Идентификувани сите 40 жртви од трагедијата во Швајцарија


Швајцарската полиција ги идентификуваше сите 40 жртви од пожарот што избувна на новогодишната ноќ во ноќниот клуб „Ле Констелашн“ во скијачкиот центар Кран-Монтана, објавија властите на кантонот Вале. Обвинителството потврди дека пожарот е предизвикан од употреба на пиротехнички фонтани во објектот. 40 мртви, претежно млади Според досега утврдените информации, меѓу жртвите се шест италијански државјани, […]

Мадуро попладнево се очекува да се појави во судот во Њујорк


Вашингтон – Венецуелскиот претседател Николас Мадуро, кој беше заробен од американските специјални сили за време на викендот, се очекува денеска  за првпат да се појави на суд, се наведува во извештаите на американските медиуми. Сослушувањето на федералниот суд во Њујорк е закажано за пладне по локлано време (17 часот по Гринич), објавија вчера Ен-Би-Си Њуз, Нујорк […]

Трамп ѝ се закани и на „многу болната“ Колумбија по американскиот напад врз Венецуела


Вашингтон– По американскиот напад врз Венецуела, претседателот Доналд Трамп синоќа ја сврте својата реторика кон Колумбија, упатувајќи нови закани, јави ДПА. Во разговор со новинарите, Трамп ја опиша Колумбија како „многу болна“ и рече дека земјата ја води „болен човек кој сака да прави кокаин и да го продава во САД“. „Тој нема да го […]

(Видео) Мадуро кон федералните агенти на САД: „Добра ноќ и среќна Нова Година“


Николас Мадуро моментално е задржан во Метрополитен притворен центар (MDC) Бруклин во Њујорк, откако беше доведен на помал аеродром во градот синоќа. Снимките објавени од американските власти го покажуваат сега де факто поранешниот лидер на Венецуела како излегува од авион со лисици, опкружен со американски агенти. На објавените фотографии и снимки, Мадуро носи спортска облека […]

Пет земји од Латинска Америка и Шпанија со заедничка изјава против секој обид за контрола на Венецуела


Владите на пет земји од Латибска Америка и Шпанија во заедничка изјава отфрлаат секаков обид за контрола на Венецуела, по вчерачната воена интервенција на САД. Шпанија, Чиле, Колумбија, Бразил, Мексико и Уругвај, изразија загриженост за регионалната стабилност по американските воздушни напади и заробувањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес, и нивното […]

Трамп: Сами проценете што значи акцијата во Венецуела за Гренланд. Ни треба Гренланд


Претседателот на САД, Доналд Трамп, во телефонско интервју за „Атлантик“, што се одржа кратко по пристигнувањето во неговиот голф клуб во Вест Палм Бич, повтори дека Венецуела можеби не е последната земја изложена на интервенција на САД. „Апсолутно ни треба Гренланд“, рече Трамп, опишувајќи го островот, кој е дел од Данска, како област „опкружена со […]

Трамп ѝ се закани на в.д. претседателката на Венецуела


Доналд Трамп ја предупреди потпретседателката на Венецуела и вршител на должноста претседател Делси Родригез да не им се спротивставува на САД. „Ако не го стори она што е исправно, ќе плати многу висока цена, веројатно повисока од Мадуро“, изјави американскиот претседател за „Атлантик“ во телефонско интервју утрово според американско време. Трамп додаде дека Венецуела можеби […]

Во акцијата за фаќање на Мадуро убиени повеќето од неговите телохранители


Голем дел од личното обезбедување на соборениот венецуелски претседател Николас Мадуро беше убиен вчера во американската операција за негово апсење, изјави венецуелскиот министер за одбрана Владимир Падрино. Тој уште еднаш побара ослободување на Мадуро и го осуди „ладнокрвното“ убиство на неговите телохранители. Падрино не го наведе точниот број на убиени припадници на обезбедувањето на Мадуро. […]

Медведев: Постапките на Трамп се нелегални, но конзистентни


Дмитри Медведев, заменик-претседател на Советот за национална безбедност на Русија, изјави дека постапките на американскиот претседател Доналд Трамп во Венецуела се нелегални, но и конзистентни бидејќи тој ги брани американските интереси, објави руската новинска агенција ТАСС. „Мора да се признае дека, освен очигледната нелегалност на однесувањето на Трамп, не можеме да негираме одредена конзистентност во […]

Рубио: Не ни треба нафтата на Венецуела, но не сакаме глобалните ривали на САД да ги преземат нејзините ресурси


 САД не се во војна со Венцуела туку со наркотрговците, и не ни треба венецуелската нафта, но не сакаме глобалните ривали и противници на Америка да ги преземат венецуелските ресурси, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио за Ен Би Си, коментирајќи ја американската интервенција во Венецуела и апсењето на претседателот Николас Мадуро. – Тоа што […]

Шпиони, дронови и елитни војници: Како САД го заробија Мадуро


  Со месеци, американските шпиони го следеа секој потег на венецуелскиот претседател Николас Мадуро. Мал тим, вклучувајќи еден извор во венецуелската влада, набљудувал каде спиел 63-годишниот претседател, што јадел, што носел, па дури и, според високи воени претставници, „неговите миленици“. Потоа, на почетокот на декември, беше финализирана планираната мисија наречена „Операција апсолутна решителност“. Тоа беше […]

(Видео) Објавени снимки од Мадуро со лисици. САД: Куба е во голема неволја


Заробениот венецуелски претседател Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес се префрлени во Њујорк по големата американска воена операција во Венецуела. Footage of Former Venezuelan President Nicolás Maduro entering the DEA Building earlier in New York City, telling bystanders “Goodnight” and wishing them a “Happy New Year.” pic.twitter.com/v4mctwzyc2 — OSINTdefender (@sentdefender) January 4, 2026 Мадуро […]

„Њујорк тајмс“: Најмалку 40 убиени во американскиот напад врз Венецуела


Најмалку 40 лица, вклучувајќи воен персонал и цивили, се убиени во американските воздушен напад врз Венецуела рано во саботата наутро, изјавил висок венецуелски функционер за „Њујорк тајмс“. Весникот пренесува дека во нападот имало цивилни жртви, особено во Катија Ла Мар, сиромашна крајбрежна област западно од аеродромот во Каракас, каде што била погодена трикатна станбена зграда, […]

Заминувањето на Мадуро е добро за Венецуела, но САД го кршат меѓународното право, вели францускиот министер за надворешни работи


 Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро денеска оцени дека заминувањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, кој беше заробен во американската воена операција во саботата и однесен во Њујорк, е „добра вест за Венецуелците“, но истакна дека САД со интервенцијата го кршат меѓународното право. Во изјава за јавната телевизија Франс 2, Баро рече дека „Мадуро […]

Сопруга на советник на Трамп објави мапа на Гренланд и напиша – наскоро, Данска вознемирена


Отако САД го заробија венецуелскиот претседател Николас Мадуро вчера, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата администрација ќе „ја води Венецуела“ сè додека не се изврши транзиција на власта. Изјавата, како и самата воена интервенција, предизвика загриженост дека Трамп би можел да го насочи своето внимание кон други делови од светот. Особено се зголеми загриженоста […]

Нилски коњи усмртија четири лица во Кенија, ловеле риба во езеро


Четворица млади мажи загинаа по напад од нилски коњ на езерото Наиваша во Кенија, јавија локалните медиуми. Група од 14 мажи сакале нелегално да ловат риба на бреговите на езерото, популарна туристичка атракција лоцирана околу 80 километри од главниот град Најроби во Долината на Раседот. Неколку нилски коњи ја нападнале групата, јавија кениските медиуми додавајќи […]

Идентификувана најмладата жртва досега во пожарот во Кран-Монтана, 14-годишно швајцарско девојче


Швајцарските експерти досега идентификуваа 24 од 40-те лица кои загинаа во пожарот во барот за време на Нова година во швајцарскиот алпски центар Кран-Монтана, вклучувајќи и 14-годишно швајцарско девојче кое е најмладата жртва досега, соопшти денеска полицијата. Многу од жртвите се малолетници, меѓу кои Швајцарци и Италијанци, како и еден италијанско-емиратски државјанин. Меѓу досега идентификуваните […]

Идентификувани уште 16 жртви од пожарот во Кран-Монтана, починатите се од Швајцарија, Италија, Романија, Франција, Турција…


Швајцарската полиција денеска соопшти дека идентификувала уште 16 жртви од пожарот во барот во Кран-Монтана, кој избувна за време на прославата на Новата година. Како што е наведено, меѓу нив има 10 Швајцарци, две лица се од Италија, едно е со италијанско-емиратско потекло, едно лице е од Романија, едно од Франција и едно од Турција. […]

Колумбија испрати војници и тенкови на границата со Венецуела


 Колумбија синоќа распореди тенкови и војници за да ја чуваат границата со Венецуела по американската воена интервенција во Каракас. По наредба на колумбискиот претседател Густаво Петро, воените сили се собраа на клучните премини со Венецуела, стравувајќи од масовни миграции или дека криминалните банди би можеле да го искористат хаосот, пренесе парискиот весник Монд (Le Monde). […]

Идентификувани 11 жртви од пожарот во Кран-Монтана


 Првите единаесет жртви од катастрофалниот пожар во швајцарскиот ски-центар Кран-Монтана, во кој загинаа вкупно 40 лица, се идентификувани, соопшти локалната полиција. Меѓу идентификуваните се осум млади лица на возраст меѓу 16 и 24 години кои живееле во Швајцарија. Италијанските медиуми јавија дека меѓу загинатите има и тројца италијански државјани. Во меѓувреме, роднините на другите исчезнати […]