На крилјата на Русија: Северна Кореја постигна најбрз раст за осум години


Економијата на Северна Кореја порасна за 3,7 проценти во 2024 година, што е нејзина најбрза годишна стапка на раст за осум години, според проценките на централната банка на Јужна Кореја, благодарение на проширувањето на економските врски со Русија Економијата на Северна Кореја продолжи да расте минатата година откако бруто домашниот производ порасна за 3,1 процент […]

Тајландскиот суд ја разреши премиерката Шинаватра


  Уставниот суд на Тајланд ја разреши Паетонгтарн Шинаватра од нејзината позиција како премиер, пресудувајќи дека како лидер на земјата ги прекршила уставните правила за етика во телефонскиот разговор со претседателот на сенатот на Камбоџа, Хун Сен. Пресудата, која најавува нов период на нестабилност во земјата, значи дека таа веднаш ја губи работата, која ја […]

Рибера бара да се преиспита договорот на ЕУ со Трамп бидејќи не престанува да се заканува


ЕУ треба да го преиспита својот трговски договор со Соединетите Американски Држави ако претседателот Доналд Трамп ги исполни своите закани за казнување на блокот поради неговите технолошки регулативи, предупреди шефот за конкуренција на Брисел во интервју за „Фајненшл тајмс“. Тереза ​​Рибера, извршна потпретседателка на Европската комисија, изјави за весникот во интервју објавено во петокот дека […]

Емиратите воспоставија водовод за вода за пиење во Појасот Газа, 10 милиони литри ќе влегуваат дневно


Вчера во Кан Јунис, со поддршка на ОАЕ, беше воспоставен водовод долг 6,7 километри по должината на египетската граница со цел да се достави десалинизирана вода до Појасот Газа. Овој цевковод ќе снабдува вода за пиење густо населени области во округот Маваси и делови од Рафа. Омар Шатат, заменик-директор на Водоводот на крајбрежните општини, го […]

Бес во Италија поради порнографска страница со фалсификувани слики од истакнати жени


Порнографска веб-страница која објави фалсификувани фотографии од голем број познати италијански жени, вклучувајќи ја и премиерката Џорџија Мелони и лидерката на опозицијата Ели Шлајн, предизвика бес во Италија. Фотографиите, придружени со вулгарни и сексистички натписи, беа собрани од лични профили на социјалните мрежи или јавни извори пред да бидат изменети и објавени на италијанската платформа […]

Франција: Можните претседателски кандидати прво го напаѓаа премиерот Бајру, па се караа меѓу себе


  Главниот настан на Ролан Гарос во четвртокот вечерта не почна помирливо. Веројатните кандидати за следните француски претседателски избори – вклучувајќи го Жордан Бардела од крајнодесничарскиот Национален собир; Габриел Атал, поранешниот премиер кој сега ја предводи партијата на претседателот Емануел Макрон, Ренесанса; министерот за внатрешни работи Бруно Ретејло, шеф на централнодесничарската партија Републиканци; Марин Тонделие […]

Трамп jа користи својата борба против криминалот за да ги задуши демократитe


Невиденото досега федерално преземање на полициската управа во Вашингтон од страна на Доналд Трамп е начин да се поттикне политичка добивка, барем според неговите критичари.Можеби ќе успее, со оглед на новата анкета што покажува дека 81 процент од Американците веруваат дека криминалот е „голем проблем“ во американските градови и во голема мера го одобруваат начинот […]

Калас: Путин се потсмева на мировните напори за Украина


Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на Европската Унија, Кaja Калас, остро ги осуди масовните руски воздушни напади врз Киев, во кои загинаа повеќе од десет лица, меѓу кои и деца. Таа денеска порача дека Москва мора да се соочи со нов бран санкции. – Овие напади покажуваат дека Путин се потсмева на сите […]

Владата на САД одобри продажба на оружје на Украина за речиси една милијарда


Владата на САД одобри продажба на оружје на Украина во вредност од речиси една милијарда долари. Американскиот Стејт департмент објави дека го известил Конгресот за продажбата на ракети со подолг дострел и навигациски системи во вредност од 825 милиони долари на владата во Киев. Пакетот, како што се вели, вклучува 3.350 ракети „Ерам“, 3.350 ГПС-апарати, […]

Соуза: Лидерот на најголемата суперсила во светот се однесува како руски или советски агент


Португалскиот претседател Марсело Ребело де Соуза предупреди дека неговиот американски колега во моментов се однесува како „руски или советски агент“ фаворизирајќи ја Русија во војната против Украина. Де Соуза пред два дена се појави на летната школа на ПСД, централно-десничарската партија на Португалија. Како дел од панелот „Одговори на претседателот“, тој одржа воведен говор во […]

Европа разгледува идеја за воена тампон зона на украинска територија


Европа разгледува поддршка за воспоставување тампон-зона широка 40 километри на украинска територија како дел од напорите за завршување на војната, објави Политико, повикувајќи се на пет неименувани европски дипломати. Според дипломатите, европските лидери ја разгледуваат оваа идеја како една од опциите за прекин на огнот или како дел од повоениот договор меѓу украинските и руските […]

Врелите станови во Британија стануваат опасни, децата се разболуваат


Додека Велика Британија бележи пораст на температурите, семејствата низ целата земја го чувствуваат товарот бидејќи нивните домови стануваат неподносливи во текот на летото. За многумина, становите повеќе не се безбедно засолниште, туку место од кое очајно сакаат да избегаат. Според новата анализа на Фондацијата Резолуција, речиси 5,5 милиони деца во Англија, повеќе од половина, живеат […]

Ерупција на вулканот Шинмое во Јапонија, пепелта се крена до 5,5 километри во воздухот (Видео)


Вулканот Шинмое на јапонскиот остров Кјушу еруптираше денеска, исфрлајќи пепел 5.500 метри во воздух, објави локалната канцеларија на Јапонската метеоролошка агенција. Ерупцијата се случи утрово во 4:53 часот по локално време. Јапонската метеоролошка агенција го зголеми нивото на тревога на три од пет, повикувајќи ја јавноста да се воздржи од приближување кон кратерот. #BREAKING #JAPAN […]

„Размената на територии“ што не беше: Френетичната потрага на Трамп по мир во Украина се претвори во конфузија


  ВАШИНГТОН  – Кратко по средбата со Владимир Путин во Москва на 6 август, специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, му соопшти на Доналд Трамп голема вест: Рускиот претседател е подготвен да понуди значајни територијални отстапки за да ја заврши војната во Украина. По соопштението на Виткоф до претседателот на САД, опишано од две лица […]

Белата куќа го назначи Џим О’Нил за в.д. директор на Центрите за контрола и превенција на болести


Вашингтон  – Белата куќа денеска го назначи заменик-секретарот за здравство и социјални  услуги Џим О’Нил за вршител на должноста директор на американските Центри за контрола и превенција на болести (CDC), откако претходниот ден ја отпушти Сузан Монарез , објави „Вашингтон пост“, повикувајќи се на два информирани извори. Изборот на Џим О’Нил, актуелниот заменик-секретар на Роберт […]

Во Полска се урна авион Ф-16 на проба за аеромитинг, пилотот загина


Варшава – Авион Ф-16 на полското воено воздухопловство се урна за време на пробен лет пред аеромитингот во Радом, во централниот дел на земјата, а пилотот загина во несреќата, изјави синоќа портпаролот на полската Влада. „Трагедија се случи во Радом. Авион Ф-16 се урна за време на подготовките за аеромитинг. За жал, пилотот загина. Вицепремиерот и […]

Гувернерката на ФЕД, Лиса Кук, поднесе тужба против Трамп


Гувернерката на американските Федерални резерви (ФЕД), Лиса Кук, денеска поднесе тужба до федералниот суд во Вашингтон против претседателот на САД Доналд Трамп, поради неговата најава дека ќе ја смени од функцијата поради наводна хипотекарна измама. Во тужбата, Кук тврди дека обидот на Трамп да ја смени е незаконски, наведувајќи дека таа ќе остане активен член […]

Гутереш: Гладот во Појасот Газа е резултат на намерни постапки на Израел


Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, денеска изјави дека изгладнувањето на цивили никогаш не смее да се користи како метод на војување, истакнувајќи дека гладот во Појасот Газа е резултат на „нечовечни“ и „намерни“ постапки на Израел. – Цивилите мора да бидат заштитени. Хуманитарниот пристап мора да биде непречен. Без понатамошни изговори. Без понатамошни […]

ЕУ ја викна на „пеглање“ руската амбасадорка


Европската Унија официјално го повика рускиот претставник во Брисел како одговор на рускиот напад што сериозно ја оштети делегацијата на блокот во Киев. „Ниту една дипломатска мисија не треба да биде цел“, изјави високата претставничка Каја Калас во четвртокот, објавувајќи ја својата одлука. Вршителката на должноста амбасадор на Кремљ во ЕУ е Карен Малајан. Се […]

Шефицата на американското разузнавање по грешка го откри името на таен агент на ЦИА кој работел во Русија


  Во борбата против оние што Доналд Трамп ги смета за свои непријатели, директорката на Националното разузнавање, Тулси Габард, изврши нешто што може да се смета за кривично дело. Објавувајќи го фактичкото отпуштање на вработените во ЦИА, таа го објави името на лице кој претходно работел како таен агент во Русија. Минатата недела, Габард им […]