Во Ирска започна ископ на масовна гробница во која беа закопани речиси 800 новороденчиња


Еден век откако ирските калуѓерки почнаа да закопуваат стотици новороденчиња во она што ќе стане масовна и необележана гробница, археолози и други експерти денес ќе започнат со ископување на локацијата во Туам, округ Голвеј. Почнувајќи од денес, механички багер ќе ископа земја на локација од 5.000 квадратни метри каде што се верува дека редот Бон …

Во Ирска започна ископ на масовна гробница во која беа закопани речиси 800 новороденчиња Read More »

Што тргна лошо во трговските преговори меѓу САД и ЕУ?


  Малку повеќе од три месеци откако Трамп прогласи „Ден на ослободувањето“, ЕУ повторно се соочува со можноста за високи тарифи освен ако некако не ги исполни неговите барања до 1 август. Заканата за тарифи од 30 проценти, доставена во форма на писмо објавено на Truth Social во саботата, предизвика бран дипломатски превирања во текот …

Што тргна лошо во трговските преговори меѓу САД и ЕУ? Read More »

Отфрлени обвиненијата против американскиот доктор кој уништи вакцини против коронавирусот


Главниот обвинител на САД нареди отфрлање на обвиненијата против доктор обвинет за уништување вакцини против Ковид-19 во вредност од 28.000 долари, дистрибуција на лажни сертификати за вакцинација и давање инјекции со солен раствор на децата наместо вакцини. Пам Бонди нагласи дека д-р Мајкл Кирк Мур Помладиот „им дал избор на своите пациенти кога федералната влада …

Отфрлени обвиненијата против американскиот доктор кој уништи вакцини против коронавирусот Read More »

Доаѓа „пресвртница“ во војната со Украина: Сенаторот Греам најави тежок американски „чекан“ против Русија


  Американскиот сенатор Линдзи Греам, републиканец од Јужна Каролина, изјави во неделата дека „доаѓа пресвртница во врска со руската инвазија на Украина“ во време кога траат двопартиски напори во Конгресот за воведување нови економски санкции насочени кон зголемување на притисокот врз Кремљ за прекин на војната во Украина. „Со месеци, претседателот Трамп се обидуваше да …

Доаѓа „пресвртница“ во војната со Украина: Сенаторот Греам најави тежок американски „чекан“ против Русија Read More »

Силен земјотрес од 6,9 степени ја погоди областа Танимбар во Индонезија


 Земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди морскиот дел, југозападно од регионот Југоисточен Малуку во Индонезија, соопшти Индонезиската агенција за метеорологија, климатологија и геофизика (BMKG). Потресот е регистриран во 12:49 часот по локално време, со епицентар на околу 170 километри југозападно од островот Танимбар, на длабочина од 108 километри, се …

Силен земјотрес од 6,9 степени ја погоди областа Танимбар во Индонезија Read More »

Сенатот утврди дека серија пропусти на Тајната служба доведоа до обидот за атентат врз Трамп


Комитетот за внатрешна безбедност и владини работи на американскиот Сенат заклучи дека обидот за атентат врз Доналд Трамп, што беше изведне на митинг пред една година, бил предизвикан од „неприфатливи пропусит“ на Тајната служба (USSS). На 13 јули 2024 година, за време на предизборен митинг во градот Батлер, Пенсилванија, Трамп бил застрелан од вооружен напаѓач, …

Сенатот утврди дека серија пропусти на Тајната служба доведоа до обидот за атентат врз Трамп Read More »

Претседателот на Камерун, Пол Бија, на 92 години тргнува по осмиот мандат


Камерунскиот претседател Пол Бија, кој има 92 години и е на власт речиси 43 години, синоќа на платформата X објави дека ќе се кандидира за осмиот седумгодишен мандат на претседателските избори закажани за октомври. „Јас сум кандидат на претседателските избори на 12 октомври 2025 година. Бидете сигурни дека мојата решеност да ви служам е соодветна …

Претседателот на Камерун, Пол Бија, на 92 години тргнува по осмиот мандат Read More »

Макрон пред Денот на Бастилја: Слободата никогаш не била толку загрозена како сега


 Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа, во предвечерието на Денот на Бастилја, изјави дека „слободата никогаш не била толку загрозена“ од крајот на Втората светска војна во 1945 година како што е сега и „никогаш мирот на европскиот континент не зависел толку многу од непосредните одлуки“. -Живееме во момент на превирања. Одамна ја разбравме нивната неизбежност, …

Макрон пред Денот на Бастилја: Слободата никогаш не била толку загрозена како сега Read More »

Трамп: САД ќе испратат контингент ракети „Патриот“ во Украина


Американскиот претседател Доналд Трамп ќе испрати ракети „Патриот“ во Украина, наведувајќи дека на Киев му се потребни за да се одбрани од Русија. -Рускиот претседател Владимир Путин зборува убави работи, а потоа навечер бомбардира сè, рече Трамп, пренесуваат британските медиуми. Тој не прецизираше колку ракети ќе бидат испратени во Украина, но истакна дека Европската Унија …

Трамп: САД ќе испратат контингент ракети „Патриот“ во Украина Read More »

Мелони предупредува на трговска војна на Западот


Италијанската премиерка Џорџа Мелони синоќа предупреди на можноста за „трговска војна на Западот“, откако американскиот претседател Доналд Трамп  најави царинки од 30 проценти за производите на Европската унија (ЕУ). -Трговската војна на Западот би нè ослабнала сите пред глобалните предизвици со кои се соочуваме заедно, рече Мелони. Според неа, Европа има економска и финансиска моќ …

Мелони предупредува на трговска војна на Западот Read More »

Макрон повика ЕУ „одлучно да ги брани европските интереси“ од царините на Трамп


  Францускиот претседател, Емануел Макрон, ја повика ЕУ „решително да ги брани европските интереси“ откако Доналд Трамп се закани дека ќе воведе 30 отсто царини за речиси целиот увоз од ЕУ. Ова се случи откако ЕУ се обиде да ги деескалира тензиите по директниот потег на Трамп во саботата. Блокот прогласи понатамошна пауза на одмаздничките …

Макрон повика ЕУ „одлучно да ги брани европските интереси“ од царините на Трамп Read More »

Анкета: Мнозинството во Франција, Германија, Италија и Шпанија поддржуваат Британија да се врати во ЕУ


  Десет години откако пратениците гласаа за одржување на референдумот што доведе до напуштање на Велика Британија на Европската унија, анкета покажа дека мнозинството во четирите најголеми земји-членки на блокот би го поддржале приклучувањето на Велика Британија – но не под истите услови како и претходно. Анкетата на YouGov во шест западноевропски земји, вклучувајќи ја …

Анкета: Мнозинството во Франција, Германија, Италија и Шпанија поддржуваат Британија да се врати во ЕУ Read More »

Киев: Соборени 40 од 60 дронови со кои Русија ја нападна Украина


Силите за противвоздушна одбрана на Украина соборија 40 од вкупно 60 беспилотни летала со кои руските сили извршија напад врз Украина меѓу 12 и 13 јули, соопштија денеска Воздухопловните сили на Вооружените сили на Украина. Како што пренесува агенцијата „Укринформ“, нападот бил извршен од правец на руските градови Курск и Милерово, а станувало збор за …

Киев: Соборени 40 од 60 дронови со кои Русија ја нападна Украина Read More »

Иранскиот претседател бил повреден за време на војната со Израел


 Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан за малку избегнал смрт за време на 12-дневната војна со Израел, пренесе ДПА, повикувајќи се на ирански медиуми. Иранската новинска агенција „Фарс“ јави дека израелските воздушни сили бомбардирале комплекс на зграда на Советот за национална безбедност на 16 јуни, три дена по почетокот на војната. По нападот, електричната енергија била прекината, …

Иранскиот претседател бил повреден за време на војната со Израел Read More »

ЕУ и Мексико остро реагираа на царините на Трамп од 30 отсто


Европската унија и Мексико изразија длабоко разочарување поради заканата од претседателот на САД, Доналд Трамп, дека од 1 август ќе воведе 30 отсто царини на нивниот извоз во САД. Двете страни најавија дека се подготвени да одговорат со пропорционални контрамерки, но воедно порачаа дека се подготвени да продолжат со преговорите со Вашингтон, пишува Би-Би-Си. Мексико ја …

ЕУ и Мексико остро реагираа на царините на Трамп од 30 отсто Read More »

Трамп објави царини од 30 отсто против ЕУ и Мексико кои ќе почнат на 1 август


  Претседателот на САД, Доналд Трамп, во саботата објави дека воведува царини од 30 отсто против Европската унија и Мексико. Трамп ги објави царините за двајца од најголемите трговски партнери на Соединетите Американски Држави во писма објавени на неговиот профил на социјалните мрежи. Во своето писмо до мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум, Трамп призна дека земјата …

Трамп објави царини од 30 отсто против ЕУ и Мексико кои ќе почнат на 1 август Read More »

Вашингтон потврди дека е убиен американски државјанин од еврејски доселеници во Западниот Брег


Американскиот Стејт департмент вчера соопшти дека е запознаен со смртта на американскиот државјанин Саиф ал-Дин Камел Абдул Карим Мусалат на окупираниот Западен Брег, по извештаите за фатален напад од страна на еврејски доселеници врз палестински Американец. Палестинската новинска агенција ВАФА, повикувајќи се на локалното Министерство за здравство, објави дека Мусалат, на возраст од 20 години, …

Вашингтон потврди дека е убиен американски државјанин од еврејски доселеници во Западниот Брег Read More »

Ал Џезира Балканс денес на пладне прекинува со работа, 200 вработени „на улица“


Медиумската куќа Ал Џезира Балканс денес го прекинува своето емитување, а последното издание на вестите ќе биде прикажано во 12 часот, потврдија извори блиски до редакцијата. Иако официјалната потврда од менаџментот сè уште не е објавена, информацијата веќе е потврдена преку јавни објави на социјалните мрежи од страна на новинари и вработени, кои со емотивни …

Ал Џезира Балканс денес на пладне прекинува со работа, 200 вработени „на улица“ Read More »

Белата куќа го рекламира Трамп како Супермен


Белата куќа објави уште едно од своите соопштенија што беа незамисливи пред Доналд Трамп да ја преземе функцијата претседател на Соединетите Американски Држави. Имено, на официјалниот X профил објавија фотомонтажа од Трамп како – Супермен. „СИМБОЛ НА НАДЕЖ. ВИСТИНА. ПРАВДА. АМЕРИКАНСКИ НАЧИН. СУПЕРМЕН ТРАМП“, напишаа тие покрај сликата.

Двајца Палестинци претепани до смрт од израелски доселеници на Западниот Брег


Израелски доселеници претепаа до смрт двајца Палестинци во напад на окупираниот Западен Брег, соопшти Министерството за здравство на Палестинската самоуправа. Едниот бил американски државјанин. Израел го истражува инцидентот во селото Синџил, каде што армијата соопшти дека биле фрлани камења кон Израелците. Палестинските медиуми соопштија дека доселениците го започнале судирот поради нелегалните згради на доселениците во …

Двајца Палестинци претепани до смрт од израелски доселеници на Западниот Брег Read More »