„Чин на чисто зло“: Австралискиот премиер го осуди терористичкиот напад на плажата Бонди


Австралискиот премиер Ентони Албанезе денеска го осуди терористичкиот напад на плажата Бонди како „чин на чисто зло“, бидејќи полицијата потврди дека најмалку 16 лица, вклучувајќи го и еден од напаѓачите, загинаа во вчерашниот напад, пренесе ДПА. Две вооружени лица отворија оган врз семејства на плажата во Сиднеј на првиот ден од еврејскиот фестивал Ханука. Во […]

Последна овогодишна сесија на Европарламентот


Декемврискиот Самит на ЕУ предвиден за 18 и 19 декември, постепено укинување на увозот на руски природен гас и плановите за зајакнување на европската одбрана ќе бидат главни теми на овонеделното заседание на Европскиот парламент во Стразбур. Во рамките на оваа последна сесија на ЕП оваа година ќе биде доделена и наградата за слобода на […]

Украина, односите ЕУ-Кина и Блискиот Исток главни теми на денешниот Совет за надворешни работи


Најновиот развој на настаните поврзани со руската воена агресија врз Украина, односите меѓу ЕУ и Кина и ситуацијата на Блискиот Исток, ќе бидат главни теми на заседанието на Совет за надворешни работи на ЕУ, со кое ќе претседава високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас. Состанокот на шефовите на дипломатиите […]

Русија ја зафати снежна бура, предизвикани големи материјални штети


Невообичаени сцени се одвиваа во регионот Саратов во Русија, каде што спасувачките служби евакуираа 148 лица, меѓу кои и 34 деца, од блокиран автопат. Силна снежна бура и ветрови со брзина до 27 метри во секунда создадоа целосен хаос на патиштата, објавува РИА Новости. Хаос на патиштата Регионалниот гувернер Роман Бусаргин потврди на својот Телеграм […]

Напад во Сиднеј: Меѓу жртвите има 12-годишно дете и преживеан од Холокаустот


Најмалку 11 лица се убиени во терористички напад на прославата на Ханука на плажата Бонди во Сиднеј. Меѓу жртвите се 12-годишно девојче, рабин и преживеан од Холокаустот. Дванаесетгодишно девојче е меѓу жртвите на ужасниот напад што се случи денес за време на прославата на Ханука на плажата Бонди во Сиднеј, потврди шефот на австралиската еврејска […]

Кралот Чарлс го осуди антисемитскиот напад на плажата Бонди


Британскиот крал Чарлс III го осуди она што го нарече „најстрашниот антисемитски терористички напад врз еврејскиот народ“ што се случи на плажата Бонди, крај Сиднеј. Во официјална изјава, тој рече дека тој и кралицата Камила се „ужасни и тажни“ од трагичниот настан. „Нашите срца се со сите што беа толку ужасно погодени, вклучувајќи ги и […]

Универзитетот Браун ја откажа наставата до крај на семестарот


Универзитетот Браун ги откажа сите преостанати академски активности, вклучувајќи предавања, испити и проекти, за есенскиот семестар 2025 година. Одлуката ја објави денес проректор Франсис Џ. Дојл, наведувајќи длабока загриженост за студентите, факултетот и персоналот по неодамнешните настани. „Непосредно по овие катастрофални настани, признаваме дека учењето и оценувањето се значително погодени на краток рок и дека […]

Уапсен потенцијалниот вооружен напаѓач на универзитетот “Браун“, пронајдени се чаури


Полицијата на Провиденс приведе „лице од интерес“ во врска со пукањето на Универзитетот Браун, во кое загинаа двајца студенти, а девет други беа повредени, од кои седум критично, во градот Род Ајленд. Портпаролката на јавната безбедност на Провиденс, Кристи ДосРејс, изјави за Ројтерс дека „лице од интерес“ е приведено по пукањето на универзитетот во градот. […]

Високи функционери на ЕУ го осудија терористичкиот чин против еврејската заедница во Австралија


Брисел – Високи претставници на Европската Унија денеска ја изразија својата огорченост поради смртоносниот напад на плажата Бонди во Сиднеј, насочен кон еврејски настан на првата ноќ од Ханука. Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, на социјалните мрежи изјави дека е „шокирана“ од нападот. „Европа стои со Австралија и еврејските заедници насекаде“, напиша […]

Десетици илјади луѓе протестираа во Будимпешта поради скандал со злоупотреба на деца


Будимпешта – Десетици илјади луѓе синоќа излегоа на улиците на Будимпешта како одговор на новите информации за долгогодишниот скандал за злоупотреба на деца во државните институции, јави ДПА. Антивладиниот протест беше организиран од Партијата Тиса на унгарскиот опозициски лидер Петер Маѓар. Опозиционерот вчера објави владин извештај за повеќе од 3.000 случаи на злоупотреба во државните […]

Зеленски: Се откажуваме од членството во НАТО


Берлин – Украина се откажува од својата амбиција да се приклучи на НАТО во замена за западни безбедносни гаранции како компромис за прекин на војната со Русија, изјави претседателот Володимир Зеленски пред разговорите со американските претставници во Берлин. Овој потег претставува голема промена за Украина, која се бореше да се приклучи на НАТО како одбрана […]

Терористичкиот напад на плажата во Сиднеј ја фрли Австралија во шок


  Двајца вооружени лица убија најмалку 11 лица во неделата на еврејски настан што се одржуваше на плажата Бонди во Сиднеј, соопштија австралиските власти, прогласувајќи го за терористички напад. Еден вооружен човек беше смртно застрелан од полицијата, а вториот беше уапсен. Тоа ја фрли Австралија во шок не само поради бруталноста на настанот, туку и […]

Луѓето на Трамп пристигнаа во Берлин на разговори за Украина


  Берлин – Специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, и Џаред Кушнер, зет на претседателот Доналд Трамп, пристигнаа во Берлин за да ја предводат американската делегација за разговори за прекин на огнот во Украина. Се очекува разговорите да бидат меѓу американската делегација, украинските претставници и претставниците на големите европски сили. Детали за времето не беа […]

Трамп призна: Тешко ќе биде Републиканците да ја задржат контролата врз Конгресот


Вашингтон – Претседателот на САД Доналд Трамп, призна дека ќе биде тешко за Републиканската партија да ја задржи контролата врз двата дома на Конгресот по меѓуизборите закажани за есента 2026 година. – Ќе видиме како ќе оди. Треба да победиме, но статистички ќе биде многу тешко да се победи. Ќе се обидеме да направиме сѐ што […]

Земјотрес со јачина од 4,9 степени ја погоди Јапонија


Земјотрес со јачина од 4,9 степени ја погоди Јапонија денес, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на земјотресот е пријавен како крајбрежен, источно од островот Хоншу, на длабочина од 10 километри и на 194 километри од градот Хачинохе. Нема веднаш извештаи за повредени или штети. Не е издадено предупредување за цунами.

Најновиот скандал на Орбан може да биде последната капка за Унгарците


Заедно со бројните обвинувања за злоупотреба на моќ, владата на унгарскиот премиер Виктор Орбан е потресена и од скандал поврзан со систематска злоупотреба на деца во државни домови. Дополнителен проблем, истакнуваат критичарите, е тоа што надлежните институции со години се обидуваат да го прикријат обемот на проблемот, објавува ДВ. Откако податоците за злоупотребата во државните […]

Пукање на познатата плажа во Сиднеј.12 мртви, 29 се повредени


  Сиднеј – Најмалку 12 луѓе, вклучувајќи и еден од напаѓачите, загинаа, а 29 се повредени во вооружен напад на познатата плажа Бонди во Сиднеј, соопшти полицијата. Две вооружени лица денеска отворија оган за време на преполн јавен собир по повод првиот ден Ханука. Полицијата соопшти дека еден осомничен бил смртно застрелан од полицајци, додека […]

Двајца убиени, девет повредени на Универзитетот „Браун“. Објавено видео од напаѓачот


Вашингтон – Полицијата и ФБИ трагаат по напаѓачот кој синоќа уби две лица, а повреди девет во Универзитетот „Браун“ во Провиденс, Род Ајленд. Градоначалникот на градот, Брет Смајли, информираше дека девет лица се повредени во нападот, од кои осум се во критична состојба, додека деветтиот е надвор од животна опасност. Заменик-шефот на полицијата во Провиденс, Тимоти […]

Напад со дрон во Судан: Шест мировници на ОН од Бангладеш загинаа во Кадугли


Њујорк – Логистичка база на Обединетите нации во Судан беше погодена во напад со дрон, при што загинаа шестмина мировници на Светската организација, соопшти генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. Нападот бил насочен кон логистичка база на ОН во градот Кадугли во централниот регион Кордофан. При нападот се ранети уште осум мировници, т.н. „сини шлемови“. […]

Салвини: Конфискацијата на руски имот е коцкање, Брисел да не си игра со оган


Заменик премиерот на Италија и лидер на партијата Лига, Матео Салвини, денеска оцени дека конфискацијата на руски имот е „ризичен и непромислен“ потег. – Конфискацијата на руски имот и пари е ризична, непромислена. Ние не сме во војна со Русија – ако тие конфискуваат овде, Русите ќе го сторат истото. Во Русија има 314 италијански […]