Експлозии во Каракас: Нападнати аеродроми и воени објекти (видео)


Најмалку седум експлозии се слушнале во главниот град на Венецуела, Каракас, а авиони што летале ниско биле забележани околу 2 часот наутро (7 часот наутро по централноевропско време).  Луѓето во паника излегоа од своите домови на улиците. Јужниот дел од Каракас, вклучувајќи ја и областа во близина на голема воена база, е без струја. 🚨 […]

Најмалку 25 повредени во ракетниот напад врз станбена зграда во Харков


Во руски ракетен напад денеска е погодена повеќекатна зграда во украинскиот град Харков, при што беа повредени најмалку 25 лица. „Ракетните напади во центарот на Харков речиси целосно уништија петкатна зграда“, изјави регионалниот гувернер Олег Синиехубов за украинската телевизија.  Според прелиминарните информации, зградата била погодена од две балистички ракети, додаде тој. „Спасувачките екипи се на […]

Зеленски го назначи Олег Ивашченко за нов шеф на разузнавачката служба ГУР


Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го назначи Олег Ивашченко, кој досега беше шеф на Службата за надворешно разузнавање (СВР), за нов шеф на Главната дирекција за разузнавање (ГУР). „Од денеска Олег Ивашченко ќе продолжи да ѝ служи на нашата земја и да ги извршува задачите за ограничување на рускиот воен потенцијал на позициите на украинската […]

Две земји им забранија влез на Американци


На граѓаните на Соединетите Американски Држави им е забранет влезот во Мали и Буркина Фасо откако двете африкански земји објавија дека воведуваат реципрочна мерка како одговор на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да им забрани на нивните граѓани влез во Соединетите Американски Држави. „Владата на Република Мали ќе ги примени истите услови и барања […]

Како ветувањата на Маск за заштеда од 2 билиони долари завршија во хаос


Откако донираше повеќе од 250 милиони долари на кампањата за реизбор на Доналд Трамп во 2024 година, Јужноафриканецот Илон Маск, најбогатиот човек во светот, доби задача да надгледува сеопфатна кампања за „ефикасност“ во рамките на американската федерална влада. Милијардерот, без искуство во владина служба, требаше да го предводи таканаречениот „Оддел за владина ефикасност“ (DoGE) за […]

ОН за прв пат влегоа во Ел-Фашер и го опишаа тамошниот пекол: Градот е морничаво тивок


За прв пат од октомври, хуманитарен тим на Обединетите нации влезе во Ел-Фашер, главниот град на Северен Дарфур, за да ја процени ситуацијата по насилното преземање на градот од страна на паравоената група Судански сили за брза поддршка (RSF). Посетата понуди мрачна слика за град речиси испразнет од жители поради страв, додека стотици луѓе продолжуваат […]

Двајца планинари загинаа во Алпите


Лавини во италијанските Алпи во петокот однесоа најмалку двајца животи и повредија неколку други, а спасувачките операции беа отежнати од силните ветрови. Првата лавина ја погоди југозападната алпска долина Маира во регионот Пиемонт во Италија, во близина на француската граница. Локалните власти соопштија дека едно лице загинало, а две други се повредени, од кои едно […]

Како Украина ја намести „смртта“ на командантот на Рускиот доброволен корпус


  Воената разузнавачка служба на Украина откри детали за специјална операција во која беше инсценирана смртта на командантот на Рускиот доброволен корпус, Денис Капустин, со цел да се заштити неговиот живот и да се разоткрие мрежа на руски агенти. Според соопштението од службата, операцијата ја спроведе Единицата за специјални операции „Тимур“ и вклучуваше повеќеслоен план […]

Швајцарци, Французи, Италијанци, Срби, Босанци меѓу повредените во Кран-Монтана


Најмалку 80 од повредените во пожарот во барот „Контелејшн“ во Кран-Монтана, се во сериозна, животозагрозувачка состојба, а повредени се најмалку 119 луѓе. За 113 се знае нивната националност, додека за шестмина уште не е позната. Дали Македонецот Стивен Ивановски е меѓу нив, нема информации. Incredible to watch these people filming the #CransMontana fire. Survival instinct […]

Запалениот бар во Кран Монтана имал неколку излези за евакуација, но гостите не ги нашле, тврди шефот на полицијата


Кран Монтана – Шефот на обезбедувањето во швајцарскиот кантон Вале, Стефан Ганцер, денеска изјави дека барот во Кран Монтана каде што избувна пожарот на новогодишната ноќ имал повеќе од еден излез за евакуација, но дека повеќето луѓе во паника не можеле да ги најдат и се обиделе да излезат низ главниот влез. Во несреќата што се […]

Едно лице загина, 283 се повредени во новогодишните огномети во Италија


Едно лице загина, а 283 се повредени за време на новогодишниот огномет во Италија, вклучувајќи 68 малолетници. 63-годишен молдавски државјанин загина, а неговото тело го пронашле карабињерите во Ахилеа, предградие на Рим, а според Одделот за јавна безбедност, тој починал од крварење предизвикано од експлозијата на петардата што ја држел во раце, пренесува Анса. Одделот, […]

Идентификувани 113 од 119-те повредени во пожарот во Кран-Монтана


Швајцарските власти идентификуваа 113 од повредените во смртоносниот пожар што го опустоши барот во швајцарскиот центар Кран-Монтана во новогодишната ноќ, соопшти локалната полиција. Вкупно се повредени 119 лица, а шестмина од нив сè уште не се идентификувани. Меѓу идентификуваните 113 повредени 71 се швајцарски државјани, 14 се француски државјани, а 11 се италијански државјани, четворица […]

Џорџ Клуни му возврати на Трамп: Промените ќе ги започнеме на 3 ноември 2026


  Џорџ Клуни го нападна американскиот претседател Доналд Трамп за критикувањето на одлуката на Франција да му додели француско државјанство на холивудскиот актер и неговото семејство. 64-годишниот добитник на Оскар, неговата сопруга, Амал Аламудин Клуни, и нивните две деца станаа француски државјани претходно овој месец откако живееја на имот во јужна Франција со години. Клуни […]

Германската владина ЦСУ планира заострување на миграциската политика


Членката на германската коалициска Влада, Христијанско-социјалната унија (ЦСУ), чија одговорност е Министерството за внатрешни работи, сака дополнително да ја заостри миграциската политика во 2026 година, вклучително и зголеменото враќање на бегалците во Сирија и Авганистан. Намалувањето на нерегуларната имиграција и зголемувањето на бројот на депортации е еден од приоритетите на коалициската влада на канцеларот Фридрих […]

Масовни апсења во Хонконг по пожарот во кој загинаа 160 лица, истрагата откри бројни неправилности


Агенцијата за борба против корупцијата во Хонконг уапси 21 лице под сомнение за корупција во врска со реновирањето на два станбени комплекса. Апсењата се резултат на засилените антикорупциски мерки поврзани со реновирањето на зградите по пожарот кон крајот на ноември во кој беа оштетени седум облакодери и загинаа повеќе од 160 лица. Џон Ли, градскиот […]

„Се случи за неколку секунди“: Како ненадејниот пожар донесе ужас во Кран Монтана


  Новата година го помина својот прв час и забавата во „Le Constellation“ беше во полн ек, со весели луѓе кои танцуваа на хип-хоп музика. Зората беше далеку, а тинејџерите и дваесетгодишниците не брзаа да го напуштат барот. Сепак, беше Нова година. Надвор, темнината го обвиваше Кран Монтана, скијачки центар во Швајцарските Алпи со репутација […]

Земјотрес од 6,5 степени  го погоди Мексико, го прекина обраќањето на претседателката 


Силен земјотрес со јачина од 6,5 степени го погоди јужно и централно Мексико, прекинувајќи ја првата прес-конференција на претседателката Клаудија Шајнбаум за оваа година. Конференцијата беше прекината откако се огласија сеизмички аларми. Според мексиканската Национална сеизмолошка агенција, земјотресот имал прелиминарна јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот на земјотресот е регистриран во близина на […]

Изминатата 2026-та „смртоносна година за новинарите“


Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ) објави дека во 2025 година во светот се убиени вкупно 128 новинари и медиумски работници, од кои десет се жени. Ажурираниот список на медиумски работници убиени во 2025 година документира 17 дополнителни смртни случаи од 10 декември, по објавувањето на претходниот извештај. Листата објавена на 31 декември вклучува случаи во […]

Чешкиот премиер бара иницијативата „Муниција за Украина“ да биде без корупција


Новиот чешки премиер, милијардерот Андреј Бабиш, денеска ги отфрли тврдењата на коалициските партнери, радикалните националисти, дека ќе биде укината меѓународната иницијатива „Муниција за Украина“ со која координира Чешка и изјави дека таа иницијатива „можеби е добра, но мора да биде транспарентна и без корупција“. – Иницијативата за муниција е можеби добра работа, но сакам да […]

Кирил Буданов е новиот шеф на кабинет на Зеленски


Кирил Буданов, шефот на украинската воена разузнавачка служба, е нов шеф на кабинетот на претседателот на Украина Володимир Зеленски, соопшти самиот претседател на Украина. „На Украина сега ѝ е потребен посилен фокус на безбедносните прашања, развојот на одбранбените и безбедносните сили на Украина, како и дипломатски пат во преговорите, а Канцеларијата на претседателот првенствено ќе […]