Зариф: Иран никогаш нема да користи нуклеарно оружје


Иран никогаш нема да користи нуклеарно оружје, изјави денеска иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф. Тој потсети дека САД користеле нуклеарно оружје во минатото, но се осврна и на неодамнешната изјава на американскиот претседател Доналд Трамп дека го откажал нападот врз Иран поради тоа што би резултирал со смрт на 150 лица. – […]

На 23 јули ќе се знае името на новиот премиер на Велика Британија


Името на новиот премиер на Велика Британија ќе биде објавено на 23 јули, соопшти денеска Конзервативната партија. Околу 160.000 членови на Конзервативната партија по пошта ќе се изјаснуваат за тоа кој ќе ја наследи Тереза Меј на позицијата претседател на партијата и на британската Влада. Изборот е мешу Борис Џонсон и Џереми Хант. Гласањето завршува […]

Кличко и неговото семејство едвај не загинаа по пожар на јахта


Поранешниот светски шампион во бокс во тешка категорија, Владимир Кличко мораше да биде спасуван среде ноќ од шпанската крајбрежна стража, откако луксузната јахта на која се наоѓал, се запалила. Тој тргнал од Ибица кон островот Мајорка со своето семејство и пријатели. За среќа, во инцидентот нема настрадани и пожарникарите реагирале брзо, за да спречат можната […]

Малезија: Труење на 75 лица најверојатно од отпадни гасови


Повеќе од 500 училишта и градинки се затворени денеска во Малезија откако повеќе десетици луѓе биле хоспитализирани со симптоми слични како при вдишување отровни гасови. Повеќето од 75-те хоспитализирани се ученици, кои имале проблеми со дишењето, повраќале и имале вртоглавица. Постои сомнеж дека вдишале отровни гасови, најверојатно од отпадот што го фрлаат фабриките во малезиската […]

Трамп го згреши името на ајатолахот против кого потпиша указ за санкции


За време на потпишувањето на санкциите против Иран, американскиот претседател Доналд Трамп се обрати до друг ајатолах, а не до оној против кого се воведени санкциите, објави Ју-Ес-Еј-Тудеј. Новите и построги санкции кон Иран вклучуваат ограничени мерки против врховниот лидер на Иран, ајатолах Али Хамнеи и десеттина останати високи воени и политички функционери. Но при […]

Анкета: Само половина од луѓето во светот мислат дека живеат во демократија


Само половина од светското население мисли дека живее во демократија, покажа студијата објавена денеска. Анкетата, која вклучува повеќе од 150.000 луѓе од 57 земји, е спроведена од германска агенција. Во Соединетите Американски Држави, 46 отсто од испитаниците веруваат дека нивната земја е демократска, а според 40 проценти таа не е доволно демократска. Повеќе од половина […]

Колосална грешка на Ердоган за тектонска промена


Додека го држеше својот победнички говор во изборното седиште на неговата партија во неделата вечерта, новиот опозициски градоначалник на Истанбул објави дека неговиот триумф на општинскиот натпревар со висок политички влог означи нов почеток. „Сакаме да почнеме ново поглавје, нова ера“, изјави Екрем Имамоглу во преполната соба со медиуми и партиски активисти, додека еуфоричното скандирање […]

Tурција предводи на листата држави што прифатиле бегалци на своја територија


Турција одново е државата која дала засолниште за најголем број бегалци во светот, објави весникот Сабах. Според Министерството за внатрешни работи на Турција, бројот на бегалците на нејзина територија е 4,9 милиони. По Турција во списокот на држави со најмногу прифатени бегалци се Пакистан. Уганда, Судан и Германија. Агенцијата за бегалци на ОН нагласува дека […]

Европа е под закана поради топлотен бран


Голем бран жештина се шири во Западна Европа. Властите ги предупредија децата, пензионерите и луѓето со хронични болести да се подготват за неподносливи жештини, објави весникот Гардијан. Температурите ќе достигнат или ќе надминат 40 степени во голем регион – од Шпанија до Швајцарија поради комбинација од неподвижен циклон над Атлантскиот Океан и висок атмосферски притисок […]

Гардијан: Руски тролови шират дезинформации за обид за убиство на Борис Џонсон


Интернет тролови поврзани со руските специјални служби рашириле во изминатите години на социјални мрежи лажни вести поврзани со различни настани во Велика Британија. Тоа се нагласува во експертски извештај на Атлантик каунсел специјализирани за анализи на дезинформации на интернет. Според најфрапантните лажни вести е тврдењето дека противници на брегзит подготвуваат заговор за убиство на Борис […]

Џорџ Сорос и други милијардери бараат данок на богатство во САД


Некои од најбогатите луѓе во САД бараат данок на богатство (данок на имот). Меѓу нив се и милијардерот Џорџ Сорос, наследничките Реган Прецкер и Абигал Дизни, како и ко-основачот на „Фејсбук“ Крис Хјуз. Според нив, новиот данок ќе помогне во решавањето на огромните разлики меѓу богатите и сиромашните, ќе се соберат средства за борба против […]

Загина едниот пилот од судирот меѓу германските воени авиони


Два воени авиони Еурофајтер се судрија во североисточната германска држава Мекленбург-Западна Померанија, при што еден пилот загина, соопшти Министерството за внатрешни работи. Авионите припаѓаа на германските вооружени сили, а се судриле во близина на воена база, над туристичкото подрачје на езерото Дривицер. Пилот од трет авион, кој исто така учествувал во маневрите, видел како двајцата пилоти […]

Уапсено лице кое планирало напад врз Амбасадата на САД во Брисел


Белгиското федерално обвинителство соопшти попладнево дека е уапсено едно лице за кое постои сериозен сомнеж дека планирало напад врз американската амбасада во Белгија. Лицето М.Г. е лишено од слобода во саботата во центарот на Брисел од страна на федералната полиција на Белгија и се сомничи за терористички напад врз Амбасадата на САД. Според судски извори […]

Полска го прекршила правото на ЕУ, утврди Европскиот Суд за правда


Европскиот суд за правда оцени дека законот со кој се намалува возраста за пензионирање на судиите е спротивен на правото на Европската Унија. Предметот го покрена Европската Комисија минатата година откако полските власти го донесоа овој закон, за кој голем дел од стручната јавност смета дека е обид за отстранување на „неподобните“ судии од системот […]

(Видео) Се судрија два германски борбени авиони, делови паднале во населена област


Два борбени авиони „еурофајтер“ се судрија на небото над Германија во близина на градот Малхов, објави „Билд“. Се претпоставува дека пилотите навреме се катапултирале, меѓутоа постои опасност остатоците да паднале на населена област. Според министерството за одбрана на Германија, авионите се судриле над шумска област, каде и паднале нивните остатоци, што предизвикало пожар. Видео постирано […]

Париз подготвен ги дочека рекордните температури


Властите во Париз поставија „студени соби“ во општинските згради, отворија базени за ноќно капење и поставија дополнителни чешми за пиење вода низ градот, како мерки за справување со „евентуално опасниот“ топлотен бран, кој може да достигне рекордни температури до крајот на месецов. Градоначалничката на Париз, Ан Идалго изјави дека осум базени ќе бидат отворени по […]

Го купија сето пиво за да спречат одржување фестивал


Жителите на германскиот град Острица на многу необичен начин решија да се спротивстават на одржување на фестивал во овој град. Противниците на неонацистичкиот фестивал во овој источногермански град во саботата на необичен начин организираа протест. Имено, тие го купија сето пиво од продавничките во местото. Оваа акција следеше откако полицијата забрани алкохол на екстремно-десниот фестивал […]

ПССЕ ја откажа прославата на 70-годишнината на Советот на Европа


 Парламентарното собрание на Советот на Европа ја откажа прославата на 70-годишнината на Советот на Европа закажана за денеска на пладне, јавува дописникот на МИА од Стразбур. Причината за откажувањето е предолгата расправа за дневниот ред на летната сесија на ПССЕ, во која се водеа процедурални дискуии за тоа дали на дневниот ред треба да се […]

Евакуиран Парламентот во Лондон по предупредување за пожар


Британскиот Парламент беше евакуиран денеска поради предупредување за пожар, јавија британски медиуми. Парламентарците биле известени да го напуштат објектот преку разгласниот систем откако се вклучил и звучниот аларм за пожар. Алармот бил исклучен по 20-тина минути по што на парламентарците, останатите вработени и новинарите им било дозволено да се вратат во Вестминистерската Палата.  

Казахстан: Се евакуираат 44.000 жители по експлозии во воена база


Владата на Казахстан нареди евакуација на градот Арис, со 44.000 жители по серијата експлозии во блиското складиште за муниција, соопшти Министерството за одбрана на земјата. Експлозии чија причина не е позната се случија во воената база во Арис. Министерството нагласува дека не е познато дали има жртви, додека локалните медиуми известуваат за 10 лица со […]