Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо


Велика Британија е подготвена да испрати војници во Украина за да го бранат воздушниот простор и морските пристаништа, но не и на бојното поле против Русија, ќе изјави началникот на британската армија Тони Радакин на состаноците во Пентагон, објавува Гардијан. Радакин, началникот на Генералштабот, денеска учествува во разговорите во Вашингтон за финализирање на обврските што […]

Туск не сака средба на Зеленски и Путин во Будимпешта: Најдете друго место!


Полскиот премиер Доналд Туск денеска остро ја критикуваше идејата Будимпешта да стане место за мировни преговори меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин, според Политико. Туск се потсети на лошите искуства од минатото со унгарскиот главен град. „Будимпешта? Можеби не сите се сеќаваат, но во 1994 година, Украина веќе доби гаранции за […]

Трамп многу му верува на еден човек кој беше во Белата куќа. Тој може да биде главното оружје на Украина


  За време на состанокот во Вашингтон, каде што Володимир Зеленски и европските лидери преговараа со американскиот водач за прекин на војната во Украина, очите на Доналд Трамп талкаа, барајќи го финскиот претседател. „Тука сум“, рече насмеаниот Александар Стуб, кој седеше на главната маса спроти Трамп и до украинскиот лидер. Американскиот лидер веднаш имаше подготвен […]

Украина: Ако има размена на територии, дајте ни мапа на Русија


Кога европските лидери се собраа во Белата куќа за да ја вратат иницијативата по самитот на Доналд Трамп во Алјаска со Владимир Путин, тие се потпираа на аналогија: отстапувањето на украинскиот суверенитет над делови од источна Украина на Русија би било како САД да ја предадат Флорида. „Руското барање Украина да отстапи делови од Донбас […]

Малезиска држава воведува 2 години затвор за муслиманите кои ќе ги пропуштат петочните молитви


Муслиманите во малезиската држава Теренгану кои ќе ја пропуштат Џумата, задолжителната петочна молитва во џамија, без основана причина ризикуваат парична казна до 3.000 малезиски рингити (околу 590 евра), затворска казна до две години или и двете, откако стапи на сила Законот за шеријатски прекршоци од 2016 година. Шефот на Државната канцеларија за информации, проповедање и […]

Две третини од Германците го поддржуваат стопирањето на извозот на оружје за Израел


Речиси две третини од германските граѓани ја поддржуваат одлуката на канцеларот Фридрих Мерц за делумна забрана на извоз на оружје за Израел, покажува истражување на „ЈуГов“ спроведено за ДПА. Според анкетата, 65 отсто од испитаниците се согласуваат со мерката, 19 отсто се против, а 16 отсто немаат јасен став. Истражувањето било спроведено во средината на […]

Габард укина овластувања на 37 разузнавачи во САД зошто тврделе дека имало руско мешање во изборите


Директорката на Националната разузнавачка служба на САД, Тулси Габард, соопшти дека им се одземени безбедносните овластувања на 37 сегашни и поранешни разузнавачи, кои ги обвини за политизирање и манипулирање со разузнавачките податоци. Габард наведе дека потегот е преземен по барање на претседателот Доналд Трамп. Таа претходно тврдеше дека разузнавачката заедница е политизирана, а Министерството за […]

Кога Трамп смета површина: Ги изедначи Крим и Тексас, не можеше да биде подалеку од вистината


Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, повторно го привлече вниманието на јавноста со провокативни изјави, споредувајќи го украинскиот Крим со американската држава Тексас и обвинувајќи го поранешниот претседател Барак Обама за наводно „предавање“ на полуостровот на Русија во 2014 година. Трамп тврдеше дека доколку направел таков потег додека бил претседател, тоа ќе предизвикало голема […]

Маск се откажа од создавањето на Американската партија: Подготвен е да го поддржи Џ.Д. Венс


Милијардерот Илон Маск тивко ги запира плановите за лансирање на својата нова политичка партија, велејќи им на сојузниците дека сака да се фокусира на своите компании, објави во вторникот „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на луѓе запознаени со плановите. Маск ја претстави Американската партија во јули по јавната расправија со претседателот Доналд Трамп околу намалувањето на […]

Франција: Човек кој „стекнал слава“ снимајќи видеа како е злоставуван, починал во пренос во живо


Обвинителите на југот на Франција изјавија дека истражуваат смрт на 46-годишен маж кој починал за време на видео во живо на социјалните мрежи. Рафаел Гравен бил злоставуван во гореспоменатото видео. Мажот, кој бил познат онлајн како Жан Порманов или Џеј-пи, снимал емисии во живо на интернет во кои бил злоставуван или понижуван. Обвинителите во градот […]

Десетина европски земји се подготвени да испратат војници во Украина, Русија жестоко реагираше


Десина земји се подготвени да испратат свои војници во Украина за да обезбедат евентуални безбедносни гаранции, објавува Блумберг, повикувајќи се на извори. Агенцијата не прецизира кои земји се подготвени да го сторат тоа. Се очекува првата фаза од безбедносните гаранции што се развиваат за Киев да биде обука на украински воен персонал. Европските претставници во […]

Отсечени глави пронајдени на пат во Мексико


Шест отсечени машки глави се пронајдени на патот што ги поврзува мексиканските држави Пуебла и Тласкала, соопштија локалните власти. Мексиканската полиција не наведе можен мотив за убиствата, ниту ја идентификуваше одговорната криминална група, пишува Би-би-си. Сепак, според локалните медиуми, до телата е пронајдено ќебе со предупредувачка порака до соперничките банди, очигледно потпишана од група наречена […]

Кина и Индија договорија летови, инвестиции и повлекување на војската од границата


Индија и Кина постигнаа договор за продолжување на директните летови, зголемување на трговската и инвестициската соработка, како и повлекување на дел од војската долж Хималаите, во обид да ги обноват односите нарушени од вооружениот судир во 2020 година. Договорот е постигнат по посетата на кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји на Њу Делхи, каде […]

САД ќе ја бојадисаат оградата на границата со Мексико во црно за да го отежнат преминувањето


Американската влада планира целата ограда на јужната граница со Мексико да ја бојадиса во црно, за да ја направи премногу жешка за качување, изјави секретарката за внатрешна безбедност Кристи Ноем, пренесе ДПА. Мерката е дел од засилените напори за спречување на нелегално преминување на границата. Ноем истакна дека оградата, составена од густи метални столбови, и […]

Бесент: Има напредок во трговските преговори меѓу САД и Кина


Американскиот министер за финансии Скот Бесент изјави дека трговските преговори со Кина напредуваат „многу добро“, откако двете најголеми светски економии го продолжија стапувањето во сила на царините за дополнителни 90 дена. – Кина моментално е најголемиот извор на приходи од царини, рече Бесент во интервју за „Фокс њуз“, додавајќи дека преговорите со Пекинг се очекува […]

„Дружба“ повторно активен: Унгарија ја обнови испораката на нафта


 Доставите на нафта преку рускиот цевковод „Дружба“ за Унгарија се обновени по нападот со украински дронови врз трансформаторска станица на објектот, соопшти унгарската влада, пренесува ДПА. „Доставите на нафта преку ‘Дружба’ се рестартирани по украинскиот напад пред два дена“, соопшти унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто на социјалната мрежа „Икс“. Тој му се заблагодари […]

Блумберг: Трамп побарал Орбан да го укине ветото за пристапувањето на Украина во ЕУ


Американскиот претседател Доналд Трамп вчера разговарал телефонски со унгарскиот премиер Виктор Орбан, по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски и европските лидери. Главна тема на разговорот била блокадата на преговорите за пристапување на Украина со Европската Унија од страна на Орбан, според извори запознаени со ситуацијата, објави Блумберг. Повикот на Трамп до Орбан следел по […]

Самитот на НАТО во 2026 година ќе се одржи во Анкара


 Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска објави дека самитот на Северноатлантската алијанса ќе се одржи на 7 и 8 јули во Анкара. Најавувајќи го местото на одржување, Руте рече: „Би сакал да ѝ се заблагодарам на Турција за домаќинството на овој важен состанок. Турција е силен сојузник на НАТО повеќе од 70 години, давајќи […]

Христодулидис: Секое решение треба да се базира на целосно почитување на суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Украина


Секое решение треба да се базира на целосно почитување на суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Украина, истакнал кипарскиот претседател Никос Христодулидис за време на неговото учество на трите последователни видеоконференции за Украина, а воедно се осврнал и на искуството на Кипар, информираше портпаролот на кипарската Влада Константинос Летибиотис, јави дописничката на МИА од Атина. […]

Швајцарија ќе му даде имунитет на Путин ако дојде во земјата на мировни преговори


Берн – Швајцарија ќе му даде имунитет на рускиот претседател Владимир Путин и покрај обвинението од Меѓународниот кривичен суд, под услов да дојде во земјата за да одржи мировна конференција, изјави денеска швајцарскиот министер за надворешни работи Игнацио Касис. Минатата година, федералната влада ги утврди „правилата за доделување имунитет на лице за кое е издадена меѓународна […]