Ова е човекот кој стои зад неверојатните настани во Сирија. Сега даде интервју и ја објави својата цел


Сириската бунтовничка коалиција постигна неверојатен успех за помалку од 10 дена. За краток период тие го освоија најголемиот сириски град Алепо, додека вчера Хама, четвртиот по големина град во земјата и клучен на патот кон Дамаск, главниот град на земјата и седиштето на сирискиот диктатор Башар ал- Асад, падна во нивни раце. Како што рече […]

Министерството за одбрана на Јужна Кореја суспендираше тројца команданти вклучени во операцијата за воена состојба


 Јужнокорејското Министерство за одбрана денеска соопшти дека суспендирало тројца високи команданти вклучени во операцијата за воена состојба. „Министерството за одбрана суспендира од должности три лица на клучни позиции… поврзани со актуелната ситуација од 6 декември“, се вели во соопштението на Министерството. Десетици илјади луѓе во Јужна Кореја се очекува да присуствуваат на протести в сабота […]

По обидот за пуч, американскиот министер за одбрана се откажа од патувањето во Јужна Кореја


Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин не планира да патува во Јужна Кореја, изјавија американски претставници за локални медиуми, по неуспешниот обид на јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол да изврши воен удар оваа недела. Еден од официјалните лица, кој сакаше да остане анонимен, рече дека патувањето било планирано, но дека сега е одлучено дека не е […]

Претседателските избори во Романија како референдум за европската иднина на земјата


Рoманија би можела да го избере својот прв екстремно десничарски претседател в недела, на клучни избори за членката на ЕУ и НАТО што граничи со Украина. Екстремно десничарскиот политичар Калин Георгеску, поранешен висок државен службеник, ја шокираше источноевропската нација со победата во првиот круг од претседателските избори на 24 ноември, наведуваат западни медиуми. В недела, […]

Германскиот парламент ќе расправа за испорака на ракети Таурус во Украина


 Долниот дом на германскиот Парламент, Бундестагот денеска ќе одржи дебата за тоа дали да се испратат крстаречки ракети со долг дострел Таурус во Украина, и покрај отпорот на канцеларот Олаф Шолц. Соодветниот предлог беше поднесен од про-бизнис Слободните демократи (ФДП), кои ја напуштија владината коалиција на Шолц минатиот месец, откако канцеларот го разреши лидерот на […]

Лавров: Русија е подготвена да се брани со сите средства


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров рече дека се надева оти Западот „сериозно ја сфатил“ неодамнешната употреба на хиперсонична ракета против Украина и предупреди дека Русија е подготвена да ги искористи „сите средства“ за да се одбрани. -САД и нивните сојузници, кои доставуваат оружје со долг дострел на режимот во Киев, мора да разберат […]

ЕУ воведува нов систем: Ќе се укинат печатите во пасошите, странците ќе се фотографираат на граница


Европската комисија денеска предложи постепено воведување на новиот електронски систем кој ќе ги регистрира влегувањата и излегувањата од Европската унија со цел да се забрза почетокот на неговата примена. Комисијата предлага постепено воведување на Системот за излез/влез (ЕЕС) и земјите-членки ќе имаат шест месеци за целосна имплементација. Предлогот за постепено воведување се смета за најдобар […]

Макрон нема намера да поднесе оставка


  Францускиот претседател Емануел Макрон ја отфрли можноста да поднесе оставка, велејќи дека ќе остане на власт до крајот на својот мандат во 2027 година и ќе назначи нов премиер во наредните денови, откако историскиот колапс на владата ја втурна Франција во политички превирања. „Ми дадовте демократски мандат од пет години и ќе го извршувам […]

Земјотрес од 7 степени во близина на Калифорнија, издадено предупредување за цунами


Земјотрес со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала вечерва ја погоди морската област во близина на северниот дел на американската сојузна држава Калифорнија, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Земјотресот се случил на длабочина од десет километри. Епицентарот на земјотресот бил на 108 километри северозападно од градот Фортуна, кој има 12.000 жители, а најголем град во […]

Холандија предвремено ќе ослободува затвореници поради пренатрупаност на затворите


Холандската Влада соопшти дека затворите во земјата се толку полни што нема место за нови затвореници. Поради ова, од следната недела, прекршителите на законот ќе бидат предвремено ослободувани, изјави државната секретарка во Министерството за правда и безбедност, Ингрид Кунради, пред парламентот во Хаг, пренесува ДПА. Кунради наведе дека води разговори со Естонија за можноста да […]

Трамп го номинираше милијардерoт Ајзакман за нов директор на НАСА


Вашингтон – Новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, го номинираше Џаред Ајзакман за позицијата директор на американската агенција за вселенски истражувања (НАСА). Станува збор за четириесет и едногодишен милијардер ангажиран во областа на технологијата. Исакман беше член на туристичката екипа, која во септември 2021 година полета во вселената во капсулата Spacex на технолошкиот […]

Сириските бунтовници освоија уште еден голем град, Хама


  Сириските бунтовници влегоа во централниот град Хама во четвртокот по неколкудневните интензивни судири со владините сили додека тие продолжуваат со својата еднонеделна офанзива која доведе под нивна контрола големи делови од Сирија. Сириската армија соопшти дека се повлекла од Хама откако бунтовниците ја пробија нејзината одбрана, што означи уште еден неуспех за претседателот Башар […]

Светна елката пред „Рокфелер“ во Њујорк


 Легендарната новогодишна елка пред Центарот Рокфелер беше осветлена со повеќе од 50.000 разнобојни светилки во средата навечер додека толпата се собираше во Њујорк за празничната традиција. Огромното дрво – норвешка смрека од 12 тони и 80 стапки висока од северниот дел на Њујорк – беше осветлено во центарот Рокфелер со околу 8 километри LED жичени […]

Притисокот врз Макрон станува преголем по падот на владата. Се бара премиер


  Францускиот претседател Емануел Макрон одржа состаноци со лидерите на парламентот и сенатот пред говорот пред нацијата во четвртокот навечер, додека расте притисокот врз него брзо да назначи нов премиер по историскиот колапс на француската влада. Десничарскиот премиер Мишел Барние разговараше со Макрон нешто повеќе од еден час за да му го предаде писмото со […]

Убиениот директор на UnitedHealthcare го извади на површина гневот во САД кон осигурителните компании


Шокантното убиство на извршниот директор на UnitedHealthcare во средата, Брајан Томпсон, предизвика бран од гнев на социјалните мрежи против здравствените осигурителни компании поради одбивањата за покривање на трошоците за медицински услуги и други деловни практики. Американците имаат тенденција да го сакаат сопствениот осигурител, но немаат доверба во индустријата – и во здравствениот систем во целина. […]

Судска трансродова драма во САД


Трансродовите лица во САД поминуваат низ драма откако на изборите победи конзевративециот Доналд Трамп кој водеше кампања против правата на  оваа популација. Медиумите во САД објавија разговор со трансродови деца кои застрашено прашуваат дали треба да се иселат од земјата, дали ќе ги затворат и слични нешта. Откако ова прашање високо се издигна на агендата, […]

Унгарија ќе загуби 1 милијарда евра од фондовите на ЕУ до крајот на годината


  Унгарија е на работ да загуби 1 милијарда евра од парите на ЕУ кои беа замрзнати поради прекршување на владеењето на правото, изјавија за „Политико“ неколку функционери кои се запознаети со процедурата. Европската комисија задржува над 16 милијарди евра грантови за посиромашните региони, како и економската помош по ковидот за да го поттикне растот, […]

Во Британија бројот на хоспитализирани поради грип е за 350 отсто поголем отколку во 2023


Во Велика Британија бројот на хоспитализирани пациенти поради грип е зголемен за повеќе од 350 отсто во споредба со истиот период минатата година, додека Националната здравствена служба (НХС) се соочува со „четирикратна епидемија“, јави денеска Скај њуз. – Веќе некое време имаше предупредувања за „тројна епидемија“ на Ковид, грип и РСВ (респираторен синцицијален вирус) оваа […]

Полицијата на Њујорк во лов на човекот што го уби директорот на Јунајтед хелт


  Њујоршката полиција трагаше во четвртокот по човекот кој го застрела извршниот директор на Јунајтед хелт, Брајан Томпсон, во дрзок напад пред хотел на Менхетен и последен пат беше виден како бега во Централ парк. Томпсон, извршниот директор на осигурителната единица на Јунајтед хелт, беше застрелан од зад грб во средата наутро во она што […]

Мерцедес-Бенц му подари на папата нов електричен „папамобил“


Ватикан – Извршниот директор на германската компанија Мерцедес-Бенц, Ола Келенијус, на папата Франциск му подари нов „папамобил“, електрично кабриолет возило од Г-класа. За време на следната аудиенција на плоштадот Свети Петар, Папата ќе ги пречека верниците во овој папамобил, специјално дизајниран за него. На барање на папата Франциск, на примопредавањето присуствуваше целиот тим кој работеше […]