Сè повеќе Американци се против тактиките на имигрантските власти


Довербата на Американците во Имиграциската и царинска служба на САД (ICE) бележи драстичен пад, додека поддршката за протестите против агенцијата расте, покажува нова анкета спроведена по убиството на 37-годишна жена од страна на федерален агент во Минеаполис. Според анкетата на ЈуГов (YouGov), спроведена на 7 јануари на примерок од повеќе од 2.600 возрасни Американци, покажува […]

Зелeнски: Киев и САД преговараат за договор за слободна трговија


 Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев води преговори со САД за можен договор за слободна трговија. Според Зеленски, договорот би можел да предвиди нултa царини за трговија со САД за дел од индустриските региони на Украина и да стане дел од поширок „план за просперитет“ за обновата на земјата по војната. „Таков договор ќе […]

Макрон одржа затворен состанок со парламентот за испраќање трупи во Украина


  Францускиот претседател Емануел Макрон одржа затворен состанок со претставници на владата, воената команда и парламентот за да разговараат за можното распоредување на француски трупи во Украина по завршувањето на војната, објави „Монд“, повикувајќи се на извори. Според весникот, „никој генерално не се спротивставил“ на планот предложен од шефот на државата. На тричасовниот состанок учествувале […]

Икс го замени емоџито на иранското знаме со симбол на монархијата


Социјалната мрежа Икс, порано позната како Твитер, официјално го промени емоџито за иранското знаме во знаме на поранешната иранска монархија, но само на својата веб-верзија. Ова доведе до појава на невообичаени објави, бидејќи автоматски се прилагодуваа на содржината, пренесува „Скај њуз“. Старите објави на врховниот ирански водач, ајатолахот Али Хамнеи, одеднаш почнаа да го прикажуваат […]

Околу 600.000 луѓе во јужна Русија без струја, вода и греење по украинскиот напад


 Околу 600.000 жители во рускиот регион Белгород, кој се граничи со Украина, останаа без електрична енергија, греење и вода по украинскиот ракетен напад, изјави гувернерот Вјачеслав Гладков. Тој напиша на Телеграм дека се работи на враќање на снабдувањето со електрична енергија, но дека ситуацијата е „исклучително тешка“. Снимките направени во Белгород покажуваат изгаснати улични светла, […]

Синот на последниот шах ги собира демонстрантите, но дали Иранците навистина сакаат друг крал?


Реза Пахлави имал само 16 години кога револуцијата во Иран во 1979 година го собори 40-годишното владеење на неговиот татко. Најстариот син на шахот Мохамед Реза Пахлави,  беше првиот во редот да ја наследи богатата со нафта илјадагодишна империја.Сега на 65-годишна возраст, речиси половина век по разбивањето на неговото право од раѓање, неговото чекање можеби […]

Иран во пламен, има ли шанса револуцијата?


Иран се соочува со најголемите протести против свештеничкиот естаблишмент во последниве години, при што властите спроведуваат брутална репресија за да ги смират растечките немири. Во светот настаните веќе добија име нова иранска револуција и  потсетуваат на настаните што претходеа на Исламската револуција во 1979 година. За разлика од тогаш кога се бараше смена на кралот […]

„Телеграф“: Трамп фрустриран од континуираната бруталност на Путин


Американскиот претседател Доналд Трамп станува сѐ пофрустриран од рускиот претседател Владимир Путин и сѐ почесто го смета за поголема пречка за постигнување мир во Украина отколку украинскиот претседател Володимир Зеленски, тврдат извори блиски до американската администрација, пренесува британскиот весник Телеграф.Според истите извори, неодамнешните потези на Трамп – заплената на руски танкер под санкции и давањето […]

ЕУ бара ослободување на сите неправедно приведени учесници на протестите во Иран


 Сите неправедно приведени лица за време на протестите во Иран мора веднаш да бидат ослободени, порача високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас. – Внимателно и со голема загриженост ги следиме извештаите за жртвите и ја осудуваме употребата на насилство, произволно притворање и тактики на заплашување од страна на безбедносните […]

Републикански сенатор се огради од Трамп


Републиканскиот сенатор Мајк Левин, инаку сопартиец на Доналд Трамп, објави текст на свој избирач, во кој таа предупредува дека проблемот е во нас, а не во лидерите што сакаат да не дехуманизираат, оценувајќи ја практично ситуацијата во САД. Со постот тој практично се огради од политиката и однесувањето на претседателот на САД. „Најголемата опасност не […]

(ВИДЕО) Бројот на мртвите во Иран нејасен, според лекар надминува 200 жртви


Лекар од Техеран изјавил за списанието TIME дека само шест болници во главниот град евидентирале најмалку 217 загинати демонстранти, „најчесто од боева муниција“.Доколку овие бројки се потврдат, тоа би укажувало на жестока репресија, што ја најави речиси целосното гасење на интернетот и телефонските врски во земјата од четврток навечер.  Протестите, кои сега се проширени во сите […]

Функционер на Трамп за убиството во Минесота: Не знам како ќе се опоравиме од ова!


Брзиот и агресивен одговор на администрацијата на Доналд Трамп на пукањето во Минесота предизвика тивка загриженост кај некои сојузници на администрацијата, како и кај поранешни и сегашни службеници на Службата за имиграција и царина. Посебна мака е што многу брзо секретарката на Министерството за внатрешна безбедност, Кристи Ноем, во јавните изјави од Браунсвил, Тексас, во […]

Папата Лео и Трамп одат кон судир


Првиот американски папа Лео е на пат да се судри со американскиот претседател Доналд Трамп. Најновата линија на раздор меѓу Ватикан и Белата куќа се појави кратко откако Трамп посочи дека неговата администрација може да ја „управува“ Венецуела, по што папата Лав XIV, роден во Чикаго, се појави на прозорецот на црквата Ангелус со поглед […]

Има Украинци на рускиот танкер запленет од американските сили


 Украинската амбасадорка во САД, Олга Стефанишина, изјави дека меѓу членовите на екипажот на рускиот танкер Бела-1 запленет од американските сили оваа недела се и нејзини сонародници. Локалните медиуми ја цитираа како вели дека украинските дипломати се во контакт со американските власти за да обезбедат конзуларен пристап до членовите на екипажот. „Амбасадата ја држи ситуацијата под […]

Велика Британија ќе обезбеди 200 милиони фунти за евентуално распоредување на војници во Украина


Велика Британија соопшти дека обезбедува 200 милиони фунти (230 милиони евра) за финансирање на подготовките за евентуално распоредување на војници во Украина, откако оваа недела вети дека ќе придонесе за мултинационални сили за земјата во случај на прекин на огнот. Британскиот премиер Кир Стармер, францускиот претседател Емануел Макрон и украинскиот претседател Володимир Зеленски во вторникот […]

Партиите од Гренланд: Не сакаме да бидеме Американци


Политичките партии во Гренланд покажаа единство како одговор на тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп за данската територија, објави ДПА. „Не сакаме да бидеме Американци, не сакаме да бидеме Данци, сакаме да бидеме Гренландци“, се вели во заедничка изјава потпишана од петте партии во локалниот парламент на Гренланд, Инатсисартута. Политичките сили ги повикаа САД да […]

Минатата 2025 година – најсмртоносна за притворените од ICE


Изминатата 2025 година беше најсмртоносната година на ICE во последните две децении. Дури  32 лица починаа во притвор,  откако администрацијата на Доналд Трамп ги засили мерките за спроведување на имиграцијата, притворајќи рекорден број луѓе. Некои од тие кои починаа во притвор неодамна пристигнале во САД, барајќи азил, но други  пристигнале пред многу години, како мали […]

Трамп го сакал Гренланд за да го спаси од Кина и Русија


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД мора да го „поседуваат“ Гренланд за да ги спречат Русија и Кина да го преземат, велејќи дека тоа ќе се направи „на лесен или на тежок начин“. Острата изјава доаѓа по неодамнешните сигнали од Белата куќа дека администрацијата размислува да ја купи полуавтономната територија од Данска, но не […]

(ВИДЕО) Најмалку 62 лица загинаа во протестите во Иран, запалена џамија во Техеран


САД се виновни за „трансформирањето на мирните протести во насилство, субверзија и широко распространет вандализам“ во Иран, изјави постојаниот претставник на Исламската Република во ОН пред Советот за безбедност. Иран го осудува „континуираното, нелегално и неодговорно однесување на САД во координација со израелскиот режим во мешањето во внатрешните работи на Иран преку закани, поттикнување и […]

Се шират протестите во САД, за денес најавени стотици низ земјата


Протестите против американската Служба за имиграција и царина (ICE) продолжија денеска по смртоносното пукање врз 37-годишна жена во Минеаполис, а демонстрациите се проширија во неколку други американски држави, објави ДПА. Според извештаите на медиумите, десетици студенти се приклучија на протести во Минеаполис (Минесота), протестирајќи против присуството на службениците за имиграција. Стотици протести и митинзи се […]