Смртниот биланс од катастрофалниот земјотрес во Авганистан се искачи на над 800 лица


Најмалку 800 лица загинаа, а повеќе од 2.500 се повредени во земјотресот што ја погоди североисточната авганистанска провинција Кунар – соопштија властите. – Земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала го погоди источен Авганистан во близина на границата со Пакистан, при што загинаа над 800 лица, а околу 2.500 се повредени – соопшти […]

ШОС е против преиспитување на резолуцијата на ОН за нуклеарната програма на Иран


Шангајската организација за соработка (ШОС) составена од десет земји, вклучувајќи ги Кина, Русија и Иран, денес предупреди дека е против какво било „преиспитување“ на резолуцијата на ОН за нуклеарната програма на Иран, поради што Европејците се подготвуваат повторно да воведат санкции против Техеран. Земјите-членки на ШОС, во заедничка изјава објавена од Ксинхуа, потврдија дека „секој […]

Зад насмевките на Путин, Моди и Си во Пекинг 


Понекогаш една фотографија ја раскажува приказната подобро од кое било соопштение или декларација од самитот. Широко споделениот клип од кинескиот претседател Си Џинпинг, индискиот премиер Нарендра Моди и рускиот претседател Владимир Путин како се смеат заедно во Пекинг веќе стана вирален. На површината, се чини дека е лесна размената меѓу тројцата лидери. Но, аналитичарите велат […]

Кошта: Пристапувањето на Западниот Балкан, Молдавија и Украина кон ЕУ не е само ветување, туку приоритет


 Европската Унија не е затворен клуб, туку е заедница на вредности и проект за мир и просперитет кој се уште не е завршен, па затоа пристапувањето на Западниот Балкан, Молдавија и Украина кон ЕУ не е само ветување, туку приоритет, изјави претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта во воведното обраќање на Стратешкиот форум во Блед.  […]

ЕУ ќе ја зајакне сателитската одбрана поради пречки во ГПС сигналот


 Европската Унија планира да распореди дополнителни сателити во ниската Земјина орбита за да го зајакне отпорот на пречки во ГПС сигналот, изјави комесарот за одбрана на ЕУ, Андриус ​​Кубилиус. „ЕУ дополнително ќе ги подобри своите капацитети за откривање и заштита од слични пречки“, рече тој, истакнувајќи дека безбедноста на комуникациските и навигациските системи станува сè […]

Путин вели дека „се разбрал“ со Трамп околу завршувањето на војната во Украина


  Рускиот претседател Владимир Путин вели дека постигнал „разбирање“ со американскиот претседател Доналд Трамп за крајот на војната во Украина на нивниот состанок во Алјаска минатиот месец. Но, тој не кажа дали би се согласил на мировни разговори со украинскиот претседател Володимир Зеленски со посредство на Трамп, кој очигледно го дал понеделник како рок за […]

Околу 150 светски медиуми денеска почнаа кампања за осуда на убивањето новинари во Газа


На покана од Репортери без граници – РСФ (RSF) и Авааз, глобална невладина организација под покровителство на Фондацијата Џорџ Сорос, околу 150 медиуми од околу 50 земји денеска учествуваат во кампањата за осуда на бројот на убиени новинари во Појасот Газа. „Со оглед на темпото со кое израелската армија убива новинари во Газа, наскоро нема […]

Драма на летот на Урсула фон дер Лајен: Авионот остана без ГПС над Бугариja, сомнежите се кон Кремљ


  Сомнителен руски напад насочен кон Урсула фон дер Лајен ја оневозможил навигацијата на нејзиниот авион на бугарскиот аеродром и ги принудил пилотите да слетаат користејќи хартиени мапи, објави „Фајненшл тајмс“. Авионот која ја носеше шефицата на Европската комисија кон бугарскиот град Пловдив ги изгубил своите електронски навигациски помагала во неделата попладне додека се приближувал […]

Историски пресврт: Крајната десница води во трите најмоќни земји во Европа


За прв пат во модерната историја, популистичките или крајно десничарските партии водат на анкетите во три од најмоќните земји во Европа – Обединетото Кралство, Франција и Германија. Ова е најновиот знак за растечко незадоволство на гласачите на континентот по години висока имиграција и инфлација, објави „Волстрит џурнал“. Крајно десничарските и антиимиграциските партии веќе влегоа во […]

Австрија со нов закон за отворен пристап до административни податоци


Во Австрија денеска стапи во сила новиот закон за слободен пристап до информации, со цел да се зголеми транспарентноста и достапноста на јавните административни податоци. Без разлика дали станува збор за резултати од избори, буџетски распределби или податоци за користење на земјиштето – отворени сетови на податоци може да се најдат на Data.gv.at, централната платформа […]

На Трамп сите му се виновни што не постигнува мир за Украина – освен Путин!


Високи претставници на Белата куќа веруваат дека некои европски лидери јавно ги поддржуваат напорите на претседателот Доналд Трамп да ја заврши војната во Украина, додека тивко се обидуваат да го поништат напредокот зад сцената од самитот во Алјаска, дознава „Аксиос“.Белата куќа побарала од Министерството за финансии да состави список на санкции што Европа би можела […]

Земјотрес во Авганистан: Повеќе од 600 загинати (видео)


Најмалку 622 лица загинаа, а повеќе од 1.500 се повредени во силниот земјотрес со јачина од 6,0 степени што синоќа нешто пред полноќ го погоди источниот дел на Авганистан, соопшти утринава авганистанското Министерство за внатрешни работи кое е под контрола на талибанците. Prayers for Afghanistan after a major earthquake hits Kunar. pic.twitter.com/cbdteIJBHZ — Mansoor Ahmed […]

Уапсен осомничен за убиството на поранешниот претседател на украинскиот парламент


Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска соопшти дека е уапсен осомничен за убиството на поранешниот претседател на парламентот, Андриј Парубиј. „Се спроведуваат потребните истраги“, напиша Зеленски на социјалните мрежи, заблагодарувајќи им на истражните органи за „брзата и координирана работа“. Парубиј (54) беше еден од видните лидери на проевропската револуција на Мајдан и претседател на Врховната Рада […]

Путин: „Разбирањето“ со Трамп отвора пат кон мир во Украина


Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека „разбирањето“ постигнато со американскиот претседател Доналд Трамп на нивната средба минатиот месец во Алјаска отвора пат кон мир во Украина. Путин ова го истакна на самитот на Шангајската организација за соработка (ШОС) во Кина, каде што учествуваат и индискиот премиер Нарендра Моди, како и лидери од Централна Азија, […]

Руди Џулијани тешко повреден во сообраќајна несреќа во САД


  Поранешниот градоначалник на Њујорк, Руди Џулијани (81), е повреден во сообраќајна несреќа во американската држава Њу Хемпшир, јавува Би-Би-Си. Според извештајот на локалната полиција, Џулијани бил на совозачкото седиште во „форд бронко“ кога нивното возило било удрен од друго возило во американскиот град Манчестер во вторник вечерта. Неговиот телохранител Мајкл Рагуса даде изјава во […]

Протече планот на Трамп за Газа: Документот има 38 страници, САД ќе играат клучна улога


Целото население на Газа ќе биде преселено, а САД ќе ја преземат контролата врз палестинската територија според план што го разгледува администрацијата на Трамп, објави Вашингтон пост во неделата. Енклавата, која Израел целосно ја уништи во војната против Хамас, ќе биде претворена во протекторат што ќе го администрираат САД најмалку 10 години, објави весникот. Една […]

Израел му објави војна на новинарството, 200 медиуми ќе протестираат денес


Повеќе медиуми координираат голем протест денес за да побараат од Израел да го запре убиството на новинари во Газа и да побараат на меѓународниот печат да му биде дозволено да влезе во енклавата за слободно известување. Според организаторите, на демонстрациите ќе учествуваат речиси 200 медиуми од 50 земји, при што печатените весници ќе имаат затемнети […]

Германија, од мај досега, спречила 12.000 нелегални преминувања на границата


 Германскиот министер за внатрешни работи Александер Добринт изјави дека засилените гранични контроли ја ограничиле нелегалната миграција откако новата влада стапи на должност во мај. – Од 8 мај досега спречивме 12.000 нелегални преминувања, рече Добринт за јавната телевизија АРД, додавајќи дека меѓу нив има околу 660 лица кои барале азил. Германија на 8 мај ги […]

Си Џинпинг претседава со најважниот самит на Шангајската организација за соработка од нејзиното формирање


Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска е домаќин на Самитот на Шангајската организација за соработка (ШОС) во пристанишниот мегаполис Тиенџин, кој се смета за најзначаен од нејзиното формирање во 2001 година. На состанокот учествуваат лидерите на Русија, Индија, Турција и Иран, како и низа евроазиски претставници. Ова е прв самит по враќањето на Доналд Трамп во […]

Путин во Кина: Обидите на Западот да ја внесе Украина во НАТО се причина за „украинската криза“


Рускиот претседател Владимир Путин денеска на Самитот на Шангајската организација за соработка (ШОС) во кинескиот мегалополис Тиенџин изјави дека „обидите на Западот да ја внесе Украина во НАТО се една од причините за украинската криза“. Путин нагласи дека кризата во Украина не произлегла од „инвазија“, туку како резултат на државен удар во Киев, поддржан од […]