Грузија беше на пат кон ЕУ. Сè запре поради „рускиот закон“


  Амбасадорот на ЕУ во Грузија денеска изјави дека процесот на приближување на земјата кон ЕУ е закочен поради законот за „странски агенти“, колоквијално познат како „руски закон“, кој беше усвоен овој месец. Грузиската новинска агенција Интерпрес го цитираше амбасадорот Павел Херчински дека законот има „негативно влијание врз изгледите на Грузија за напредок“ и дека […]

Тропска бура Алберто над западниот Мексикански Залив


Тропска бура наречена Алберто, прва од сезоната на урагани во Атлантикот во 2024 година, се формираше над западниот Мексикански Залив, соопшти денеска Националниот центар за урагани на САД. Невремето е регистрирано на околу 300 километри источно од Тампико, Мексико, со ветрови од 65 километри на час, изјави метеоролог од Мајами. Бурата Алберто најверојатно ќе се […]

Американски војник доби речиси четири години затвор во Русија


Руски суд осуди американски војник на три години и девет месеци затвор под обвинение за кражба и закана дека ќе ја убие својата девојка, објавија руските медиуми. Наредникот Гордон Блек беше осуден пред судот во Владивосток на далечниот исток на Русија и ќе ја отслужи казната во казнена колонија. Блек, кој беше уапсен во мај, […]

Во Мека над 50 степени, починаа повеќе од 550 аџии


Најмалку 550 аџии починаа за време на овогодишниот аџилак во Мека, каде температурите се качиле и до 50 степени, пренесува Гардијан. Во споредба, претходната години биле регистрирани 240 починати лица. Од загинатите, 60 лица биле од Јордан, а 323 од Египет. Сите лица од Египет починале поради прекумерните температури, со исклучок на еден, кој загинал откако […]

Загадувањето на воздухот е поврзано со речиси 2.000 смртни случаи на деца дневно


Речиси 2.000 деца умираат секој ден поради здравствени проблеми поврзани со загадувањето на воздухот – втор најголем ризик фактор за рана смрт во светот, се вели во извештај објавен денеска од Институтот за здравствени ефекти со седиште во САД. Изложеноста на загадениот воздух придонела за смрт на 8,1 милиони луѓе – околу 12 отсто од […]

Сопругата на Ноам Чомски демантира дека познатиот лингвист е починат


Њујорк – Сопругата на Ноам Чомски, Валерија Васерман Чомски, вели дека извештаите од вторникот дека славниот лингвист и активист починал се невистинити. „Не, тоа е лага“, напиша таа во вторникот како одговор на барањето испратено преку е-пошта од Асошиетед прес. Ноам Чомски (95) беше хоспитализиран во Бразил додека се опоравуваше од мозочниот удар доживеан пред една […]

ЕУ ќе ги предупреди Франција, Италија и други земји за прекумерно трошење


Брисел – Се очекува Европската унија денеска да опомене речиси 10 влади, вклучително и Франција и Италија, поради нивното прекумерно трошење откако новите буџетски правила стапија на сила оваа година. Ова ќе биде првпат Брисел да ги опоменува нациите откако ЕУ ги суспендираше правилата по пандемијата на Ковид во 2020 година и енергетската криза предизвикана од […]

Шефот на НАТО ја истакна важноста од проширување на соработката со Индо-пацификот


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја истакна важноста од проширување на соработката меѓу западната воена алијанса и партнерите во Индо-пацифичкиот регион, во однос на посетата на Северна Кореја на рускиот претседател Владимир Путин, јави ДПА. -Посетата на Путин на Северна Кореја ја покажува и потврдува многу блиската усогласеност меѓу Русија и авторитарните држави како […]

Унгарија за претседавањето со ЕУ го избра слоганот „Да ја направиме Европа повторно голема“


Будимпешта – Унгарија ќе го преземе претседавањето со Европската унија на 1 јули, а ќе ја води под слоганот „Да ја направиме Европа повторно голема“, што е копија на слоганот на Доналд Трамп „Да ја направиме Америка повторно голема“. Паролата ја откри унгарскиот министер за европски прашања Јанош Бока на прес-конференција во пресрет на почетокот на […]

Илјадници војници на НАТО на воени вежби на северот на Европа


Околу 9.000 војници од 20 земји на НАТО учествуваат во воени вежби овој месец во регионот на Балтичкото Море, кој е стратешки чувствителен поради руската агресија врз Украина. Шведска и порано учествуваше во вежбите, а сега првпат како членка на НАТО. Вежбите вклучуваат отстранување мини од морето, откривање подморници, десанти и медицинска помош во случај […]

Путин пристигна во Северна Кореја, прв пат по 24 години


 Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во посета на Северна Кореја откако изјави дека двете земји сакаат да воспостават блиска соработка за справување со американските санкции во услови на ескалација на конфронтациите со Вашингтон, јавија светските агенции, повикувајќи се на руски медиуми. Според агенциите, Путин на аеродромот во Пјонгјанг го пречекал севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун. Путин, […]

Бајден ќе им понуди државјанство на илегалните имигранти доколку се во брак со Американци


Американскиот претседател Џо Бајден денеска понуди пат до државјанство на стотици илјади илегални имигранти кои се венчани за американски државјани, што е сосема спротивно од плановите на неговиот републикански ривал Доналд Трамп, кој ветува масовни депортации. Програмата ќе биде наменета за речиси 500.000 сопружници на американски државјани кои живеат во САД најмалку 10 години на […]

Холандски јавен сервис: Марк Руте ќе биде новиот генерален секретар на НАТО


Холандскиот премиер во заминување Марк Руте ќе биде новиот генерален секретар на НАТО, објави холандскиот јавен сервис НОС. Тој на таа функција ќе го замени Јенс Столтенберг, чиј мандат истекува на 1 октомври. Во извештајот, НОС се повикува на извори запознаени со ова прашање. Агенциите јавуваат дека се уште не може да се добие коментар […]

Алармантни бројки: Речиси половина од младите во Германија се чувствуваат осамено


Младите Германци се акутно ранливи на чувството на осаменост во современото општество, штотуку беше објавено ново истражување, а германската влада започна кампања оваа недела за да го истакне проблемот. „Кој знаеше дека помладите се меѓу најосамените по коронавирусот, ова конечно заслужува внимание“, рече по тој повод министерката за семејни прашања Лиза Паус. „Треба сериозно да […]

Руската Дума го усвои во прво читање предлог-законот за новиот режим на депортација на странци


Руската Државна Дума денеска во прво читање го усвои предлог-законот за новиот режим на депортација на странци кои се во Русија и немаат причина да останат во земјата. Странските државјани во Русија, кои немаат причина да останат во земјата, ќе бидат предмет на депортација откако ќе бидат регистрирани во посебен регистар на контролирани лица, пренесе […]

Во Франција почнува судењето против две жени кои тврделе дека Брижит Макрон е трансродова жена


Париз – На две жени ќе им се суди оваа недела поради лажни тврдења дека првата дама на Франција, Брижит Макрон е трансродова, што предизвика онлајн озборувања од страна на теоретичарите на заговор и екстремната десница. Брижит Макрон во 2022 година поднесе жалба за клевета против две жени кои во декември 2021 година објавија видео на […]

Како ќе влијае распуштањето на воениот кабинет на Бенјамин Нетанјаху врз мировниот процес во Газа?


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја распушти воената влада, потег што го зацементира неговото влијание врз војната меѓу Израел и Хамас и веројатно ја намалува можноста за прекин на огнот во Појасот Газа во скоро време. Нетанјаху го објави потегот неколку дена откако неговиот главен политички ривал Бени Ганц се повлече од тричлената воена влада. Ганц, […]

Пелегрини: Словачка ја поддржува кандидатурата на Руте за генерален секретар на НАТО


Претседателот на Словачка, Петер Пелегрини денеска изјави дека Братислава ја поддржува кандидатурата на Марк Руте за генерален секретар на НАТО. Пелегрини посочи дека Словачка досега претпочитала „географски поблизок“ кандидат од Централна и Источна Европа, како романскиот претседател Клаус Јоханис, но сега го поддржува Руте. По последната дискусија со Марк Руте и консултациите со неговата Влада, […]

Што јаделе? 139 луѓе во Русија имаат симптоми на ботулизам, многу од нив се во тешка состојба


Најмалку 139 лица во Русија побарале лекарска помош со симптоми на ботулизам во изминатите неколку дена, соопштија вчера властите. Ботулизмот што се пренесува преку храна е ретка болест предизвикана од токсин произведен од еден вид бактерии, Clostridium botulinum. Јадењето храна контаминирана со токсинот може да предизвика парализа, отежнато дишење, а понекогаш и смрт. Симптомите типични […]

Обилните дождови усмртија најмалку седум лица во Еквадор


Најмалку седум луѓе загинаа при лизгање на земјиштето во централниот дел на Еквадор предизвикано од обилните дождови во текот на викендот, соопштија локалните власти. Во свлечиштето повредени се 16 лица, а 20 се водат како исчезнати. Спасувачките операции се во тек. Обилните врнежи во Ел Салвадор предизвикаа најмалку 11 смртни случаи, а околу 880 луѓе […]