Роберт Фицо на ролери го помина новиот тунел долг 7,4 километри


Словачка официјално го отвори долгоочекуваниот патен тунел долг 7,4 километри. Но, заедно со свеченото отворање, словачкиот премиер Роберт Фицо го означи завршувањето на работите на бизарен начин – тој возеше ролерки низ целата должина на тунелот Фицо ја искористи можноста да се препушти на едно од своите омилени занимања, а во исто време ги критикуваше […]

Генералштаб: Украинците се повлекоа од Северск


За да ги зачуваат животите и борбената способност на единиците, украинските бранители се повлекоа од населбата Северск, во регионот Донецк, но сè уште го држат градот под контрола, објави денеска Генералштабот на вооружените сили на Украина. „Тешките борби продолжуваат во областа Северск. Руските окупатори имаат значителна предност во човечката сила и опремата и, и покрај […]

Од јануари воената служба во Германија станува задолжителна, казни за прекршителите


Од јануари 2026 година, во Германија ќе има задолжителна воена служба, а сите мажи на одредена возраст мора да пополнат прашалник од германските вооружени сили (Бундесвер) и да се подложат на лекарски преглед, а оние кои ќе се обидат да го избегнат ќе се соочат со казна од 1.000 евра или принудна регрутација. Во прашалникот […]

Во Медитеранот се формира нов воен сојуз: Израел ја предводи групата што испраќа јасна порака до Анкара


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во понеделник ги угости грчкиот премиер Киријакос Мицотакис и кипарскиот претседател Никос Христодулидес во Израел, каде што се одржа трилатерален самит на кој беше најавено дополнително продлабочување на безбедносната, воената и технолошката соработка меѓу трите земји. Во заедничка изјава по состанокот беше наведено дека Израел, Грција и Кипар се согласиле да […]

Руте во интервју за ДПА: Безбедноста на Европа зависи од силата на Украина


Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, повика на континуирана поддршка за Украина, предупредувајќи дека Европа „ќе се соочи со зголемени безбедносни ризици доколку нејзината решителност се разниша“, објави ДПА. За да се спречи рускиот претседател Владимир Путин да се обиде да нападне членка на НАТО, Украина мора да остане силна, рече Руте во интервју за […]

Шпанските социјалисти го повикуваат премиерот Санчез да се повлече


  Шпанските социјалисти бараат алтернатива на социјалистичкиот премиер Педро Санчез. По изборниот пораз во неделата во западната покраина Екстремадура, критичките гласови во владејачката Социјалистичка партија (ПСОЕ) станаа погласни. Покраината, социјалистичко упориште речиси 30 години по ред, ѝ ги донесе на партијата најлошите резултати досега, што доведе до оставка на локалниот лидер на партијата, Мигел Анхел […]

Во ЕУ во пренатрупани домаќинства живеат 16,9 отсто од луѓето, во регионот до 60 отсто


Лани 16,9 проценти од луѓето во ЕУ живееле во пренаселени домаќинства што претставува намалување во однос на 2014 година кога таа стапка изнесувала 18,1 отсто, соопшти Европската статистичка агеција – Евростат. Според Евростат, стапката на пренаселени домаќинства е значително повисока во Западниот Балкан, при што најниска е во земјава и изнесува 38,1 отсто. Во Србија […]

Трамп најави нова генерација воени бродови „Трамп-класа“


Токму кога помисливте дека е безбедно да се вратите во вода, Доналд Трамп ги објави плановите за американската морнарица да изгради нова генерација воени бродови – позната како „Трамп-класа“. Бродовите ќе бидат поголеми, побрзи и сто пати помоќни од кој било претходен воен брод изграден во САД, рече претседателот во понеделник. Проектот ќе започне со […]

Трамп планира да унапреди лојални дипломати по отповикувањето на 30 амбасадори


Администрацијата на Трамп планира да унапреди лојални дипломати по отповикувањето на 30 амбасадори на САД во светот.  Отповикувањето на амбасадорите или шефовите на мисиите беше невообичаено таргетирање на кариерни службеници кои раководат со амбасади во странство, кои генерално се оставаат на истите позиции по промената во администрацијата,бидејќи се стремат да бидат аполитични. Но, администрацијата на […]

Стејт департментот се претвора во партиска структура да им служи на републиканците


  Администрацијата на Трамп тивко отповика речиси 30 амбасадори и други високи дипломати во странство и во исто време планира да ги унапреди назначените лица лојални на новата администрација на повисоки нивоа во Стејт департментот, според дипломатски извори. Отповикувањето на амбасадорите или шефовите на мисиите, кое беше потврдено од неколку сегашни и поранешни високи дипломати, […]

Германската крајно десничарска AФД обвинета за собирање информации за Кремљ


БЕРЛИН — Германскиот политичар од крајна десница, Ринго Милман, покажа значаен интерес за откривање информации за кои неговите политички противници велат дека би можеле да бидат од голем интерес за руската разузнавачка служба. Користејќи ги правата што му се дадени како пратеник на Алтернатива за Германија (AfD) во парламентот на источногерманската покраина Тирингија – каде […]

Претседателот на Азербејџан го пропушта самитот во Русија поради „презафатеност“


Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев нема да присуствува на неформалниот самит на лидерите на Заедницата на независни држави (ЗНД) на 22 декември во Санкт Петербург, објави азербејџанската државна новинска агенција Азертаг, пренесува Кијив Индипендент.Кремљ претходно сигнализираше дека очекува Алиев да присуствува на настанот и се подготвува за неговото пристигнување. Неговото отсуство доаѓа во услови на затегнати […]

Абрамович мора да и префрли 2,5 милијарди фунти од продажбата на Челзи на Украина


Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека британската влада формално го одобрила трансферот на 2,5 милијарди фунти на Украина – средства добиени од продажбата на фудбалскиот клуб Челзи од страна на рускиот олигарх Роман Абрамович, објави Би-Би-Си. Лондон го обврза Абрамович да префрли 2,5 милијарди фунти од продажбата на Челзи во Украина Сега префрлањето на средствата […]

Полска ги подигна борбените авиони поради руски напад врз цели во западна Украина


Полски и сојузнички авиони утрово полетаа за да го заштитат полскиот воздушен простор откако Русија изврши воздушни напади врз западна Украина, во близина на полската граница. Борбените авиони беа мобилизирани, а копнениот систем за воздушна одбрана и радарскиот систем за извидување беа ставени во состојба на висока готовност, објави полската армија на платформата Икс. Полската […]

Трагедија на реката Меконг: Потона туристички ферибот, има жртви


Патувањето по реката Меконг во Лаос, кое требаше да биде идилично искуство за повеќе од сто туристи, се претвори во борба за живот минатиот четврток кога фериботот со кој патуваа се преврте и потона. Во хаосот што следеше, повеќето од патниците беа спасени, но тројца сè уште се бараат, а сцени на паника и вресоци […]

Загина творецот на „Кол оф дјути“ окако удри со „ферари“ во бетонска ограда


Винс Зампела, визионерски развивач на видео игри и еден од клучните луѓе зад глобално популарната франшиза „Call of Duty“, почина во тешка сообраќајна несреќа во недела попладне. Несреќата се случила на автопатот Анџелес Крест во Јужна Калифорнија кога Зампела ја изгубил контролата врз своето Ferrari, објави NBC Los Angeles. Трагична несреќа на планински пат Според […]

Дваесет и осум луѓе киднапирани во Нигерија


Дваесет и осум луѓе, меѓу кои деца и жени, синоќа се киднапирани во централна Нигерија. Киднапираните патувале на прослава на муслиманскиот фестивал Мавлида, во сојузната нигериска држава Платеа. Киднапирањето се случи истиот ден кога се ослободени 130 ученици од заложништво. Тие се последните ослободени од групата 250 деца што беа земени како заложници од католичко […]

Бил Клинтон до Трамп: Објави ги сите документи за Епштајн


Од тимот на поранешниот американски претседател Бил Клинтон, имаше покана до Министерството за правда да ги објави сите документи поврзани со истрагата против покојниот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епштајн. Целта, велат тие, е да се избегнат инсинуации за злоупотреба против лица „кои постојано се ослободени од сомневање“. Овој повик дојде откако одделот минатиот […]

Пентагон: Кина распоредила повеќе од 100 интерконтинентални балистички ракети


 Кина веројатно распоредила повеќе од 100 интерконтинентални балистички ракети во своите три силоси, додека покажува недостаток на интерес за разговори за контрола на оружјето. Податоците доаѓаат од нацрт-извештајот на Пентагон, кој ги истакнува растечките воени амбиции на Пекинг. Кина брзо го проширува и модернизира својот арсенал на оружје побрзо од која било друга нуклеарна сила. […]

Може ли Венецуела да се одбрани од интервенцијата на САД што досиејата на Џефри Епштајн ја забрзуваат секој ден?


Поморската блокада, пресретнувањето на венецуелските танкери, каналите за екстрадиција на Николас Мадуро во трети земји и најновите детали од досиејата на Џефри Епштајн ја прават американската инвазија сè поверојатна секој ден. Јужната команда на американската армија (SOUTHCOM), замислена како команда на американската армија за заштита на западната хемисфера, долго време немала толку силни воени ефекти. […]