Каменос: Ратификацијата на Договорот со 180 пратеници, референдум или избори


Грчкиот народ треба да одлучи за Договорот од Преспа, преку избори или референдум, во случај да не се ратификува со 180 пратеници во Парламентот, порача Панос Каменос, министер за одбрана на Грција, лидер на Независни Грци и коалициски партнер во грчката Влада. Како што јави дописничката на МИА од Атина, на вонредната прес-конференцијата во Министерството […]

Хан: Косово не е „се и сешто“ за напредокот на Србија кон ЕУ


Европскиот комесар за проширување и соседска политика Јоханес Хан денеска во Белград изјави дека е познато оти Косово е „отворено прашање“, но тоа не е „се и сешто“ за напредокот на Србија на европскиот пат. – Има уште многу други прашања, нагласи Хан на заедничка прес-конференција со српскиот претседател Александар Вучиќ. Вучиќ од своја страна […]

Србија се подготвува за голема бура


Продолжува серијата летни бури што го зафатија Балканот – српскиот Хидрометеролошки завод за денеска прогласи тревога во најголемиот дел од земјата, освен во Војводина. Под портокалова трегова се регионот на главниот град Белград, потоа Срем, Шумадија и долината на реката Морава, додека југот на Србија е под жолта тревога. Метеролозите предупредуваат на опасност од интензивни […]

Скот: Можно е годинава да биде постигнат компромисот помеѓу Белград и Приштина


Американскиот амбасадор во Србија, Кајл Скoт денеска изјави дека дијалогот Белград – Приштина треба да влезе во поинтензивна фаза и изрази надеж дека компромисот ќе биде постигнат „можеби дури и годинава“. Тој за Радио-телевизија Србија (РТС) нагласи дека е јасно дека ниту Белград ниту Приштина нема да добијат се што сакаат, туку дека е важно […]

Инциденти на вчерашните протести во Солун и Атина, денеска нов собир


Со судири меѓу полицијата и демонстрантите завршија вчерашните протести во Солун и Атина против Договорот од Преспа. Во грчката престолнина беа уапсени три лица, а едно беше повредено. За денеска пак, во Солун е закажан нов собир. Како што јави дописничката на МИА од Атина, за време на протестот пред грчкиот Парламент се случија инциденти, […]

Хан утре во посета на Белград


Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан утре ќе престојува во еднодневна посета на Белград, соопшти српската Влада. Како што јави дописникот на МИА од Белград, тој ќе оствари средби со претседателот Александар Вучиќ, премиерката Ана Брнабиќ и министерката за евроинтеграции Јадранка Јоксимовиќ. Медиумите објавуваат дека Хан во Белград ќе потпише договор за финансиска помош во рамки […]

Австрија од денеска го презема претседавањето со ЕУ


Австрија од денеска го презеде претседавањето со ЕУ, а прашањето за миграцијата е врвен приоритет на администрацијата на канцеларот Себастијан Курц. Мотото на австриското претседателство е „Европа која ги штити”. Ова е третпат Виена да е на раководната позиција на ЕУ. Освен миграцијата, на листата на приоритети се и преговори за Буџетот на ЕУ и […]

Владата во Бугарија го „преживеа“ и второто гласање за недоверба


Владејачката коалиција во Бугарија, државата која месецов го завршува претседавањето со ЕУ, „преживеа“ денеска гласање за недоверба, кое го побара опозицијата, обвинувајќи ја владата на премиерот Бојко Борисов за неуспешна борба против нараснатиот криминал и неможноста да гарантира владеење на правото. Во бугарскиот парламент, од вкупно 240 пратеници, 131 пратеник ја поддржаа владата, 104 беа […]

Просечната нето плата во Хрватска зголемена на 843 евра


Просечната исплатена нето плата во Хрватска за април оваа година изнесуваше 6.220 куни (843 евра), што на месечно ниво е намалена за 1,2 отсто, додека на годишно ниво е зголемена за 3,8 отсто, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика (ДЗС). Највисока просечна месечна нето плата по вработено лице во април е исплатена во финансиските […]

Австрија не ги прима мигрантите од Германија


Министерот за внатрешни работи на Австрија Херберт Кикл порача дека Австрија нема да прима мигранти, вратени од границата на Германија. „Ако Германија верува дека, спротивно на меѓународното право, лицата едноставно можат да бидат вратени во Австрија, тогаш ние на Германците ќе им објасниме дека тие луѓе не ги преземаме“, нагласи тој во интервју за телевизијата […]

ЕУ ќе финансира центри за мигрантите во Африка


Лидерите на Европската унија на самитот во Брисел в четврток ќе се фокусираат на миграцијата, безбедноста и одбраната, како и на економските и финансиските прашања. Како што објавија на интернет страницата на Европскиот совет, лидерите се очекува да разговараат за внатрешната и надворешната димензија на миграциската политика, вклучувајќи ја и реформата на Заедничкиот европски систем […]

Продолжува техничкиот дијалог Белград – Приштина


Главните преговарачи на Белград и Приштина, Марко Ѓуриќ и Авни Арифи денеска во Брисел ќе имаат уште една рунда разговори со посредство на директорката за Западен Балкан во Европската служба за надворешни работи Ангелине Ајнхорст. Техничкиот дијалог Белград – Приштина се одржува по три месеци пауза. Арифи изјави дека дијалогот со Белград е во критична […]

Постигнат договор за грчкиот долг


Министрите за финансии на евро зоната се договорија за условите за излегување на Грција од третата спасувачка програма. – Имаме договор со Грција, изјави синоќа неименуван европски претставник по шестчасовната средба во Луксембург на министрите за финансии од евро зоната. Согласно договорот европските кредитори ќе и доделат на Грција 15 милиони евра од последната транша […]

Убиена позната турска пејачка во Бодрум


Познатата турска пејачка Хаџер Тулу (40) е убиена во ноќен клуб во Бодрум, откако четворица напаѓачи отвориле оган кон локалот. Како што јавуваат тамошните медиуми, Тулу е со балкански корени, поточно нејзините родители мигрирале во Турција од Босна и Херцеговина. Тулу е една од најпознатите турски пејачки, која на Јутјуб каналот има преку четири милиони […]

Остри критики од ЕУ за зголемувањето на платите на Харадинај и министрите


Шефицата на канцеларијата на Европската унија во Приштина, Наталија Апостолова, упати остри критики на одлуката за зголемување на платите на премиерот и другите членови на Владата, која беше поддржана и од Уставниот суд, кој утврди дека не биле прекршени законите, јави дописникот на МИА од Приштина. Ваквата одлука, со која премиерот Рамуш Харадинај ги зголеми […]

Поддршка од владејачкото мнозинство за договорот со Грција


Пратениците од вадејачкото мнозинство кои досега говореа на собраниската седница дадоа поддршка за ратификацијата на договорот со Грција бидејќи, според нив, со договорот ќе се обезбеди прогрес на Македонија на патот кон ЕУ и НАТО. Пратеникот од СДСМ Костадин Костадинов рече дека договорот е историски и е значаен за иднина и прогресот на државата на […]

Тачи: Време е да постигнеме историски договор со Србија


Косовскиот претседател Хашим Тачи, во пресрет на средбата со неговиот српски колега Александар Вучиќ, што ќе се одржи в недела во Брисел, изјави дека таа е мошне значајна, бидејќи претставува финална фаза пред постигнувањето договор меѓу Косово и Србија за помирување на двата народи. Тачи на прес-конференција во Приштина изјави дека за нормализација на односите […]

ЕУ мигрантите ќе ги сместува надвор од своите граници


Лидерите на ЕУ разгледуваат планови за испраќање на мигрантите пресретанати во Средоземното Море во мигранстки центри надвор од територијата на Унијата, што укажува на промена на европскиот пристап кон прашањето за миграцијата, оценува лондонски „Фајненшал Тајмс“. Според весникот, овие центри би биле користени за раздвојување на економските мигранти од лицата на кои им е потребна […]

За пет години 157.000 албански државјани побарале азил во ЕУ


Во период од 2013 до 2017 година околу 157.000 државјани на Албанија побарале азил во некоја од земјите членки на Европската унија. Најголем број баратели на азил од Албанија се евидентирани во 2015 година и тоа 69.000, за веќе следната година тој број да се намали на 33.000. – Со 26.060 барања за азил во […]

Нова демократија достави барање за гласање недоверба на грчката влада


Одлуката, како што и се најавуваше, за гласање недоверба на грчката влада, од собраниската говорница ја соопшти Кирјакос Мицотакис за време на расправата за новиот нацрт закон што се однесува на среднорочната рамка за финансиската стратегија за периодот 2019-2022. Лидерот на Нова демократија рече дека тоа е негова обврска кон грчкиот народ и го предизвика […]