Зеленски и Трамп се договорија за зајакнување на воздушната одбрана на Украина


Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека се договорил со американскиот претседател Доналд Трамп да соработуваат за зајакнување на воздушната одбрана на Украина. .„Разговаравме за можностите за воздушна одбрана и се договоривме да работиме заедно за да ја зајакнеме заштитата на нашето небо”, напиша Зеленски на социјалните мрежи по телефонскиот разговор со Трамп. Тој додаде …

Зеленски и Трамп се договорија за зајакнување на воздушната одбрана на Украина Read More »

Уште еден руски директор паднал од прозорец. Тој беше втор човек на државната нафтена компанија


  Андреј Бадалов, потпретседател на „Транснефт“, руската државна компанија за транспорт на нафта, почина откако наводно паднал од прозорец во својот стан во луксузното московско предградие Рубљовка, објавија руските државни медиуми во петокот. „Транснефт“ потврди дека Бадалов починал на 62-годишна возраст, но не коментираше за околностите на неговата смрт, објави „Москва тајмс“. Компанијата соопшти дека …

Уште еден руски директор паднал од прозорец. Тој беше втор човек на државната нафтена компанија Read More »

Финска се повлекува од Меѓународната конвенција за забрана на противпешадиски мини


Претседателот на Финска, Александар Стуб денеска потпиша повлекување на Финска од Меѓународната конвенција од Отава за забрана на противпешадиски мини. – Финска се соочува со непосредна воена закана, но и промените во оперативното опкружување бараат од нас да ја зајакнеме нашата одбрана. Финска има 1.340 километри граница со Русија, а видовме како Русија води војна, …

Финска се повлекува од Меѓународната конвенција за забрана на противпешадиски мини Read More »

Голем прекин на струја во Прага и неколку поголеми градови во Чешка


Денеска дојде до прекин на електрична енергија во Прага и во северните и источните делови на Чешка. Целиот источен брег на реката Влтава остана без струја, а по еден ќас прекин метрото и неколку трамвајски линии повторно проработија, соопшти заменик-градоначалникот на Прага, Зденек Хржиб. Аеродромот „Вацлав Хавел“ функционира нормално, изјави неговата претставничка Дениса Хејтманкова. Во …

Голем прекин на струја во Прага и неколку поголеми градови во Чешка Read More »

Вашингтон во ерата Вотергејт беше помалку токсичен од сега


Вашингтон е град во криза. Физички, емоционално, психолошки и духовно. Како миризливиот воздух да е проткаен со невидлив отров, како тивко да се задушуваме со јаглерод моноксид. Емоцијата што е присутна насекаде околу нас – опиплива на улиците, во продавниците, рестораните, во деловните канцеларии, на масите за вечера – е страв. Луѓето преминаа од поздравување …

Вашингтон во ерата Вотергејт беше помалку токсичен од сега Read More »

Русија прва во светот го призна режимот на талибанците во Авганистан


  Русија официјално го призна Исламскиот Емират на Авганистан, државен ентитет контролиран од движењето Талибан. Ова е наведено во соопштението на руското Министерство за надворешни работи. Како што е наведено во одделот, заменик-министерот за надворешни работи Андреј Руденко ги прифатил копии од акредитивните писма од новиот авганистански амбасадор во Москва, Ѓул Хасан. Според рускиот амбасадор …

Русија прва во светот го призна режимот на талибанците во Авганистан Read More »

Русија ја зголемува употребата на хемиско оружје во Украина


 Русија ја зголемува употребата на хемиско оружје во Украина, според наодите од Германската федерална разузнавачка служба (БНД) и две холандски разузнавачки агенции, јави ДПА. -Употребата на солзавец и хлоропикрин од страна на руските трупи сега стана стандардна практика и е широко распространета, соопшти БНД заедно со Холандската воена разузнавачка и безбедносна служба (МИВД) и Холандската …

Русија ја зголемува употребата на хемиско оружје во Украина Read More »

Прв Самит ЕУ-Молдавија


Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска престојуваат во Кишињев каде учествуваат на првиот Самит ЕУ-Молдавија, кој, според очекувањата на молдавските власти, треба да ги подигне меѓусебните односи на сосема ново ниво и „да ја признае стратешката важност“ на земјата за Унијата.  Главни теми на Самитот …

Прв Самит ЕУ-Молдавија Read More »

Огромна експлозија на бензинска пумпа во Рим, неколку повредени (видео)


Неколку лица се повредени, вклучувајќи тројца со сериозни изгореници, по експлозија на бензинска пумпа во источен Рим, според извештаите на локалните медиуми. Огромната експлозија се случила на бензинска пумпа која дистрибуира бензин, дизел и течен нафтен гас (LPG) на Виа деи Гордијани, и се слушнала низ целиот италијански главен град. Според првичните информации, несреќата се …

Огромна експлозија на бензинска пумпа во Рим, неколку повредени (видео) Read More »

Странците ќе плаќаат поскапо за влез во националните паркови на САД


Претседателот Доналд Трамп денеска потпиша извршна наредба со која влезниците во националните паркови во Соединетите Држави ќе бидат поскапи за странските туристи. За оние со американско државјанство, таксите ќе останат исти, им рече Трамп на поддржувачите во Ајова, поврзувајќи ја својата политика со еден од неговите добро познати слогани: „Америка на прво место“. Уредбата, исто …

Странците ќе плаќаат поскапо за влез во националните паркови на САД Read More »

Трамп „многу разочаран од Путин“, денес ќе разговара со Зеленски


Американскиот претседател Доналд Трамп утрово изјави дека е разочаран од телефонскиот разговор со Владимир Путин бидејќи рускиот претседател не изгледа дека сака да ја запре војната во Украина и додаде дека денес ќе разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Обидите на САД дипломатски да ја завршат војната на Русија во Украина во голема мера дојдоа …

Трамп „многу разочаран од Путин“, денес ќе разговара со Зеленски Read More »

Данска почнува постапка за одземање на правото на глас на Унгарија во рамките на Европската Унија


Данска сака Европа да го искористи целиот свој правен арсенал против Унгарија за кршење на основните права на блокот, вклучително и лансирање на таканаречените нуклеарни опции од Член 7 против Будимпешта, пишува Политико. „Сè уште сме сведоци на кршење на основните вредности. Затоа ќе ја продолжиме постапката според Член 7 и сослушувањето за Унгарија“, изјави …

Данска почнува постапка за одземање на правото на глас на Унгарија во рамките на Европската Унија Read More »

Украинско воздухопловство: Русија истрела рекордни 539 дронови и 11 балистички и крстосувачки ракети кон Украина


Русија истрела рекордни 539 дронови и 11 балистички и крстосувачки ракети кон Украина во текот на ноќта, соопштија денеска украинските воздухопловни сили. Украинската војска соопшти дека нејзините единици за воздушна одбрана собориле вкупно 270 руски дронови во текот на ноќта. Други 208 руски дронови биле или пренасочени со електронско војување или биле симулатори на дронови …

Украинско воздухопловство: Русија истрела рекордни 539 дронови и 11 балистички и крстосувачки ракети кон Украина Read More »

Претставничкиот дом на САД го усвои законот на Трамп за нови даночни олеснувања за богатите


Вашингтон– Претставничкиот дом на американскиот Конгрес го усвои предлог-законот на претседателот Доналд Трамп, кој предвидува значителни даночни намалувања и кратења на трошоците во износ од 4,5 трилиони долари (3,8 трилиони евра). За законот гласаа 218 пратеници, додека 214 беа против. Двајца републиканци им се придружија на демократите во противењето на предлог-законот. Трамп постави краен рок …

Претставничкиот дом на САД го усвои законот на Трамп за нови даночни олеснувања за богатите Read More »

Неколку лица избодени со нож во трговски центар во Финска


Неколку лица беа избодени со нож во близина на трговски центар во финскиот град Тампере во четврток, соопшти полицијата.   Полицијата во соопштението соопшти дека уапсила едно лице и дека инцидентот повеќе не претставува закана за другите. Повредените добиваат прва помош, соопшти полицијата. Тие не дадоа детали за степенот на повредите или сторителот.   Полицијата …

Неколку лица избодени со нож во трговски центар во Финска Read More »

Швајцарија ја затвора нуклеарната централа поради високите температури на реката


Швајцарската енергетска компанија Axpo денес објави дека го затворила вториот реактор во нуклеарната централа Безнау поради високите температури на водата во реката Аре. „Вчера вечерта привремено го затворивме вториот нуклеарен реактор за да ја заштитиме флората и фауната во областа на реката Аре од понатамошно затоплување“, се вели во соопштението на компанијата. „Привременото исклучување не …

Швајцарија ја затвора нуклеарната централа поради високите температури на реката Read More »

Напад во Германија, неколку лица повредени


Германските власти денес објавија дека неколку патници се повредени во напад со остар предмет во брз воз што се движел од Хамбург до Виена. Според баварската полиција, нападот се случил околу 13:55 часот по локално време, додека возот минувал низ градот Регенсбург и се упатувал кон Платлинг. Напаѓачот е уапсен „Според сегашните информации, четири лица …

Напад во Германија, неколку лица повредени Read More »

Шефицата на колумбиската дипломатија Сарабија поднесе оставка


Министерката за надворешни работи на Колумбија, Лаура Сарабија денеска поднесе оставка поради несогласување со некои одлуки на Владата. – Мојата оставка е резултат на длабоко размислување, мотивирано од одговорноста што ја чувствувам пред мојата совест, пред земјата и пред начинот на кој го разбирам вршењето на јавната власт, наведе Сарабија во писмо испратено до претседателот …

Шефицата на колумбиската дипломатија Сарабија поднесе оставка Read More »

Соработници на Ле Пен осомничени за злоупотреба на средства од Европскиот парламент


Блиски соработници на лидерката на францускиот Национален собир (РН), Марин Ле Пен се осомничени дека во периодот помеѓу 2019 и 2024 година „неправилно потрошиле“ повеќе од 4,3 милиони евра исплатени од Европскиот парламент.  Според Извештај од Одделот за финансиски прашања на Европскиот парламент, поголемиот дел од овие средства завршиле кај две компании поврзани со луѓе …

Соработници на Ле Пен осомничени за злоупотреба на средства од Европскиот парламент Read More »

Вториот човек на руската морнарица загина во Курск


  Заменик-командантот на руската морнарица, генерал-мајор Михаил Гудков, загина во селото Коренево во Курската област. Ова го напиша на својот Телеграм канал Олег Кожемјако, началник на Приморскиот крај, каде што е стационирана 155-та морнаричка бригада, која учествуваше во битките во Курската област и беше командувана од Гудков пред неговото назначување во морнарицата. Смртта на генералот …

Вториот човек на руската морнарица загина во Курск Read More »