Трудо: САД ги одложуваат новите царини за Канада за најмалку 30 дена


САД ќе ја одложат примената на новите царини за канадските производи најмалку 30 дена, соопшти денеска канадскиот премиер Џастин Трудо по телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп. – Имплементацијата на предложените царини ќе биде одложена најмалку еден месец додека работиме заедно на ситуацијата, изјави Трудо. Канада прифаќа нови обврски, вклучително назначување службеник одговорен за […]

Фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да одговори кога ќе биде неправедно или произволно таргетирана


Трансатлантското партнерство останува нашата најконсеквентна врска и тоа е од фундаментална важност за промовирање на мирот, безбедноста и просперитетот, па затоа и наспроти се, разговаравме за начините за прагматична соработка со САД, порача доцна синоќа претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен по завршувањето на неформалниот Самит на Унијата во Брисел. – Очигледно има […]

Трамп ги одложи царините за Мексико за еден месец


  Мексико и Соединетите Држави постигнаа едномесечен договор за спречување на царините и претстојната трговска војна, чија закана предизвика пад на глобалните пазари рано во понеделникот. Тарифите од 25 отсто за Мексико требаше да стапат на сила во вторник, и покрај постојниот договор за слободна трговија меѓу двете земји, за кој требаше повторно да се […]

Рубио стана в.д. администратор на УСАИД


Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска соопшти дека ја презел функцијата вршител на должноста администратор на американската агенција за меѓународен развој (УСАИД), потврдувајќи го де-факто преземањето на хуманитарната агенција од страна на Стејт департментот. Како што јави Си-ен-ен, веста доаѓа неколку часа откако Илон Маск, најбогатиот човек на светот задолжен за реконструкција на федералната влада, […]

Киргистан забрани никаб, критичарите сметаат дека тоа може да ја ограничи слободата на жените


Киргистан е последната земја со мнозинско муслиманско население во Централна Азија која го забрани никабот – долга облека што го покрива телото, косата и лицето, оставајќи ги само очите видливи. Забраната, која стапи во сила на 1 февруари, предвидува парична казна од 20.000 соми (230 долари) за жените кои носат никаб на јавни места. Женската […]

Руски лекар дезертер за Донбас: Таму никој не нè чека како ослободители, нè мразат!


Руски лекар, кој дезертирал од руската армија и бара азил во Франција, даде живописен приказ за мрачните услови на линијата на рускиот фронт во Украина, за бруталноста на руските команданти и за заканите со кои се соочуваат руските трупи. 40-годишниот Алексеј Жиљаев од Мурино во близина на Санкт Петербург дезертирал од руската војска во август […]

Како Бајден ги урна шансите на Украина за подобра одбрана?


ДНИПРОПЕТРОВСКА ОБЛАСТ, Украина – Поминаа неколку месеци откако украинскиот баталјон стациониран на замрзнатата, разбиена линија на фронтот доби нов оклопен транспортер за да ги одведе луѓето напред, да снабдува муниција и да ги евакуира ранетите. Баталјонот и другите слични на него се крајната точка во сложениот синџир што ја движи американската воена опрема на фронтот […]

Паравоен лидер од источна Украина убиен во Москва


  МОСКВА – Прорускиот паравоен лидер од источна Украина, Армен Саркисјан, беше убиен во понеделникот кога бомба проби делови од луксузен станбен блок во Москва, јавија државната новинска агенција ТАСС и други руски медиуми. ТАСС го нарече бомбардирањето како добро испланиран атентат. Бомбата експлодирала токму кога Саркисјан, придружуван од неговите телохранители, влегол во подрумот на […]

Тарифите ќе го запрат производството на автомобили во Канада за една недела


ТОРОНТО – Купувачите на автомобили и работниците во автомобилската индустрија во јужниот дел на Онтарио можеби се меѓу првите што ќе ја почувствуваат болката од новите царини од 25 проценти наметнати од американскиот претседател Доналд Трамп – а влијанието може да биде многу пошироко. Синдикатите и владите проценуваат дека има над 100.000 авто-работници и уште […]

Европејците во првите редови за демократија ги советуваат Американците: Не се откажувајте!


Граѓаните на централна и источна Европа долго време беа навикнати да добиваат совети од мноштво добронамерни американски организации за тоа како да ги заштитат своите кревки демократии по падот на Берлинскиот ѕид. Сега, по само 10 дена од извршните наредби на Доналд Трамп и чистките во државната служба, советите почнуваат да течат на другата страна. […]

Лидерите на ЕУ денес ќе решаваат како да се бранат без Трамп


Лидерите на ЕУ денес се состануваат во Брисел за да започнат со изработка на заедничка стратегија за зајакнување на одбраната на Европа и како да се финансира, бидејќи сè уште остануваат огромни празнини во размислувањето. Во неокласичната Палата д’Егмонт од 16 век, во центарот на Брисел, а не во нивното вообичаено место во Европскиот совет, […]

Маск сака да скрати трилиони долари од државните грантови


Илон Маск вети дека еднострано ќе ги откаже државните грантови во вредност од стотици милиони долари, откако очигледно доби пристап за преглед на огромниот систем на плаќања на американското Министерство за финансии, потег што предизвика ненадејна оставка на еден од највисоките функционери на одделот. Најбогатиот човек на светот, кој ја финансираше кампањата за реизбор на […]

ФБИ под притисок околу истрагата за упадот во Капитол


Службеници на Федералното истражно биро (ФБИ) во САД добиле детален прашалник за нивната работа во кривичните постапки поврзани со настаните од 6 јануари 2021 година, кога приврзаници на поранешниот претседател Доналд Трамп насилно влегоа во зградата на Конгресот. Документот предизвикал страв од можни откази меѓу агентите на ФБИ, посочуваат локалните медиуми. Во прашалникот, од службениците […]

Германија: Лидерката на АфД не запира со нејзините коментари за холокаустот


  Лидерката на екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД), Алиса Вајдел, предизвика нов бран контроверзии по изјавите за време на неделното гостување на германската јавна телевизија АРД, тврдејќи дека холокаустот се користи како орудие против нејзината партија. „Сметам дека е доста вознемирувачки кога холокаустот е политички инструментализиран“, рече Вајдел, додавајќи дека сеќавањето треба да […]

Поплави во Австралија: Се урна мост, почина жена по превртување на чамец за спасување


Зголемувањето на нивото на водата продолжи утринава во североисточна Австралија, која за време на викендот беше погодена од поплави кои доведоа до евакуација на повеќе од 2.000 жители од нивните домови, уривање на мост и прекин на електричната енергија во околу десет илјади домаќинства. „Ќе имаме дождови и широко распространети грмотевици низ поголемиот дел од […]

Петнаесет лица загинаа во експлозија на автомобил-бомба во предградието на сирискиот град Манбиџ


 Четиринаесет жени и еден маж загинаа, а 15 жени се повредени во експлозија на автомобил-бомба на главниот пат на периферијата на северниот сириски град Манбиџ, соопшти Сириската цивилна одбрана. Сите се земјоделски работници, се додава во информацијата. По бунтот, кој го собори владеењето на Башар Асад во декември, Манбиџ е место на судири меѓу курдските […]

Трамп нема конкретен датум за царините кон Европа, но „ќе биде многу скоро“


Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека „многу скоро“ ќе воведе царини за европските производи, слични на оние што веќе ги наметна за увозот од Канада, Мексико и Кина. – Тие имаат огромна предност во трговијата со нас – САД има трговски дефицит од 300 милијарди долари. Тие не купуваат наши автомобили, земјоделски производи – речиси […]

Идентификувани телата на 55 загинати во сударот на патнички авион и воен хеликоптер во Вашингтон


Педесет и пет од 67-те загинати во несреќата меѓу патнички авион на Американ ерлајнс и воен хеликоптер над реката Потомак во Вашингтон се идентификувани, изјави денеска началникот на противпожарната служба, Џон Донели. Тим од воен персонал се подготвува утре да започне операција за отстранување на остатоците од двата авиони од водата. Тие ќе бидат однесени […]

Познати најголемиот дел од министрите во новата белгиска Влада


По вчерашните собранија и конференции на петте партии членки на новата белгиска владина коалиција, познати се речиси сите министри во новата Федерална влада на Белгија на мандаторот Барт де Вевер. Според медиумските информации, најголемата партија во новата „Аризона“ коалиција, десничарската Нова фламанска алијанса (Н-ВА) на идниот премиер Де Вевер, ќе ги даде и вицепремиерот и […]

Голем украински напад со дронови, затворени неколку аеродроми во Русија (видео)


Украински напад со дрон предизвика пожар во руската област Астрахан и предизвика откажување на летовите од неколку аеродроми во Русија, соопштија руските власти. -Украинските вооружени сили се обидоа да нападнат со дронови објекти лоцирани во областа, вклучувајќи складишта за гориво и енергетски објекти, напиша гувернерот на Астраханската област, Игор Бабушкин. „Уривањето на дрон предизвика пожар. […]