Невидени сцени во Израел, 10.000 луѓе на погреб во Ерусалим


ЕРУАСАЛИМ – Илјадници ултра-ортодоксни Израелци во неделата се собраа на погребот на истакнат рабин во Ерусалим, отфрлајќи ја забраната на земјата за големи јавни собири за време на пандемијата. Погребната поворка за рабинот Мешулам Соловеичик, кој почина на 99-годишна возраст, се проби по улиците на Ерусалим во најновиот приказ на ултраортодоксните Израелци како одбиваат да […]

Руската полиција ја приведе сопругата на Навални


Руската полиција ја приведе Јулија Навалнаја, сопругата на опозиционерот, Алексеј Навални, за учество во неодобрен протест во Москва, јавија западни медиуми повикувајќи се на информации на приврзаниците на Навални на социјалните мрежи. Повеќе од 300 лица се веќе приведени на денешниот протестен митинг во Москва за поддршка на Навални, кој е во затвор, соопшти невладината […]

Трамп го напуштаат адвокатите на една недела пред процесот против него


Петмина адвокати од тимот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп се повлекоа нешто повеќе од една недела пред почетокот на неговиот случај во Сенатот, велат извори, цитирани од Си-Ен-Ен. Буч Бауерс и Дебора Барбие, од кои се очекуваше да бидат водечки адвокати, веќе ги нема во тимот. Извор запознат со измените рече дека е заедничка […]

Курц ѝ понуди помош на Португалија, ќе ги презема сериозно болните од коронавирус


Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска и понуди помош на Португалија во борбата против пандемијата на коронавирусот, преземајќи тешко болни пациенти. Во телефонскиот разговор со неговиот португалски колега Антонио Коста, чија земја беше сериозно погодена од вирусот, Курц понуди да ги преземе сериозно болните Ковид пациенти. Деталите за помошта, како што нагласи Кабинетот на австрискиот канцелар, […]

Франција ги затвори границите за патниците кои не се од земји членки на ЕУ


Франција воведе нови епидемиски ограничувања на границата и повторно избегна воведување заклучување на целата територија. Забрането е секое несуштинско патување од земји што не се членки на ЕУ, додека за граѓаните на земјите-членки на ЕУ се бара да направат негативен тест за Ковид-19, пренесува Би-Би-Си. Премиерот на Франција, Жан Кастекс најави построго спроведување на полицискиот час […]

Фото галерија од протестите во Русија


Над 500 луѓе се упасени во денешните протести во повеќе градови во Русија со кои се бара демократија и слобода за опозиционерот Алексеј Навални. За да спречат поголемо собирање властите затворија шест метро станици.  Тие се продолжение на претходните протести кои завршија исто така со масовни апсења под образложение дека се интервенира поради прекршување на […]

Стотици луѓе веќе се уапсени на истокот на Русија за време на протестите


МОСКВА – Илјадници луѓе излегоа на улиците во неделата низ огромната површина на Русија и побараа ослободување на затворениот лидер на опозицијата, Алексеј Навални, одржувајќи бран протести на национално ниво, кои го разбрануваа Кремљ. Стотици беа приведени од полицијата. Властите вложија огромни напори да го спречат бранот демонстрации откако десетици илјади луѓе се собраа низ […]

Аргентина воведе Ковид данок за милионерите


Аргентинската влада донесе одлука со која воведе еднократен данок за Ковид 19 за милионерите во земјата. Со оваа одлука , која стапува во сила во сабота, треба да и се помогне на земјата да ги плати медицинските материјали и да обезбеди стимулации за компаниите во криза поради пандемијата, објави Би-Би-Си. Аргентинците со сметки од над […]

Грозев за мешањето на Москва: Тие што трујат свои граѓани нека не даваат совети


„Демагогијата на руската дипломатија – ова „тролање“ што го прават е  нивната нова стратегија. Нивните дипломати во еден ист ден ги критикуваат западните земји затоа што изразуваат мислење за тоа што се случува во Русија и го нарекуваат мешање во внатрешни работи, а потоа интервенираат во истите внатрешните работи на другите земји, како што прават […]

Тимот на СЗО отиде на пазарот во Вухан каде прв пат се појави корона вирусот


ВУХАН – Тимот експерти предводени на Светската здравствена организација, кои го испитуваат потеклото на Ковид-19, го посетија пазарот во Хуанан во неделата, сега затворениот трговски центар со морска храна во кинескиот град Вухан каде што првично беше откриен новиот коронавирус. Тимот пристигна во Хуанан во услови на силно обезбедување, со дополнителни барикади поставени пред висока […]

Австралија дозволи влез на патниците од Нов Зеланд без карантин


Австралија дозволи влез на патниците од Нов Зеланд по извештаите дека таму не е откриен ниту еден нов локален случај на Ковид-19. Со оваа одлука, патниците од Нов Зеланд се единствените странци за кои не е потребен карантин од 14 дена по пристигнувањето во Австралија. Австралиските власти соопштија дека пристигнувањата од Нов Зеланд се сметаат […]

Виетнам: Антикорупцискиот цар доби уште еден мандат на чело на партијата


Нгуен Фу Тронг, реизбран за најмоќен човек на Виетнам во неделата, е еден од најсилните и најдолговечните водачи на оваа земја во Југоисточна Азија од револуционерот Хо Ши Мин. 76-годишниот Тронг, освојувајќи редок трет мандат како генерален секретар на владејачката Комунистичка партија на петгодишен партиски конгрес, комбинира децении на врвот на моќта и култивираната слика […]

Фаучи: Училиштата во САД можеби нема да се отворат во рок од сто дена


Американскиот имунолог Ентони Фаучи предупреди дека планот на Џо Бајден да ги отвори повеќето училишта во рок од сто дена откако ќе стане претседател на САД „можеби нема да се случи“, бидејќи САД продолжуваат да се борат со голем број нови случаи на коронавирус, објави Си-Ен-Ен. – Претседателот го сфаќа ова многу сериозно. И од […]

Италијанската агенција за лекови ја одобри вакцината на Астра Зенека, но за лица до 55 години


Италијанската агенција за лекови (АИФА) ја одобри вакцината на „Астра Зенека“ против Ковид-19 за сите возрасни лица, но препорача алтернативи за лица над 55 години. АИФА ја одобри вакцината за лица постари од 18 години, како што препорача Европската агенција за лекови, но изрази одредена несигурност за нејзината ефикасност кај луѓето постари од 55 години, […]

Сирија може да биде во фокусот на политиката на Бајден во Источен Медитеран


Професорот Абдурахман Бабакан, член на Факултетот за социјални и хуманистички науки на Универзитетот Медипол во турскиот град Истанбул, за агенцијата Анадолија изјави дека за време на мандатот на Џо Бајден како претседател на САД, во политиките кон Блискиот Исток тој своите напори првенствено ќе ги фокусира на Сирија. – Според воената стратегија, која започна под администрација на […]

Лажна бомба испратена во британска фабрика за вакцини, уапсено едно лице


Едно лице е уапсено откако е испратен сомнителен пакет во фабриката за вакцини „АстраЗенека“ во велшкиот град Рексам. Ентони Колинс (53) од Чатам Хил во Чатам бил приведен во Кент, објави Би-Би-Си. Полицијата во Кент соопшти дека тој е обвинет за испраќање лажна бомба, а фабриката е евакуирана и полициска единица пристигнала на местото на […]

 СЗО: За 24 часа во светот заразени повеќе од 500.000 луѓе


Во изминатите 24 часа се регистрирани повеќе од 500.000 потврдени случаи на Ковид-19, со што вкупниот број заразени, според Светската здравствена организација (СЗО), изнесува 101,56 милиони. СЗО ги заснова податоците на официјално потврдени информации издадени од владите на земјите. Северна и Јужна Америка се во водство според дневните заболувања – 287.160 случаи, следи Европа со […]

Португалија има највисока стапка на Ковид-19 во светот и само седум слободни кревети на интензивна нега


ЛИСАБОН – Португалија во саботата соопшти дека има само седум слободни легла во единиците за интензивна нега поставени за случаи на Ковид-19 на нејзиното копно, бидејќи напливот на инфекции ги натера властите да испратат некои критични пациенти на португалските острови. Податоците на Министерството за здравство покажаа дека од 850 легла на интензивна нега доделени на […]

Раб: ЕУ нема да ja спречува дистрибуција на вакцини во Британија


 Британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб денеска изјави дека ЕУ го уверила дека не сака да ги наруши испораките на вакцини против Ковид-19 во Велика Британија. „ЕУ ме увери дека нема намера да ги спречува добавувачите да ги исполнуваат договорите за дистрибуција на вакцини во Велика Британија“, напиша Раб на Твитер. Раб посочи дека […]

Франција: Демонстрантите се судрија со полицијата за новиот закон за безбедност


  Во повеќе француски градови денеска се одржаа нови протести поради усвојувањето на новиот закон за сигурност со кој се забранува снимање на полициски службеници и поставување видеоснимки на полицајци на социјалните мрежи. Според официјалните извештаи, повеќе од 3.000 граѓани излегоа на протести во Монпеље додека во Париз незадоволните граѓани во голем број излегоа на […]