Магрете Вестагер го презема ресорот внатрешен пазар по оставката на Бретон


Извршната потпретседателка на Европската комисија за Европа прилагодена на дигиталната ера и еврокомесарка за конкурентност Магрете Вестагер во наредниот период ќе раководи и со ресорот за внатрешен пазар по оставката на еврокомесарот Тиери Бретон.  Ова синоќа во објава на платформата Икс го најави претседателката на Еврокомисијата, Урсула фон дер Лајен.  – Ја примив и ја […]

Отпорноста на антибиотици може да убие повеќе од 39 милиони луѓе до 2050 година, предупредува нова студија


 Отпорноста на антибиотици може да предизвика смрт на повеќе од 39 милиони луѓе до 2050 година. Ова е заклучокот од студијата објавена во научната публикација „Лансет“, пренесоа светските агенции. За прв пат, ваква студија го проценува влијанието на отпорноста на антибиотици низ годините и се обидува да го предвиди нејзиниот развој. Од 1990 до 2021 […]

Три лица загинаа во пожарите во Португалија


Најмалку три лица загинаа во неколку пожари во Португалија, јави ДПА. Повредени се вкупно 17 лица. Една од жртвите е пожарникар кој починал од срцев удар додека бил на работа. Пронајдени се и телата на уште две жртви. Едниот бил шумски работник кој горел, а другиот починал од срцев удар додека се обидувал да го […]

Лекари без граници ја прекинаа работата во Русија


 Хуманитарната организација Лекари без граници (Médecins Sans Frontières) со седиште во Швајцарија соопшти дека е принудена да ја прекине работата во Русија. – Со тешко срце мораме да ги прекинеме нашите активности во Русија, изјави шефот на руската програма на Лекари без граници. Организацијата е присутна во Русија од 1992 година, но во август соопшти […]

Бајден рече дека отсекогаш осудувал политичко насилство


Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека „секогаш го осудувал политичкото насилство“ еден ден по вториот наводен обид за атентат врз републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп. – Отсекогаш сум го осудувал политичкото насилство и секогаш ќе го осудувам, рече Бајден. Трамп по вчерашниот инцидент, за кој постои сомнеж дека бил уште еден обид за атентат […]

Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди Романија


 Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Романија, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC). Епицентарот на земјотресот бил на 57 километри источно од Брашов и се случил на длабочина од 137 километри. Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета. ј

Путин отиде во Монголија да бара благослов од шаманите, пишува „Шпигел“


  За време на посетата на Владимир Путин на Монголија, која се случи на почетокот на септември и покрај можноста за апсење по налог на Меѓународниот кривичен суд, имаше средба на рускиот претседател со монголски шамани. Ова во колумна за „Шпигел“, повикувајќи се на извори блиски до Кремљ, го напиша новинарот Михаил Зигар, поранешен главен […]

ЕУАА: Над 500.000 барања за азил во првата половина на 2024 година


Бројот на баратели на азил во ЕУ, Норвешка и Швајцарија е малку намален во првата половина од годината, но сепак изнесува над половина милион, покажаа денеска официјалните бројки, јави ДПА. Од јануари до крајот на јуни, Агенцијата за азил на Европската унија со седиште во Малта (ЕУАА) забележа вкупно 513.000 нови барања, што е благ […]

Францускиот еврокомесар Тиери Бретон поднесе оставка и жестоко ја нападна Фон дер Лајен


  Францускиот еврокомесар Тиери Бретон поднесе оставка во понеделникот и ја обвини својата шефица Урсула фон дер Лајен дека го поткопува, повикувајќи се на времето поминато во Брисел и ја фрли транзицијата на моќта на ЕУ во неред. Францускиот претседател Емануел Макрон го номинираше Бретон за втор мандат во Брисел, но Бретон се повлече, обвинувајќи […]

Маск се огласи и ги шокираше сите: Зошто никој не се обидува да го убие Бајден?


Елон Маск го привлече вниманието на „отсуството“ на какви било обиди за убиство на американскиот претседател Џозеф Бајден или Камала Харис, додека претседателскиот кандидат на Републиканската партија и поранешен претседател Доналд Трамп веќе двапати беше мета на атентати. „Никој не се обидува да го убие Бајден или Камала. Зошто сакаат да го убијат Доналд Трамп?“, […]

Експлозија во центарот на Келн


Експлозија денеска оштети зграда во центарот на западниот германски град Келн, јави ДПА. Портпаролката на полицијата рече дека широката област на Хоенцолернринг, населба полна со кафулиња, барови и ресторани, е опколена и дека голем број полицајци се на терен. Таа првично не даде никакви информации за евентуални повреди или причина за експлозијата. Радио Келн рано […]

Будимпешта се подготвува за поплава – војската распоредена покрај Дунав


Осум загинати, неколку исчезнати, илјадници евакуирани и десетици илјади без струја се актуелните последици од бурата Борис, која ја пустоши централна и источна Европа со бурни дождови и катастрофални поплави. Ова невреме предизвика катастрофални штети и поплави во Чешка, Словачка, Полска и Романија. Под вода се и делови од Австрија Поради брзиот пораст на водостојот […]

Најмалку осум загинати во поплавите во Европа


Бројот на загинати во поплавите во централна Европа вчера се искачи на осум, откако илјадници луѓе беа евакуирани од своите домови во Полска, Чешка, Австрија и Романија. Циклонот „Борис“, донесе обилни дождови од Австрија до Романија, што доведе до најголемите поплави во речиси три децении во тешко погодените области на Чешка и Полска. Илјадници куќи […]

Два земјотреса регистрирани во Британска Колумбија


 Два земјотреса со интензитет од 6,5 и 4,7 степени според Рихтеровата скала синоќа се регистрирани на северниот брег на канадската провинција Британска Колумбија. Епицентарот на земјотресите бил во Тихи Океан на длабочина од 10 километри. По земјотресите не беше издадено предупредување за појава на цунами. Засега нема информации за евентуални човечки жртви или причинета материјална […]

Кој е човекот кој ФБИ го уапси поради обид за атентат врз Трамп


Педесет и осум годишен маж, приведен во неделата во врска со очигледниот обид за атентат врз Доналд Трамп на Флорида, е самовработен градител на станови со поволни цени на Хаваи, кој се појавил на социјалните мрежи за да се осврне на политиката и актуелните настани, понекогаш критикувајќи го поранешниот претседател. Рајан Весли Рут, за кој […]

Бројот на загинати во Виетнам од тајфунот Јаги се искачи на 281


Бројот на загинати во Виетнам од тајфунот Јаги се искачи на 281, а 67 лица се уште се водат како исчезнати, соопштија властите, цитирани од ДПА. Јаги е најсилниот тајфун што го погодил Северен Виетнам во последните 30 години. Повеќе од 1.900 луѓе се повредени, се вели во извештајот на Виетнамската канцеларија за управување со […]

ФБИ: Се чини дека имаше обид за атентат врз Трамп


Американскиот републикански претседателски кандидат Доналд Трамп е безбеден откако неколку истрели беа испукани во близина на неговиот терен за голф во Вест Палм Бич, Флорида. Истрелите дошле преку теренот за голф, велат изворите. Кампањата на Трамп претходно соопшти дека поранешниот претседател е безбеден по пукањето, но не беа објавени детали. ФБИ соопшти дека се чини […]

По драмата на Флорида и пукањето, се јави и Трамп: „Сакав прво да го слушнете ова…“


Изборниот штаб на Доналд Трамп во неделата извести дека „поранешниот претседател е безбеден откако во негова близина се слушнале истрели“. „Во овој момент немаме дополнителни детали за овој настан“, изјави портпаролот на персоналот на Трамп, Стивен Чеунг, пренесува Си-Ен-Ен. Поранешниот претседател играше голф во Интернационалниот голф клуб Трамп во Вест Палм Бич. Патеката веднаш беше […]

Американски медиуми: Престрелка во близина на Доналд Трамп, тој е безбеден и не бил во опасност


Републиканскиот кандидат за претседател на САД Доналд Трамп е безбеден откако во негова близина имало истрели од огнено оружје, соопшти вечерва неговиот изборен штаб, објави Си Ен Ен. – Претседателот Трамп е безбеден по истрелите во неговата близина. Засега нема повеќе детали, изјавил портпаролот на кампањата на Трамп, Стивен Чеунг. Поранешниот претседател, како што пренесе […]

Доналд Трамп ја мрази Тејлор Свифт


Можеби не ја знае песната, но републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп во неделата го потврди текстот на Тејлор Свифт „хејтерите ќе мразат“. Во неделата утринска објава на својата страница на социјалната мрежа Truth Social, републиканскиот претседателски кандидат изјави: „ЈА МРАЗАМ ТЕЈЛОР СВИФТ!“ Ова следи по поддршката на поп-ѕвездата за потпретседателката Камала Харис во вторникот по […]