Американски авион со илегални мигранти пристигна во Гвантанамо (видео)


Американското Министерство за одбрана соопшти дека авион со илегални мигранти, осомничени дека се членови на групата „Трен де Арагуа“, пристигнал во поморската база Гвантанамо, јавува Анадолу. Пентагон преку писмено соопштение го детализираше процесот на префрлање илегални мигранти во заливот Гвантанамо, во кое се потврдува дека во поморската база пристигнал авион со десет мигранти. Администрацијата на […]

Трамп ќе го стави под санкции Меѓународниот кривичен суд


  Американскиот претседател Доналд Трамп подоцна денеска ќе потпише извршна наредба со која ќе се санкционира Меѓународниот кривичен суд поради таргетирање на САД и нивните сојузници, вклучително и Израел, изјави претставник на Белата куќа. Официјалниот претставник вели дека наредбата ќе воведе финансиски и визни санкции врз поединци и семејства кои му помагаат на МКС во […]

Русија го поздрави затворањето на УСАИД


Руското Министерство за надворешни работи денеска ја поздрави одлуката на новата американска администрација да ја затвори Агенцијата за меѓународен развој (УСАИД), која Москва ја смета за „машина за мешање“ во работите на други земји. – Единствено од што сме задоволни е што се што кажавме се оствари, рече портпаролката на Министерството Марија Захарова, осврнувајќи се […]

Данската армија нарача 750.000 пара дебели чорапи од Финска, oсобено погодни за Гренланд


Финска компанија за производство на чорапи ја доби најголемата нарачка во историјата на компанијата, од данските одбранбени сили. Според финските медиуми, данската војска нарачала 750.000 пара чорапи од мерино волна од финската компанија Sukkamestarit. Четиригодишниот договор е вреден најмалку четири милиони евра, а се проценува дека цената би можела да се движи до 10 милиони […]

Украина доби француски борбени авиони „Мираж“ и холандски ловци „Ф-16“


Франција денеска и ги испорача на Украина првите борбени авиони „Мираж“, а, исто така, денеска од Холандија доби и борбени ловци „ Ф-16“, објавија официјални лица во Киев. Францускиот претседател Емануел Макрон во јуни минатата година вети дека украински пилоти ќе бидат обучени за управување со авионите „Мираж 2000“, што беше чекор напред во воената […]

Можно е и Унгарија да се повлече од СЗО


Канцеларијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска соопшти дека Унгарија би можела да се повлече од Светска здравствена организација (СЗО). Министерот задолжен за кабинетот на унгарскиот премиер, Гергели Гуљаш изјави дека верува оти „доколку најмоќната земја во светот одлучи да ја напушти меѓународната организација, тогаш би било разумно унгарската Влада да размисли“ дали треба да […]

Критичарот на Путин, кантавторот Вадим Стројкин, паднал од прозорец и умрел


Рускиот кантавтор Вадим Стројкин, познат по јавните критики за војната во Украина, почина откако падна од прозорец за време на рација во неговиот стан, објави организацијата за човекови права ОВД-Инфо. Според достапните информации, Стројкин починал на лице место, пренесува независниот руски портал Медуза. Според извештаите на руските медиуми, полицијата го посетила домот на Стројкин како […]

Пак се пукало на метро-станицата „Клемансо“ во Брисел – еден ранет


Едно лице е повредено минатата ноќ при вооружен инцидент во бриселската населба Андерлехт во близина на метро станицата „Клемансо“, соопшти денеска Јавното обвинителство на Брисел.  – Околу 3.35 часот полицијата добила пријава за истрели од огнено оружје во Андерлехт, во близина на метро станицата „Клемансо“. Едно лице било застрелано во ногата пред и е пренесено […]

Украина почна нова офанзива во регионот на Курск


  Украинските вооружени сили започнаа нова офанзива во областа Курск, каде што повеќе од шест месеци држат неколку стотици квадратни километри руска територија. Како што пишуваат Z-дописниците, украинските вооружени сили извршиле напад југоисточно од Суџа во правец на населбите Фанасеевка и Уланок. Како резултат на борбите во областа Рилски, оштетен е гасовод, изјави гувернерот на […]

НАСА: Населба во Калифорнија се поместува сѐ поблиску до Тихиот Океан


Aмериканската Национална воздухопловно-вселенска администрација – НАСА соопшти дека населените делови од полуостровот Палос Вердес во Јужна Калифорнија се поместува надолу – и поблиску до Тихиот Океан. Полуостровот е познат по свлечиштата со десетлетија. Но, радарските снимки неодамна открија дека на ова место во Округот Лос Анџелес пред неколку месеци му се случувало лизгање на земјиштето […]

УСАИД: Сите вработени на административен одмор од сабота, освен персоналот на клучните функции


Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) објави дека в петок, 7 февруари во 23:59 часот, сите вработени директно ангажирани во Агенцијата ќе бидат ставени на административно отсуство ширум светот, со исклучок на одреден персонал одговорен за клучните функции, клучните лидери и конкретно одредени програми. Како што е наведено, основниот персонал кој се очекува да продолжи […]

Глобален самит за вештачка интелигенција во Париз


Глобалните експерти ќе дебатираат за заканите од вештачката интелигенција (ВИ) на собир во Париз денеска и утре, пред самитот на светските лидери за технолошката индустрија. Се очекуваат илјадници луѓе за настанот со цел да се најде заедничко решение за технологијата што вознемири многу деловни сектори за помалку од две години – како и да ги […]

Само најблиските на Трамп знаеле за идејата за преземање на Газа


  Американскиот претседател Доналд Трамп дури во последните денови ја претставил својата идеја – објавена на бомбастичната прес-конференција заедно со премиерот Бенјамин Нетанјаху во вторникот – за преземање на Појасот Газа од страна на САД, објави „Волстри џорнал“, цитирајќи претставници на администрацијата. Тој го подготвувал предлогот со блиски сојузници и помошници, додека го чуваше во […]

Министрите за надворешни работи на арапските земји до Рубио: Решение со две палестински држави


Писмо до американскиот државен секретар Марко Рубио испратија министрите за надворешни работи на Египет, Јордан, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Катар. Министрите на арапските земји во заедничката изјава му посакаа на новиот државен секретар на САД успех во работата, уверувајќи дека неговото долгогодишно искуство ќе биде од големо значење во решавањето на блискоисточната криза […]

Израел ќе се повлече од Советот за човекови права на ОН


Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Сар изјави дека Израел ќе се повлече од Советот за човекови права на Обединетите нации (УНХРЦ), обвинувајќи го телото за „заштита на прекршителите на човековите права“, додека, како што наведе, го „демонизира“ Израел и „пропагира антисемитизам“. „Израел се приклучува на САД и нема да учествува во УНХРЦ“, напиша Сар […]

Нетанјаху ја поздрави идејата на Трамп за евакуација на Палестинците од Газа


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа изјави дека нема ништо лошо во идејата на Доналд Трамп за иселување на Палестинците од Појасот Газа, откако предлогот на американскиот претседател предизвика меѓународна критика. Организациите за човекови права го опишаа предлогот на Трамп за трајно раселување на Палестинците од енклавата како етничко чистење, а истовремено сугерираа САД да ја […]

Коперникус: Минатиот месец беше најтоплиот јануари досега


Минатиот месец беше најтоплиот јануари досега, продолжувајќи ја низата екстремни глобални температури и покрај промената на феноменот Ла Ниња за ладење, рекоа научници од Европската унија. Со просечна температура од 13,23 степени Целзиусови според Коперникус, „јануари 2025 година беше 1,75 степени над прединдустриските нивоа“. „Фактот дека се уште гледаме рекордни температури надвор од влијанието на […]

Аргентина ќе забрани операција за промена на полот и хормонска терапија за деца


Аргентинскиот претседател Хавиер Милеј одлучил да ги забрани терапиите за промена на полот и операциите за малолетници, како и да воведе ограничувања за сместување трансродови жени во женски затвори. Кабинетот на Милеј соопшти дека владата ќе го промени законот од 2012 година што им дозволува на луѓето да го менуваат својот родов идентитет, вклучително и […]

Што прави Министерството за образование – и дали Трамп може да го затвори?


Американскиот претседател Доналд Трамп размислува за извршна наредба со која би се затворило Министерството за образование, долгогодишна цел на поконзервативните струи во американската политика. Според американските медиуми, Трамп планира да елиминира некои од неговите ресори, додека други би биле преместени во други министерства. Но, за целосно затворање на Министерството за образование, потребна му е и […]

ФТ: ЕУ се подготвува да ги погоди големите технолошки компании како одмазда за тарифите на Доналд Трамп


Доколку Доналд Трамп ги исполни своите закани и воведе царини за стоки од Унијата, Брисел ќе одговори со таргетирање на големите технолошки компании објави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на два извора во ЕУ. Европската комисија се обидува да го искористи својот „Инструмент против принуда“ (Anti-Coercion Instrument или скратено ACI) во потенцијалниот спор со Вашингтон, изјавија […]