Меркел се отвори за руската и кинеската вакцина: Погледнете ја само Србија!


  Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека е склона да ја користи руската вакцина против Ковид-19 во Европа по позитивните научни резултати за нејзината ефикасност. „Сите вакцини одобрени од ЕМА (Европската агенција за лекови) ќе бидат добредојдени, токму за тоа разговарав со рускиот претседател Владимир Путин“, изјави канцеларката за државната телевизија АРД, поздравувајќи ги „добрите […]

Мас и Блинкен бараат ослободување на Навални


 Германскиот министер за наддворешни работи Хајко Мас изјави дека денешната казна за рускиот опозиционер Алексеј Навални е „горчлив удар“ за владеењето на законите во Русија и побара негово итно ослободување. Денешната пресуда за Алексеј Навални претставува горчлив удар против основните слободи и владеењето на законите во Русија, напиша Мас на Твитер. Тој истакна дека гонењето […]

Контроверзна идеја ја подели Белгија: Прво да се вакцинираат младите


  Додека се довршува постапката за вакцинирање на најзагрозените групи во белгија, меѓу кои и корисниците на старечки домови и здравствените работници, група угледни научници до владата упатија писмо =, сега предност во вакцинирањето да им се даде на младите, што предизвика голема бура во јавноста. Писмото напишано од Хајди де По, шефица на здружението […]

Се поголем број германски десничари поседуваат оружје


Во Германија во 2020 година забележан е голем пораст на издавање на дозволи за носење на огнено оружје за регистрираните припадници на радикалната десница, соопшти денеска германската Влада. Кон крајот на минатата година 1.200 припадници на радикалната десница легално поседувале огнено оружје, што е за 35 проценти повеќе во споредба со 2019 година. Додека припадниците […]

Судот во Москва го осуди Навални на две години и осум месеци затвор


Судот во Москва денеска ја преиначи условната казна на Алексеј Навални во затвор од 3 години и 6 месеци затвор, но бидејќи тој помина 10 месеци во куќен притвор, неговата ефективна казна е две години и осум месеци.  Според пресудата 44-годишниот опозиционер е осуден за избегнување на условната слобода откако во август беше отруен со […]

Владејачките партии во Италија се уште без договор


Политичките партии што ја сочинуваат Владата на Италија и кои имаат технички мандат се уште немаат постигнато договор, иако рокот истекува вечерва. Главниот спор е помеѓу популистичкото Движење пет ѕвезди и партијата Вива Италија на поранешниот премеир Матео Ренци. Движењето е протв прифаќање на една милијарда евра позајмица од Европска Унија за здравствениот систем, стравувајќи […]

Убиени двајца агенти на ФБИ и уште тројца ранети во инцидент во Флорида


САД – Двајца агенти на ФБИ се убиени, а тројца нивни колеги се повредени со огнострелни рани кога рано утринава врз нив бил отворен во оган во местото Санрајс, во американската сојузна држава Флорида, додека извршувале судски налог за претрес на една куќа, соопшти ФБИ, пренесоа американските медиуми. Пукањето се случило во 6 часот утринава […]

Побарани условни затворски и парични казни за Баладур и Леотар


Франција– Обвинителството на крајот од судењето побара една година условна затворска казна и парична казна од 50.000 евра за поранешниот премиер Едуард Баладур (91 година), суден во Париз под сомнение за тајно финансирање на неговата претседателска кампања од 1995 година, како дел од сериозната афера Карачи, јави дописникот на МИА. Против неговиот поранешен министер за […]

Во Франција во 2020 година се убиени 90 жени од нивните актуелни или поранешни сопружници


Франција – Во 2020 година во Франција се убиени 90 жени од страна на нивните сопружници или поранешни сопружници, наспроти 146 претходната година. Министерот за правда Ерик Дипон-Морети ги пофали овие резултати во борбата против насилството врз жените, иако тие се „премногу скромни“, јави дописникот на МИА. -Во 2020 година извршени се 106 злосторства и 90 […]

Активистите во Мјанмар повикуваат на граѓанска непослушност


 Националната лига за демократија (НЛД), на притворената лидерка на Мјанмар Аунг Сан Су Чи, денеска побара од армијата, која ја презеде контролата во земјата, ослободување на Аунг и признавање на изборната победа на НЛД на изборите што се одржаа во ноември минатата година. Еден ден по апсењето на Аунг се уште не е позната локацијата […]

Лансет: Ефикасноста на „Спутник v“ е потврдена со 91,6 проценти


Русија – Ефикасноста на руската вакцина „Спутник V“ во спречувањето на зараза со коронавирусот е 91,6 проценти, покажува прегледот на резултатите од третата, доцна фаза на клиничките испитувања, објави меѓународното медицинско списание „Лансет“. Британските медиуми пренесуваат дека руските истражувачи соопштиле дека резултатите од третата фаза на истражувањето значат дека светот доби уште едно ефикасно оружје во […]

Говорот на Навални во судот: „Го повредив до смрт, затоа што преживеав“


Денеска, 2 февруари, Окружниот суд Симоновски во Москва го разгледува барањето на Федералната казнено-поправна служба да ја активира условната казна за рускиот опозициионер Алексеј Навални и да го осуди на 3,5 години затвор во случајот „Ив Рошер“. Независната руска Телевизија Дожд  објави препис од говорот на Навални во судот. Целиот процес се следи со големо […]

Во САД убиени пет деца и еден маж


Шест луѓе, од кои пет деца, се убиени од огнено оружје во градот Мускоџи во американската сојузна држава Оклахома. Полицијата уапси вооружен маж осомничен за злосторството, јави УСА Тудеј. Полицијата добила дојава за нападот ноќеска во 1.30 часот откако од куќата се слушнале истрели. Полицијата таму нашла маж со пиштол, при што еден полицаец пукал […]

Хјуман рајтс воч: Без дискриминација да се обезбедат вакцини за сите во Сирија


Меѓународната невладина организација Хјуман рајтс воч (ХРВ) денеска повика на поддршка за хуманитарните групи во Сирија за да се обезбеди фер дистрибуција на вакцини против коронавирус во целата земја, која е зафатена од војна, и ја повика владата во Дамаск да не прави дискриминација, пишува британски Гардијан. – Оние кои ја снабдуваат Сирија треба да […]

Финска медицинска сестра користи седум дози од едно шишенце на вакцината на „Фајзер“


Една финска медицинска сестра се најде на насловните страници со тоа што направи нешто кое се чини дека ја негира фармацевтската компанија „Фајзер“ во однос на нејзината проценка дека секоја вакцина за Ковид-19 е доволна за пет дози, покажувајќи дека седум лица можат да се вакцинираат со користење на едно шишенце. Сари Рос, медицинска сестра […]

ЕК исплати нови 14 милијарди евра помош на земјите-членки


Белгија– Европската комисија исплати 14 милијарди евра на девет земји-членки во четвртата транша од финансиската поддршка наменета за зачувување на работните места. Во рамките на денешната транша, Белгија доби 2 милијарди евра, Кипар 229 милиони евра, Унгарија 304 милиони евра, Летонија 72 милиони евра, Полска 4,28 милијарди евра, Словенија 913 милиони евра, Шпанија 1,03 милијарди […]

Захарова го критикува присуството на западни дипломати во судницата


 На изрекувањето пресуда за рускиот опозициски лидер Алексеј Навални присуствуваат неколкумина странски дипломати, што руското Министерство за надворешни работи го оценува како доказ за обид на Западот да се меша во внатрешните работи на Москва. Навални е обвинет дека повеќе пати ја прекршил условната казна и во тек е рочиште на кое се разгледува дали […]

Италија ги попушти мерките, кафулињата полни (Фото)


  Италија во понеделникот попушти некои од епидемиолошките мерки и меѓу првите ги отвори кафулињата. По строгите мерки кои беа воведени во текот на божиќните и новогодишните празници, соопштено е дека две третини од земјата ги задоволуваат условите за влегување во ткн. „жолта зона“ во која на кафулињата им е дозволено повторно да послужуваат на […]

Британија почнува масовно тестирање од врата до врата


Велика Британија започнува масовно тестирање на 80.000 граѓани од врата до врата во области каде е откриен новиот вид корона вирус од Јужна Африка, пренесува „Гардијан“. Во осум области каде што е откриен новиот вид вирус од Јужна Африка, граѓаните ќе бидат тестирани без оглед дали имаат симптоми на болеста. Околу 10.000 граѓани ќе бидат […]

Макрон ќе ги спречува исламистите да создаваат „контра општество“ во Франција


Француските законодавци почнаа расправа за нацрт-законот со кој се надеваат дека ќе го искоренат радикалниот ислам во земјата,  за кој властите веруваат дека е навлезен во јавните служби, здруженија, некои училишта со цел да се поткопаат националните вредности. Предлог-законот е широк и контроверзен, со околу 1.700 предложени амандмани и гарантира жестока дебата во следните две […]