Руски бомбардери полетале кон Украина, Киев со предупредувања за напади во поголемиот дел од земјата


Украинските власти утрово објавија предупредувања за воздушен напад во поголемиот дел од земјата, откако воздухопловните сили на Киев потврдија за полетување на руски бомбардери. „Внимание! Ракетна опасност низ цела Украина! Полетувања на МиГ-31К“, се вели во објавата на Телеграм на украинските ВВС.

Разорен земјотрес со јачина од 6,8 степени на Куба (видео)


Земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала ја потресе источна Куба, по неколкуте урагани и долги прекини на струја кои оставија многумина на островот да живеат во страв и неизвесност. Епицентарот на земјотресот се наоѓал на приближно 40 километри јужно од Бартоломе Масо, Куба, на длабочина од 23,5 километри, според извештајот на Геолошкиот […]

Украина синоќа беше нападната со рекордни 145 руски дронови, соопшти Зеленски


Киев – Украина синоќа беше нападната со 145 руски дронови, што е рекорд, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски на Х. Украинските воздухопловни сили денеска соопштија дека 62 од тие 145 дронови биле уништени во 13 региони во земјата. Украинското воздухопловство истакна дека бројот на дронови во синоќешниот напад го надминал претходниот „рекорд“ од 135 дронови […]

Шведска и Бразил договорија проширување на соработката во полето на воздухопловството


Стокхолм– Шведска и Бразил потпишаа писмо со намери за проширување на соработката во областа на воздухопловството, при што Бразил има намера да купи борбени авиони СААБ, додека Стокхолм ќе купи товарни авиони Ембраер, соопшти шведската влада. Во 2010 година, Бразил потпиша договор со шведската одбранбена компанија Саб за купување на 36 авиони JAS 39 Gripen. […]

Украина ја нападна Москва со 34 беспилотни летала, што е најголемиот удар врз руската престолнина


Украина ја нападна Москва во неделата со најмалку 34 беспилотни летала, што е најголемиот напад со беспилотни летала врз руската престолнина од почетокот на војната во 2022 година. Како што објави Ројтерс, во нападот е повредено најмалку едно лице а сите предвидени летови од трите аеродроми биле пренасочени. Руската противвоздушна одбрана уништила уште 36 други беспилотни […]

Само 23 отсто од Французите го поддржуваат Макрон


Париз – Само 23 отсто од Французите го поддржуваат францускиот претседател Емануел Макрон, што е второ најниско ниво на поддршка од неговиот избор во 2017 година, покажа истражување на агенцијата за испитување на јавното мислење Ипсос, нарачана од весникот „Трибун Диманш“. Рејтингот на Макрон падна за два процентни поени во однос на октомври. Најмала поддршка […]

Трамп победи и во Аризона, ги освои сите седум клучни држави


Вашинтон– Проекциите покажуваат дека Доналд Трамп победил на претседателските избори во САД и во американската сојузна држава Аризона, што значи дека ги освоил сите седум држави кои важеа за клучни држави. Би-Би-Си јави дека по четири дена пребројување, Аризона е последната американска држава која го објави резултатот, Трамп сега има 312 електорски гласови, а демократската […]

На Корзика прогласен портокалов метео аларм поради невреме


Бастија – Од попладнево до недела наутро на Корзика во сила е портокалов метео аларм бидејќи се очекува невреме проследено со обилни дождови што може да предизвикаат поплави, соопштија денеска надлежните француски претставници. – Поради очекуваната акумулација на големи количини вода во урбанизираните области во рамничарските делови на северот на Корзика и во близина на […]

Патот кон членство во ЕУ: Каде се наоѓаат земјите кандидати?


  На 30 октомври, Европската комисија ги усвои извештаите за проширување за 2024 година со детална процена за напредокот од страна на земјите се стремат да се приклучат на Европската Унија. Извештаите го опфаќаат напредокот на Грузија, Молдавија, Украина, Турција и земјите на Западниот Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Србија) […]

Трамп: Хејли и Помпео нема да бидат дел од новата администрација


Вашингтон  – Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп вчера изјави дека на поранешната републиканска претседателска кандидатка и поранешна амбасадорка на САД во ОН,  Ники Хејли, и на поранешниот државен секретар Мајк Помпео нема да им биде понудена позиција во неговата администрација. „Нема да ја поканам поранешната амбасадорка Ники Хејли и поранешниот државен секретар Мајк Помпео да […]

Илјадници луѓе протестираа во Валенсија барајќи оставка од регионалниот лидер поради поплавите


  Шпанците излегоа на улиците на Валенсија за да побараат оставка од регионалниот претседател кој ја предводеше итната реакција на неодамнешните катастрофални поплави во кои загинаа повеќе од 200 луѓе. Во поплавите што започнаа ноќта на 29 октомври, загинаа 220 лица, а речиси 80 лица се водат како исчезнати. Жителите протестираат поради начинот на справување […]

Русија е подготвена за преговори со Украина по ослободувањето на Курск


  Кремљ изразува подготвеност за мировни преговори со Украина, барем за замрзнување на воените дејствија, но има намера да ги започне дури откако украинските вооружени сили ќе го напуштат регионот Курск. Ова го пренесува рускиот медиум „Верстка“, повикувајќи се на три извори: два во претседателската администрација и еден близок до преговарачкиот процес. Извор близок до […]

Катар можеби ќе ја затвори политичката база на Хамас по барање на САД


  Хамас може да биде принуден да ги затвори своите канцеларии во Катар, откако САД ѝ кажаа на малата земја од Персискиот Залив дека повеќе не е прифатливо да ѝ се дозволи на милитантната исламистичка група да има база таму. Катар, клучен американски партнер на Блискиот Исток, беше домаќин на политичката канцеларија на Хамас повеќе […]

Пелоси го обвини Бајден дека доцна излегол од трката и ги уништил шансите на демократите


  Бавноста на Џо Бајден во излегувањето од претседателските избори во 2024 година скапо ги чинеше демократите, рече поранешната претседателка на Претставничкиот дом Ненси Пелоси, неколку дена откако Камала Харис беше поразена од Доналд Трамп. „Живееме со она што се случи“, рече Пелоси. Пелоси зборуваше за „Интервју“, поткаст на „Њујорк тајмс“, во разговор за кој […]

Во разговорот на Трамп и Зеленски на линијата бил и Маск


  Телефонскиот разговор на Доналд Трамп со украинскиот претседател Володимир Зеленски во средата вклучуваше две изненадувања: Илон Маск исто така беше на линија, а Зеленски беше донекаде уверен од она што го слушна од новоизбраниот претседател, велат за медиумот „Аксиос“ два извори со знаење за повикот. Новите детали од повикот нагласуваат колку Маск би можел […]

Тројца обвинети во наводен заговор на Иран за убиство на Трамп за време на кампањата


Три лица се обвинети за учество во наводен заговор организиран од Иран за атентат врз Доналд Трамп, новоизбраниот претседател на САД, според кривична пријава поднесена денеска во јужниот округ на Њујорк, соопшти „Вашингтон пост“. Атентатот требало да биде извршен за време на кампањата на Трамп за негов реизбор за претседател. Службено лице запознато со истрагата […]

Почна промоцијата на Барон Трамп


  Иако поминаа само три дена откако Доналд Трамп беше избран за претседател, на социјалната мрежа што го промовира, Твитер (Х) , веќе има куп постови во кои се глорифицира неговиот син Барон Трамп.  За време на првиот мандат Трамп често беше обвинуван дека внел непотизам во администрацијата откако државните ги подреди на личните интереси […]

Седумдесет и осум лица сè уште се водат како исчезнати во поплавите во Шпанија


 Десет дена по катастрофалните поплави во Валенсија, Шпанија, 78 луѓе уште се водат како исчезнати, објави Владата на платформата Икс. Претходната бројка на исчезнати лица во поплавите изнесуваше 93. Додека според официјалните бројки на загинати е 219 луѓе. Во областа Валенсија откриени се 211 луѓе, а уште осум безживотни тела се пронајдени во соседните области […]

Кандидатот за јавен обвинител на Трамп се закани на овбинителката Летиција Џејмс: „Ќе го ставиме твојот дебел задник во затвор“


    Републиканскиот адвокат Мајк Дејвис, советник на Доналд Трамп за кој се зборува дека е негов потенцијален кандидат за јавен обвинител, веќе ја отсликува лудоста и непријателството на новоизбраниот претседател. Во десничарскиот подкаст во четвртокот, Дејвис ја нападна њујоршката обвинителка Летиција Џејмс, која го тужеше поранешниот претседател за извршување бизнис измама и доби граѓанска пресуда […]

Блумберг: Трамп ќе бара отстапки од Путин за договорот за Украина


  Доналд Трамп можеби дури сега почнува да размислува како да постигне мир во Украина, кој вети дека ќе го воспостави во жештината на изборната кампања „за 24 часа“. Во разговорите со европските лидери тој дури и призна дека ќе мора да врши притисок врз претседателот на Русија, а не врз Украина. Лидерите на ЕУ […]