Европските избори почнуваат денес од Холандија


Во четврток во Холандија започнуваат изборите за Европскиот парламент, кои со преференцијално гласање треба да изберат 31 пратеник во 750-члениот Европскиот парламент. Изборниот праг е 3,23% од сите гласови за едно место. Прогнозите покажуваат дека повеќето холандски европратеници ќе бидат од екстремната десница, која тесно победи на предвремените парламентарни избори во октомври. Но, резултатите ќе […]

Светските лидери ќе ја одбележат 80-годишнината од Денот Д


Светските лидери од двете страни на Атлантикот денеска се очекува да присуствуваат на меморијалните настани во Франција по повод 80-годишнината од истоварувањето на сојузничките трупи во Нормандија за време на Втората светска војна. Пристигнувањето на трупите го означи почетокот на успешната кампања за ослободување на Европа од нацистичка Германија. Меѓу највисоките лидери кои ќе присуствуваат […]

Путин: Русија би можела да употреби нуклеарно оружје во случај на закана


Рускиот претседател Владимир Путин, зборувајќи за ризиците од нуклеарна војна со Украина, вчера предупреди дека Русија може да ги искористи сите расположливи средства за да се одбрани доколку нејзиниот суверенитет или територијален интегритет бидат загрозени. Путин кажа дека Западот повеќепати ја обвини Русија за закани со нуклеарно оружје, но дека тоа е погрешно, бидејќи токму […]

Апелациски суд во Џорџија го запре процесот против Трамп за вмешаност во изборите


Апелациски суд во Џорџија синоќа нареди запирање на процесот против поранешниот претседател на САД Доналд Трамп во кој тој и уште осуминна останати се обвинети за вмешаност во изборите. Судската одлука, донесена синоќа, значи дека процесот против Трамп, во кој тој се обвинува дека сковал криминален заговор да влијае врз резултатот од изборите во Џорџија […]

СЗО: Потврдена инфекција со нов вид на птичји грип кај луѓето


Светската здравствена организација (СЗО) вчера објави дека еден пациент починал по првата лабораториски потврдена инфекција од подтип на птичји грип. СЗО соопшти дека на 24 април починал 59-годишен Мексиканец откако развил симптоми на треска, отежнато дишење, дијареа, гадење и општа непријатност, пренесуваат британските меидуми. „Ова е прв лабораториски потврден случај кај луѓе на инфекцијата со […]

Маж со украински и руски пасоши фатен со експлозиви во Париз


  Француските антитерористички обвинители покренаа истрага откако маж со украински и руски пасоши активираше експлозив во хотелска соба северно од Париз. Извор од француското обвинителство за антитероризам (ПНАТ) изјави дека во понеделникот вечерта на 26-годишниот маж му била укажана медицинска помош од пожарникарите во хотел во Вал-д’Оаз, северно од Париз, поради „значајни изгореници по експлозија“. […]

„Му простувам“: Прва изјава на словачкиот премиер Фицо по застрелувањето


  Словачкиот премиер Роберт Фицо, жртва на обид за атентат во средината на мај, денеска изјави дека е подготвен да се врати на своите должности од крајот на јуни, во видеото што го објави на Фејсбук. Зборувајќи за првпат откако беше застрелан, Фицо рече дека му простил на напаѓачот. „Не чувствувам никаква омраза кон странецот […]

Путин: За Русија нема разлика кој ќе победи на претседателските избори во САД


Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека „нема разлика“ за Русија дали Џо Бајден или Доналд Трамп ќе победи на овогодинешните американски избори. Запрашан што би значела победата за кој било од кандидатите за односите меѓу САД и Русија на прес-конференцијата со странските медиуми, Путин рече: „Во голема мера нема разлика“. 

Трамп има право да се кандидира за претседател, да гласа, но нема право да носи оружје


Доналд Трамп сега е престапник. Еве што значи тоа за правата на поранешниот американски претседател – првиот некогаш осуден за кривично дело – додека тој се обидува да ја врати Белата куќа во ноември: – Се очекува Трамп да ја добие републиканската претседателска номинација на партиската конвенција во Милвоки, што треба да почне само четири […]

Руска кибер банда стои зад нападите врз болниците во Лондон


 Руска кибер банда е најверојатно одговорна за нападот што ја прекина работата во болниците во Лондон и предизвика откажување на операциите и состаноци, изјави денеска поранешниот извршен директор на британскиот Национален центар за сајбер безбедност, Киаран Мартин. Се верува дека групата позната како „Килин“ стои зад нападот на Синовис, кој обезбедува патолошки лабораториски услуги на […]

Израел користи забранети гранати со бел фосфор во нападите во Либан


БЕЈРУТ (АП) – Глобална група за човекови права го обвини Израел дека употребил запаливи гранати од бел фосфор врз станбени згради во најмалку пет градови и села во јужниот дел на Либан, што веројатно им нанесува штета на цивилите и го прекршува меѓународното право. Хјуман рајтс воч во својот извештај наведува дека нема докази за […]

Синот на атентаторот на Индира Ганди избран во парламентот на Индија


Синот на еден од двајцата мажи кои ја застрелаа поранешната премиерка Индира Ганди, во вторникот е избран во парламентот на Индија, покажаа податоците на изборната комисија. Таткото на Сарабјет Синг Калса бил член на безбедносниот тим на Ганди кој, заедно со соучесник, ја застрела Ганди во нејзината градина во 1984 година, како одмазда за нападот […]

Бајден верува дека Нетанјаху не сака мир за да му преживее владата


Американскиот претседател Џозеф Бајден вчера повторно го критикуваше израелскиот премиер. Луѓето, рече тој, имаат причина да веруваат дека Бенјамин Нетанјаху ја продолжува војната во Газа од политички причини. „Има многу причини зошто луѓето може да донесат таков заклучок“, изјави Бајден за магазинот „Тајм“.   Нетанјаху долго време се соочуваше со такви критики, но тие се […]

Путин почна да носи панцир за време на јавните настани


  Руските разузнавачки служби невидено го зајакнаа и онака високото ниво на безбедност на Владимир Путин – по препорака на разузнавачките служби, тој почна да носи панцир за време на јавни настани на отворено, изјавија двајца руски функционери за „Москва тајмс“ и потврди извор близок до Кремљ. Според функционерот, кој лично го видел Путин во […]

САД тестираа проектил кој може да стигне до Москва и Пекинг за 30 минути


САД вчера наутро лансираа невооружена интерконтинентална балистичка ракета од вселенската база Ванденберг во Калифорнија, што е првото од двете пробни лансирања планирани за оваа недела, јави Си-Би-Ес. Командата на воздухопловните сили објави видео и слики од ракетата Минутмен 3 (Minuteman III) додека лета на небото северно од Санта Барбара. Во соопштението се наведува дека пробната […]

Германија предводи бунт против предложениот закон за надворешно влијание на ЕУ


Во пресрет на европските избори членки на ЕУ предводени од Германија се спротивставија на предложениот закон што треба да донесе поголема транспарентност на финансирањето од странство. Предлогот најверојатно ќе биде вратен назад на доработка до новата Европска комисија, што ќе биде формирана подоцна оваа година. Во декември, ЕК претстави нацрт-закон со цел да се зголеми […]

Кандидат на АфД на европските избори ранет со нож во Мајнхајм


Кандидат на крајно десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) на европските избори е избоден со нож во градот Мајнхајм, само неколку дена откако еден полицаец беше убиен, а друг и уште пет лица беа повредени во напад со нож во истиот град. Нападот со нож се случил доцна синоќа во близина на истиот пазар каде […]

Русите објавија мапа до каде стигаат проектилите од САД на нивната територија


Руската државна телевизија емитуваше мапа на Русија на која се прикажани областите што  Украина може да ги нападне со оружје што го испорачува Западот. Мапата ги истакнува регионите долж украинско-руската граница, вклучувајќи ги Белгород, Курск, Брјанск и Смоленск, како области кои би можеле да бидат нападнати, како и цели подлабоко во Русија, како што се регионите […]

Нападната американската Амбасада во Берјут


Три лица со огнено оружје денеска пукале кон американската амбасада во Бејрут при што е повреден припадник на обезбедувањето. Либански портали пренесуваат дека еден од напаѓачите е убиен, друг е ранет, а во тек е потера по третиот. Либанската армија соопшти дека возвратила со оган кон напаѓачите и оти повредениот напаѓач, кој е од сириска […]

Се зголемува бројот на жртви во поплавите во Германија, Дунав на рекордно ниво на водата


Пет лица загинаа, а илјадници се евакуирани во јужна Германија по обилните врнежи што го погодија регионот и предизвикаа огромни поплави. Поради ова, високите функционери предупредија дека климатската криза само ќе се влоши. Претходно беше потврдено дека две лица и еден пожарникар загинале во сојузната покраина Баварија. Во меѓувреме, уште две лица загинаа во нивниот […]