Падна авион во Индонезија, настрадаа повеќе од 50 патници


  Во пад кај Џакарта во индонезија настрадаа повеќе од 50 патници, јави Ројтерс повикувајќи се на локалните медиуми. Авионот на комапнијата „Сривиџава ер“, се сруши по неколку минути од полетување од аеродромот во Џакарта. Авионот падна за помалку од минута од височина од три километри. Се работи за 27 години стар авион „боинг 737-500“, […]

Во САД првпат регистрирани повеќе од 300.000 новозаразени за еден ден


САД за првпат регистрирале повеќе од 300.000 нови инфекции со новиот корона вирус. Според секојдневниот ажуриран преглед на „Ковид Трекинг Проџект“, новите случаи за изминатите 24 часа се – 310.000, хоспитализирани се 131.889, а починатите се 3.777 – нешто под рекордните над 4.000 регистрирани вчера. Рекордно високи се и просечните бројки за истите индикатори за […]

Брижит Макрон беше позитивна на Ковид-19 за време на празниците


 Брижит Макрон, првата дама на Франција беше позитивна на Ковид-19 за време на празниците на крајот на годината поминати во Брегансон, изјави нејзиното опкружување за „Фигаро“, потврдувајќи ја информацијата на радиото Европа 1, јави дописникот на МИА. Првата дама продолжи со своите активности во понеделникот, 4 јануари ” затоа што се тестираше негативно на 30 […]

Меркел: Ниедна држава не е безбедна од Ковид-19 ако не се и нејзините соседи и пријатели


Ниту една земја не е безбедна од коронавирусот, ниту Германија, ако не се и нејзините пријатели и соседи, истакна германската канцеларка Ангела Меркел. Таа изрази верување дека е добра одлука да се набави вакцината во заеднички процес преку ЕУ. „Вирусот кој влијае на сите нас не може да биде поразен од една земја самостојно. Ниту […]

Трамп го изгуби Твитер, неговиот најголем политички мегафон. Што ќе прави сега?


Протерувањето на Трамп од Твитер веројатно дополнително го ќе разбесни веќе нестабилниот претседател, но многумина го поздравија потегот како пресвртница што одамна требаше да се направи   Од неговиот прв извршен твит утрото на денот на инаугурацијата 2017 до неговиот последен твит во петокот, најавувајќи дека нема да присуствува на инаугурацијата на неговиот наследник, личниот […]

Два кинески града ги повикаа жителите да останат дома поради нови случаи на Ковид-19


Властите во два кинески града јужно од Пекинг ги повикаа жителите да останат во своите домови седум дена, бидејќи се обидуваат да ја контролираат епидемијата на коронавирусот во која над 300 луѓе биле тестирани позитивно во изминатата недела. Според официјалните соопштенија објавени на социјалните мрежи, градовите Шидјиажуанг и Сингтаи во провинцијата Хебеи го ограничија движењето […]

Десет бебиња загинаа во пожар во болница во Индија


  Десрт новороденчиња загинаа во голем пожар во болница во Махараштра, најбогатата индиска држава, објавија од болницата, а водечките политичари изразија жалење. „Пожарто изби денеска во 2 часот наутро“, рече хирургот Прамод Кандате од Општата болница во оваа западна индиска држава. Седум од 17 деца на одделот за болни новороденчиња се спасени. Премиерот на државата […]

Ројтерс: Ако демонстрантите беа црнци „стотици“ ќе беа убиени


Расната нееднаквост во САД повторно се најде во центарот на вниманието, бидејќи толпа претежно бели приврзаници на Доналд Трамп лесно влетаа во Капитол хил во средата и поминаа без поголеми последици, велат жителите на Вашингтон, активисти, политичари, па дури и новоизбраниот претседател Џо Бајден. Демонстрантите пробија барикади, кршеа прозорци, грабаа сувенири и упаднаа во просториите […]

Се влошува епидемиолошката состојба во Италија


  Во последните седум дена во Италија се бележи влошување на епидемиолошката состојба, пишува онлајн весникот „Фанпејџ“, која ги пренесува податоците од Министерството за здравство. Процентот на заразени со корона вирус, во однос на тестирание расте како и индикаторот на брзината на ширење на Ковид-19, кој се добива врз основа на 21 параметар. Епидемиолошката ситуација […]

Помпео соработува со Блинкен за транзиција на власта


САД–  Државниот секретар на САД, Мајкл Помпео се состана со кандидатот на новоизбраниот претседател Џозеф Бајден за таа функција, Ентони Блинкен, со цел „да се олесни уредната транзиција и да се осигури дека американските интереси се заштитени во странство“, изјави висок претставник на Стејт департментот. „Нивната средба беше многу продуктивна“, рече официјалното лице. Тој додаде […]

Амстердам планира забрана за марихуана за туристите


Холандија – Градоначалничката на Амстердам, Фемке Халсема, предложи да им се забрани на туристите да ги посетуваат градските „кофишопови“ каде, како што првенствено се продава и конзумира марихуаната. Таа сака да ја намали „привлечноста на Амстердам како дестинација за туризам на мека дрога“, напиша во писмото до Градски совет. – Во последниве години, видовме дека побарувачката […]

Поради снежната бура „Филомена“, Мадрид и делови од Шпанија се во вонредна состојба


Шпанија –  Обилните снежни врнежи од невремето „Филомена“ ги ставија во вонредна состојба Мадрид и други делови на Шпанија, поради тоа што е нарушен сообраќајот и принудени се  некои региони да испраќаат војници да ги расчистат патишта. Со прогноза за снег до 20 см за 24 часа и температури од околу 0 степени Целзиусови, југот на […]

Во САД за првпат регистрирани над 300.000 новозаразени за 24 часа


САД– САД за првпат регистрирале повеќе од 300.000 нови инфекции со новиот коронавирус. Според секојдневниот ажуриран преглед на „Ковид Трекинг Проџект“, новите случаи за изминатите 24 часа се – 310.000, хоспитализирани се 131.889, а починатите се 3.777 – нешто под рекордните над 4.000 регистрирани вчера. Рекордно високи се и просечните бројки за истите индикатори за период […]

Пад на фрекфенцијата на струјата во Источна Европа, избегнато масовно исклучување


Франција–  „Ненадеен пад на фреквенцијата на електрична енергија“ во електричната мрежа „во Источна Европа“, е регистриран вчера што беше решено со намалување на потрошувачката, се вели во соопштение на менаџерот на француската мрежа РТЕ. Падот на фреквенцијата „резултираше со автоматско прекинување на потрошувачката на 16 француски индустриски локалитети“, што е „доброволно и според договорите“, посочува РТЕ. […]

И вториот кандидат на републиканците во Џорџија призна пораз на изборите за Сенатот во САД


САД – Досегашниот републикански сенатор од американската сојузна држава Џорџија, Дејвид Пердју, го призна поразот на изборите за Сенатот од младиот демократ Џон Ософ, што ја донесе Демократската партија на чекор до официјалната контрола над двата дома на Конгресот на САД. Републиканската кандидатка Кели Лефлер вчера призна дека ја изгубила трката за Сенатот од Демократот Рафаел […]

Aнкета: 57 отсто Американци сметаат дека Трамп треба веднаш да биде сменет од функцијата


САД – Педесет и седум отсто Американци сметаат дека претседателот Доналд Трамп треба да биде сменет веднаш, по протестите оваа недела, кои се претворија во насилство на Капитол. Анкетата на Ројтерс покажа и дека седум од 10 гласачи кои гласале за републиканскиот претседател го осудиле однесувањето на екстремните приврзаници на Трамп кои упаднаа во Конгресот, […]

Твитер трајно го блокира налогот на Трамп


САД- Социјалната мрежа Твитер синоќа соопшти дека итно и засекогаш го блокира Твитер налогот на претседателот на САД, Доналд Трамп.  Компанијата смета дека актуелниот претседател ги нарушил политиките на социјалната мрежа против величење на насилството и дека постои ризик тоа да се повтори. Според неа, одлуката да се блокира налогот е донесена поради „ужасните настани оваа […]

Обвинение за човекот што седеше во фотелјата на Ненси Пелоси


ВАШИНГТОН – Државен пратеник од Западна Вирџинија и човекот кој беше фотографиран како седи на работната маса на спикерот на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, се меѓу оние кои се соочуваат со федерални обвиненија кои произлегуваат од опсадата на американскиот Капитол од приврзаниците на претседателот Доналд Трамп, соопшти во петокот федералното обвинителство. Вршителот на […]

Демократите во САД ќе поднесат барање за импичмент на Трамп в понеделник


 Демократите во Претставничкиот дом на Конгресот планираат в понедленик да поднесат барање за импичмент против актуелниот американски претседател Доналд Трамп, јавија Си-Ен-Ен и британски медиуми повикувајќи се на извори од Демократската партија. Во верзија на поднесокот на демократите пишува: „…Претседателот Трамп сериозно ја загрози безбедноста на САД и нивните институции на управување. Тој се закануваше […]

Мал авион се судри со друг авион во Русија, загинаа тројца


Лесен авион кој денеска падна во Ленинградсаката област во Русија се судрил пред несреќата со друг авион, при што три лица загинале, пренесува ТАСС. Според прелиминарните податоци, лесниот авион без патници се судрил со друг друг лесен авион, во кој покрај пилотите биле двајца патници, рекол извор за канцеларијата на обинителот. Првиот авион слетал со […]