Подемот и падот на тираните


Уште пред една деценија, идејата САД да преминат во тиранија беше речиси неразбирлива. Но, со оглед на тоа што втората администрација на Доналд Трамп ги напаѓа уставните контроли и рамнотежи, флертува со идејата за отворено пркосење на судските пресуди и водењето тотална војна со медиумите што нема да виткаат колена, изгледите Америка да тргне по […]

Иранскиот пејач Мехди Јарахи казнет со 74 удари со камшик, поради поддршка за женските права


Иранскиот пејач Мехди Јарахи, кој зборуваше против строгиот кодекс на облекување на жените во земјата, е осуден и веќе казнет со 74 удари со камшик, како дел од спогодбата за прекин на кривичната постапка против него. Јарахи беше осуден во јануари минатата година, за противзаконското објавување песна, во знак на протест, наречена „Твојата шамија“, и тоа […]

Зеленски ќе учествува на вонредниот состанок на Европскиот совет и ќе се сретне со Руте


 Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска планира да учествува на состанокот на Европскиот совет во Брисел, соопшти неговиот портпарол. Зеленски планира да се сретне и со генералниот секретар на НАТО Марк Руте, со австрискиот канцелар и со белгиското раководство за време на неговата посета на Белгија, додаде портпаролот.

Волстрит џурнал: Се очекува Трамп да нареди укинување на Министерството за образование


 Претседателот Доналд Трамп се очекува да издаде извршна наредба насочена кон неговата долгогодишна цел да го елиминира американското Министерство за образование, објави вчера Волстрит џурнал. Уредбата би можела да пристигне уште денеска, објави весникот, цитирајќи неименувани луѓе запознаени со ова прашање. Белата куќа и одделот сè уште не одговориле на барањето за коментар доцна синоќа. […]

Канада има одговор за царините на Трамп – извозот на нафта и гас


 Канада потенцијално би можела да го искористи извозот на нафта и гас како преговарачка алатка доколку ескалира спорот со САД околу царините за канадскиот извоз, изјави министерката за надворешни работи на Канада, Мелани Џоли. Канада се заканува дека ќе воведе царини на американски увоз во вредност од околу 108 милијарди американски долари, но се уште […]

Обраќањето на Трамп во Конгресот го следеле на ТВ 36,6 милиони луѓе во САД


Обраќањето на американскиот претседател Доналд Трамп пред американскиот Конгрес во вторникот вечерта го гледале околу 36,6 милиони телевизиски гледачи во САД, објави американската компанија за мерење на медиумската публика Нилсен. Тоа е повеќе од 32,2 милиони гледачи кои го гледаа последното обраќање на поранешниот претседател Џо Бајден за состојбата на Унијата минатата година, но е помалку […]

Политико: Соработници на Трамп водат тајни разговори со украинските противници на Зеленски


Четворица високи соработници на американскиот претседател Доналд Трамп одржале тајни разговори со водечките политички противници на украинскиот претседател Володимир Зеленски, објави Политико.   Според украинските парламентарци и републикански експерт за надворешна политика на САД, сојузниците на Трамп разговарале со опозициската лидерка и поранешна премиерка Јулија Тимошенко, како и со високи членови на партијата на поранешниот […]

Европските лидери се подготвуваат за нивниот кошмарен самит „од 5 минути до полноќ“


Европската унија е навикната на кризи, но претстојната би можела да ги надмине сите претходни. Имено, додека 27-те лидери на земјите-членки се собираат во Брисел в четврток, знаат дека целата безбедносна архитектура по 1945 година – онаа која зависи од поддршката на САД – може да се урне во секој момент. Откако Доналд Трамп се […]

Хегсет: САД се подготвени за војна со Кина


Американскиот секретар за одбрана, Пит Хегсет денеска изјави дека „Соединетите американски држави се подготвени за војна“, откако Кина објави дека е подготвена за секаков вид војна со САД. -Ние сме подготвени, рече тој. Тој посочи дека поради тоа САД ја обновуваат својата војска и предупреди дека Америка живее во опасен свет, со моќни земји и […]

САД планираат да отпуштат повеќе од 80.000 вработени во Министерството за прашања на ветераните


 Американското Министерство за ветерани  планира да отпушти повеќе од 80.000 вработени, или 15 отсто од својата работна сила, објави  синоќа секретарот Даг Колинс, како дел од драстичните намалувања што ги најави претседателот Доналд Трамп во федералниот апарат. „Нашата цел е да го намалиме бројот на вработрени во Одделот за ветерани на нивоа од 2019 година […]

ЕИБ ќе обезбеди гаранции за 1,95 милијарди евра за поддршка на Украина


Во Луксембург денеска ќе се одржи церемонија на потпишување на нов гарантен договор со Европската инвестициска банка (ЕИБ) за обезбедување на 1,95 милијарди евра за поддршка на Украина, на која ќе присуствува и еврокомесарката за проширување Марта Кос.  Оваа дополнителна гаранција има за цел да овозможи заеми за реализација на проекти фокусирани на напорите за […]

Белата куќа за демократите: Најсрамниот момент во историјата на претседателските обраќања


 Белата куќа остро ги критикуваше демократите, обвинувајќи ги за „срамно“ однесување кога го изразија своето противење за време на говорот на американскиот претседател Доналд Трамп во Конгресот еден ден претходно. „Однесувањето на демократите беше целосно срамно и покажа колку сериозно не се во контакт со американската јавност. Тоа беше најсрамниот момент во историјата на претседателските […]

Воен авион на јужнокорејските воздухопловни сили случајно фрлил осум бомби, повредени неколку цивили


Воздухопловните сили на Јужна Кореја денеска соопштија дека еден од нивните борбени авиони случајно фрлил осум бомби на погрешно место за време на тренинг вежба, што резултирало со повреди на цивили. -Осум бомби за општа намена МК-82 беа случајно ослободени од авион КФ-16 на воздухопловните сили, слетувајќи надвор од назначениот опсег за стрелање, соопшти Военото […]

Трамп паузира со воведување царини за стоки од Мексико и Канада што ги користи американската автомобилска индустрија


Американскиот претседател Доналд Трамп привремено ги иззема материјалите од Мексико и Канада што ги користи американската автомобилска индустрија од зголемена царина од 25 отсто за увоз на стоки од тие земји.  Воведувањето царини од страна на Трамп, ја поттикна Канада да преземе одмазднички мерки, што предизвика тарифна војна меѓу двете соседни земји. Одлуката за одмазднички […]

САД ја „преиспитуваат“ суспензијата на помошта за Украина


Прес секретарката на Белата куќа Каролин Левит изјави синоќа дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп „ја преиспитува“ паузата за испраќањето помош за Украина. Таа не кажа дефинитивно дали и паузата во размената на разузнавачки информации со Украина е привремена или трајна. По вербалниот судир со украинскиот претседател Володимир Зеленски минатата недела во Белата куќа, […]

Вашингтон води директни преговори со Хамас


  Белата куќа води директни разговори со Хамас за враќањето на израелските заложници кои се држат од 7 октомври, со што се крши деценискиот преседан со ангажирање со милитантната група без посредници. Каролин Ливит, прес-секретарот на Белата куќа, во средата рече дека официјални лица имале „тековни разговори и дискусии“ со претставници на Хамас, бидејќи администрацијата […]

Си-Ен-Ен: Трамп разговараше со Трудо


 Американскиот претседател Доналд Трамп денеска телефонски разговараше со канадскиот премиер Џастин Трудо, јави Си-Ен-Ен, цитирајќи двајца неименувани официјални претставници на Белата куќа. Разговорот меѓу лидерите се одржа откако Трамп завчера воведе општи царини од 25 отсто за Канада. Како одговор, Трудо рече дека веднаш ќе воведе царина од 25 отсто за стоки во вредност од […]

Само што започнав, порача Трамп во обраќањето до Конгресот


Американскиот претседател Доналд Трамп го одржа своето инаугуративно обраќање пред двата дома на Конгресот во кое ги презентираше активностите на неговата администрација во првите 40 дена и најави дополнителни мерки, опишувајќи го првиот месец од неговиот мандат како најуспешен во американската историја. „Првиот месец од мојот мандат е најуспешен во историјата“, тврди Трамп, наведувајќи го […]

Што содржи арапскиот план за Газа вреден 53 милијарди долари


  КАИРО – Арапските лидери во вторникот го поддржаа повоениот план на Египет за Појасот Газа кој ќе им овозможи на неговите приближно 2 милиони Палестинци да останат, како контрапредлог на планот на американскиот претседател Доналд Трамп да ја расели територијата и повторно да ја развие како дестинација на плажа. Одобрувањето на планот од 53 […]

Врховниот суд на САД го одби барањето на Трамп да ги задржи замрзнатите милијарди долари за странска помош


Врховниот суд на САД денес иако беше поделен, го одби барањето на администрацијата на Трамп да ги задржи замрзнати милијарди долари странска помош одобрена од Конгресот, пренесува Си-Ен-Ен. Сепак, судот не прецизираше веднаш кога парите треба да бидат ослободени, што им  овозможи на Белата куќа да продолжи да ја оспорува одлуката во пониските судови. Одлуката беше […]