Оставката на Коѕијас главна тема во Грција


Обвинувањата од Панос Каменос до Никос Коѕијас за лошо водење на тајните фондови, се чини, било тоа што ја прелеала чашата и го натера, сега веќе поранешниот, министер за надворешни работи на Грција да си поднесе оставка. Грчките медиуми, детално ги анализираат причините за повлекувањето на Коѕијас, а несогласувањата на завчерашната владина седница, како за […]

Истражители го завршија претресот на резиденцијата на саудискиот конзул во Истанбул


Во рамки на истрагата за исчезнувањето на новинарот Џамал ​​Кашоги, турските истражители го завршија претресот на резиденцијата на саудискиот генерален конзул во Истанбул, јави Анадолија. Турските експерти од заедничката работна група за истрага на случајот „Кашоги“ рано утрово ја напуштија резиденцијата на саудискиот конзул. Во текот на синоќешната истрага, истражителите извршија детален преглед на објектот […]

Керч: Бројот на убиени порасна на 20, од кои 11 се малолетни


Бројот на жртвите во вчерашниот напад во колеџ во Керч на Крим, се зголеми на 20, соопшти министерката за здравство на Русија, Вероника Скворцова. – Загинаа 20 лица, меѓу кои 15 студенти и пет вработени на факултетот. Од 15 настрадани студенти, 11 се малолетни, изјави таа. Министерката наведе дека се хоспитализирани 44 луѓе со „различен […]

Лидерите на ЕУ проценија дека нема доволен напредок за Брегзит за да се свика вонреден самит


Белгија– Лидерите на ЕУ сметаат дека нема доволно напредок во преговорите за Брегзит, за да се свика вонреден самит во ноември, изјавија официјални претставници на ЕУ. -Лидерите на 27-те членки (држави челенки на ЕУ без Велика Британија) забележаа дека и покрај интензивните преговори не е постигнат доволен напредок, изјави извор, кој присуствувал на  работната вечер на […]

Трамп до Турција: Дајте ги снимките за Кашоги ако постојат


САД – Aмериканскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД побарале  од Турција аудио и видео снимки во врска со исчезнувањето на саудискиот новинар Џамал Кашоги, „ако воопшто постојат“. Истовремено Трамп ја нарече Саудиска Арабија важен сојузник истакнувајќи дека таа држава е голем купувач на американскиот воен извоз. -Да, побаравме снимки… доколку постојат, рече Трамп пред новинарите […]

Осомничен за убиството на Кашоги студирал медицина во Австралија


Австралија- Доктор осомничен дека бил дел од наводниот саудиски тим кој е виновен за убиството на новинарот Џамал Кашоги, студирал во Австралија, објави телевизијата Еј-Би-Си. Турските власти утврдија дека докторот Салах ал-Тубаигу бил меѓу 15-те мажи во саудискиот конзулат во Истанбул на 2 октомври, кога саудискиот дописник на „Вашингтон пост“ наводно е убиен, а неговото тело […]

Трамп: Спречив војна помеѓу САД и Северна Кореја


Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за мрежата Си-Би-Ес изјави дека спречил војна помеѓу САД и Северна Кореја, како и дека Кина е поголема закана за САД отколку Русија. Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, Трамп ова го изјави гостувајќи во шоуто „60 минути“ на телевизијата Си-Би-Ес, која е една од најгледаните контактни емисии во […]

Осомничениот за убиството на новинарката Маринова екстрадиран во Бугарија


Осомничениот за убиството на новинарката Викторија Маринова од бугарскиот град Русе, Северин Красимиров денеска беше екстрадиран од Германија во Бугарија. Како што јави БТА, Красимиров со редовен лет од Германија пристигна на аеродромот во Софија, каде го пречека тим на затворската стража, која ќе го префрли во градот Русе. Се очекува по пристигнувањето во Русе, Красимиров да […]

Меј: Се уште е можен договор за Брегзит


Британската премиерка Тереза Меј изрази уверување дека договорот за Брегзит е остварлив, и покрај ќор-сокакот околу северноирската граница. -Верувам дека сите што се на масата сакаат да се постигне договор и со интензивно работење можеме да го постигнеме тој договор. Верувам дека договорот е можен и сега е време да се случи тоа, рече Меј […]

Коѕијас на Твитер: Сакаа да ме закопаат, заборавија дека сум семе


Никос Коѕијас, кој денеска си поднес еоставка од функцијата министер за надворешни работи на Грција, се огласи и на социјалната мрежа „Твитер“. „Доаѓа моментот, како што вели поетот, кога мораш да одлучиш каде ќе одиш и кого ќе напуштиш. Работната група и повеќе министри ги донесоа своите одлуки вчера, а јас ја донесов својата. Како […]

Саудискиот конзул во Истанбул разрешен


Генералниот конзул на Саудиска Арабија во Истанбул, Мохамад ал Отајби е разрешен и против него ќе биде покрената истрага, објавија саудиските медиуми. Ал Отајби е разрешен и ќе биде под истрага поради исчезнувањето на новинарот Џамал Кашоги, кој последен пат на 2 октомври е виден како влегува во Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул и […]

(ВИДЕО) Бомба на Техничкиот факултет во Керч на Крим, десетина загинати


Експлозијата на Техничкиот факултет во Керч на Крим е предизвикана од рачно изработена експлозивна направа, изјави првиот заменик на шефот на Националната гарда на Русија, Сергеј Меликов. Тој нагласи дека се работи за терористички напад. – Причина за експлозијата е рачно направена експлозивна направа, изјави Меликов. Деканката на факултетот, Олга Гребењикова изјави дека непознат напаѓач […]

Неформална средба Коѕијас – Павлопулос


За прашањата и последните случувања во надворешната политика вчера во премиерската палата разговарале шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас и шефот на државата Прокопис Павлопулос. Тие имале средба која имала неофицијален и неформален карактер, според информациите на дописничката на МИА од Атина. Според истите информации, шефот на грчката дипломатија често го информира грчкиот претседател за […]

Грчки медиуми: Коѕијас се заканил со оставка на вчерашната седница на грчката Влада


Поради тоа што не добил доволна поддршка од грчкиот премиер во кавгата со Каменос за време на вчерашната владина седница, шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас се заканил дека ќе си поднесе оставка. Ова, повикувајќи се на свои информации, го објавија дел од грчките медиуми. Несогласувањата меѓу двајцата министри Каменос и Коѕијас, како што вчера […]

Турската православна црква ја тужи Цариградската патријаршија


Турската православна црква ја тужи Цариградската патријаршија и патријархот Вартоломеј заради одлуката да и даде автокефалност на Црквата во Украина, изјави портпаролката на патријаршијата на Турската православна црква Севги Еренерол. – Поднесовме тужба во која укажавме на тоа дека ова е политички случај, кој не е поврзан со верата. Вартоломеј нема надлежност да испрати свои […]

Опаѓа бројот на браковите во Албанија


Податоците објавени од Државниот институт за статистика на Албанија,ИНСТАТ потврдуваат дека во земјата опаѓа бројот на браковите евидентирани во матичната книга на венчани. – Албанските граѓани се поретко се одлучуваат на брак,што се гледа и од податоците објавени од ИНСТАТ. Тоа се гледа од објавените податоци за 2017 година при што најголем пад на бројот […]

Половина од светската популација живее со помалку од 5,50 долари дневно


И покрај напредокот во намалување на екстремната сиромаштија, речиси половина од светската популација живее со помалку од 5,50 долари дневно. Тенденцијата на пораст на сиромашните продолжува во богатите светски економии, објави Светската банка. Во својот полугодишен извештај, Банката објави широка анализа за сиромаштијата, со цел да покаже заостанување на некои држави, иако делот од нив, […]

(ВИДЕО) Десетмина мртви при експлозија на гас во училиште на Крим


Десет лица загинаа, а 40 беа повредени при експлозија на гас во пристанишниот град на Кримскиот Полуостров, Керч, објави РТ. Моќна експлозија го потресе Политехничкото училиште во Керч, во источниот дел на Крим. Експлозијата одекна во попладневните часови по локално време. Порталот РТ објави дека најмалку 10 се загинати, а 40 се повредени.

Британската Влада не сака продолжување на преодниот период по Брегзит


Британската влада не сака продолжување на преодниот период по Брегзит, јави Би-Би-Си. Европската унија соопшти дека е подготвена да понуди едногодишно продолжување, ако тоа помогне за склучување договор за трговските односи меѓу ЕУ и Велика Британија откако таа ќе ја напушти Унијата. Политичката аналитичарка на Би-Би-Си Лора Кинсберг напиша на Твитер дека Владата на Тереза […]

(ВИДЕО) Болничари тепаат пациенти во психијатриска болница во Русија, јавноста бара одговорност


Директорот на една руска психијатриска болница си поднесе оставка од функцијата откако во јавноста се појави вознемирувачка видеоснимка. На снимката што беше објавена на социјалните медиуми, која е направена во болница чие име не се соопштува, може да се види како медицинскиот персонал физички ги малтретира пациентите. Јавноста по излегувањето на видеоснимката побара персоналот што […]