Конференцијата за Антарктикот заврши без договор за заштитени подрачја


Годинешниот состанок на Антарктичката комисија (CCAMLR) повторно не успеа да постигне договор за заштитени подрачја. Набљудувачите соопштија дека земјите-членки не успеале да се согласат за формирање заштитени морски зони во Источен Антарктик, Веделовото Море и водите кај Антарктичкиот Полуостров, регион каде живеат пингвини, фоки и китови кои се под закана од климатските промени. Министерот за […]

Зеленски одби средба со Гутереш по неговата посета на Русија


Украинскиот претседател Володимир Зеленски го одби генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за посета на Киев поради неговото присуство на средбата на БРИКС во рускиот град Казан. – По Казан, тој (Гутереш) сакаше да дојде во Украина, но претседателот не го потврди тоа поради ’понижувањето’ што му е нанесено на меѓународното право во Казањ, изјави […]

Илон Маск е во таен контакт со Путин уште од 2022


  Технолошкиот милијардер Илон Маск е во редовен контакт со рускиот претседател Владимир Путин од крајот на 2022 година, според извештајот на „Волстрит џорнал“. Според разузнавачките извори на „Џорнал“, Маск и Путин продолжиле да имаат разговори и оваа година, кога Маск почна да ги засилува своите критики за американската воена поддршка за Украина и активно […]

Четворицата астронаути на НАСА се вратија на Земјата по речиси осум месеци на МВС


Четворица астронаути на НАСА денеска се вратија на Земјата со леталото на компанијата „Спејс Икс“, откако беа на мисија на Меѓународната вселенска станица (МВС) која траеше речиси осум месеци. Капсулата на „Спејс Икс“ слета во Мексиканскиот залив во близина на брегот на Флорида. Нивниот престој на МВС беше продолжен поради проблеми со капсулата „Старлајнер“ на […]

Најголемата здравствена компанија во САД е хакирана: Сто милиони корисници се во опасност


Целта на нападот е Change Healthcare, подружница на UnitedHealth Group која управува со финансиите за медицинските провајдери. Се проценува дека се загрозени приватните податоци на „повеќе од сто милиони Американци“. Најголемиот хакерски напад врз здравствените податоци во САД е забележан во 2015 година, кога беа компромитирани 78,8 милиони корисници, но неодамнешниот дигитален упад ја подигна […]

Обама и Спрингстин ја поддржаа Камала Харис на митинг во Џорџија


Атланта – Американската потпретседателка и демократски кандидат за претседател на САД, Камала Харис, одржа предизборен митинг во близина на главниот град на американската држава Џорџија, Атланта, на кој учествуваа поранешниот американски претседател Барак Обама и пејачот Брус Спрингстин. Ен-Би-Си објави дека вчерашниот настан е првпат Харис и Обама да учествуваат на предизборен митинг пред изборите […]

Кралот Чарлс: Важно е да се разбере историјата на Британската империја која вклучуваше ропство


Британскиот крал Чарлс Трети денеска на Самитот на Комонвелтот во Самоа изјави дека е многу важно да се разбере историјата на Британската империја, која вклучувала ропство на африканските, карипските и другите народи, со цел, како што наведе, во иднина да се донесат правилни одлуки. Кралот Чарлс ова го изјави на самитот на Комонвелтот, на кој […]

Во САД започна истрага против Гугл за наводно прикажување негативност кон Трамп


Државниот обвинител од Мисури, републиканец, Ендрју Бејли, рече дека отворил истрага против Гугл затоа што пребарувачот наводно прикажувал само негативни написи за поранешниот претседател на САД и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп за време на претресите, со што, како што наведе, се цензурира конзервативниот говор пред „најважните избори во националната историја“. Бејли на платформата X […]

Волстрит Журнал: Русија им даде на Хутите клучни информации за ракетни напади врз бродови во Црвеното Море


Вашингтон – Русија обезбеди сателитски податоци претходно оваа година за да им помогне на јеменските бунтовници Хути да го нападнат комерцијалниот брод во Црвеното Море, објави синоќа Волстрит Журнал. Американскиот весник, повикувајќи се на извор запознаен со ова прашање и двајца анонимни европски одбранбени функционери, објави дека податоците ги пренеле припадници на иранската Исламска револуционерна […]

Убиен командантот на елитните сили на Хезболах, Абас Аднан Муслем


Тел Авив – Еден од командантите на елитните сили на Хезболах, Радван, Абас Аднан Муслим е убиен во неодамнешниот израелски воздушен напад во јужен Либан, соопшти утринава израелската армија. Во соопштението се наведува дека Аднан Муслим е одговорен за бројните ракетни напади врз израелските војници и Израелците од областа Аитарун во јужен Либан, објави „Тајмс […]

Њујорк Тајмс: Иран се подготвува за војна со Израел, но се обидува и да ја избегне


Техеран – Иран се подготвува за војна со Израел, кој најави одмазда за иранскиот ракетен напад, но, исто така, се обидува да избегне ширење на конфликтот, пишува Њујорк Тајмс, повикувајќи се на ирански претставници. „Иран им нареди на вооружените сили да бидат подготвени за војна, но и да се обидат да ја избегнат“, пишува весникот, цитирајќи […]

„Новините“: Ако Орбан толку не ја сака  ЕУ, може слободно да си замине


Орбан тврди дека Брисел ( ЕУ) и СССР се исти. Не, Орбан не е луд, едноставно – како и секој предавник на сопствениот народ – тој е склон кон лажење на големо. Орбан се обидува да го стави сопствениот народ на поводник на Русија, добивајќи моќ и пари за возврат. А луѓето? Нему не му […]

Европската вселенска агенција преговара со Маск за заедничка акција за отстранување на отпадот во вселената


Европската вселенска агенција (ЕСА) преговара со компанијата на Илона Маск „Спејс Икс“ за можноста таа да се приклучи кон меѓународна повелба осмислена да го намали постојано растечкиот отпад во вселената, изјави денеска генералниот директор на Европската вселенска агенција, Јозеф Ашбахер. ЕСА, во која членуваат 22 земји, води еден од неколку проекти во обид да се […]

Владата на Мелони ги глорифицираше војниците на Мусолини и предизвика гнев


  Десничарската влада на Италија се соочува со остри реакции откако Министерството за одбрана на земјата соопшти дека поразените фашистички војници на диктаторот Бенито Мусолини загинале за слободата на земјата. „Ние им оддаваме чест на храбрите италијански војници кои се бореа во песокот на Северна Африка. Со нив со почит се сеќаваме на сите #паднати […]

(Фото) Воз излета од шините во Норвешка. Едно лице загина, четири се повредени


  Едно лице загина, а четворица се повредени денеска кога воз излета од шините на северот на Норвешка, соопшти полицијата. Камења паднаа на возот што ги поврзува градовите Трондхајм на запад и Бодо на северот на земјата, по што излета од шините, изјави полицаецот Арилд Волдмо за норвешката радио и телевизија NRK. PHOTOS: Norway train […]

Путин не ги негира информациите за севернокорејски војници во Русија


Рускиот претседател Владимир Путин денеска не ги негираше американските тврдења дека Северна Кореја испратила војници во Русија, но рече дека од Москва зависи како да ја спроведе својата клаузула за заемна одбрана со Пјонгјанг и го обвини Западот за ескалација на војната во Украина. На новинарско прашање за сателитските снимки на кои се прикажани движења […]

Елитните војници од Северна Кореја ќе бидат испратени да го ослободат Курск


  Стотици севернокорејски војници се снимени во руските воени бази на Далечниот исток. Тие се дел од контингент од 10.000 до 12.000 војници кои наскоро може да ги ангажираат во борби против украинските сили во рускиот регион Курск. Според јужнокорејската Национална разузнавачка служба (НИС), Ким Џонг-ун веќе испратил 3.000 свои војници кај Владимир Путин; Вашингтон […]

Политико: Најмалку седум членки на НАТО се против членство на Украина во Алијансата


Седум членки на НАТО се против повикувањето на Украина да се приклучи на Алијансата, пренесе бриселскиот портал Политико, повикувајќи се на четворица официјални лица од НАТО и САД, како и некои дипломати. Германија и САД се најголемите држави кои се двоумат дали да одговорат на повикот на украинскиот претседател Володимир Зеленски за приклучување на Украина […]

Европол заплени 22.000 тони фалсификувана храна


Европол спроведе акција насочена кон супстандардна и фалсификувана храна и пијалоци. Запленети се 22.000 тони храна и 850.000 пијалоци, главно алкохолни. Запленети се 22.000 тони храна која била препакувана откако ѝ истекол рокот на траење и 850.000 пијалоци, од кои главно алкохолни. Европол соопшти дека во рамките на акцијата биле разбиени 11 криминални мрежи и […]

Во израелски напад убиени тројца либански војници


  Во израелски напад загинаа тројца либански војници во јужен Либан во четвртокот, додека Франција беше домаќин на конференција за собирање поддршка за либанските државни сили кои се сметаат за витални за секое дипломатско решавање на војната меѓу Израел и Хезболах. Либанските војници беа убиени додека ги евакуираа ранетите во предградието на јужното село Јатер, […]