Путин бара руските власти да следат компании на социјалните мрежи


Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека руските власти треба да ги следат активностите на „некои компании“ на социјалните мрежи за време на претседателската кампања во 2018 година и да се проценува нивното мешање во внатрешната политика. Путин не ги именуваше компаниите, ниту посочи дали се странски или домашни, додека САД и некои западни држави ја …

Путин бара руските власти да следат компании на социјалните мрежи Read More »

Цело Милано ќе се вози со електрични автобуси


Италијанскиот град Милано планира да стане еден од првите градови во Европа, кој целиот јавен превоз ќе го врши со електрични возила и се надева дека тој план ќе го постигне во 2030 година. Во моментов, 97 отсто од градските автобуси возат на дизел, а од 2020 година, Милано планира да престане да купува такви …

Цело Милано ќе се вози со електрични автобуси Read More »

САД го скратија за 285 милиони долари финансискиот придонес кон ОН


Њујорк – Американската амбасадорка во Обединетите нации Ники Хејли најави дека САД ќе го намалат својот придонес кон буџетот на ОН за 285 милиони долари во фискалната 2018-2019 година. – Неефикасноста и претераното трошење на ОН е добро познато. Ние нема повеќе да дозволуваме да се злоупотребува широкоградоста на американскиот народ и трошењето да биде …

САД го скратија за 285 милиони долари финансискиот придонес кон ОН Read More »

Путин сѐ поблиску до нов мандат: Одбиена претседателската кандидатурата на Алексеј Навални


Руската Централна изборна комисија денеска го одби барањето на Алексеј Навални да се кандидира на претстојните претседателски избори. Навални, кој е познат како организатор на протестите против рускиот претседател Владимир Путин, кого го обвинува за корупција, се сметаше за еден од посериозните кандидати кои можат да го предизвикаат актуелниот шеф на руската држава. Причината поради …

Путин сѐ поблиску до нов мандат: Одбиена претседателската кандидатурата на Алексеј Навални Read More »

Обичаите низ светот за католички Божик


Некои едвај го чекаат Божик, додека други не можат да ја дочекаат Нова година! Некако секогаш излегува дека поголема е радоста во исчекувањето, отколку во самиот настан. Така и Бадната вечер всушност е ден кога се случуваат најмногу нешта. Треба да се накити божикна елка, да се подготват разни јадења, да се завиткаат подароци и …

Обичаите низ светот за католички Божик Read More »

Славењето Божик во Северна Кореја е опасно по живот


Луѓето во Северна Кореја можат да бидат затворани, измачувани или убиени само поради славење на Божик. Дедо Мраз постои во фантазијата на децата, но за жителите на Северна Кореја тој не е ни фиктивна личност. Тамошната влада постојано работи на спречување на влез на какви било информации за Божик, поради што многу граѓани на Северна …

Славењето Божик во Северна Кореја е опасно по живот Read More »

Како Трамп и Меланија го слават Божиќ (ВИДЕО)


Претседателот на САД, Доналд Трамп, го поминува празниците во својата вила во Палм Бич на Флорида. На Божиќна вечер, прва откако е претседател, тој беше многу зафатен, јавија светските агенции. Трамп ги поздрави војниците кои се борат во странство, играше голф, вечераше со семејството… На крај, тој и Меланија одговараа на прашањата на децата за …

Како Трамп и Меланија го слават Божиќ (ВИДЕО) Read More »

Поглаварот на Албанската православна црква, Јанулатос по 25 години доби албанско државјанство


Поглаварот на Албанската православна автокефална црква, Анастасиј Јанулатос, по 25 години конечно доби албанско државјанство. Указот за државјанството го потпиша шефот на државата Илир Мета, кои вестата ја соопшти на својот профил на Фејсбук. – Драги пријатели, на Бадник, воочи Божик, со задоволство ја објавувам мојата одлука да му дадам албанско државјанство на Архиепископот за …

Поглаварот на Албанската православна црква, Јанулатос по 25 години доби албанско државјанство Read More »

Фејсбук и Инстаграм му ги блокираа профилите на Кадиров, не бил доволно демократ


Американските социјални мрежи, Фејсбук и Инстаграм, ги затворија профилите на чеченскиот претседател Рамзан Кадиров.Чеченскиот претседател пред да му бидат изгаснати профилите имаше повеќе од три милиони следбеници на Инстаграм, а околу 760.000 на Фејсбук. Тој е познат како страстен корисник на Инстаграм, добро познат по тоа што често споделува фотографии и вести за Чеченија и …

Фејсбук и Инстаграм му ги блокираа профилите на Кадиров, не бил доволно демократ Read More »

Турција бара олеснување на визниот режим на нивните граѓани


Претседателот на турскиот парламент, Исмаил Кахраман, денеска предложи да се олесни визниот режим за граѓаните на Русија и Турција. -Би сакале да побараме олеснување на визниот режим за граѓаните на нашите земји, рече Кахраман за време на состанокот со претседателот на руската Дума Вјачеслав Волидин во Пакистан. Кахраман истакна дека минатата година значително се зголемил …

Турција бара олеснување на визниот режим на нивните граѓани Read More »

Ципрас за божикните празници во Белград


Грчкиот премиер Алексис Ципрас, на покана на српскиот претседател Александар Вучиќ, Божик ќе го прослави во Белград. Ципрас денеска ќе допатува со своето семејство во приватна посета на Белград, а на покана на Александар Вучиќ, кој ќе го угости него и неговото семејство за време на Божикните празници. Грчките медиуми објавија дека ова е првпат …

Ципрас за божикните празници во Белград Read More »

Кина за две години укинала 13.000 интернет страници


Од почетокот на 2015 година, Кина укинала 13.000 интернет страници, под обвинение дека ги прекршиле законите и други владини правила. Покрај 13.000 интернет страници, деактивирани се и 10 милиони кориснички профили, претежно од социјалните мрежи. Во истиот, двегодишен период, повеќе од 2.200 сопственици на интернет страници се повикани на информативен разговор. Анкетите во Кина покажуваат …

Кина за две години укинала 13.000 интернет страници Read More »

Пучдемон: Јас сум премиер на Каталонија


Сменетиот каталонски лидер Карлес Пучдемон ја повика шпанската Влада да му дозволи да се врати во Шпанија за да присуствува на првата седница на новиот каталонски Парламент и да стане нов лидер на Каталонија. Сепаратистичките партии освоија тесно мнозинство во Парламентот на неодамнешните регионални избори, но се уште е неизвесно дали Пучдемон и другите приведени …

Пучдемон: Јас сум премиер на Каталонија Read More »

Тропска бура однесе 200 животи на Филипините


Бројот на загинати во поплавите и свлечиштата на Филипините предизвикани од тропската бура Тембин достигна 200 жртви, соопштија локалните власти. Најмногу загинати – 127 лица има во провинцијата Северен Ланао, додека на јужниот остров Минданао 69 лица се водат како исчезнати. Другите жртви, исто така, се на островот Минданао. Тропската бура го погоди јужниот дел …

Тропска бура однесе 200 животи на Филипините Read More »

Ники Хејли прва американска претседателка?


Воениот аналитичар на американската телевизија „Фокс њуз“ Ралф Питерс тврди дека актуелната амбасадорка на САД во ОН Ники Хејли би можела да стане првата претседателка во историјата на земјата и ја споредува со некогашната британска премиерка Маргарет Тачер. „Њузвик“ пишува дека овој пензиониран потполковник на американската армија „гледа потенцијал“ во 45-годишната Хејли, откако таа се …

Ники Хејли прва американска претседателка? Read More »

Истражување: Британците по дома си разговараат преку СМС-пораки


Британците просечно испраќаат околу 10.000 СМС-пораки годишно на членовите на семејството оддалечени една или две соба поради мрзеливост или избегнување на конфликт, покажа истражувањето објавено вчера. „Можеш ли да го исклучиш телевизорот?”, „Што има за вечера?” или „Доаѓаш ли во кревет?”, се некои од најчестите пораки, покажа интернет анкетата спроведена во декември на две илјади …

Истражување: Британците по дома си разговараат преку СМС-пораки Read More »

Москва: Американското оружје ќе го разгори конфликтот во источна Украина


Одлуката на Вашингтон за снабдување на Украина со оружје, ќе го испровоцира Киев да употреби сила во конфликтот во источна Украина, предупреди денеска заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Григориј Карасин. Американските медиуми, повикувајќи се на официјални лица, пренесоа дека владата на САД го одобрила планот за испорака на оружје во Украина со цел да …

Москва: Американското оружје ќе го разгори конфликтот во источна Украина Read More »

Израел ќе излезе од УНЕСКО


Израел соопшти денеска дека ќе го напушти УНЕСКО поради „системски напади“ од страна на организацијата кон еврејската држава. Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Израел, Емануел Нахсон рече дека одлуката е базирана на „обидите на организацијата да ја одвојат еврејската историја од Израел“. Тој додаде дека официјално писмо за излегување ќе биде поднесено пред …

Израел ќе излезе од УНЕСКО Read More »

Дваесетина повредени при судир на два воза во Австрија


Дваесетина лица се повредени при судир на два воза во североисточна Австрија, соопштија властите. „Несреќата се случи околу 18 часот по локално време, во близина на градот Критцендорф“, изјави портпаролот на противпожарната служба Франц Респергер. Два вагона излегле од шините и се превртеле, а третиот е навален на една страна. На местото на несреќата се …

Дваесетина повредени при судир на два воза во Австрија Read More »

Вучиќ: Веројатно нема да се кандидирам за втор мандат


Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека веројатно нема да се кандидира за втор мандат на следните претседателски избори во 2022 година. Вучиќ, во интервју за „Блумберг“ истакна дека негова намера е да ја „заврши работата“ потребна за влез на Србија во ЕУ до крајот на овој мандат. – Дали ќе бидам претседател во 2025? …

Вучиќ: Веројатно нема да се кандидирам за втор мандат Read More »