Како помина дебатата меѓу Бајден и Трамп, најстарите претседателски кандидати во историјата на САД


Американскиот претседател Џо Бајден и неговиот републикански ривал Доналд Трамп разменија неколку лични навреди во долгоочекуваната дебата, но се добива впечаток дека настапот на Бајден на моменти беше колеблив и неизвесен, додека Трамп често користеше лажни тврдења во своите напади. Двајцата кандидати разменија аргументи и критики за абортусот, имиграцијата, војните во Украина и Газа, нивното […]

Европскиот совет ја усвои Стратешката агенда за правците и целите на ЕУ за следите пет години


 ЕУ мора да ја заврши својата домашна задача во процесот на внатрешни реформи, но исто така бара и од оние земји што сакаат да и се придружат да го спроведат нивниот дел во реформите за да постигнат напредок на полето на проширувањето, изјави претседателот на Европскиот совет.  Ова како што посочи претседателот на Европскиот совет […]

Пакстон: На самитот во Вашингтон НАТО ќе излезе со декларација за заканите по светската безбедност


На претстојниот самит на НАТО во Вашингтон шефовите на влади на 32-те земји членки на Алијансата ќе излезат со заедничка декларација за заканите по светската безбедност, изјави синоќа на брифинг Џеј Пакстон, портпарол на Сојузничката командна трансформација на НАТО (АКТ). Самитот на НАТО во Вашингтон се одржува од 9 до 11 јули, а по повод […]

Европските лидери ги избраа носителите на врвните функции во ЕУ


Лидерите на ЕУ го избраа поранешниот португалски премиер Антонио Кошта за нов претседател на Европскиот совет, ја номинираа актуелната претседателка на Европската комисија, Германката Урсула фон дер Лајен за реизбор на функцијата и ја предложија естонската премиерка Каја Калас за кандидат за висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, објави доцна синоќа на […]

Европските лидери расправаат за изборот на носителите на врвните функции во ЕУ


Лидерите на земјите членки на ЕУ во рамки на нивниот Самит во Брисел вечерва ја почнаа дебатата околу кандидатите за носители на водечките раководни позиции во Унијата, информираат дипломатски извори. Тие изразуваат оптимизам дека дискусијата по оваа последна точка од дневниот ред на Самитот би можела да заврши уште вечерва со избор на претседател на […]

Берлин и Париз со заеднички предлог за измени на Стратешката агенда на ЕУ


Во рамки на дебатата за Стратешката агенда на ЕУ за периодот 2024-2029 година на денешниот Самит на Унијата во Брисел, Германија и Франција излегле со заеднички предлог за серија измени во планот што ги поставува правците на дејствување и целите на блокот за следниот период, брифираат извори кои се во тек со расправата.  Според истите […]

На ЕУ и се потребни 500 милијарди евра за одбраната во следната деценија


Брисел – Во текот на следната деценија на Европската Унија ќе и бидат потребни 500 милијарди евра инвестиции во одбрана, што според сегашните цени би значело дека блокот има недостиг од 400 милијарди евра, порача претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во обраќањето пред европските лидери на денешниот Самит на ЕУ во Брисел.  […]

Шолц ја потврди својата поддршка за вториот мандат на Урсула фон дер Лајен за претседателка на ЕК


Берлин  – Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ја потврди својата поддршка за Урсула фон дер Лајен за втор мандат како претседател на Европската комисија, јави ДПА. -Нашата намера е политичката платформа што претходно ја поддржуваше г-ѓа Фон дер Лајен, треба да продолжи да го прави тоа и во иднина, рече Шолц при неговото пристигнување на […]

Трамп против Бајден: Америка ја чека дебатата на годината


Вашингтон – Американскиот претседател Џо Бајден и неговиот претходник Доналд Трамп денеска ќе се соочат на првата од двете претседателски дебати во Атланта. Според анкетите, тие имаат речиси подеднаква поддршка од гласачите. Трамп и Бајден ќе разговараат за економијата и војните, но и за миграцијата и иднината на демократијата. Како двајца најстари претседателски кандидати во […]

Силно невреме ја зафати Словачка, поплавени улици и подруми, предизвикана голема штета


Братислава – Невремето и обилните врнежи денеска предизвикаа хаос и голема штета на имотите во Словачка, објавија денеска словачките власти. Окружната болница мораше да биде затворена поради поплавата, многу патишта беа поплавени, а железничкиот сообраќај беше во прекин. Дрва паднаа врз куќи и игралишта, јави ТВ станицата ТА3. На некои места за само неколку часа […]

Руте очекува функциите во ЕУ да се распределат според договорот на трите групи во ЕП


Холандскиот премиер во заминување Марк Руте денеска изјави дека очекува договорот на лидерите на ЕУ за распределба на водечките позиции да биде таков како што се договориле трите политички групи во Европскиот парламент. „Очекувам дебати, но трите центристички политички семејства се договорија. Мислам дека договорот ќе биде таков, но ќе треба да видиме“, изјави Руте […]

Украина ќе потпише безбедносен договор со ЕУ


Украина ќе потпише безбедносен договор со Европската унија, соопшти денеска претседателот Володимир Зеленски, јави ДПА. Зеленски во пост на платформата Х, пред неговото пристигнување на самитот на лидерите на ЕУ во Брисел, напиша дека договорот е важен чекор кон „историската цел на Украина за мир и просперитет во ЕУ“. ДПА појаснува дека договорот меѓу ЕУ […]

Италијанската полиција разби мрежа за трговија со луѓе што оди до Србија


Италијанската полиција разби криминална мрежа која се занимавала со трговија со луѓе и која, користејќи луксузни автомобили, шверцувала кинески мигранти во Италија. По пристигнувањето во Италија, на мигрантите им биле одземени пасошите и тие биле третирани како робови. „Шверцерите ги претставувале мигрантите како азиски државјани, скапо облечени, со мал багаж, кои патуваат во скапи автомобили, […]

Кирби: Белата куќа на ниту еден начин не била вмешана во случајот со Асанж


Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби денеска изјави дека Белата куќа на ниту еден начин не била вмешана во случајот со основачот на Викиликс, Џулијан Асанж. – Тоа беше прашање за Министерството за правда и тие се единствените кои можат да разговараат за тоа, рече Кирби на прес-конференцијата. Асанж слета […]

Украина во текот на ноќта соборила 23 беспилотни летала и пет проектили истрелани од Русија


Воздухопловните сили на Украина соопштија дека ги собориле сите 23 беспилотни летала и пет од шест проектили истрелани врз Украина од Русија во текот на ноќта. Регионалниот гувернер на украинската област Хмелницки, Сергиј Тјурин, изјави дека системите за противвоздушна одбрана собориле девет воздушни објекти над неговиот регион. – Локалните власти немаат информации за жртви или […]

Израел тврди дека „може да го врати Либан во камено доба“, но не сака војна со Хезболах


Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант, за време на неговата посета на американскиот главен град Вашингтон, предупреди дека израелската армија е способна „да го врати Либан назад во каменото доба“ во евентуална војна со либанската шиитска група Хезболах. Сепак, тој експлицитно нагласи дека неговата влада претпочита дипломатско решение на тензиите на израелско-либанската граница. Галант, исто […]

Неуспешен пуч во Боливија, генерал уапсен пред камера


Боливискиот претседател Луис Арсе го разреши шефот на вооружените сили на Боливија, генерал Хуан Хозе Зунига, обвинувајќи го за обид за државен удар, а боливиските власти го уапсија, објави во средата боливиската државна телевизија. Зунига беше уапсен и принуден во полициско возило додека зборуваше со новинарите пред касарната. „Ти си уапсен, генерале! Му кажал секретарот […]

Кина одвои 316 милиони долари итна помош за справување со последиците од смртоносните поплави


Кинеската влада додели итна помош во вредност од 316 милиони долари на градските власти за справување со последиците од смртоносните поплави во земјата. Средствата се за поддршка на спасувачките операции, за итни случаи и планирање за спречување на штети од поплави и лизгање на земјиштето предизвикани од поројните дождови кои паѓаат речиси две недели. Министерството […]

Стапува во сила законот што го олеснува стекнувањето германско државјанство


Во Германија од денеска стапува на сила новиот закон со кој се олеснува стекнувањето германско државјанство, јави ДПА. Реформата на законот за државјанство, која беше поттикната од германската владејачка трипартитна коалиција, му дава можност на лицето да стане германски државјанин, а во исто време да го задржи државјанството на земјата од која потекнува. Досега, зачувувањето […]

Де Вевер доби задача да се обиде да обезбеди мнозинство за формирање белгиска Влада


Белгискиот крал Филип на лидерот на десничарската Нова фламанска алијанса (Н-ВА), Барт Де Вевер му довери задача да се обиде да обезбеди парламентарно мнозинство за формирање на нова Федерална влада на Белгија. Како што соопшти белгиската Кралска палата, Де Вевер разговарал час и половина со кралот при што го информирал за резултатите од неговите активности […]