Конгресот го потврди Бајден за претседател, пучот на Трамп пропадна


Конгресот штотуку ја потврди победата на избраниот претседател Џо Бајден, и покрај протестите последната вечер со кои сакаше да се спречи таквата одлука. Потврдата се случи во четири часот наутро според американско време. Пребројувањето на трите изборни гласови во Вермонт ги постави Бајден и новоизбраниот потпретседател Камала Харис над прагот од потребните 270 за освојување […]

Трамп уште во декември ги повика приврзаниците да протестираат на 6 јануари


САД – Американскиот претседател Доналд Трамп со недели тврдеше дека изборите се украдени, а неговите приврзаници вчера упаднаа во Конгресот, симболот на американската демократија. Трамп, кој одбива да го признае изборниот пораз повеќе пати ги повика своите приврзаници да дојдат во Вашингтон на денот кога Претставничкиот дом и Сенатот ја потврдуваат победата на Џо Бајден. – […]

Можно е отповикување на Трамп пред инаугурацијата на Бајден


САД– Демократката во американскиот Претставнички дом, Илхан Омар, најави дека ќе достави предлог за отповикување на претседателот Доналд Трамп, 13 дена пред закажаната инаугурација на избраниот претседател Џо Бајден. – Не можеме да дозволиме да остане на функција зачувување на нашата Република и мораме да ја исполниме нашата заклетва, напиша Омар на Твитер. Директорот на […]

Во протестите во Вашингтон загинаа најмалку четири лица, уапсени 53 лица


САД- Полицијата на Вашингтон објави дека четири лица загинале за време на вчерашниот упад на приврзаниците на Доналд Трамп во Конгресот. Досега приведени се 53 луѓе, од кои 47 поради кршење на полицискиот час, што вчера беше воведен во Вашингтон и трае од 18 до шест часот. Американскиот потпретседател Мајк Пенс на Твитер го осуди […]

Најтажниот ден во историјата на американската демократија


САД – Американскиот Конгрес синоќа продолжи со работа на заедничка сесија на законодавците во текот на која членови на Преставничкиот дом и на Сенатот формално треба да ги потврдат разултатите од гласањето на колеџот на електори, кој во декември ја сертифицираше победата на Џо Бајден. Денот претходно помина во анархија и хаос во и околу Капитол […]

Твитер го замрзна профилот на Трамп најмалку 12 часа


Твитер објави дека профилот на Доналд Трамп ќе биде замрзнат најмалку 12 часа, по отстранувањето на три од твитовите на претседателот. „Како резултат на досега невидената и постојана насилна ситуација во Вашингтон, побаравме отстранување на твитови @realDonaldTrump кои беа објавени порано денес за повеќекратно и сериозно кршење на нашата политика за граѓански интегритет“, се вели […]

Почина жената која што беше застрелана во Капитол (видео)


Почина жената која што беше застрелана пред Конгресот на САД за време на немирите, јави Си-Ен-Ен. Претходно, медиумите јавија дека полицијата во Вашингтон застрела една жена од демонстрантите пред зградата на Капитол. Таа е однесена на носилки, облеана во крв. Телевизијата исто така јави дека зградата на Конгресот е „сигурна“, односно дека во неа нема […]

Демократите го освоија и Сенатот на САД со победата на Џон Ософ


Демократот Џон Ософ го победи републиканецот Дејвид Пердју во Џорџија, зацврстувајќи ја историската сина промена на државата и давајќи им на демократите контрола на американскиот Сенат – отворајќи го патот за нивната законодавна агенда во првите години од мандатот на новоизбраниот претседател Џо Бајден. Пердју, републиканец, кој за прв пат беше избран во 2014 година, […]

(Видео) Трамп им порача на приврзаниците „да си одат дома во мир“, Бајден ја осуди насилната окупација во Капитол


Новоизбраниот претседател Џо Бајден ги нарече насилните протести врз американскиот Капитол „напад врз најсветото од американските должности: луѓето да ги извршуваат нивните обврски“. Бајден исто така побара од претседателот Доналд Трамп веднаш да се обрати на телевизија повикувајќи ги неговите приврзаници да престанат со насилството што тој го опиша како „невиден напад“, бидејќи про-Трамп демонстрантите […]

Бајден до Трамп: Прекини ја оваа опсада


Избраниот претседател на САД Џозеф Бајден изјави дека вечерашните нереди во Вашингтон не ја претставуваат Америка. „Го повикувам Трамп да излезе на националната телевизија и да ја исполни својата заклетва, да го брани Уставот и да бара да прекине оваа опсада“, рече Бајден. „Во овој момент нашата демократија е под напад, напад на тврдината на […]

(Галерија) Кој сè влезе во Конгресот вечерва?


Откако демонстрантите, приврзаници на претседателот Доналд Трамп, пред Капитол во Вашингтон ја пробија барикадата и влегоа во зградата, светските медиуми пренесоа бројни фотографии. Дел од нив ви пренесуваме во галеријата:

(Видео) Полицијата застрела жена пред Конгресот во САД


Полицијата во Вашингтон застрела една жена од демонстрантите пред зградата на Капитол. Таа е однесена на носилки, облеана во крв.  Американските медиуми јавуваат дека демонстрантите упаднале и во канцеларијата на претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, но сè уште не е познато дали таа била таму. Претходно, полицијата претходно ја заклучи зградата […]

Хаос во Вашингтон, демонстрантите влегоа во Конгресот (галерија)


Конгресот на САД се заклучи во средата околу 14 часот по локално време со сите пратениците внатре, кога избувнаа насилни судири меѓу приврзаниците на претседателот Доналд Трамп и полицијата. Во Капитол во тек беше расправа за забелешките на група републикански сенатори и конгресмени за резултатот од изборите во Аризона и се очекуваше да гласаат за […]

Трамп: Се надевам дека Мајк Пенс ќе постапи правилно и ќе ги ресертифицира изборите


Американскиот претседател Доналд Трамп се обрати денеска пред илјадници демонтранти на митингот со негови поддржувачи во Вашингтон, уште еднаш повторувајќи ја пораката дека изборите наводно биле украдени.  За јавноста во Вашингтон, ова веројатно е конечниот обид на поразениот претседател да направи нешто околу наводната изборна измама, иствремено кога Конгресот денеска ја сертифицира победата на потивкандидатот […]

Со Би-Би-Си ќе раководи поранешниот банкар на „Голдман Сакс“, Шарп


Ричард Шарп, поранешен банкар во „Голдман Сакс“ ќе биде именуван за нов претседател на британскиот јавен сервис Би-Би-Си, објави денеска телевизијата Скај њуз. Шарп доаѓа на местоот на Дејвид Клементи, поранешен заменик гувернер во Банка на Англија, кој заминува од функцијата следниот месец по четиригодишниот мандат. Шарп до неодамна беше и советник на британскиот министер […]

Политико: Трамп приватно го признава поразот, но сака внимание


САД– Американскиот претседател Доналд Трамп во приватни разговори признал дека изгубил на претседателските избори. Тој знае дека Џо Бајден ќе го смени од функцијата. Милијардерот сфаќа дека Конгресот денеска ќе ги потврди резултатите од изборите, објави Политико повикувајќи се на неименувани извори. Според Политико, Трамп бил разочаран од поразот на изборите за претседател на САД. […]

Илјадници приврзаници на Трамп веќе се на улица во Вашингтон


 Илјадници луѓе се собраа денеска пред зори во Вашингтон за да му дадат поддршка на претседателот Доналд Трамп и неговите обвинувања за изборни измами во момент кога американскиот Конгрес се подготвува да ги потврди изборните гласови за победата на Џо Бајден на претседателските избори. Трамп се очекува денеска да им се обрати на своите приврзаници […]

Можни протести и контрапротести по потврдата од Конгресот на резултатите од претседателските избори во САД


Новиот состав на американскиот Конгрес, што беше конституиран во неделата во Вашингтон, денеска ќе одржи седница на која треба да ги потврди резултатите од претседателските избори. На заедничката седница на двата дома на Конгресот, Претставничкиот дом и Сенатот, треба да се потврдат гласовите на Изборниот колеџ, што го прогласи демократот Џо Бајден за победник на […]

Масовни апсења на продемократските активисти во Хонгконг


ХОНГКОНГ – Ненадејното апсење на десетици продемократски активисти во Хонгонг, во најсериозната употреба на новиот закон за национална безбедност до сега, е јасен знак за решеноста на Пекинг да ја заузда политичката опозиција во поранешната британска колонија. Полицијата приведе околу 50 лица, далеку повеќе отколку во претходните случаи според законот за национална безбедност стар 6 […]

ЕМА позитивно ја оцени вакцината против Ковид-19 на Модерна


Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска одобри употреба  на вакцината против Ковид-19 на компанијата Модерна за лица постари од 18 години. – Вакцината на Модерна е безбедна и ефикасна, објави ЕМА на Твитер. Европска комисија соопшти дека следен чекор е одобрување за ставање во промет на вакцината во Европска Унија. Во ЕУ досега е одобрен […]