Суд ја блокираше блокадата на Трамп за финансиската помош


Федерален судија привремено го блокираше барањето на американскиот претседател Доналд Трамп да ги запре владините програми за финансиска помош додека неговата администрација спроведува преглед за да се осигура дека парите се ослободуваат во согласност со приоритетите на Белата куќа, вклучително и извршните наредби за прекин на програмите за различност, еднаквост и вклучување.  Непосредно пред да […]

Трамп издаде наредба за враќање во служба на војниците кои одбиваа да се вакцинираат од Ковид


Претседателот на САД, Доналд Трамп, издаде наредба за враќање во служба на воените лица кои биле отпуштени поради одбивање да се вакцинираат од Ковид. Во 2021 година, откако Пентагон ја направи вакцинацијата задолжителна, илјадници војници беа отпуштени затоа што не сакаа да се вакцинираат. Во претседателскиот указ се нагласува дека „барањето за вакцинација било неправедно, […]

Украинската антикорупциска служба покрена кривична истрага против министерот за одбрана Умеров


Киев – Националното биро за борба против корупцијата на Украина (НАБУ) соопшти дека покренало кривична истрага против министерот за одбрана Рустем Умеров. Во соопштението од службата се наведува дека истрагата е покрената во врска со жалба поднесена од граѓански надзорен орган и дека ќе се спроведе истрага за да се утврди дали Умеров ја злоупотребил […]

Трамп ја отвора Белата куќа за брифинзи за инфлуенсери и водители на подкасти


Вашингтон – Администрацијата на Трамп го преработува пристапот до медиумите во Белата куќа, отворајќи ја вратата за инфлуенсерите, блогерите и водителите на подкасти како дел од новата стратегија за вклучување на помалку традиционални медиумски гласови во просторијата за брифинг. На нејзината прва прес-конференција, прес-секретарката на Белата куќа, Каролин Левит, вчера рече дека просторијата за брифинг ќе […]

Прв телефонски разговор меѓу Калас и Рубио, темите биле Украина, Иран и Кина


Брисел – Високата претставничка на Европската унија за надворешни работи Каја Калас и американскиот државен секретар Марко Рубио синоќа го имале првиот меѓусебен телефонски разговор откако на 20 јануари администрацијата на претседателот Трамп ја презеде власта во САД, а главните теми им биле војната во Украина, Иран и Кина. Разговорот доаѓа во време на зголемена европска […]

На Аљаска се урна американски авион Ф-35, пилотот се катапултирал и спасил


Вашингтон – Борбен авион Ф-35 се урна за време на тренинг вежба во воздухопловната база Ајелсон на Алјаска во вторникот, а пилотот се катапултира и е безбеден, соопштија претставници на базата. Пилотот доживеал „неисправност во текот на летот“ и можел да се катапултира од авионот, изјави на прес-конференција полковникот на американските воздухопловни сили Пол Таунсенд, командант […]

Анкета: Мнозинство од жителите на Гренланд се против припојување со САД


Вашингтон – Мнозинство од жителите на Гренланд се против отцепување од Данска и припојување со САД, според најнова анкета спроведена од Вариан а нарачана од данскиот весник „Берглинске“ и гренландскиот „Сермицук“. Ова е удар за претседателот на САД Доналд Трамп, кој веднаш по преземањето на фунцијата на 20 јануари, ги интензивираше напорите за ставање на Гренланд […]

Мона Лиза ќе добие сопствена соба во Лувр


  Мона Лиза, најпознатиот портрет на светот, треба да добие сопствена соба во Лувр, бидејќи најпосетуваниот музеј во светот е подложен на големо ново реновирање, откако неговиот директор предупреди дека посетата на преполната зграда станала „физичко искушение“. Одржувајќи го говорот пред ремек-делото на Леонардо да Винчи од 16. век, францускиот претседател Емануел Макрон рече дека […]

(Видео) Авион на јужнокорејската Ер Бусан се запали на аеродромот во Бусан


Авион на јужнокорејската „Ер Бусан“ денеска се запали на меѓународниот аеродром Гимхе во Бусан, при што се евакуирани сите 169 патници и седумте членови на екипажот, објави Јонхап. Пожарот започнал во крајниот дел на авионот. Инцидентот се случи еден месец по најсмртоносната авионска катастрофа на јужнокорејско тло, кога авион на компанијата „Џеџу ер“ (Jeju Air) […]

Ватикан: Вештачката интелигенција ја содржи сенката на злото, потребна е внимателна регулација


Ватикан денеска ги повика владите во светот внимателно да го надгледуваат развојот на вештачката интелигенција (ВИ), предупредувајќи дека технологијата содржи „сенка на злото“ поради нејзината способност да шири дезинформации. „Лажните медиумски содржини генерирани од вештачката интелигенција можат постепено да ги поткопаат темелите на општеството“, се вели во новиот документ за етика на вештачката интелигенција напишан […]

Бугарската компанија БМФ тврди дека нивниот брод го оштетил подводниот кабел поради невремето во Балтичко Море


Софија – Бугарската компанија БМФ, сопственик на бродот Вежен, што беше запленет од шведските власти поради оштетување на подводен кабел во Балтичко Море, демантираше дека се работи за саботажа, тврдејќи дека инцидентот е предизвикан од екстремно лошо време. Шведските власти запленија брод, што пловеше под знамето на Малта, откако во неделата бил оштетен подводниот кабел […]

Невреме и поплави во Италија


Невреме повторно ги зафати италијанските провинции Тоскана и Лигурија, а делови од Фиренца се поплавени, јавија денеска италијанските медиуми. Според локалната полиција, најпогодени се областите Олтрарно и Галуцо. Невремето предизвика штети и во Лигурија, особено во Џенова, каде што се урна ѕид од зграда, поради што пожарникарите ја пребараа областа за да проверат дали има […]

Речиси 40 отсто од Швајцарците не се религиозни, бројот на католици опаѓа


Втора година по ред лицата без религиска припадност се најголемата група во Швајцарија, покажуваат резултатите од истражувањето спроведено во оваа земја. Свисинфо (Swissinfo) посочува дека во текот на 2023 година продолжил да расте бројот на Швајцарци без верска припадност, достигнувајќи 36 отсто од популацијата. Претходната 2022 година оваа бројка изнесуваше 34 отсто. Истовремено, уделот на […]

„Гугл Мапс“ го менува името на Мексиканскиот Залив во Американски Залив за корисниците во САД


„Гугл мапс“ ќе го смени името на Мексиканскиот Залив во Американски Залив за корисниците во Соединетите Американски Држави, откако ќе биде официјално ажуриран во географскиот систем на САД. Оваа промена ќе биде видлива за корисниците во САД, додека во Мексико ќе остане Мексикански Залив. Вон САД и Мексико, корисниците ќе ги видат двете имиња. Американското […]

Средба меѓу Зеленски и Макрон за безбедносната соработка и натамошната поддршка за Украина


Киев – Украинскиот претседател Володимир Зеленски имаше средба со францускиот претседател Емануел Макрон за безбедносна соработка и понатамошна поддршка за Киев. Средбата беше одржана по церемонијата по повод годишнината од ослободувањето на концентрациониот логор Аушвиц-Биркенау во Полска. – Се сретнав со францускиот претседател Емануел Макрон. Разговаравме за понатамошна поддршка за Украина, соопшти Зеленски на социјалните […]

Трамп не е 100 отсто сигурен дека не смее да се кандидира за трет мандат


Вашингтон– Поранешниот и нов американски претседател Доналд Трамп предизвика нова полемика со изјавата дека не е 100 отсто сигурен дека не смее да се кандидира за трет мандат. -Собрав многу пари за следните избори, претпоставувам дека не можам да ги искористам за себе, но не сум 100 отсто сигурен, рече Трамп на вечерата со републиканските […]

Скот Бесент e новиот министер за финансии во владата на Трамп


Вашингтон – Американскиот Сенат го потврди Скот Бесeнт за министер за финансии во администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. Вчера, 68 сенатори гласаа за него, 29 против, а 16 демократи ја поддржаа номинацијата. Бесeнт, кој има 62 години, веќе е застапник на економската агенда на Трамп, која се фокусира на намалување на даноците и наметнување високи […]

Данска објави план за воени инвестиции од над две милијарди долари на Арктикот


Копенхаген – Данска денеска соопшти дека ќе инвестира 14,6 милијарди дански круни (2,05 милијарди долари) за зајакнување на своето воено присуство на Арктикот по обновениот интерес на американскиот претседател Доналд Трамп за можна американска контрола на полуавтономната данска територија на Гренланд. Договорот, кој има широка политичка поддршка, вклучува финансирање три нови поморски бродови на Арктикот, […]

Аларм во Украина откако замрзнувањето помош од САД стопира хуманитарни проекти


Киев  –   На бројни хуманитарни проекти со седиште во Украина им е суспендирано финансирањето поради американското замрзнување на странската помош, изјавија извори за француски медиуми и тоа предизвика тревога во земјата погодена од војна. Речиси три години по руската инвазија, Украина стана исклучително зависна од странска помош за хуманитарна работа, при што САД обезбедија милијарди […]

Отпуштени помошниците на специјалниот обвинител кои работеа на федералните обвиненија против Трамп


Вашингтон– Џејмс Мекхенри, вршител на должноста главен обвинител, отпушти синоќа повеќе од десетина обвинители, правници од кариера кои му помагаа на специјалниот обвинител Џек Смит во истрагите за двете федерални обвиненија против Доналд Трамп. Во образложението се наведува дека отпуштените обвинители ја изгубиле довербата да вршат служба во Министерството за правда. Други функционери се распоредени […]