Шредер хоспитализиран поради исцрпеност, не може да сведочи за „Северен тек 2“


Берлин – Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер (80) е хоспитализиран поради „тешка исцрпеност“ (burnout), јави ДПА. Според писмото од неговиот лекар, Шредер страда од синдром на сериозна исцрпеност со типични симптоми на длабока замореност и сериозен недостиг на енергија. Осумдесетгодишниот политичар има проблеми со концентрацијата и меморијата, страда од нарушувања на сонот и намалена емоционална […]

Најстариот син на Трамп нелегално ловел диви патки во близина на Венеција


Вашингтон – Доналд Трамп Помладиот, најстариот син на американскиот претседател, е обвинет за нелегален лов на диви патки во Италија и наводно застрелал многу редок вид во заштитено подрачје, јавуваат италијанските медиуми. Случајот, во чиј фокус е видео на кое се гледа како Трамп Помладиот пука во патки додека лови во венецијанската лагуна, треба да биде […]

Столтенберг ќе биде нов министер за финансии на Норвешка


Поранешниот генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, треба да биде новиот министер за финансии на Норвешка во рамки на владината реконструкција што денеска ќе ја објави премиерот Јонас Гар Сторе, информираат од јавниот сервис НРК. Столтенберг беше лидер на Лабуристичката партија и премиер на Норвешка неколку години, пред да биде генерален секретар на НАТО од […]

Сеул: Севернокорејските војници се повлекуваат од Курск поради големи загуби


 Северна Кореја ги повлече своите војници од фронтот во рускиот регион Курск поради големи загуби, јави денеска јужнокорејската новинска агенција Јонхап, повикувајќи се на јужнокорејската разузнавачка служба (НИС). Од средината на јануари „нема знаци“ за севернокорејско воено присуство во борбите во Курск, пренесе Јонхап. Претходно, украинските и американските медиуми, вклучително и Њујорк тајмс, известија за […]

Орбан преговара со Трамп за подобар договор од тој за ЕУ


Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека претстојат „тешки месеци“ за Европската унија, но дека неговата земја е подготвена за враќањето на американскиот претседател Доналд Трамп и дека тековните преговори со новата американска администрација се во тек. -Подготвени сме за враќање на претседателот Трамп и сме во преговори со Америка за да постигнеме добар договор, рече […]

Еквадор во „карантин“ пред изборите, претседателот ги затвори границите


Еквадорскиот претседател Даниел Нобоа најави затворање на границите на земјата од сабота на три дена, вклучувајќи го и првиот круг од претседателските избори во недела, на кои тој е кандидат. „Со оглед на обидите на вооружените групи да ја дестабилизираат земјата, од сабота, 8 февруари, до понеделник, 10 февруари, границите ќе останат затворени“, изјави денеска […]

Арапските земји испратија писмо до САД против предлогот за раселување на Палестинците


Петмина арапски министри за надворешни работи и еден висок палестински функционер испратија писмо до американскиот државен секретар Марко Рубио во кое се спротивставија на плановите на претседателот Доналд Трамп кон крајот на јануари за раселување на Палестинците од Појасот Газа. Според „Аксиос“, писмото било испратено вчера и било потпишано од министрите за надворешни работи на […]

СЗО: Се зголемуваат случаите на рак на белите дробови кај луѓето кои никогаш не пушеле


Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека е зголемен бројот на заболени од рак на белите дробови кај луѓе кои никогаш не пушеле, а како еден од клучните фактори се наведува загадувањето на воздухот. Според проценките на Меѓународната агенција за истражување на ракот (ИАРЦ), ракот на белите дробови кај непушачите се смета за петта водечка причина […]

Трамп сака да ѝ ја наплати помошта на Украина: „Слушнавме дека имате ретки минерали, ќе се договориме“


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во понеделникот дека сака Украина да ги снабдува Соединетите држави со ретки минерали како начин на плаќање за финансиска поддршка за воените напори на земјата против Русија. Трамп, говорејќи пред новинарите во Белата куќа, рече дека Украина е подготвена да го стори тоа, додавајќи дека сака „изедначување“ од Украина за […]

Американски судија го продолжи блокирањето на барањето на Трамп за запирање на федерални грантови


Американски судија ја продолжи привремената забрана за запирање на федералните грантови, заеми и други финансиски помошни програми, откако претходно минатата недела претседателот Доналд Трамп нареди нивно замрзнување. Судијата Лорен Алихан од Окружниот суд во Вашингтон за време на судското рочиште изјави дека оваа мерка би била „катастрофална“ за организациите што работат во јавен интерес. Овој […]

Русија ќе распореди балистички ракети „Орешник“ во Белорусија


Русија ќе распореди балистички ракети „Орешник“ на територијата на Белорусија, согласно договорот меѓу претседателите на двете земји, изјави рускиот дипломат Алексеј Полишчук во интервју за ТАСС. – Русија, во рамките на своите сојузнички обврски, кои во 2024 година беа утврдени во Концепцијата за безбедност на Сојузната држава и во Договорот за безбедносни гаранции, е подготвена […]

Трамп потпиша указ за создавање на суверен фонд за благосостојба на САД


Претседателот на САД Доналд Трамп потпиша указ со кој наложи Министерството за финансии и Министерството за трговија во наредните 90 денови да изготват план за создавање на суверен фонд за благосостојба на САД. -Политика на Соединетите Држави е да се максимизира управувањето со националното богатство исклучиво во полза на американските граѓани. Во таа насока, од […]

Кошта: Време е за изградба на „Европа на одбраната“


Лидерите на ЕУ на неформалниот Самит на Унијата постигнаа напредок во дискусиите за изградба на „Европа на одбраната“, изјави доцна синоќа претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта по завршувањето на средбата на шефовите на држави или влади на членките на ЕУ што се одржа во Брисел.   – Се водиме од заедничко чувство на итност. […]

САД: Кандидатот за министер за трговија ќе ја преиспита забраната за извоз на лесно оружје


 Кандидатот за министер за трговија на САД, Хауард Латник, номиниран од претседателот Доналд Трамп, најави дека ќе ги разгледа ограничувањата за извоз на лесно вооружување, воведени од администрацијата на Џо Бајден во 2024 година. Рестрикциите на извозот на огнено оружје беа насочени кон ограничувања на странските криминални групи кои набавуваат американско оружје. Во писмена изјава, […]

Трудо: САД ги одложуваат новите царини за Канада за најмалку 30 дена


САД ќе ја одложат примената на новите царини за канадските производи најмалку 30 дена, соопшти денеска канадскиот премиер Џастин Трудо по телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп. – Имплементацијата на предложените царини ќе биде одложена најмалку еден месец додека работиме заедно на ситуацијата, изјави Трудо. Канада прифаќа нови обврски, вклучително назначување службеник одговорен за […]

Фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да одговори кога ќе биде неправедно или произволно таргетирана


Трансатлантското партнерство останува нашата најконсеквентна врска и тоа е од фундаментална важност за промовирање на мирот, безбедноста и просперитетот, па затоа и наспроти се, разговаравме за начините за прагматична соработка со САД, порача доцна синоќа претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен по завршувањето на неформалниот Самит на Унијата во Брисел. – Очигледно има […]

Трамп ги одложи царините за Мексико за еден месец


  Мексико и Соединетите Држави постигнаа едномесечен договор за спречување на царините и претстојната трговска војна, чија закана предизвика пад на глобалните пазари рано во понеделникот. Тарифите од 25 отсто за Мексико требаше да стапат на сила во вторник, и покрај постојниот договор за слободна трговија меѓу двете земји, за кој требаше повторно да се […]

Рубио стана в.д. администратор на УСАИД


Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска соопшти дека ја презел функцијата вршител на должноста администратор на американската агенција за меѓународен развој (УСАИД), потврдувајќи го де-факто преземањето на хуманитарната агенција од страна на Стејт департментот. Како што јави Си-ен-ен, веста доаѓа неколку часа откако Илон Маск, најбогатиот човек на светот задолжен за реконструкција на федералната влада, […]

Киргистан забрани никаб, критичарите сметаат дека тоа може да ја ограничи слободата на жените


Киргистан е последната земја со мнозинско муслиманско население во Централна Азија која го забрани никабот – долга облека што го покрива телото, косата и лицето, оставајќи ги само очите видливи. Забраната, која стапи во сила на 1 февруари, предвидува парична казна од 20.000 соми (230 долари) за жените кои носат никаб на јавни места. Женската […]

Руски лекар дезертер за Донбас: Таму никој не нè чека како ослободители, нè мразат!


Руски лекар, кој дезертирал од руската армија и бара азил во Франција, даде живописен приказ за мрачните услови на линијата на рускиот фронт во Украина, за бруталноста на руските команданти и за заканите со кои се соочуваат руските трупи. 40-годишниот Алексеј Жиљаев од Мурино во близина на Санкт Петербург дезертирал од руската војска во август […]