„Џо, отпуштен си“ – објави Трамп и му забрани на Бајден пристап до класифицирани информации


Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека го ограничи пристапот на неговиот претходник Џо Бајден до класифицирани формации. Традиционално, поранешните претседатели добиваат одредени доверливи информации од безбедносните служби откако ќе ја напуштат Белата куќа. – Нема потреба Џо Бајден да продолжи да има пристап до доверливи информации. Затоа, веднаш му го одземаме одобрението на Џо Бајден […]

Дополнителни 1.500 американски војници ќе бидат распоредени на јужната граница со Мексико


Пентагон ќе распореди дополнителни 1.500 војници во активнна служба за поддршка на напорите на претседателот Доналд Трамп да се справи со нелегалната имиграција, изјави синоќа американски официјален претставник, пренесе „Си-Би-Ес њуз“. Со ова, вкупниот број на активни војници на границата ќе достигне околу 3.600. Наредбата е одобрена, изјави претставникот. Се предвидува испраќање на логистичка бригада […]

Трамп: Не треба да има брзање околу Газа


  Претседателот Доналд Трамп во петокот им рече на новинарите дека не гледа дека е „потребно брзање да се направи нешто“ во Газа и инсистираше на тоа дека нема да има американски „чизми на теренот“. „Онаму каде што во основа САД би го гледале тоа како трансакција со недвижен имот, каде што ние ќе бидеме […]

Италија не ја потпиша декларацијата за осуда на американските санкции кон Меѓународниот кривичен суд


Италија не ја потпишала заедничка декларација на земјите-членки на Меѓународниот кривичен суд (МКС) во која се критикува одлуката на САД за воведување санкции кон судот, јави Анса. Меѓу 97-те земји-членки кои ја потпишаа декларацијата се Франција, Германија, Шпанија и Велика Британија. Во декларацијата се наведува дека санкциите што ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп „сериозно […]

Родителите на четворица британски тинејџери го тужат ТикТок поради смртта на нивните деца


Родителите на четворица британски тинејџери го тужеа ТикТок поради смртта на нивните деца, тврдејќи дека била резултат на натпревар со предизвик на социјалната мрежа. Родителите тврдат дека нивните деца на возраст од 12 до 14 години починале додека учествувале во „предизвикот онесвестување“, кој стана популарен на социјалната мрежа во 2021 година, јави Гардијан. Правниот центар […]

Саркози една година ќе носи електронска алка на ногата


Поранешниот претседател на Франција, Никола Саркози, кој е осуден поради корупција и трговија со влијание, од денеска ќе носи електронска алка на ногата. Касациониот суд во декември ја потврди пресудата за Саркози – тригодишна затворска казна. Две години затвор се суспендирани, а Саркози е осуден на носење на електронски мониторинг уред една година, наместо да […]

За еден ден од новата офанзива Украинците напредувале пет километри кај Курск


  На првиот ден од новата офанзива во областа Курск, Вооружените сили на Украина успеаја да ја пробијат одбраната и да напредуваат 5 километри на руска територија, пишуваат во нов извештај аналитичарите од Институтот за проучување на војната (ИСВ). Според нив, напредувањето на украинските сили се случило југоисточно од Суџа – во областа на селата […]

Мерц ќе го предупреди Трамп за мешањето на Маск во предизборната кампања во Германија


Кандидатот за канцелар на Христијанско-демократската унија на Германија (ЦДУ), Фридрих Мерц изјави дека планира да му каже на американскиот претседател Доналд Трамп дека не одобрува тоа што блискиот соработник на Трамп, Илон Маск, се меша во предизборната кампања во Германија со јавно поддржување на крајнодесничарската Алтернатива за Германија (AфД). „Не одобрувам некој толку близок до […]

Членки на НАТО разговарале за испраќање на трупи на Гренланд


 Земји-членки на НАТО разговараа за распоредување на трупи на Гренланд како одговор на заканата на претседателот на САД, Доналд Трамп дела ќе ја употреби американската армија за заземање на данскиот остров, објави британскиот весник Телеграф, повикувајќи се на неименувани извори. На неформалните разговори „што би направиле НАТО трупите“ ако Трамп ја реализира заканата учествувале десетина […]

Лајен: Европа секогаш ќе се бори за правда и почитување на меѓународното право


Брисел – Меѓународниот кривичен суд (МКС) мора да биде способен да се бори против неказнивоста ширум светот без никакви пречки, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. -МКС гарантира одговорност за злосторствата (против меѓународното право) и обезбедува платформа за жртвите од целиот свет. Мора да може слободно да се бори против борбата против неказнивоста […]

Шолц: Санкциите на Трамп за Меѓународниот кривичен суд се погрешна одлука


Берлин – Германскиот канцелар Олаф Шолц ја оцени денеска како „погрешна“ одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да воведе санкции против Меѓународниот кривичен суд (МКС). „Санкциите (кон МКС) се погрешна алатка. Тие ја загрозуваат институцијата која треба да обезбеди диктаторите на овој свет да не можат едноставно да ги прогонуваат луѓето и да започнуваат војни, а […]

Членови на Европската комисија во посета на Полска


Брисел – Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и членови на Колеџот на комесари денеска и утре престојуваат во Гдањск на средби со претставници на Полското претседателство со Советот на Европската Унија.  Како што соопшти Европската комисија, за време на престојот во Полска, претставниците на ЕУ ќе имаат средби со полскиот премиер Доналд Туск, […]

Реакција на Холандија поради санкциите на Трамп кон Судот во Хаг


Хаг – Холандските политичари реагираа на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да воведе санкции против Меѓународниот кривичен суд, при што некои десничари побараа негово дислоцирање од земјата. Холандскиот министер за надворешни работи Каспар Велдкамп (партија на Новиот социјален договор), најави дека Холандија жали за таквата одлука на Белата куќа. – Холандија жали за извршната наредба […]

Карамучо: Епицентарот на Албанците од криминалниот свет е Дубаи


Познатиот албански експерт по криминалистика и унивезитетески професор по безбедност, Ервин Карамучо, изјави дека епицентарот на Албанците во светот на криминалот е Блискиот Исток, Дубаи. Тој во емисијата „360 степени“ на ABC News.al, нагласи дека таму има голем пазар, а има и Албанци чии имиња не се познати. -Овде знаеме само за Дубаи, но има […]

Застарениот американски систем за контрола на летање – виновен за судирот на авион и хеликоптер


Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини застарениот систем за контрола на летање за судирот меѓу патнички авион и воен хеликоптер минатата недела. Тој на еден настан рече дека имало „многу пропусти“ тој ден и посочи дека американскиот систем за контрола на воздушниот сообраќај е застарен, пренесе АП. Според него, САД потрошиле милијарди долари „обновувајќи стар, […]

Белата куќа ја откажа претплатата за „Политико“ од 8 милиони долари по лажните десничарски теории на заговор


  Прес-секретарот на Белата куќа, Каролин Левит, одговарајќи во средата на прашање за теоријата на заговор на десницата, објави дека федералната влада ќе ги откаже претплатите на „Политико“ во вредност од 8 милиони долари. Левит го подигна на ново ниво лажното тврдење што се шири на социјалните мрежи дека „Политико“ и Асошиетед прес со години […]

Аксиос: Нетанјаху ќе стави крај на војната во Газа ако заминат лидерите на Хамас


 Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјавил дека е подготвен да стави крај на војната во Појасот Газа под услов лидерите на палестинското движење Хамас да ја напуштат територијата, пренесе Аксиос. Според извори блиски до преговорите, Нетанјаху за време на неговата посета на Вашингтон претставил план според кој Хамас ќе бара да се откаже од власта, а […]

Панама се повлекува од „Еден појас, еден пат“, Кина изрази жалење


Официјален Пекинг денеска изрази „длабоко жалење“ поради одлуката на Панама да се повлече од кинеската инфраструктурна иницијатива „Еден појас, еден пат“. Овој потег следуваше само неколку дена по посетата на американскиот државен секретар Марко Рубио на оваа централноамериканска држава. „Еден појас, еден пат“ е централна стратегија на Кина за проширување на своето глобално економско и […]

Русија ги повлече севернокорејските трупи од Курск по големите загуби


  Севернокорејските трупи испратени да се борат заедно со Русија во нејзината војна против Украина не се видени во битка веќе неколку недели, што ги зголеми шпекулациите дека тие се повлечени откако претрпеа големи загуби, според јужнокорејската шпионска агенција. Националната разузнавачка служба во Сеул оваа недела ги потврди медиумските извештаи дека севернокорејските трупи биле повлечени […]

Еден загинат во четврта престрелка за три дена во Брисел


Еден маж е убиен рано изутринава во нов оружен инцидент во бриселската населба Андерлехт, кој, според локалните власти, е поврзан со шверц на дрога, јави дописникот на МИА од Брисел. – Околу 4 часот утрово одново се пукаше во Андерлехт. Има едно загинато лице, маж кој допрва треба да биде идентификуван, изјави претпладнево портпаролката на […]