Трамп вети дека ќе објави документи за атентатот врз Кенеди


Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп вети дека, доколку биде избран, ќе формира независна претседателска комисија за обиди за атентат, од која ќе побара да ги објави сите преостанати документи поврзани со атентатот на поранешниот американски претседател Џон Кенеди. Трамп ова го изјави на предизборен митинг во Аризона, каде вчера се појави […]

За борба против мајмунските сипаници се потребни најмалку 135 милиони евра, вели шефот на СЗО


Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) повика на глобална усогласена акција против новата епидемија на мајмунски сипаници и најави дека за тоа ќе бидат потребни најмалку 135 милиони долари во следните шест месеци. – Дозволете ми да бидам јасен: оваа нова епидемија на мајмунски сипаници може да се контролира и запре, рече генералниот директор Тедрос […]

Шумски пожари им се закануваат на 30 градови во бразилската држава Сао Паоло


Бразилската покраина Сао Паоло соопшти дека шумски пожари им се закануваат на 30 нејзини градови, додавајќи дека две лица загинале во фабрика. Градовите се погодени од суво и топло време во изминатите денови, се вели во соопштението на владата, кое исто така предупреди дека шумските пожари може брзо да се шират поради налетите на ветрот, […]

Германската полиција во потера по извршителот на масакрот на фестивал во Солинген


Три лица загинаа, а пет се тешко повредени синоќа во напад со нож во градот Солинген во западна Германија. Полицијата презеде „голема операција за пронаоѓање на осомничениот, кој побегнал во метежот и паниката што настана по злосторството“. Според извештаите на медиумите, маж по случаен избор ги избодел минувачите на фестивалот на прославата на 650-годишнината на […]

Евростат: Лани во ЕУ работеле 362.400 професионални пожарникари


Во Европската унија во 2023 година имало 362.400 професионални пожарникари, што претставува 0,18 отсто од вкупниот број вработени во ЕУ, а во однос на 2022 година тој број е зголемен за 3.200, објави Евростат. Канцеларијата на ЕУ задолжена за статистика наведува дека меѓу 21 земја на Европската унија со достапни податоци, најголем удел на пожарникари […]

Кенеди помладиот го подржа Трамп и настапи заедно со него на митинг во Аризона


 Роберт Ф. Кенеди помладиот му даде подршка на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп придружувајќи му се синоќа на митинг во Аризона, неколку часа откако ја суспендираше неговата претседателска кампања. Кенеди изјави дека ќе се повлече од гласачкото ливче во 10 клучни сојузни држави. Подршката за Трамп предизвика тензии во семејството на Кенеди, едно од најпознатите […]

Бајден му вети на Зеленски „непоколеблива американска поддршка за Украина“


Американскиот претседател Џо Бајден синоќа разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски и најави нов пакет воена помош пред денешниот Ден на независноста на Украина, соопшти Белата куќа. Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин, кој разговараше и со неговиот украински колега Рустем Умеров, на социјалните мрежи објави дека пакетот вреди 125 милиони долари. Во разговорот со […]

САД: Го убивме водачот на групата поврзана со Ал Каеда во Сирија


Американската војска соопшти дека извршила напад во Сирија синоќа во кој загинал висок лидер на група поврзана со Ал Каеда. Цел на нападот бил Абу-Абд ал-Рахман ал-Маки, висок лидер на Хурас ал-Дин, поврзан со Ал Каеда, се вели во соопштението на американската Централна команда на Х. U.S. Central Command Forces Killed Hurras al-Din Senior Leader […]

Хорор на фестивал во Германија: Неколку лица загинаа во напад со нож, спасувачите се борат за животот на ранетите


Според првите информации има најмалку тројца загинати и неколку тешко повредени во крвав напад со нож на фестивал во Солинген. Неколку луѓе беа убиени во петокот вечерта кога маж по случаен избор избоде посетители на фестивал во западниот германски град Солинген. Околу 21 часот и 45 минути непознат маж ги нападнал посетителите на фестивалот на […]

Норвешка планира да дозволи абортус до 18-та недела од бременоста


Норвешката влада денеска соопшти дека сака да го измени законот за абортус, првпат по половина век, со што на жените ќе им биде дозволено да ја прекинат бременоста до 18-та недела. Предложените измени се „во согласност со денешната пракса“. – Речиси на ниту една жена не и одбиено барањето за абортус по 12-та недела, изјави […]

Ослободени се заложниците во затвор во рускиот регион Волгоград, киднаперите се ликвидирани


Ослободени се сите заложници земени во затвор во рускиот регион Волгоград, јавија светските агенции, повикувајќи се на каналот База на Телеграм, близок до безбедносните служби. Специјалните сили на руската гарда јавија дека нивните снајперисти ги убиле четворицата затвореници кои киднапирале чувари во казнената колонија со висока безбедност ИК-19. Сите заложници се ослободени, потврдија снајперисти на […]

Бунт во руски затвор, членови на ИД ги сечеле затворските чувари по лицето и телото, најмалку тројца загинати


Федералната казнена служба на Русија соопшти дека затворениците од колонијата број 19 во регионот на Волгоград зеле чувари и вработени во институцијата за заложници. Медиумите јавуваат дека во колонијата во градот Суровикино има повеќе од илјада затвореници и дека во тек се напори за ослободување на заложниците. Каналот База на Телеграм неофицијално наведува дека за […]

Кокаин, Џефри Епштајн и мртов слон: Кралските семејства прават проблеми на лидерите


Сите семејства имаат проблеми – и кралските семејства не се исклучок. Тоа беше пораката на норвешкиот премиер Јонас Гар Шторе минатата недела, запрашан за скандалот што го обви синот на норвешката престолонаследничка, Мариус Борг Хоиби, кој призна дека ја нападнал својата девојка под влијание на кокаин. „Тоа [норвешкото кралско семејство] е семејство со јасни предизвици, […]

Политиката на Запад за смирување со Русија пропаѓа


Дали упадот во Курск беше непромислено коцкање или мајсторски удар? Додека Украина го слави денот на својата независност овој викенд, обидот да се одговори на ова прашање е исто толку залуден колку што прашањето е погрешно. Она што е јасно е дека за прв пат, по повеќе од една деценија, некој друг освен Москва сега […]

Пронајдено и телото на ќерката на милијардерот Линч: Крај на потрагата во потонатата јахта


Италијанските спасувачи го пронајдоа телото на Хана Линч (18), последното исчезнато лице од јахтата што потона на 19 август во близина на Палермо. Хана беше ќерката на британскиот технолошки тајкун Мајк Линч, кој исто така загина во бродската несреќа. Вчера беше извлечено телото на Линч, а пред два дена беа пронајдени телата на другите четири […]

„Мудис“ изброи 46.000 компании со значително руско учество во ЕУ поради можни прекршувања на санкциите


  Меѓународната рејтинг агенција „Мудис“ идентификуваше 46.000 компании во Европската унија во кои најмалку 40 отсто од имотните права директно или индиректно им припаѓаат на Руси или руски компании како дел од барањата на 12-от пакет санкции против Русија. Како што е наведено, најмногу такви компании се забележани во Чешка, поточно 12.480, Бугарија 9.581, Германија […]

Орбан ќе дели златни визи, еве под кои услови. ЕУ е бесна


Унгарија ќе воведе златни визи одобрени од владата на Орбан на почетокот на следната година. Тоа дефинитивно нема да му се допадне на Брисел, кој со години се бори со Орбан за различни политики и одлуки. Програмата им овозможува на инвеститорите да стекнат десетгодишно право на престој во Унгарија и унгарски пасош, што овозможува слободно движење […]

Како Украина стана број еден во светот во технологијата за воени беспилотни летала


Во време на инвазијата на Крим во 2014 година, руската војска вешто интегрираше беспилотни летала (дронови) и електронско војување во своите операции. Нивните системи предизвикаа хаос во украинските комуникациски мрежи и прецизно ги лоцираа украинските единици кои потоа беа нападнати со беспилотни летала. Оваа тактика беше многу ефикасна, поради што другите армии почнаа да ги […]

Малиот Кадиров стрела со златни митралези


Еден од синовите на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров додека траеше посетата на рускиот претседател владимир Путин ги покажа своите борбени вештини – пукајќи од златни митралези. Kadyrov’s 16-year-old son Adam was provided with gold machine guns to shoot from. pic.twitter.com/2BJRTbm6M2 — Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) August 23, 2024 Адам Кадиров официјално ја зазема функцијата куратор на […]

Нови правила на аеродромите: Еве што повеќе нема да смеете да носите со себе


Лековите и течната храна за бебиња се исклучени од новите правила. Построгите правила за течности и гелови во рачниот багаж повторно ќе стапат на сила на сите аеродроми во ЕУ од 1 септември, соопштија од аеродромот во Франкфурт, пренесува агенцијата Белга. Низ ЕУ, на патниците ќе им биде дозволено да носат пакети до 100 милилитри. […]