Кулеба: Украина не може да чека уште 75 години, мора побргу да влезе во НАТО


Ветувањето дека Украина ќе стане членка на НАТО мора да се исполни, но Украинците не можат да чекаат уште 75 години за тоа да се случи, изјави украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба за Си-ен-ен. Кулеба истакна дека Украина во изминатите неколку дена на Самитот на НАТО видела многу охрабрувачки сигнали на сите нивоа […]

Значително намален бројот на илегални преминувања на надворешните граници на ЕУ, особено на Западен Балкан


Бројот на илегални преминувања на границите на Европската унија во првите шест месеци од 2024 година, според податоците на Фронтекс, е намален за речиси една третина (30 проценти), на околу 94.000, пренесува Хина.  Од главните миграциски рути, најголемо намалување на бројот на откриени илегални гранични преминувања, има на Западен Балкан и Медитеранот, а најголем пораст […]

Невреме ги опустоши Германија, Словачка и Чешка – сообраќаен колапс


Силно невреме синоќа ги погоди Германија, Чешка и Словачка, што резултираше со неколку повредени и хаос во сообраќајот. Невреме во петокот погоди фестивал на отворено во западна Словачка. Големиот шатор се урна, а во невремето оштетени се и неколку помали шатори, објави агенцијата ТАСР. Итната помош однела 10 лица со полесни повреди во околните болници, […]

Неверемето со град предивика поплави и сообраќаен хаос во Баварија


Големото невреме со град што ја погоди синоќа јужната германска покраина Баварија предизвика поплави, сообраќаен хаос и блокада на патиштата поради паднати дрва, јави ДПА. Според портпаролот на полицијата во градот Кемптен, југозападно од Минхен, патиштата биле побелени од паднатиот град, а службите за итни случаи пријавиле околу 320 интервенции помеѓу 18 часот и полноќ. […]

Киев реагира на најавата од Белгија дека ќе испорача 30 авиони Ф-16 дури во 2028 година


Белгија најави дека ќе префрли 30 авиони Ф-16 во Украина, но датумот за испорака до крајот на 2028 година, е неприфатлив за Киев, изјави за Радио Слобода, Игор Зовква, помошник на украинскиот претседател Володимир Зеленски. – Навистина ни требаат авионите. Имаме соодветни изјави од нашите партнери за бројот на авиони. За жал, во некои земји […]

Американскиот и рускиот министер за одбрана разговарале по телефон, повикот бил инициран од Русите


Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин вчера телефонски разговараше со неговиот руски колега Андреј Белоусов, а двете страни потврдија без да откриваат детали од првиот разговор на двајцата министри од јуни. Руското Министерство за одбрана соопшти дека телефонскиот разговор бил „инициран од руска страна“. „Тие ги допреа прашањата за спречување на безбедносни закани и намалување […]

Мета ги отстранува ограничувањата на профилите на Трамп на Фејсбук и Инстаграм


Компанијата Мета денеска објави дека ќе отстрани некои ограничувања на профилите на Фејсбук и Инстаграм на поранешниот американски претседател и кандидат за нов претсеадателски мандат, Доналд Трамп. Мета ги блокираше профилите на Трамп на неодредено време, откако тој ги пофали луѓето кои упаднаа во Капитол на 6 јануари 2021 година. Компанијата му ги врати профилите […]

Руската армија загуби 70.000 војници во изминативе две месеци, соопшти Британија


  Руската армија се соочува со највисока стапка на загуби за време на нејзината целосна инвазија на Украина досега, со над 70.000 војници најверојатно убиени или ранети во мај и јуни, соопшти во петокот британското Министерство за одбрана. Зголемувањето на загубите е поврзано со тоа што Русија го отвори својот нов фронт во регионот Харков, […]

Новиот ирански претседател го назначи поранешниот министер за надворешни работи Зариф за свој главен советник


 Новоизбраниот ирански претседател Масуд Пезешкијан го назначи поранешниот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф за свој главен советник, јави ДПА. Според иранските медиуми, Зариф ќе го советува Пезешкијан за прашања од внатрешната и надворешната политика во периодот на транзиција на власта. Во својата улога на советник, поранешниот министер за надворешни работи ќе врши контрола […]

Дел од затворениците во Велика Британија ќе бидат ослободени по отслужување на 40 отсто од казната


Затворениците кои отслужиле 40 отсто од казната во Велика Британија ќе бидат ослободени со цел да се намали пренатрупаноста во затворите. Затворениците во Англија и Велс, освен најтешките престапници, обично се ослободуваат по отслужување на 50 отсто од казната, а новата одлука ќе стапи на сила во септември, пренесува „Скај Њуз“. Претседателот на Здружението на […]

Предизвикот на Бајден: Како да го задоволи апетитот на медиумите за неговата способност?


  Кон крајот на неговата внимателно следена прес-конференција во четвртокот вечерта, на маргините на самитот на НАТО, претседателот Џо Бајден зборуваше дека лекарите го прегледале poraди неговата ментална острина. Одеднаш, помина мала фрустрација. „Без разлика што направив“, рече тој, „никој нема да биде задоволен“. Тоа е предизвикот со кој се соочи Бајден за време на […]

Израел негира дека преговара за повлекување на војниците од границата меѓу Појасот Газа и Египет


Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска го оцени како „целосно лажна вест“ извештајот на светска новинска агенција дека разговара за повлекување на Израелските одбранбени сили (ИДФ) од границата меѓу Појасот Газа и Египет во рамки на потенцијалниот договор за прекин на огнот. Во извештајот кој се повикува на два египетски извори и трет извор […]

Берлин: Претседателството на Унгарија со ЕУ „веќе нанесе многу штета“


  Унгарското претседателство со Советот на ЕУ веќе предизвика штета, соопшти денеска германското Министерство за надворешни работи, пренесе Ројтерс. Будимпешта го презеде ротирачкото претседателство на 1 јули. Унгарскиот екстремно десничарски премиер, Виктор Орбан, поттикна контроверзии во изминатите денови со патувањето во Русија и Кина без поддршка од неговите колеги од ЕУ. Орбан вчера се сретна […]

Сестрата на последниот бос на Коза Ностра е осудена на 14 години затвор


Сестрата на починатиот сицилијански мафијашки бос Матео Месина Денаро е осудена на 14 години затвор за мафијашко здружување, објавија италијанските медиуми. Росалија Месина Денаро беше уапсена во 2023 година под сомнение дека играла клучна улога во мафијата предводена од нејзиниот брат. 69-годишната жена, исто така сопруга на затворениот мафијаш Филипо Гутадауро, ненамерно ѝ помогнала на […]

Новите лапсуси на Бајден: Зеленски го нарече Путин, Камала Харис Трамп


Вашингтон – Американскиот претседател Џозеф Бајден направи нови лапсуси во јавните говори – тој го претстави украинскиот претседател Володимир Зеленски како „претседател Путин“, а неговиот потпретседател Камала Харис го нарече „Трамп“. Бајден ја направи грешката за време навчерашниот  финален самит на НАТО во Вашингтон, само еден час пред прес-конференцијата на неговата кампања „да се биде […]

Над 60 луѓе се водат како исчезнати при свлечиште во Непал


 Најмалку 66 лица се водат како исчезнати откако два автобуса паднале во река по лизгање на земјиштето во Непал. Спасувачките екипи се обидуваат да ги лоцираат автобусите, но силниот дожд ги попречува нивните напори. Во едниот автобус имало 24 лица, а во другиот 42. Патот што води до местото на несреќата е блокиран на неколку […]

Орбан се сретна со Трамп во рамки на самопрогласената „мировна мисија“


Вашингтон – Унгарскиот премиер Виктор Орбан се сретна со поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој се бори за реизбор. Тие разговарале за „можностите за мир“ во Украина, изјави портпаролот на Орбан. Средбата се одржа во имотот на Трамп, Мар-а-Лаго во Флорида. Според неговиот портпарол, тоа била следната станица на „мировната мисија“ на Орбан. По средбата […]

Франција, Германија, Италија и Полска ќе развиваат оружје со долг дострел


Вашингтон – Министрите за одбрана на Франција, Германија, Италија и Полска на Самитот на НАТО во Вашингтон најавија развивање и производство на оружје со долг дострел. Во соопштението од француското Министерство за одбрана се наведува дека со потпишување на писмо со намери се отвора патот за соработка насочена кон зајакнување на воените капацитети, како и […]

Турција нема да ја одобри соработката на НАТО со Израел


Анкара – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека нема да биде можно НАТО да го продолжи партнерството со израелските власти, пренесоа британските медиуми. -Додека не се воспостави сеопфатен и одржлив мир во Палестина, обидите за соработка со Израел во рамките на НАТО нема да бидат одобрени од Турција, рече Ердоган за време на прес-конференцијата […]

Зеленски: Многу сме блиску до постигнување на целта да станеме членка на НАТО


Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави денеска дека Украина е многу блиску до остварување на својата цел – членство во НАТО, и покрај фактот што воената алијанса не и понуди политичка покана да и се приклучи на самитот во Вашингтон. „Ние сме многу блиску до нашата цел“, рече тој на заедничката прес-конференција со генералниот секретар […]