САД даваат 25 милиони долари за апсење на претседателот на Венецуела, Мадуро


САД вчера воведоа санкции за осум венецуелски функционери и на 25 милиони долари ја зголемија наградата што ја нудат за апсење на претседателот на земјата, Николас Мадуро, на денот на неговата инаугурација за трет мандат по спорните избори одржани минатата година, пренесуваат британските меидуми. САД понудија и награди за информации што ќе доведат до апсење […]

Нема да бидеме Американци, туку Гренланѓани, но отворени сме за соработка, вели премиерот на најголемиот остров во светот


Премиерот на Гренланд, Мут Б. Егед, огромната данска арктичка територија богата со руда, изјави дека нејзините жители не сакаат да бидат Американци, но дека го разбира интересот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за островот со оглед на неговата стратешка локација и дека е отворен за подлабока соработка со Вашингтон. Гренланд е дански автономен регион […]

Бездомници на Гренланд глумеле поддржувачи на синот на Трамп, добиле бесплатен ручек, тврдат дански медиуми


Доналд Трамп Џуниор, син на новоизбраниот американски претседател, и неговите пријатели наводно регрутирале луѓе во Гренланд за да глумат поддржувачи на Трамп во видеа во замена за бесплатен ручек во скап хотел. Данското радио ДР објави дека од повеќе извори слушнало дека видео снимката, снимена за време на кратка посета на Гренланд, покажува бездомници и […]

Иранската војска покажа подземен ракетен град од каде го напаѓа Израел


 Воздушно-вселенските сили на Иранската револуционерна гарда (IRGC) денеска покажаа, како што државната телевизија го нарече подземен ракетен град. Ракетната база беше откриена од командантот на ИРГЦ Хосеин Салами и шефот на воздушно-вселенскиот сектор Амир-Али Хаџизадех, објави агенција Тасним, која е  тесно поврзана со ИРГЦ. Според извештајот на Тасним, базата била користена во иранските ракетни напади […]

Протести по улиците на Братислава и другите словачки градови: „Словачка не е Русија“


 Илјадници луѓе излегоа синоќа на улиците на Братислава и другите градови низ Словачка за да го покажат своето противење на приближувањето на словачката Влада кон Москва и покрај руската инвазија на Украина. Словачкиот премиер Роберт Фицо, националист и еден од ретките сојузници на Кремљ во Европската унија, ги зајакнува врските со Москва и ја суспендираше […]

Зеленски: Санкциите за руската нафта значително влијаат на финансирањето на војната на Путин


Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера ги поздрави новите американски санкции против рускиот нафтен сектор и неговата таканаречена флота на танкери во сенка. „Овие мерки нанесуваат значителен удар врз финансиските основи на руската воена машина со нарушување на целиот синџир на снабдување“, рече Зеленски на платформата X. Зеленски изрази благодарност и за британските санкции наметнати на […]

Шефот на ЦИА за менталната состојба на Путин: „Контрола и заплашување“


  Владимир Путин е многу сомнителен и постојано бара можности да ги заплаши оние околу него, изјави директорот на ЦИА Вилијам Барнс. Затоа, не можете да бидете слаби со него, вели функционерот, кој со рускиот лидер комуницира најмалку 20 години. Барнс служеше четири години како директор на ЦИА за време на претседателот Џо Бајден. Пред […]

Сите аларми се вклучени: Училиштата и институциите се затвораат


Иран нареди училиштата и јавните институции да се затворат утре во една третина од неговите провинции, вклучително и Техеран, бидејќи неколку електрани остануваат надвор од функција поради недостиг на гориво. И покрај огромните резерви на нафта и гас, земјата, погодена од повеќегодишни меѓународни санкции, беше принудена да воведе рестрикции на електрична енергија во последниве месеци, […]

САД нудат награда од 25 милиони долари за апсење на венецуелскиот претседател Николас Мадуро


На денот на инаугурацијата на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, кој ќе го започне својот нов мандат на функцијата, американското Министерство за финансии објави дека нуди награда од 25 милиони долари за неговото апсење. Како дел од програмата за борба против шверцот со дрога, Вашингтон нуди 25 милиони долари за секоја информација што ќе доведе до […]

Во Лос Анџелес не гаснат пожари со морска вода. Зошто?


Бидејќи смртоносните шумски пожари беснеат низ Лос Анџелес и стотици илјади жители се принудени да се евакуираат, критичниот недостиг на вода ги попречува напорите на пожарникарите да го изгаснат пламенот. Повеќе од 27.000 хектари во округот Лос Анџелес изгореа од избувнувањето на пожарите во вторникот наутро. Демократскиот гувернер на Калифорнија, Гевин Њусом, во средата изјави […]

Фон дер Лајен била хоспитализирана една недела


Брисел – Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен набргу по Нова година била хоспитализирана во болница, каде останала околу една недела, јави ДПА повикувајќи се на извори во ЕК.   Портпарол на Европската комисија за „Еурактив“ потврдил дека Фон дер Лајен била хоспитализирана поради пневмонија околу една недела, додавајќи дека таа „никогаш не […]

Доналд Трамп ја дозна пресудата пред судот во Њујорк: Избегна затвор, но и парична казна


Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, казната поради финансиски малверзации ја дозна пред судот во Њујорк, кој во мај 2024 година го прогласи за виновен по 34 точки од обвинението. Доналд Трамп на тој начин ќе биде „безусловно отпуштен“, што значи дека избегна затвор и парична казна. Судијата Хуан Мерчан од Њујорк ја изрече пресудата. […]

Секоја членка на ЕУ сама решава дали ќе ги спроведува налозите за апсење на МКС


Европската Унија апелира за целосна соработка со Меѓународниот кривичен суд (МКС), но спроведувањето на неговите налози за апсење не е во нејзина, туку е во надлежност на земјите членки, изјави денеска портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Ануар Ел Ануни во врска со најавите дека Полска нема да го изврши налогот […]

НАТО испрати два брода во Балтичкото Море по прекинот на подморските кабли


НАТО испрати два брода да ја надгледуваат руската подводна инфраструктура и таканаречената „фантомска флота“ во Балтичкото Море по неодамнешното прекинување на подморските кабли во областа, изјави денеска финскиот министер за надворешни работи. Електричниот кабел Естлинк 2 и четирите телекомуникациски кабли што ја поврзуваат Финска со Естонија беа оштетени кон крајот на декември, а неколку дена […]

Венецуела ја затвори границата со Колумбија поради наводен заговор по повод инаугурацијата на Мадуро


 Венецуела, неколку часа пред инаугурацијата на претседателот Николас Мадуро, денеска ја затвори границата со Колумбија поради „меѓународен заговор“. – Има информација за меѓународен заговор со цел да се наруши мирот на Венецуелците, поради што Мадуро нареди затворање на границата со Колумбија, изјави гувернерот на венецуелската погранична област Тахира, Фреди Бернал. Тој додаде дека границата ќе […]

ЕУ ѝ исплати три милијарди евра на Украина


Европската Унија денеска и исплати три милијарди евра на Украина, како прва транша од уделот на ЕУ во заемот договорен во рамки на Г7.  Според претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, овие средства ќе и дадат финансиска моќ на Украина да продолжи да се бори за својата слобода и да надвладее.  – Речиси […]

Ќе има штета ако Мета стави крај на проверките на факти


Ќе има „штета во реалниот свет“ ако Мета ја прошири својата одлука да ја укине проверката на фактите на Фејсбук и на Инстаграм надвор од САД, објави Меѓународната мрежа за проверка на факти. „Ако Мета одлучи да ја прекине програмата ширум светот, речиси е сигурно дека ќе резултира со штета во реалниот свет на многу […]

Голем пожар зафати фабрика за ацетон во Русија, одекнуваат експлозии


Фабрика за производство на ацетон гори во рускиот регион Ленинград. Пожарникарите се обидуваат да го стават под контрола пламенот, а засега нема информации за повредени. Според Ројтерс, се уште не е познато што го предизвикало пожарот во оваа индустриска фабрика. Во текот на изминатата ноќ нема извештаи за напади со украински беспилотни летала во областа […]

Најмалку осум повредени во напад со чекан на универзитет во Токио


Најмалку осум лица се повредени по денешниот напад со чекан на универзитет во Токио, објавија локалните медиуми. Околу 16 часот по локално време, повеќекратни повреди биле пријавени во кампусот Тама на Универзитетот Хосеи во Мачида, Токио, соопшти полицијата и други извори. Се верува дека најмалку осум лица се повредени, но сите се свесни, се вели […]

Кос: Во наредните месеци ќе има многу важни одлуки за проширувањето на ЕУ


Европската комесарка за проширување Марта Кос најави дека во следните месеци на агендата ќе има многу важни одлуки за проширување на Европска Унија. – Многу важни одлуки за проширувањето на ЕУ ќе бидат на нашата агенда во наредните месеци, а полското претседателство со Советот на ЕУ има големи амбиции. Ајде да работиме заедно за да […]