Во Јапонија повредени 42 лица при експлозија во ресторан


Повеќе од 40 лица се повредени при експлозија во ресторан во Сапоро, главен град на јапонскиот остров Хокаидо. Според полицијата, во инцидентот се повредени 42 лица, од кои повеќето се здобиле со повреди од среден степен, а едно лице се наоѓа во тешка состојба. Како што пренесуваат јапонските медиуми, по екслозијата се почувствувал силен мирис […]

Протести во Брисел против Договорот за миграција, полицијата употреби солзавец


Во Брисел денеска се одржаа протести против усвојувањето на глобалниот Договор на Обединетите нации (ОН) за мигрантите пришто полицијата употреби солзавец и водени топови за растерување на демонстрантите пред седиштето на Европската унија (ЕУ) . Локалните власти првично го забранија денешниот протест од страв дека може да ескалира и доведе до насилство, но Врховниот суд […]

Папа Франциск: Новиот Договор на ОН да се насочи кон солидарност со мигрантите


Папата Франциско изрази надеж дека новиот Глобален договор на Обединетите нации за миграцијата ќе се насочи кон солидарност со мигрантите. Пред верниците на плоштадот „Свети Петар“, Папата рече дека необврзувачкиот Договор служи како појдовна точка за меѓународната заедница, која, се надева, ќе реагира „одговорно, солидарно и со сочувство кон оние кои поради различни причини ги […]

Жолтите елеци ги блокираа кружните текови во Франција


Движењето „Жолти елеци“ и денеска протестира низ цела Франција, а демонстрантите ги блокираа кружните текови во земјата и покрај повикот на министерот за внатрешни работи Кристоф Кастане да се тргнат од таму. Според Министерството за внатрешни работи на Франција, на демонстрациите во текот на вчерашниот ден излегле 33.500 лица. Шеесет и девет илјади припадници на […]

(ВИДЕО) Ерупција на вулкан во средишниот дел од Индонезија


На островот Сулавези во Индонезија, денеска е регистрирана ерупција на вулкан што исфрла пепел до 7.500 метри висина. Вулканот Сопутан што се наоѓа во северниот дел од островот, двапати утрото исфрли пепел, соопшти портпарол на националната Агенција за спречување катастрофи. Според него, во очекување е излевање лава и пепел низ падините на вулканот и повика […]

(ВИДЕО) Хаос на автопат: Летаа долари од блиндирано возило


Најмалку две сообраќајни несреќи се предизвикани поради желба на некои возачи да соберат пари кои излетале од блиндиран камион на автопатот кај местото Ист Ратерфорд, во американската сојузна држава Њу Џерси. Полицијата во Ист Ратерфорд соопшти дека од блиндираното возило излетале пари по западната лента на Рута 3, околу 8 часот и 30 минути, за […]

Во автобуска несреќа во близина на Цирих еден загинат и 44 повредени


Во сообраќајна несреќа на автопат во близина на Цирих, денеска загина еден човек и 44 се повредени. Тројца од повредените се во критична состојба. Автобусот сообраќал од Џенова кон Дизелдорф кога одеднаш возачот изгубил контрола и удрил во ѕид, наведуваат од полицијата. Меѓу повредените нема деца. Портпаролка на полицијата нагласи дека оператор на автобусот бил […]

Се урна хеликоптер за медицинска помош во Португалија, четворица загинати


Во планинска област близу Порто, втор најголем град во Португалија, ноќеска се урна хеликоптер при што се стравува дека загинале четири лица кои се превезувале. Португалската служба за итна помош објави дека операцијата за спасување е во тек, но дека хеликоптерот не е пронајден. Државната телевизија и дел од весниците јавија дека во несреќата загинале […]

Мексико најавува зголемување на производството на нафта за 45 отсто


Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопес Обрадор најави планови за спасување на националната нафтена индустрија со зголемено производство на државната компанија за 45 отсто пред 2025 година. Обрадор додаде дека целта на компанијата Петролеос мексиканос е да го зголеми производството до 2,4 милиони барели дневно наспроти сегашните 1,65 милиони барели дневно. – Ќе инвестираме каде што […]

„Жолти елеци ” – Мобилизацијата слабее, тензиите сè уште присутни


Според Министерството за внатрешни работи на Франција, попладнево на демонстрациите излегле околу 33.500 лица што е за, речиси, петпати повеќе во споредба со саботата сабота кога на улица излегоа околу 7.000 демонстранти. Тензии се присутни, но не и насилство какво имаше во минатиот викенд. Демонстрациите почна по пет дена мерките за зголемување на куповната моќ […]

Катар сака нов регионален сојуз во Заливот


Катар повика на формирање нов регионален сојуз што би го заменил Советот за соработка во Заливот кој не успеа да ја реши кризата меѓу Катар и неговите соседи. Катарскиот министер за надворешни работи шеик Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани рече дека бојкотот на Катар што го спроведуваат Саудиска Арабија и нејзините сојузници веќе 18 месеци […]

Жолтите елеци повторно се собираат во близина на Триумфалната порта


 Жолтите елеци и покрај повиците да не протестираат по атентатот во Стразбур и отстапките на претседателот Емануел Макрон, сепак, денеска одлучија да протестираат, јавува дописникот на МИА. Од раните утрински часови на Елисејските полиња, веднаш во непосредна близина на Триумфалната порта можат да се забележат луѓе со жолти елеци. Според полициски извори, веќе 25 лица […]

Мик Малвејни нов шеф на Кабинетот на Трамп


Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ќе го назначи Мик Малвејни за вршител на должноста шеф на неговиот Кабинет. Малвејни сега е раководител на Канцеларијата за менаџмент и буџет на Белата куќа. Тој е поранешен конгресмен – републиканец од Јужна Каролина. – Среќен сум што можам да соопштам дека Мик Малвејни, директор на Белата куќа […]

Австралија ќе го признае Западен Ерусалим за престолнина на Израел


 Австралија ќе го признае Западен Ерусалим како главен град на Израел, но нема да ја премести својата амбасада во земјата, додека израелско-палестинскиот конфликт не се реши по мирен пат, изјави австралискиот премиер Скот Морисон. Морисон посочи дека Австралија ќе го признае Источен Ерусалим како главен град на палестинската држава само кога ќе се најде мирно […]

Конте ја потврди смртта на новинарот Мегалици кој настрада во нападот во Стразбур


Премиерот на Италија, Џузепе Конте вечерва потврди дека младиот новинар Антониo Мегалици им подлегнал на повредите здобиени во нападот на божиќниот пазар во Стразбур. – Голема тага поради смртта на Антоно Мегалици, момчето кое имаше голема страст за новинарството, за радиото, за истражувањето и за европските институции, напиша Конте на Твитер. Радио Еурофоника исто така […]

(ВИДЕО) Јункер „ја протресе“ косата на жена пред влезот на ЕК


Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер денеска повторно беше во центар на вниманието на самитот на лидерите на земјите членки на Европската унија. Тој е снимен како гали по коса една жена на влезот во седиштето на Европската комисија во Брисел, што причинило жената да се засрами. Во тоа време шефовите на држави и […]

НАТО жали што Косово формира армија


Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изрази жалење поради одлуката на Собранието на Косово да ги усвои законите за создавање косовска војска. Во соопштение издадено по одлуката на косовското Собрание, Столтенберг го повтори ставот на Алијансата дека иако таа поддржува траснформација на Косовските безбедносни сили, сега е „погрешно време“ за такво нешто. Поради оваа […]

Пилотско селфи со Меланија


САД- Американската прва дама Меланија Трамп синоќа ја посети воздухопловната воена база во Хемптон, Вирџинија, каде се дружеше со пилотите и персоналот и децата. За таа прилика влезе во историјата како единствената прва дама која леташе во воениот авион Оспри. Таа подоцна напиша на Твитер за неверојатниот лет кој го имала како и дека времето […]

Трамп се мисли да си го постави зетот за шеф на кабинет


Американскиот претседател Доналд Трамп ја разгледува можноста да го именува својот зет, Џаред Кушнер, за нов шеф на кабинетот на Белата куќа, јави „Хафингтон Пост“. Повикувајќи се на свои извори, изданието наведува дека иницијатор на ова назначување е самиот Кушнер, сопруг на постарата ќерка на претседателот, Иванка Трамп, кој бил убеден дека „одговара за таа […]

Блумберг: Можно е НАТО и Русија да се судрат на Балканот


Во анализа по повод Акцискиот план за членство на БиХ во НАТО, американската агенција Блумберг предупредува дека следниот судир на НАТО со Русија би можел да се случи на Балканот, нагласувајќи дека Алијансата очекува да прими уште членки од Балканот, каде е „инволвирана во борбата за влијание со Русија“. Во тој контекст, Блумберг укажува дека […]