Кој е новиот државен секретар на САД?: Бизнисмен, разузнавач и тврдолинијаш


Мајк Помпео, идниот државен секретар на Доналд Трамп, е тврдолинијаш, републиканец кој ги дели гледиштата со гласачите на претседателот и исто како Трамп поминал долги години како бизнисмен пред да прејде во политиката. Помпео отслужил три мандати во Конгресот на САД како претставник на конзервативниот Канзас, бил член на Комитетот за разузнавање, а потоа станал […]

Албанија и Косово го поздравија донесувањето на Законот за употреба на јазиците


Официјална Тирана и Приштина го поздравија донесувањето на Законот за употреба на jазиците во македонскиот Парламент. – Ја поздравувам решеноста да се донесе законот за употреба на албанскиот јазик од страна на македонскиот Парламент, како важен историски и голем чин, не само за Албанците, туку и за европската иднина на Македонија. Честитки!, стои во реакцијата […]

Фицо подготвен да се повлече од функцијата премиер на Словачка


Словачкиот премиер Роберт Фицо објави денеска дека понудил оставка на функцијата, што се случува по притисокот од опозицијата за справувањето со скандалот со убиството на новинарот Јан Куцијак. – Денеска понудив оставка и ја доставив до претседателот на државата. Доколку тој ја прифати, подготвен сум утре да поднесам оставка и да назначам нов премиер, ако […]

Централната банка на Унгарија ќе врати три тони злато од Лондон


Централната банка на Унгарија најави дека ќе врати во земјата 100.000 унци или три тони злато од Лондон. Одлуката за враќање на резервите на злато, во вкупна вредност од околу 33 милијарди унгарски форинти (130 милиони долари) е образложена како потег од безбедносни причини, во случај на потенцијална геополитичка криза. Исто така, одлуката е согласно […]

Хоџај: Ја замолувам „Српска листа“ да гласа за демаркација на границата


Косовскиот вицепремиер, Енвер Хоџај, од собраниската говорница, призна дека владата го нема потребното мнозинство за ратификација на договорот за демаркација на границата со Црна Гора и додаде дека „ќе ја замоли Српска листа да гласа за договорот“. Посочи дека Договорот треба да се изгласа во парламентот и оцени дека договорот е технички,но оти се претворил […]

Единаесетта жртва на морбили во Србија


На Клиниката за инфективни болести во Ниш, поради тешко белодробно воспаление предизвикано од морбили, почина 32-годишна жена, со што смртниот биланс од ситните сипаници во Србија се искачи на 11 лица. Директорот на клиниката Миоград Врбиќ изјави дека заболената жена имала натежок облик на компликации – акутен респираторен дистрес синдром. Тој појасни дека пациентката била […]

Протести на младите во САД: 17 минути за 17 убиени на Флорида


Десетици илјади ученици, студенти и просветни работници во САД денеска излегоа од училиштата во знак на протест, поради, како што велат, неуспехот на Конгресот да се справи со насилството со оружје во училиштата. Протестот е осмислен на тој начин што тие ќе ги напуштат училниците на 17 минути, по една минута за секој убиен при […]

Лондон протерува 23 руски дипломати


Велика Британија ќе протера 23 руски дипломати поради случајот со труењето на поранешниот шпион Сергеј Скрипал, соопшти британската премиерка Тереза Меј во Парламентот во Лондон. Таа нагласи дека Русија е виновна за труењето на британско тло на поранешниот шпион Сергеј Скрипал. На руските дипломати им е даден рок од една недела да ја напуштат државата. […]

Францускиот министер за финансии најави тужба против Гугл и Епл за злоупотреба


Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер најави тужба против Гугл и Епл поради злоупотреба на деловните практики, што може да резултира со казна од повеќе милиони евра. Ле Мер ги обвини двете технолошки компании за „искористување“ на програмерите, бидејќи, според договорот, наплаќаат провизија на продажбата на нивните апликации преку продавниците на Епл, „iTunes App […]

Вучиќ: Треба да го сочуваме мирот со Албанците


Подршката на европскиот пат на Србија, регионалната безбедност и односите со Косово беа главна тема на разговорие во Белград на американскиот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Вес Мичел со српскиот претседател Александар Вучиќ. – Постои голема подршка од САД, како и одговорност за лидерите во регионот, за стабилност и за евроатланските интеграции, […]

Гугл ќе ги забрани крипто валутите


Гугл најавува дека од јуни годинава ќе забрани објавување содржини кои се во врска со крипто валутите. Компанијата најави дека нема да биде дозволено рекламирање на такви производи, вклучувајќи и дигитални пари или совети за тргување преку некоја платформа. Сличен потег најави и Фејсбук, кој претходно соопшти дека ќе ги забрани сите огласи за биткоини […]

Маж предизивка инцидент пред Бундестагот по реизборот на Меркел


Маж денеска предизвика безбедносен инцидент пред зградата на германскиот Парламент, кога се обиде да и пријде на канцеларката Ангела Меркел. Како што соопшти полицијата, инцидентот се случил кога мажот тргнал кон Меркел, која по нејзиниот реизбор на функцијата германски канцелар во Бундестагот, се упатила кон кабинетот на претседателот на Германија, Франк-Валтер Штајнмајер. Припадниците на безбедносите […]

Идната директорка на ЦИА крие мрачно минато


Ако Сенатот на САД го потврди изборот на Џина Хаспел, таа ќе биде првата жена, која ќе раководи со американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА). Откако вчера Трамп го разреши државниот секретар Рекс Тилерсон, а на негово место го именува досегашниот директор на ЦИА, Мајк Помпео, за негова наследничка ја предложи Хаспел, досегашната заменичка директор на […]

(ВИДЕО) Над 7 илјади пара чевли потсетуваат на масовните убиство во училиштатата


Околу 7.000 пара чевли беа изложени во најголемиот парк во Вашингтон за да го претставуваат бројот на деца убиени во престрелки на територијата на САД. Со овој споемн оддаваат почит кон жртвите кои се убиени во повеќе престрелки почнувајќи од масовното убивање во 2012 година во основното училиште „Сенди Хук“ во Њутаун, Конектикат. Споменикот го […]

НАСА: Сончева бура се движи кон Земјата


Американската вселенска агенција НАСА воочи т.н. сончева бура што се движи кон Земјата, по двете ерупции кои се забележани на Сонцето. Бурата е предвидено денеска да ја погоди Земјата, што може да предизвика проблеми во работата на сателитите и електроенергетските мрежи, пишува британскиот весник „Мирор“. Се очекува и појава на т.н. поларна светлина, која ќе […]

Ангела Меркел реизбрана на канцелар на Германија


Лидерката на Христијанско демократската унија (ЦДУ) Ангела Меркел е реизбрана за канцеларка на Германија. Долниот дом на германскиот Парламент денеска го потврди нејзиниот реизбор за четврти мандат. За изборот на 63-годишната Меркел гласаа 364 пратеници, 315 беа против, а деветмина се воздржаа од гласање. – Го прифаќам изборот, изјави Меркел по гласањето. Владината коалиција на […]

Стивен Хокинг беше еден од најголемите умови!


Мојата цел е едноставна, а подразбира целосно разбирање на универзумот, таков каков што е и зошто воопшто постои, истакнуваше англискиот и светски познат теориски физичар Стивен Хокинг, кој денеска почина на 77 години во својата куќа во Кембриџ. – Беше голем научник и исклучителен човек, чија работа и наследство ќе живеат многу години, се посочува […]

Граѓаните на Финска се најсреќни


Луѓето што живеат во Финска се најсреќни, покажа последната класификација што Обединетите нации ја прават секоја година на оваа тема. Норвешка и Данска се на второ и трето место во петтиот годишен Извештај на ОН за среќата во светот. Скандинавските земји традиционално ги заземаат првите места во оваа класификација, која се подготвува по повод Меѓународниот […]

Трамп шутна уште еден близок соработник


Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека Мајк Помпео, сегашниот директор на ЦИА, ќе биде новиот државен секретар, заменувајќи го Рекс Тилерсон кој го завршува својот краток, но бурен мандат како главен дипломат на нацијата. Тилерсон постојано се наоѓаше во судир со претседателот за најразлични прашања од надворешната политика. Висок функционер од администрацијата изјави дека […]

Почина Стивен Хокинг, еден од најголемите умови на денешнината


Најпознатиот физичар на светот, професорот Стивен Хокинг почина на 77-годишна возраст во својот дом во Кембриџ, Велика Британија. Неговото семејство соопшти дека Хокинг починал мирно, рано утрово, со неговото семејство до него. Британскиот научник стекна светска слава поради својата работа на теоријата за црните дупки и откритието дека тие емитуваат т.н. „Хокингова радијација“. Хокинг беше […]