Започна вакцинацијата во Холандија


Во Холандија, со мало задоцнување во споредба со другите земји – членки на ЕУ, денеска започна процесот на вакцинација. Медицинската сестра Сана Елкадири (39), која се грижи за лица со деменција во Дом за нега на стари, е првата личност која е вакцинирана против корона вирус во Холандија. Таа ја прими вакцината на „Фајзер/БиоНТек“ и […]

Шолц: Германија води добра финансиска политика и може да си дозволи пандемиски мерки


Министерот за финансии на Германија, Олаф Шолц посочи дека Германија може да си дозволи мерки за борба против пандемијата на корона вирусот. – Можеме да издржиме долго, рече вицеканцеларот во врска со финансиите и мерката за затворање на државата, која е продолжена до крајот на јануари. Во изјава за АРД, Шолц рече дека  во Германија не […]

Трамп го потпиша Законот за сузбивање пандемиски измами


Претседателот на САД, Доналд Трамп го потпиша Законот за борба против пандемиски измами во 2020 година, соопшти Белата куќа на својата официјална веб-страница. Со Законот за сузбивање пандемиски измами од 2020 година се бара од Федералната комисија за трговија да открие и да објави информации во врска со измами поврзани со пандемијата. Трамп потпиша уште […]

Унгарија го отвора воздушниот сообраќај со Велика Британија


Унгарија – Унгарската Влада одлучи од денеска да ја укине забраната за комерцијални летови од Велика Британија, соопшти кризниот штаб во Будимпешта. Владата ја воведе забраната на 22 декември со намера да спречи ширење на новиот вид коронавирус што првпат се појави во Велика Британија, а суспензијата на воздушниот сообраќај требаше да трае до 8 февруари.    […]

Демократите го освоија едното сенатско место во Џорџија, другото уште се брои


Демократот Рафаел Ворнок во средата победи на еден од двата натпревари за Сенатот во Џорџија, со што стана првиот црн сенатор во историјата на неговата држава и ставајќи го мнозинството во Сенатот на дофат на партијата. Пасторот кој ги помина последните 15 години водејќи ја црквата во Атланта каде што проповедаше Мартин Лутер Кинг, Ворнок […]

СЗО: Бројот на заразени во светот надмина 84 милиони, 541.000 за 24 часа


Швајцарија– Бројот на потврдени случаи на коронавирус во светот надмина 84,47 милиони, зголемувајќи се за над 541.000 во последните 24 часа, се наведува во последниот извештај на Светската здравствена организација (СЗО), објавен синоќа. Според СЗО, бројот на смртни случаи се зголемил за речиси 8.700, со што вкупниот број изнесува приближно 1,85 милиони. На 5 јануари, Светската […]

Политико: Викторија Нуланд ќе биде потсекретар за политички работи на САД


САД – Новоизбраниот претседател Џо Бајден деновиве треба да ги објави имињата на повеќе носители на важни функции во неговиот кабинет задолжени за надворешна политика и безбедност, објави синоќа Политико.  Повикувајќи се на извори запознати со распределбата на должностите, изданието наведува дека важните позиции ќе припаднат на имиња познати од времето на администрацијата на претседателот Барак Обама.  […]

Тешки сцени на улиците на Боливија – поплави носат се пред себе, загинаа четворица


  Престолнината на Боливија, Сукра, погодена е од поплави во кои животот го загубија најмалку четворица. По силната бура што во градот траеше 1,5 час, водата потече по улиците на Сукра. Најтешо погодени се подрачјата околу пазарот во градот, каде одводите с еблокирани од ѓубре, пренесе Би-би-си. МИнистерот за внатрешни работи Едуардо дел Кастиљо рече […]

Премирот на Летонија ја смени министерката за здравство поради нејасен план за вакцинација


  Премиерот на Летонија, Крисјанис Каринс побара од министерката за здравство да поднесе оставка затоа што смета дека не е јасен планот за вакцинација против корона вирусот. Каринс рече дека Летонија се соочува со „последици од непостоење на јасен и разбирлив акционен план“ за вакцинација против корона вирусот. Летонските власти порано наведоа дека планираат вакцинација […]

Иран од Интерпол бара потерница за Трамп и уште 47 функционери


  Техеран упати барање до Интерпол за распишување меѓународна црвена потерница за 48 американски функционери, вклучително из а претседателот на САД Доналд Трамп, кој се товари за вмешаност во убиството на Касем Сулејмани. Портпаролот на иранското Министерство за правда Гулам Хосеин Исмаил, рече дека истрагата за убиството на командантот на елитната единица Кудс на Иранската […]

Вакцинирањето во ЕУ оди со брзина на полжав


Експлозијата на оптимизам околу одобренијата на вакцините ја заменија одложувања, недоволни количини и бирократски грешки   За само неколку недели она што изгледаше како вистински спас од мрачниот тунел – пронаоѓањето на вакцините против Ковид-19 – се претвори во неверојатно доцнење, недоволно испорачни количества, бирократски пречки, слаба организираност на здравствените системи… Со исклучок на извонредното […]

Кина сè уште не им одобрила на научниците влез за да го испитаат потеклото на короната


  Челникот на Светската здравствена организација изјави дека е многу разочаран затоа што Кина сè уште не го одобрила влезот на тимот меѓународни стручњаци кои треба да го испитаат потеклото на корона вирусот. „Денеска дознавме дека кинеските надлежни уште не ги завршиле потребните дозволи за доаѓање на тимот во Кина. Многу сум разочаран со оваа […]

Меркел: Построги мерки и „затворање“ на земјата до 31 јануари


Германската канцеларка Ангела Меркел вечерва соопшти дека со премиерите на сојузните држави договорила „заклучувањето“ во целата земја заради сузбивање на корона вирус да биде продолжено до 31 јануари. Меркел, исто така, рече дека ќе има построги ограничувања на социјалните контакти и дека овие мерки ќе бидат исти како оние воведени на почетокот на пандемијата во […]

Руте: Холандија неподготвена ја дочека вакцинацијата


 Холандската Влада во декември неподготвена го дочека одобрението од ЕУ за вакцината на „Фајзер/БиоНТек“ против корона вирусот и не можеше да започне вакцинација поради логистички проблеми, рече денеска премиерот Марк Руте. Владата наиде на критики од пратениците кои ја обвинија дека дозволила Холандија да биде последната земја во ЕУ која ќе ги вакцинира своите граѓани. […]

Претседателот на Ерменија позитивен на корона вирус


  Претседателот на Ерменија Армен Саркисијан, кој со семејството ги поминува новогодишните празници во Лондон, е позитивне на корона вирус. Саркисијан ја дочека Новата година во Лондон со своето семејство и внуције, наведоа од неговата Канцеларија, а потоа на 3 јануари тој имал успешна операција на ногата во Лондон. Претседателот на Ерменија, исто така, развил […]

Данска ги заостри рестриктивните мерки поради новата варијанта на коронавирусот


Данска– Данска воведе дополнителни рестриктивни мерки, насочени кон сузбивање на забрзаното ширење на новата варијанта на коронавирусот, за која се верува дека е многу позаразна, изјави премиерката Мате Фредериксен. Новите забрани вклучуваат намалување на бројот на луѓе на јавни собири од 10 на пет, а се воведува и задолжително физичко растојание од два метра на […]

ПЕЦ: Повеќе од 600 новинари починаа од Ковид-19 во 59 земји


Швајцарија– Повеќе од 600 новинари починаа од Ковид-19 во 59 земји во текот на десетте месеци од 2020 година, соопшти денеска меѓународната невладина организација Прес емблем кампањ – ПЕЦ.  „Од 602 новинари кои починаа од Ковид-19 од 1 март, Латинска Америка забележа најмногу случаи, односно повеќе од половина или 303 смртни случаи“, се наведува во соопштението на […]

Невреме ја погоди Италија – обилен снег, издадено предупредување


  Бран лошо време ја погоди денеска Италија и донесе обилни снежни врнежи во многу делови од земјата. Во седум региони издадено е портокалово предупредување за бура и снежни врнежи, пренесе Анса. Од друга страна, обилни дождови во Фјумичино близу Рим, доведоа до поплави, додека снегот донесе потешкотии во сообраќајот во Умбрија, Тоскана, Фриула и […]

И Италија развива вакцина, подобар резултат од „Модерна“ и „Фајзер“


  Вакцината против корона вирус која ја развива римската биотехнолошка компанија „Реитера“ е безбедна, изјави денеска научниот директор на болницата за инфективни болести „Сталанцани“ Џузепе Иполито. Тој ги претстави резултатите од првата фаза на вакцината GRAd-CoV2 и истакна дека досега вакцината е тестирана на 100 лица, а дека од нив 45 се вакцинирани со различни […]

Путин и Меркел разговараа за заедничко производство на вакцина


Рускиот претседател Владимир Путин и германската канцеларка Ангела Меркел денеска телефонски разговараа за евентуално заедничко производство на вакцина против коронавирусот, соопшти Кремљ. Рускиот и германскиот министер за здравство ќе продолжат да разговараат со експерти во врска со ова прашање, се наведува во соопштението на Кремљ. Портпарол на Владата во Берлин нагласи дека двете страни разговарале […]