Трговската војна меѓу двете економски сили се вжештува: ЕУ ги удира американските производи, два датуми се клучни


Европската унија размислува да воведе царини за американска стока во вредност од 22 милијарди евра како одговор на тарифите на американскиот претседател за челик и алуминиум минатиот месец. Европската комисија планира да воведе царини до 25 отсто за широк спектар на американски производи, како одговор на тарифите наметнати на челик и алуминиум од поранешниот американски […]

„Имате неколку часа да ја поправите грешката“: Милијардерот итно го предупреди Трамп, царините го водат целиот свет во пропаст


Бизнисменот Ричард Бренсон го повика американскиот претседател Доналд Трамп да ги „корегира“ новововедените царини, предупредувајќи дека тие ќе ја турнат глобалната економија во „опасен правец“, пишува „Економик тајмс“. Милијардерот истакна дека царините се „колосална грешка“ и дека Америка може „да се соочи со пропаст во годините што доаѓаат“ доколку Доналд Трамп не ја повлече својата […]

ОН: За три недели во Газа раселени околу 400.000 лица


Њујорк – Речиси 400.000 луѓе се раселени во Појасот Газа од 18 март, кога Израел ги продолжи воените операции и со тоа го прекина двомесечното примирје, соопшти денеска Кабинетот на генералниот секретар на ОН. „Преживеаните во Газа неколку пати беа раселени и принудени да се преселат во помали области каде што не може да се задоволат […]

Трамп збесна од царините на Кина, и постави ултиматум до утре


Американскиот претседател Доналд Трамп ѝ се закани на Кина со дополнителни царини до 50 отсто, откако Пекинг вчера објави нови царини од 34 отсто за американските производи. Трамп претходно воведе царини од 34 отсто за Кина. Во својата објава на Трут соушл, Трамп рече дека Кина наметнала „одмазднички царини од 34 отсто, покрај веќе постоечките […]

Новиот парламентарен состав на Гренланд започна со работа во услови на американски интерес за островот


Новиот состав на Парламентот на Гренланд денеска го одржа своето прво заседание по изборите во март, во услови на зголемен надворешен притисок, откако претседателот на САД, Доналд Трамп, неколкупати изрази интерес за преземање контрола врз полуавтономната данска територија. Јенс-Фредерик Нилсен, 33-годишен лидер на партијата „Демократи“, кој повика на политичко единство против надворешниот притисок, стана најмладиот […]

Украинските дронови во март неутрализирале над 77.000 непријателски цели, соопшти Сирски


Украинските одбранбени сили уништиле повеќе од 77.000 непријателски цели во текот на март, користејќи различни типови дронови, што претставува зголемување од 10 отсто во однос на претходниот месец, јави Укринформ повикувајќи се на главниот командант на украинската армија, генерал Олександар Сирски. Во објава на Фејсбук, Сирски ја објави оваа информација придружена со видео кое прикажува […]

Претседателскиот кандидат Понта кажа дека ќе го прекине извозот на украинско жито преку романските пристаништа


Романскиот претседателски кандидат Виктор Понта денеска изјави дека доколку биде избран ќе го прекине извозот на украинско жито преку романските пристаништа на Црното Море, но вети дека ќе ја брани соседна Молдавија во случај на руски напад. Во трите години од руската инвазија на Украина, Романија помогна да се извезат околу 29 милиони метрички тони […]

Лајен: ЕУ предлага нула царини за индустриските артикли


Претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека американските царини ќе имаат огромно влијание како врз европските бизниси и потрошувачи, така и врз глобалната економија. Таа најави дека ЕК подготвува список со можни активности како одговор на американските царини. – ЕУ веќе подолго време предлага нула царини за индустриски стоки, но досега […]

„Еутелсат“: Не можеме да го замениме „Старлинк“ на Маск во Украина


Украина нема одржлива алтернатива за сателитската мрежа „Старлинк“ која е во сопственост на американскиот милијардер Илон Маск, соопшти денеска извршната директорка на компанијата „Еутелсат“, Ева Бернеке. „Еутелсат“, француски сателитски оператор кој обезбедува ограничени услуги за Украина преку дистрибутер финансиран од германската Влада, и покрај сегашните напори за зголемување на капацитетот, сè уште не може да […]

Велика Британија планира да затвори стотици владини канцеларии


Велика Британија соопшти дека може да затвори стотици владини агенции за да ја реформира државата, да ги намали трошоците и да ја подобри продуктивноста, нарекувајќи го процесот „нова ера на глобална нестабилност“. Во Британија има стотици „полуавтономни“ невладини организации. Станува збор за организации на кои владата им додели овластувања, но кои сè уште се делумно […]

Кога демократијата треба да ги спречи политичарите да се кандидираат за функција?


Во минатото веќе имаше заеднички обид да се искористи уставот на САД за да се спречи претседателот да бара реизбор. Се тврдеше дека претседателот ќе добие поддршка од народот, но Уставот беше против него. Што сакаа гласачите – не беше важно. Овој обид требаше да стане познат како „роденизам“. Претседателот кој бараше реизбор беше Барак […]

Кина: Американските царини се економска „злоупотреба“


Заканите и притисокот не се начин за справување со Кина, изјави денеса портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, опишувајќи ги царините воведени од американскиот претседател Доналд Трамп за Кина како навредливи. Царините се „типичен унилатерализам и протекционизам, економска злоупотреба“, рече Лин Џијан за време на редовна прес-конференција. Тој додаде дека американските царини во име […]

САД воведуваат вештачка интелигенција во воената авијација


 Воздухопловните сили на САД ги унапредуваат своите воздушни борбени спецификации и човекови вештини за следната генерација воени авиони. Со усвојувањето на програмата „ВЕНОМ-АФТ“, ќе им се овозможи на пилотите на „Ф-16“ да летаат со беспилотни летала, во двојки, и да собираат податоци со помош на вештачка интелигенција (ВИ). Целта на проектот е да се развијат […]

Хорор на градските улици: „Стаорците се поголеми од мачките! По земја лазат црви“


Градот кој некогаш ја поттикна индустриската револуција денес изгледа речиси апокалиптично. Дури 17.000 тони ѓубре натрупани на улиците на вториот по големина британски град. „Мирисот е апсолутно неверојатен. Имате гнила храна, имате отрепки на подот кои лазат од торбите”, опишал Вил Тимс, ловец на штетници кој ги поминува деновите во обиколка на градот за да […]

Страшен напад во родниот град на Зеленски: Повеќе од 10 мртви, има и деца меѓу настраданите (Видео)


Руската армија денеска истрела ракети кон Криви Рог при што загинаа најмалку 12 лица. Руската Федерација денеска го бомбардираше украинскиот град Кривји Рих, пишува „Киев пост“. Според познатите информации има најмалку 12 загинати меѓу кои и деца. Криви Рих е роден град на украинскиот претседател Володимир Зеленски. На социјалните мрежи веќе се појавија видеа од […]

Нов Зеланд ќе вложи 12 милијарди долари во одбраната: Далечината веќе не ни е заштита


Велингтон – Владата на Нов Зеланд најави инвестиција од 12 милијарди долари (10,92 милијарди евра) во следните четири години во „модерни, борбено способни“ Новозеландски одбранбени сили (НЗДФ), информира Радио Нов Зеланд. Планот предвидува зголемување на трошоците за одбрана на Нов Зеланд од нешто повеќе од еден процент од БДП на повеќе од два проценти во […]

Дождот го отежнува закрепнувањето по земјотресот во Мјанмар во кој загинаа повеќе од 3.500 луѓе


Бројот на загинати во земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала што го погоди Мјанмар пред 10 дена се искачи на најмалку 3.514, а уште 210 лица се уште се водат како исчезнати, покажуваат податоците објавени денеска од воената влада на Мјанмар. Најмногу жртви се пријавени во и околу Мандалеј, вториот по големина […]

Дали Трамп ќе ги повлече американските војници од Германија?


Според податоците од СAД, околу 37.000 американски војници во моментов се стационирани во Германија во неколку десетици бази. Повеќето од нив се во базата Рамштајн и неговата околина. Тоа е најголемата американска воена заедница надвор од САД. Покрај тоа, околу 12.000 германски цивили работат за американската војска низ цела Германија, исто така најголем дел во […]

СЗО: Една жена умира на секои две минути за време на бременост или породување


Женева – Компликациите од бременост или породување предизвикуваа смрт на жена приближно на секои две минути во 2023 година, се наведува во извештај на Светската здравствена организација (СЗО) и другите тела на ОН. Во извештајот, објавен денеска, се вели дека тоа изнесува околу 260.000 жени на глобално ниво. Смртта на мајките помеѓу 2000 и 2023 […]

Во САД најавени нови протести против „Тесла“


Десетици протести пред продавници на Teесла ширум САД се најавени за денеска како дел од кампањата на масовен отпор кон нејзиниот извршен директор Илон Маск поради улогата на Одделот за владина ефикасност (DOGE), со кој тој раководи, поради обемната реформа на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. На масовни протести повикаа од продемократски движења, организации […]