денеска британскиот министер за одбрана Грант Шапс за време на посетата на Киев. Лондон ќе издвои дополнителни 125 милиони фунти (146 милиони евра) за купување „најмодерни“ беспилотни летала, со што неговата помош ќе достигне 325 […]

Зеленски ја одобри кандидатурата на Залужни за амбасадор во Велика Британија


Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска ја одобри кандидатурата на поранешниот врховен командант на вооружените сили на Украина, Валериј Залужни за вонреден и ополномоштен амбасадор на земјата во Велика Британија, јавија украинските медиуми повикувајќи се на Министерството за надворешни работи на Украина. „Во четврток, 7 март 2024 година, претседателот на Украина ја одобри кандидатурата на […]

Шведска стана членка на НАТО, соопшти американската Влада


Шведска денеска се приклучи кон НАТО како нејзина 32.членка, соопшти американската Влада, цитирана од ДПА. Во официјалното известување од американскиот Стејт департмент се вели дека денеска стапил на сила „Протоколот кон Северноатлантскиот договор за пристапување на Кралството Шведска“. Пристапувањето на Шведска значи дека сите сојузници во НАТО, вклучително и САД се посветени на одбрана на […]

Во 2023 година во Италија биле убиени 120 жени


 Во Италија во 2023 година се убиени 120 жени, се наведува во извештајот кој денеска го објави Управата за криминалистичка полиција, во пресрет на Меѓународниот ден на жената 8 март. Во извештајот се наведува дека половина од тој број, 64, биле убиени од нивните поранешни или сегашни партнери, пренесе АНСА. Се додава дека четвртина од […]

Фон дер Лајен избрана за водечки кандидат на ЕПП за изборите за ЕП


Со 400 од вкупно 489 валидни гласови, Урсула фон дер Лајен денеска е избрана за водечки кандидат на листата на Европската народна партија (ЕПП) за изборите за Европскиот парламент во јуни. Гласањето се случи на вториот ден од партискиот конгрес во Букурешт. По објвувањето на резултатите во салата за состаноци беше пуштена химната на Европа […]

Почина момче (11) во Англија по вирален предизвик – хроминг


Семејството на 11-годишно момче од Англија тврди дека тоа починало откако учествувало во опасниот предизвик на социјалните мрежи за вдишување отровни гасови. Томи-Ли Грејси Билингтон почина во саботата, на 2 март, додека си играше со пријателите во Гринсет Клоус, Ланкастер. Брзата помош нешто по 12 часот пристигнала на местото на настанот. Момчето било пренесено во […]