Шестмина мртви во луксузен хотел во Бангкок, има сомнеж дека се отруени


Шест лица се пронајдени мртви во луксузна хотелска соба во центарот на Бангкок, а тајландската полиција се сомнева дека причината за смртта е труење, јави Си-Ен-Ен. „Персоналот на хотелот ги пронашол телата во соба на петтиот кат во Гранд Хајат, откако гостите не успеале да се одјават по повеќе од 24 часа“, рече полицискиот комесар […]

Борис Џонсон се сретна со Трамп, не се сомнева во продолжувањето на американската поддршка за Украина


Поранешниот премиер на Велика Британија, Борис Џонсон изјави дека „нема сомнеж“ оти кандидатот на Републиканската партија на претстојните претседателски избори во САД, Доналд Трамп, ќе продолжи да ја поддржува Украина. „Разговаравме за Украина и не се сомневам дека ќе има силна и решителна поддршка за таа земја и одбрана на демократијата“, напиша Џонсон на својот […]

Автобус падна во провалија во Перу, загинаа најмалку 25 патници (видео)


Најмалку 20 луѓе загинаа во Перу кога автобус паднал во провалија, соопшти министерот за транспорт Раул Перез Рејес. Автобусот се движел од главниот град Лима кон регионот на Андите Ајакучо кога излетал од карпа. Според извештаите на медиумите, уште најмалку 15 лица се пренесени во болница со повреди. Полицијата не ја исклучува можноста бројот на […]

УНХЦР вети нов пакет помош за да и помогне на Украина да се подготви за зимата


Агенцијата на ОН за бегалци, УНХЦР, објави пакет помош од 100 милиони долари за да и помогне на Украина да се подготви за зимата, соопшти кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Како што јави ДПА, Зеленски се сретна со високиот комесар на ОН за бегалци Филипо Гранди за време на петтата посета на Гранди на […]

Во Парагвај запленети рекордни четири тони кокаин наменет за Европа


 Властите во Парагвај пријавија најголема заплена на дрога во земјата до сега, конфискувајќи над четири тони кокаин, јави ДПА. Парагвајските безбедносни сили ја откриле дрогата скриена во вреќи со шеќер во контејнер во пристаништето на главниот град Асунсион, на пат за Антверпен во Белгија, соопшти агенцијата за борба против дрога Сенад. Запленетиот кокаин се проценува […]

10 години од уривањето на авионот на „Малезија Ерлајнс“ над Украина: Русија да ја прифати одговорноста, вели Борел


Денеска го одбележуваме споменот на 298-те невини луѓе, меѓу кои и 80 деца, од 17 националности, кои ги загубија животите при соборувањето на авионот на „Малезија Ерлајнс“ над територијата на Украина на 17 јули 2014 година, наведе високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел во изјавата по повод 10-годишнината од уривањето […]

Естонскиот претседател го довери формирањето нова влада на министерот за клима Кристен Михал


Претседателот на Естонија го назначи министерот за клима Кристен Михал од Реформската партија за нов премиер на земјата и му даде мандат да формира нова влада, објави Ројтерс, цитирајќи го претседателскиот кабинет. Каја Калас, која е премиер од 2021 година, вчера поднесе оставка за да ја преземе новата функција како иден шеф за надворешна политика […]

Милијардерите Илон Маск и Кен Грифин донираа по 100.000 долари за жртвите од пукањето на митингот на Трамп


Милијардерот Илон Маск и менаџерот на хеџ-фонд милијардерот Кен Грифин донирале по 100.000 долари за кампања за собирање средства gofundme.com, формирана за поддршка на жртвите и семејствата на повредените или убиените во пукотницата во саботата на митингот на Доналд Трамп, во која загина едно лице, а неколкумина, меѓу кои и самиот поранешен претседател на САД, […]

Маск планира да му дава на Трамп 45 милиони долари месечно


Мултимилијардерот Илон Маск најави дека ќе дава околу 45 милиони долари месечно на новиот политички комитет кој го поддржува Доналд Трамп, објави Волстрит џурнал повикувајќи се на неименувани извори. Донациите на Маск ќе бидат наменети за политичка група наречена America PAC, што ќе се фокусира на промовирање на регистрација на гласачите, предвремено гласање и гласање […]

Во Германија на една муслиманка ѝ беше забрането да биде судија-поротник затоа што носи шамија


На една муслиманка не ѝ беше дозволено да служи како поротник со образложение дека носењето традиционална шамија го нарушува принципот на државна неутралност во Германија. Таа сега поднела уставна жалба против таа одлука, пишува ДВ. Во германските училишта, дебатата за носење традиционални шамии не е нова. Но, сега оваа тема повторно предизвика жестоки дискусии во […]

Украина очекува да потпише безбедносни договори со уште девет земји


Украина разговара за билатерални безбедносни договори со уште девет земји, објави претседателот Володимир Зеленски на прес-конференција во Киев. Украинската влада се обидува да потпише безбедносни договори со вкупно 32 земји, бидејќи досега веќе има потпишано безбедносни договори со 23, рече Зеленски. Безбедносните договори опфаќаат хуманитарна, воена и финансиска помош за Украина. Според претседателот, потпишаните договори […]

Стуб го потпиша законот за протерување бегалци


Финскиот претседател Александар Стуб денеска го потпиша таканаречениот закон за протерување бегалци, кој ќе стапи на сила на 22 јули, соопшти кабинетот на шефот на државата. Стуб на Инстаграм напиша дека чинот е од витално значење за националната безбедност, како и дека ги разбира тензиите поврзани со тој закон. Законот за итни овластувања, кој ќе […]

Роберта Мецола е реизбрана за претседател на Европскиот парламент


  Со огромно мнозинство Роберта Мецола денеска е избрана за уште еден мандат на чело на Европскиот парламент. Првпат избрана на функцијата во јануари 2022 година, политичарката од Малта, која е дел од Европска народна партија (ЕПП) ќе остане на функцијата уште 2,5 години откако ја доби поддршката од мнозинството од новоизбраните 720 членови на […]

Украина уништи најмалку 100 тенкови кои Путин ги нарекува „најдобри на светот“


  Иако поради огромните загуби на воена опрема во Украина, руската армија мораше да уфрла дури и тенкови од 1950-те и 1960-те на фронтот и повторно да опреми илјадници возила земени од магацини, во битките учествува и модерна опрема. И, исто така, се уништува во големи количини, и покрај пофалните оди што ги пеат пропагандистите […]

Силен украински напад со дронови на руска територија


  Во вторникот вечерта, украинските напади предизвикаа пожар кој уништи фабрика за електрична опрема во руската погранична област и повреди најмалку шест лица, објавија локалните гувернери. Напад со дрон врз фабрика во градот Кореново во руската област Курск предизвика пожар кој беше даснет до утрото. Во самата фабрика нема жртви. Фотографиите објавени на Телеграмскиот канал […]

Изборот на Трамп за потпретседател – „катастрофа“ за Европа и Украина


МИЛВОКИ – Голем дел од Европа веќе беше во паника поради второто претседателство на Доналд Трамп, загрижени дека САД ќе ја прекинат помошта за Украина ако тој победи во ноември. Тогаш Трамп го избра Џеј-Ди Венс за свој потпретседател. Овој 39-годишен сенатор од Охајо е еден од најизолационистичките членови на Републиканската партија. Тој е жестоко […]

Претседателствувањето на Орбан со ЕУ се повеќе под мраз


Европската комисија побара од своите комесари да не присуствуваат на неформалните состаноци на министрите за време на унгарското претседателство со Советот на ЕУ, изјавија тројца претставници на ЕУ за ПОЛИТИКО. Наместо тоа, со испраќање државни службеници на состаноците, Комисијата се надева дека ќе испрати порака до Будимпешта дека нејзиното кавалерско користење на претседавањето со ЕУ […]

Нападот на Трамп покрена стравувања и меѓу политичарите во Европа


ЛОНДОН – Низ Европа, политичарите од сите страни го следеа нападот на Доналд Трамп во саботата со чувство на страв. Она што многумина го видоа беше зголемената опасност во нивните земји да се одрази директно и на нив. Додека континентот почна да пресметува колку Трамп беше блиску до смртта, пораката од европските лидери беше јасна: […]

„Најголем неуспех на Тајната служба во последниве децении“: „Волстрит џорнал“ за обидот за атентат на Трамп


  Обидот за атентат врз Доналд Трамп на предизборниот митинг во Пенсилванија на 13 јули беше најголемиот неуспех на американската тајна служба во последните децении, поточно од обидот за атентат врз претседателот Роналд Реган во 1981 година, пишува „Волстрит џорнал“. Неколку комисии на американскиот конгрес имаат намера да ги истражат дејствијата на разузнавачката агенција. Поточно, […]

Разорна бура го погоди Авганистан – 40 загинати, урнати столбови, луѓе без струја…


Околу 40 лица загинаа, а најмалку 347 се повредени во силното невреме што вчера ја погоди провинцијата Нангархар во источен Авганистан, соопшти авганистанското Министерство за здравство. Портпаролот на министерството Шарафат Заман изјави дека бројот на жртвите се очекува да се зголеми додека продолжуваат напорите за пребарување и спасување. Невремето, кое донесе силен дожд, го погоди […]