Косовскиот парламент не успеа да се конституира ниту по 45-ти пат


Собранието на Косово ниту во 45-тиот обид не успеа да формира комисија за тајно гласање за избор на претседател на парламентот. Од вкупно 93 присутни пратеници, само 49 гласаа за формирање на комисијата, што не беше доволно за усвојување на предлогот. Пратеникот на Демократската партија на Косово, Абелард Тахири, реагираше откако претседавачот Авни Дехари ја …

Косовскиот парламент не успеа да се конституира ниту по 45-ти пат Read More »

Орбан: Убиениот Унгарец во Украина е „еден од нас“, случајот мора да се истражи


Премиерот на Унгарија Виктор Орбан изјави дека унгарско-украинскиот државјанин кој починал по наводно претепување при присилна мобилизација во Украина е „еден од нас“ и повика случајот да се истражи сериозно. – Жртвата припаѓа на нашата заедница, не само во културна и национална смисла, туку и во смисла на јавното право, изјави Орбан за јавниот радио …

Орбан: Убиениот Унгарец во Украина е „еден од нас“, случајот мора да се истражи Read More »

Рубио: Руската армија има 100.000 убиени од почетокот на 2025


  Руската армија трпи големи загуби во војната против Украина, кои нагло се зголемија од почетокот на оваа година, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио. „Важно е да се напомене дека од јануари оваа година, на пример, руската страна изгуби 100.000 војници – убиени, а не ранети. А од украинската страна, бројките се помали, но …

Рубио: Руската армија има 100.000 убиени од почетокот на 2025 Read More »

САД подготвуваат предлог-закон за санкции од 500 отсто за земји што купуваат руска енергија


Авторите на новиот двопартиски предлог-закон за санкции кон Русија ги информираа европските сојузници и Украина за содржината на мерките, кои, според нив, ќе претставуваат „пресвртна точка“ во економскиот притисок врз Москва. Законот, предложен од сенаторите Линдзи Греам (Републиканска партија) и Ричард Блументал (Демократска партија), предвидува воведување царини од 500 отсто на увоз на стоки од …

САД подготвуваат предлог-закон за санкции од 500 отсто за земји што купуваат руска енергија Read More »

Рубио и Лавров повторно разговараа во Куала Лумпур


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Марко Рубио повторно разговараа на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на АСЕАН во Малезија. Двајцата дипломати имаа краток неформален разговор. Кратката средба се чинеше дека поминала во позитивна атмосфера, при што Лавров се смееше, Рубио го потапка по рамото. Соговорниците активно …

Рубио и Лавров повторно разговараа во Куала Лумпур Read More »

Трамп: В понеделник ќе дадам „голема изјава“ за Русија


Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа за Ен-Би-Си Њуз изјави дека в понеделник ќе даде „голема изјава“ за Русија, без да даде детали за тоа каква ќе биде таа. Во последните денови, Трамп изрази разочарување од својот руски колега Владимир Путин во врска со војната во Украина. -Мислам дека ќе дадам голема изјава в понеделник за …

Трамп: В понеделник ќе дадам „голема изјава“ за Русија Read More »

Марко Рубио ќе се сретне со кинескиот министер за надворешни работи на маргините на АСЕАН


Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска ќе се сретне со кинескиот министер за надворешни работи Ван Ји на маргините на состанокот на шефовите на дипломатиите на АСЕАН во Малезија, соопшти американскиот Стејт департмент. Средбата доаѓа во период на засилени тензии меѓу Вашингтон и Пекинг поради низа прашања – од нелегална трговија со фентанил, преку прашањето …

Марко Рубио ќе се сретне со кинескиот министер за надворешни работи на маргините на АСЕАН Read More »

Извештај на ОН вели дека нема врски меѓу сириските власти и Ал Каеда


Набљудувачите на санкциите на ОН оваа година не пронајдоа „активни врски“ меѓу Ал Каеда и исламистичката група што ја предводеше привремената влада на Сирија, се вели во необјавен извештај на ОН. Извештајот, кој се очекува официјално да биде објавен подоцна овој месец, веројатно ќе го поддржи очекуваниот притисок на САД за укинување на санкциите на …

Извештај на ОН вели дека нема врски меѓу сириските власти и Ал Каеда Read More »

Рубио: Русија изгубила 100.000 војници во Украина од почетокот на 2025 година


Од почетокот на 2025 година, Русија изгубила 100.000 војници во војната против Украина, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио по средбата со неговиот руски колега Сергеј Лавров. .Според него, загубите на украинската војска се помали, но сепак значителни. Рубио нагласи дека главниот приоритет на американскиот претседател Доналд Трамп е да се запре губењето животи и …

Рубио: Русија изгубила 100.000 војници во Украина од почетокот на 2025 година Read More »

Шеесет и шест жртви во израелските напади врз Појасот Газа


Бројот на жртви од израелската воена офанзива во Појасот Газа достигна 66, при што 17 од нив, вклучувајќи деца, се убиени во напад во близина на медицински центар во Деир ал-Балах, соопшти Цивилната одбрана на палестинската енклава. Израелски воздушен напад утрово погоди група луѓе кои чекаа пред медицински центар во Деир ал-Балах, изјави Мохамед ал-Мугаир, …

Шеесет и шест жртви во израелските напади врз Појасот Газа Read More »

Руски пратеник во Думата: Мора да воведеме данок за старите лица кои немаат деца


Претставникот на Руската државна Дума и пензиониран генерал-полковник Андреј Гуруљов се залагаше за воведување на достоинствен данок на старост за граѓаните без деца. Според рускиот медиум Царград, Гуруљов рече дека разговарал со поранешниот губернатор на Забајкалската област Равил Генијатулин за можноста за повторно воведување на данокот за Русите кои немаат деца. За време на разговорот, …

Руски пратеник во Думата: Мора да воведеме данок за старите лица кои немаат деца Read More »

Обновата на Украина по војната ќе чини трилион долари


Рим – Поправката на штетите предизвикани од над тригодишната војна Украина ќе ја чини над трилион долари во период од 14 години, изјави денеска украинскиот премиер Денис Шмихал на конференцијата за реконструкција на земјата, одржана во Рим, јави ДПА. Во говорот на конференцијата, остварен преку видео врска, Шмихал рече дека Украина разгледува можност за создавање …

Обновата на Украина по војната ќе чини трилион долари Read More »

Мерц: Германија е подготвена да купи американски системи „Патриот“ за Украина


Германија планира да купи американски противвоздушни ракетни системи „Патриот“ за Украина, изјави денеска германскиот канцелар Фридрих Мерц. – Разговарав за тоа со претседателот Трамп минатиот четврток и го замолив да го испорача системот, рече Мерц на конференцијата за обнова на Украина и Рим. Министрите за одбрана на двете земји разговараа за можниот договор, но конечната …

Мерц: Германија е подготвена да купи американски системи „Патриот“ за Украина Read More »

Убиен еден од клучните оперативци на украинската служба за безбедност во Киев


Киев – Висок функционер на Украинската безбедносна служба (СБУ) Иван Воронич беше убиен денеска во округот Холосиевски. Полицијата претходно денеска извести за пукање во областа, велејќи дека полицајците пронашле тело на лице со смртоносна рана. Украинските медиуми, повикувајќи се на неименуван извор во СБУ, ја идентификуваа жртвата како полковник на СБУ – Иван Воронич. Според медиумските …

Убиен еден од клучните оперативци на украинската служба за безбедност во Киев Read More »

Скандал во Шведска: Татко му министер за миграција – тој поврзан со екстремни десничарски организации


Синот на шведскиот министер за миграција, Јохан Форсел, бил соработник на екстремно десничарски организации, откри шведскиот весник „Експо“, а потоа потврди и член на владата на оваа земја. Форсел потврди дека неговиот син бил поврзан со одредени десничарски организации, велејќи дека „многу жали“ за тоа и дека „тоа повеќе не е случај“. „Како татко, вие …

Скандал во Шведска: Татко му министер за миграција – тој поврзан со екстремни десничарски организации Read More »

Фон дер Лајен го преживеа гласањето за недоверба, но тоа е нејзината „последна шанса“


  Урсула фон дер Лајен во четвртокот преживеа гласање за недоверба на нејзиното раководењео со Европската комисија. Мнозинството членови на Европскиот парламент, кои гласаа за предлог поднесен од екстремната десница, ја поддржаа претседателката на Комисијата. Доколку таа го изгубеше гласањето, Фон дер Лајен и остатокот од нејзината Комисија ќе мораа да се повлечат, фрлајќи ја …

Фон дер Лајен го преживеа гласањето за недоверба, но тоа е нејзината „последна шанса“ Read More »

„Тотален хаос“: Пентагон престанува да комуницира со европските сојузници и Украина


  Европските земји се држат во темнина за плановите на американската администрација за нивната безбедност и поддршка за Украина. Политиката на Доналд Трамп останува непредвидлива, но ситуацијата е уште полоша во областа на контактите со Пентагон. Се чини дека министерот за одбрана Пит Хегсет стана иритантен дури и за Белата куќа. Украинците и Европејците не …

„Тотален хаос“: Пентагон престанува да комуницира со европските сојузници и Украина Read More »

Песков: Подобро е Русија да ги постигне своите цели на мирен начин


Би било подобро Русија да ги постигне своите цели во украинскиот конфликт со мирни средства, а сè додека тоа не се случи Москва ќе ја продолжи својата специјална воена операција, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. -Многу пати сме соопштиле дека е подобро за нас да ги постигнеме целите што си ги поставивме преку …

Песков: Подобро е Русија да ги постигне своите цели на мирен начин Read More »

Дипломатски скандал: Делегацијата на ЕУ се обиде да одржи состанок со воениот лидер во Либија и беше прогласена за непожелна


Обидот на Европската Унија да координира план за запирање на протокот на мигранти од Северна Африка се претвори во меѓусебни обвинувања во средаta, откако висок бриселски функционер беше принуден, од воен водач поддржан од Русија, да ја напушти Либија . Европскиот комесар за миграција Магнус Брунер беше прогласен за персона нон грата и протеран од …

Дипломатски скандал: Делегацијата на ЕУ се обиде да одржи состанок со воениот лидер во Либија и беше прогласена за непожелна Read More »

Европратениците ја отфрлија иницијативата за недоверба на Европската комисија


Европскиот парламент на денешното продолжение на овонеделната сесија во Стразбур со големо мнозинство го одби предлогот на романскиот европратеник Георге Пипереа за изгласување недоверба на Европската комисија на Урсула фон дер Лајен.  „За“ прифаќање на иницијативата гласаа 175 европратеници, 360 беа „против“, а 18 се воздржаа од гласање.  За да биде прифатена иницијативата требаше да …

Европратениците ја отфрлија иницијативата за недоверба на Европската комисија Read More »