Модерна ја намалува испораката на вакцини во Франција


Француското Министерство за здравство соопшти дека бројот на вакцини против коронавирус, развиен од компанијата „Модерна“, ќе биде за 25 проценти помал од оној што се очекува земјата да го добие во февруари. Недоволната испорака на вакцини ги принуди Париз и уште два француски региона да го одложат ставањето на првата доза на вакцината, пренесува Гардијан, […]

Бразилско регулаторно тело: Вакцината на Астра Зенека безбедна за постари лица


Бразилското здравствено регулаторно тело „Анвиса“ соопшти дека податоците за вакцината против коронавирус, што ја развија компаниите „Астра Зенека“ и Универзитетот во Оксфорд, засега покажуваат дека вакцината е безбедна за постари пациенти. „Анвиса“ реагираше откако Германија препорача вакцината на „Астра Зенека“ да се дава само на лица помлади од 65 години. Како што наведе во соопштението, […]

Португалскиот Парламент денеска гласа за легализирање на евтаназијата


Португалскиот Парламент денеска се очекува да го донесе законот со кој се дозволува доброволна смрт со медицинска помош, со што оваа доминатно католичката земја ќе биде четвртата во Европа што ја легализира евтаназијата. Белгија, Холандија и Луксембург се трите земји во Европа во кои евтаназија е легална. Пратениците ги одобрија предлозите насочени кон промена на […]

Мутацијата на корона вирусот со потекло од Јужна Африка потврдена и во САД


Медицинските власти во Јужна Каролина соопштија дека откриле два случаи на новиот вид коронавирус што првпат беше појавен во Јужна Африка, а ова се првите регистрирани случаи на оваа мутација во САД. Станува збор за две лица кај кои е откриено присуство на мутација Б.1.351 во коронавирусот од јужноафриканско потекло, кои се чини дека не […]

Бајден ја потпиша уредбата за здравствена заштита


Американскиот претседател, Џозеф Бајден, го потпиша указот со кој се прошири можноста за аплицирање во системот на здравствена заштита на граѓаните кои не можат да ја добијат преку своите работодавци. Бајден, исто така, го потпиша и указот за укинување на забраната за финансирање меѓународни непрофитни организации што поддржуваат и даваат совети за абортусот. -Потпишувам две […]

Шест лица загинаа, три се критично, поради истекување на хемикалии во близина на Атланта


Најмалку шест лица загинаа денеска, додека повеќемина се повредени и пренесени в болница, откако дошло до истекување на течен азот во еден погон за пакување на храна во североисточниот дел на Џорџија, соопштија здравствените власти на таа американска сојузна држава. – Причината за инцидентот се уште не е позната, соопшти полицијата. Пет луѓе загинале на […]

Илјадници демонстранти бараат оставка од премиерот на Ерменија


Неколку илјади демонстранти протестираа денеска во центарот на Ереван барајќи оставка од ерменскиот премиер Никола Пашињанин. Поединечни демонстранти се судрија со полицијата пред зградата на владата, а уапсени се 21 лице, пренесе АП. Протестите против Пашињанин се одржуваат од ноември, кога со Азербејџан потпиша спогодба за прекин на огнот во Нагорно Карабах. Со спогодбата на […]

Пелоси: Конгресот е соочен со непријатели одвнатре


 Спикерот на Претставничкиот дом, демократката Ненси Пелоси, денеска на брифинг изјави дека Конгресот е соочен со „непријатели одвнатре“, од долниот дом, алудирајќи на некои нејзини колеги.  По немилите настани на 6 јануари кога насилна толпа поддржувачи на бившиот претседател Доналд Трамп упадна во американскиот Капитол, законодавците сметаат дека зградата на Конгресот е сеуште недоволно обезбедена […]

И Марла Мејплс, втората сопруга на Доналд Трамп, се сели на Флорида?


САД– Доналд Трамп ја прогласи Флорида за неофицијален дом на целото семејство Трамп. Додека тој и Меланија моментално престојуваат во Мар-а-Лаго, ќерката Иванка Трамп и зетот Џаред Кушнер се навикнуваат на луксузниот стан во Мајами откако купија парцела од 30 милиони долари за да изградат нов дом. Браќата и сестрите на Иванка, Доналд помалдиот и […]

Мадрид ја обвинува ЕУ поради доцнењето на вакцините


Шпанското Министерство за здравство ја обвини ЕУ поради одложувањето на испораката на вакцините против Ковид-19, поради што главниот град Мадрид мора да ја прекине натамошната имунизација, пишува шпанскиот весник „Ел Мундо“, повикувајќи се на содржината на „протечениот“ документ. Соочувајќи се со критиките од одделни покраини поради проблемите со резервите, централната Влада во нацрт-документ, за кој […]

Французите ја одобруваат идејата за трето затворање, но не и ограничувањата што одат со него


Според студијата на Одокса Бакбонн Консултинг за Ле Фигаро и Франс Инфо, Французите ја одобруваат идејата за трето затворање, но не и ограничувањата што одат со него, односно тие  одбиваат затворање на училиштата и продавниците. Тие изгледаат прилично наклонети за  „лесни“ мерки, јави дописникот на МИА, Наспроти одредени стравови изразени од извршната власт, голем дел […]

„Гардијан“: ЕУ размислува за забрана на извоз на вакцини во Британија


Европската унија би можела во следните денови да го блокира извозот на милиони дози вакцини против коронавирус во Велика Британија, што ќе претставува одговор од Брисел на големиот недостиг од резерви на вакцини во државите членки, пишува весникот „Гардијан“. Откако британско-шведската комоанија АстраЗенека минатата недела соопшти дека ќе мора да ја намали испораката на својата […]

Се подготвува механизам за надзор на извозот на вакцини од ЕУ


Европската комисија се подготвува да предложи механизам за надзор на извозот на вакцини што се произведуваат во ЕУ преку кој ќе може, доколку оцени дека е потребно, и да го спречи, јави дописничката на МИА од Брисел. Од ЕК инсистираат дека „не станува збор за забрана на извозот на вакцини“ кон трети земји, туку за […]

Фаучи: Колективен имунитет во САД наесен кога околу 70 отсто до 80 отсто од населението ќе биде вакцинирано


Главниот медицински советник во Белата куќа, Ентони Фаучи, изјави дека има список на приоритети за вакцинација, но истакна дека верува оти „приоритетите“ ќе бидат постигнати до април и дека сите ќе можат да се вакцинираат. Во изјава за НПР тој додаде дека колективен имунитет може да се постигне до рана есен, кога околу 70 отсто […]

Додека полицајци пребаруваа по станот на сојузничка на Навални, таа го свиреше Бетовен на пијано


Руските истражувачи кои пребаруваа во московскиот стан на сојузник на затворениот критичар на Кремљ, Алексеј Навални, доцна во средата добија необичен пречек – духовит рецитал за пијано од Бетовен од активистот, кој подоцна го уапсија. Полицијата е насочена кон сојузниците на Навални откако десетици илјади луѓе излегоа на улиците во саботата да побараат да биде […]

Светот сега е најтопол во последните 12.000 години


Планетата сега е потопла отколку што била најмалку 12.000 години, период што го опфаќа целиот развој на човечката цивилизација, според последното истражување. Анализата на температурите на површината на океаните покажува дека климатските промени управувани од човекот го ставаат светот на „непозната територија“, велат научниците. Планетата може да биде дури и на најтопла во последните 125.000 […]

Германија препорачува вакцината на АстраЗенека да се дава само на помлади од 65 години


Вакцината на АстраЗенека против Ковид-19 треба да се дава само на лица на возраст под 65 години, соопшти денеска германскиот комитет за вакцини во ажурираната препорака за вакцини, наведувајќи дека има недоволно податоци за препорака на употреба на оваа вакцина на постари возрасни групи. „Во моментов нема доволно податоци за да се процени ефикасноста на […]

Олеснување на патувањата кон и од шест земји вон ЕУ


Советот на ЕУ денеска прифати да ги олесни рестрикциите за патувања кон и од шест земји врз основа на епидемиолошката состојба. Станува збор за граѓаните на Австралија, Нов Зеланд, Руанда, Сингапур, Јужна Кореjа и Тајланд. Советот на ЕУ прифати дека за патувањата кон и од овие шест земји може да се олеснат рестрикциите на надворешните […]

Главниот германски вирусолог предвидува „нормално“ лето во 2022 година


Главниот германски вирусолог Кристијан Дростен очекува дека светот, во однос на пандемијата, нема да се врати во „нормалноста“ долго време и рече дека не верува во можноста за слободно патување во текот на летото. За јавниот сервис АРД, Дростен предупредува на влошување на епидемиолошката состојба на пролет. Тој рече дека по Велигден сè уште нема […]

УНХЦР бара да се стави крај на враќањето на барателите на азил и насилството врз бегалците


Вискокиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) изразува загриженост од зачестените протерувања и неформални враќања на бегалци и баратели на азил на европските копнени и морски граници и ги повикуваат земјите да ги истражат и прекинат тие практики. – УНХЦР добива постојани извештаи за европски земји кои го ограничуваат пристапот до азил, враќајќи луѓе откако […]