„Заштитникот на белата раса“ избран за нов гувернер на Ломбардија


Кандидатот на десничарската и антиимигрантска партија Лига, Атилио Фонтана е избран за нов гувернер на италијанскиот регион Ломбардија. На вчерашните регионални избори во Ломбардија, кои се одржаа заедно со парламентарните избори на национално ниво, Фонтана освои 54 проценти од гласовите. Фонтана стана позната во пошироката италијанска јавност со неговата изјава од јануари годинава дека ќе […]

Трамп нема да изземе ниту една земја од строгите цени за увоз на челик


Претседателот на САД, Доналд Трамп не планира да изземе која било земја од строгите цени кои ги воведува за увоз на челик и алуминиум, изјави денеска советникот за трговија на Белата куќа, Питер Наваро. Трамп минатиот четврток донесе одлука за воведување такси од 25, односно 10 отсто, за увоз на челик и алуминиум, што предизвика […]

Штајнмајер и официјално ја предложи Меркел за германски канцелар


Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер денеска официјално предложи лидерката на Христијанско демократската унија (ЦДУ), Ангела Меркел да биде избрана за канцеларка на Германија. – Мислам дека е добро за нашата земја што конечно заврши овој период на неизвесност, изјави Штајнмајер по номинацијата на Меркел. Германската канцеларка од своја страна најави брзо формирање на новата коалициска влада […]

Изградба на километар автопат во Албанија чини 12,2 милиони евра


Албанија е рангирана на второ место во Европа по трошоците за изградба на клометар автопат, јави дописникот на МИА. Според анализата на „Ворлд Хајвеј“ за цената на чинење на изградбата на автопати, прозлегува дека Австрија троши најмногу, односно 12,8 милиони евра по километар изграден пат, додека Албанија е на второ место со 12,2 милиони евра […]

Камалванди: Иран за два дена може да произведе ураниум со поголем степен на чистота


Портпаролот на Иранската организација за атомска енергија Бехроуз Камалванди денеска изјави дека ако САД го прекршат Договорот од 2015 година Техеран за два дена може да произведе ураниум со поголем степен на чистота. – Ако Америка се повлече од Договорот… Иран би можел да продолжи да произведува ураниум со 20 проценти чистота за помалку од […]

Растот на грчката економија понизок од очекуваното


Грчката економија постигна раст во 2017 година по речиси една деценија пад, иако стапката на раст е пониска од очекуваната. Националната статистичка служба Елстат соопшти дека растот на годишна основа изнесува 1,4 проценти, пониско од очекувањата на Министерството за финансии за раст од 1,6 проценти. – Перспективата за оваа година е добра, се очекува раст […]

Косовците за шест години платиле над 25 милиони евра за шенген визи


Во периодот од 2010 до 2016 година граѓаните на Косово платиле над 25 милиони евра за добивање на виза во шенген зоната, покажуваат статистичките податоци на Европска комисија и на Евростат. Во тој период поднесени се над 507.000 барања за виза, од кои 97.000 биле одбиени. Цената на визите зависи од конкретната Амбасада, но најевтината […]

„Катимерини“: Постигнат е договор за името, опсегот на употреба и акронимите


Во три поглавја, за името, опсегот на употреба и акронимите, според грчки „Катимерини“, постигнат е договор меѓу Скопје и Атина. Весникот коментира дека преговорите се претвораат во нерешлива загатка и покрај почетниот зголемен оптимизам од Атина, јавува дописникот на МИА од Атина. Грчката влада, како што пишува „Катимерини“, сега се соочува и со опозициската Нова […]

Ди Мајо побара да раководи со италијанската влада


Лидерот на Движењето Пет ѕвезди на Луиџи Ди Мајо изјави дека поради одличните резултати на вчерашните парламентарни избори треба да им биде доверено раководењето со владата. – Ние сме политичка сила која ја претставува цела нација. Ја претставуваме цела чизма (Италија) од Вал’Даосте до Сицилија, посочи 31-годишниот Ди Мајо. Тој додаде дека успехот на другите […]

Ренци поднесува оставка на претседателската функција во партијата


Матео Ренци, лидер на италијанската Демократска партија која претрпе пораз на изборите, одлучи да поднесе оставка на местото шеф на партијата, јави АФП. Агенцијата се повикува на партиски извори, додека портпролот на Ренци вели дека не знае ништо за тоа. Италијански медиуми јавуваат дека Ренци ќе ја озваничи одлката во 17 часот. Според прелиминарните резултати […]

Меркел: Новата влада мора брзо да дејствува


Германската канцеларка Ангела Меркел ја поздрави денеска одлуката на членовите на Социјалдемократската партија на Германија да стапат во коалиција со нејзината Христијанско-демократска унија (ЦДУ) и нагласи дека новата влада мора брзо да дејствува, посебно во сферата на политиката на меѓународната трговија. – Она што го гледаме и слушаме секојдневно е дека Европа мора да дејствува […]

САД предупредува на можни терористички напади во Анкара


Амбасадата на САД во Анкара денеска ќе биде затворенa поради безбедносни причини, соопшти американската дипломатска мисија. Амбасадата ќе работи само за итни случаи, додека интервјуата за извадање визи и други рутински услуги се откажани. Амбасадата дополнително ќе објави кога повторно ќе почне со работа. Во меѓувреме, локалните власти на Анкара соопштија дека во целиот град […]

Трамп посакува доживотна претседателска функција и во САД


Претседателот САД, Доналд Трамп, смета дека е одлично што кинескиот претседател ќе остане на претседателската позиција доживотно и верува дека еден ден и Соединетите Американски Држави ќе го направат истото. Забелешките на Трамп беа дочекани со смеа и аплауз на формалниот ручек за републиканските донатори во саботата на неговиот имот во јужна Флорида. Си-ен-ен вели […]

Италијанците излегоа на избори со гнев: Во подем десничарите, популистите и Берлускони


Италијанците вчера гласаа на избори кои би можеле да доведат до политички метеж по кампањата одбележана со гнев поради слабата економија, високата стапка на невработеност и имиграција. Анкетите предвидуваа дека поранешниот премиер Силвио Берлускони и неговите екстремно десничарски сојузници ќе се појават како најголем блок во парламентот, но ќе немаат мнозинство. Движењето „Пет ѕвезди“ се […]

Приведен водител кој навредувал полицајци


Египетскиот водител на ток-шоу Каири Рамадан уапсен е под обвинение дека ја навредувал полицијата и ширел лажни вести во неговата емисија. Египетските обвинители наредиле 24-часовен притвор за Рамадан, а ќе биде покрената и истрага за фактите што ги изнел во својата емисија. Според локалните медиуми, Рамадан објавил изјава на полицајка, која се жалела на малата […]

Поради недостиг на астронаути, Кина ќе праќа цивили во вселената


Поради плановите за зголемување на вселенските мисии со екипаж, Кина ќе почне да регрутира цивилни астронаути за својата вселенска програма. Кинеската вселенска програма е поддржана од армијата и поради тоа на Кина и е забранет пристап на Меѓународната вселенска станица. Кинеските астронаути, кои ќе ја поминат селекцијата, ќе помагаат во изградба на кинеска независна вселенска […]

Италијанците денеска гласаат за нов премиер


Во Италија денеска се одржуваат парламентарни избори, кои би можеле да ги вратат познатите политички имиња, како Силвио Берлускони или Матео Ренци или пак да донесат нова неизвесност. Берлускони (81) се врати во политиката и ја предводи својата партија на десниот центар Напред Италија. Тој е во коалиција со лидерот на десничарската и евроскептична Лига […]

Меркел доби зелено светло да формира влада


Членовите на Социјалдемократската партија на Германија (СПД) гласаа за формирање на коалиција со конзервативците на германската канцеларка Ангела Меркел. Членовите на СПД неколку денови по пошта гласа „за“ и „против“ коалиција со конзервативците на Меркел. Околу 460.000 членови на СПД гласаа, а 66 проценти од нив одобрија нова коалициска влада на Германија. Лидерот на СПД, […]

Неизвесно дали Меркел ќе формира влада


Социјалдемократската партија (СПД) синоќа почна со пребројување на гласовите од членови, кои се изјаснуваа дали се „за“ предложената коалициска влада со конзервативците на германската канцеларка Ангела Меркел. Од резултатите од гласањето зависи дали Меркел ќе формира нова влада. Гласовите цела ноќ се пребројуваа во седиштето на СПД во Берлин, а резултатите ќе бидат соопштени утрово. […]

Обид за самоубиство пред Белата куќа


Неидентификуван маж денеска се обидел да се самоубие пред Белата куќа, соопшти американската Тајна служба. Според американските медиуми на местото на инцидентот се наоѓа лекарска екипа. Американскиот претседател се наоѓа во Флорида и треба да се врати во текот на денот. Претходно, американските медиуми јавија дека најмалку еден куршум е истрелан во близина на северната […]