(Видео/Фото) Огнот голта сè пред себе, изгореа 81 куќа


  Австралиските власти пријавија дека изгореле 81 куќа во пожарите на западот на земјата, додека силните ветрови ги кочат напорите за гасење на огнот, пренесе Ројтерс. Премиерот на Западна Австралија Марк Макгуан рече дека пожарникарите успеале да го смалат најголемиот од седумте пожари, но предупреди дека силните ветрови ја зголемуваат опасноста. Овие пожари се многу […]

Столтенберг призна дека додека Трамп бил претседател на САД, имало тешки разговори


 Не негирам дека имало тешки денови и разговори со поранешниот претседател на САД во изминатите четири години, нагласи генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како одговор на прашањето за проценката на администрацијата на Доналд Трамп. – И покрај тие тешкотии, САД и Европа направија повеќе за НАТО отколку што беше направено во претходните години, истакна […]

Ирански дипломат осуден на 20 години затвор во Белгија


Белгискиот суд во Антверпен го осуди иранскиот дипломат на дваесет години затворска казна поради терористичко планирање. Дипломатот познат само како Асадолах А. планирал да изврши терористички атентат во Франција во 2018, за време на собир на демонстранти, опозиционери на иранскиот режим. Три други лица се осудени на осумнаесет години затвор.

Германските фирми прогнозираат дека анти-ковид мерките ќе бидат во сила до септември


Германските компании очекуваат дека секојдневието и нивниот бизнис ќе бидат ограничени уште многу месеци, покажуваат резултатите од најновото бизнис истражување на институтот ИФО. Според наодите од тоа истражување, компаниите предвидуваат дека ограничувањата во јавниот живот ќе траат уште 7,4 месеци, а не очекуваат нивниот бизнис да се врати во нормала уште 10,3 месеци, се вели […]

Норвешка нема да дава вакцини од АстраЗенека на лица постари од 65 години


 Норвешка нема да ја понуди вакцината АстраЗенека против Ковид-19 на лица над 65 години, соопшти денеска норвешкиот Институт за јавно здравје. Норвешка станува уште една европска земја која ја ограничува употреба на вакцината АстраЗенека. Досега, околу 135.000 лица во Норвешка ја примија својата прва доза, а околу 35.000 ја примија втората доза на вакцини Модерна […]

Задолжителен ПЦР-тест при влез во Шведска


 Од задутре за влез во Шведска ќе биде неопходен негативен резултат од ПЦР-тест, направен до 48 часа пред да влезе во државата, соопшти прес-центарот на Министерството за надворешни работи. Новите правила ќе важат за сите странски државјани на возраст над 18 години до 31 март 2021 година. Исклучоци се предвидени за лица на возраст под […]

Во пожар во болница во Украина загинаа лекар и тројца ковид пациенти


Тројца пациенти на интензивна нега и лекар од тој оддел загинаа во пожар што избувна во болницата за Ковид во градот Запорожје во југоисточна Украина, изјави денеска гувернерот на регионот Олександер Старук. Старук додаде дека пожарот избувнал на првиот кат во болницата, каде што пациентите биле приклучени на респиратории додека други осум пациенти биле евакуирани. […]

Молдавија го прекина внатрешниот железнички сообраќај


Моладавија– Од 12 февруари Државните железници на Молдавија целосно го запираат движењето на приградските возови откако претрпеа огромни месечни загуби поради пандемијата на коронавирусот. Според компанијата, внатрешниот превоз на патници ја чини молдавската железница помеѓу 9 и 12 милиони леи (околу 500-700.000 американски долари) месечно. Нема финансии и возовите се стари и опасни за патниците. […]

Борел од денеска во посета на Москва


Русија – Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел од денеска до 6 февруари е во посета на Москва, каде со руските власти ќе разговара за односите меѓу ЕУ и Русија и за уапсениот опозиционер Алексеј Навални. Како што претходно изјави портпаролот на ЕУ, Питер Стано, за време на посетата, Борел […]

САД разгледуваат опции за судење на напаѓачите на Капитол според федерален закон за организиран криминал


САД – Министерството за правда на САД разгледува дали да ги гони членовите на екстремно десничарските групи вклучени во нападот на Капитол на 6 јануари според федералниот закон што најчесто се користи против организирани криминал. Законот за корумпирани организации и рекет-организации, познат како RICO, им дозволува на обвинителите да се борат против некои тековни рекет-злосторства како […]

Во Шпанија над 60.000 смртни случаи од Ковид-19 од почетокот на пандемијата


Шпанија –   Повеќе од 60.000 луѓе починаа од коронавирусот во Шпанија од почетокот на пандемијата, покажуваат податоците на шпанското Министерство за здравство. Уште 565 смртни случаи од Ковид-19 беа потврдени во Шпанија вчера, а вкупниот број на смртни случаи од почетокот на пандемијата е 60.370. Регистрирани се 12.544 нови случаи на заразени, а вкупниот број на […]

САД предупредуваат дека Северен поток 2 „ја поткопува трансатлантската безбедност“


САД – Американскиот Стејт департмент соопшти дека гасоводот „Северен поток 2“, кој треба да пренесува природен гас од Русија до Германија преку Балтичко Море, ја нарушува трансатлантската безбедност. – Северен поток 2 и втората линија на Турски поток се наменети да ја зголемат моќта на Русија над нашите сојузници и партнери и тие ја нарушуваат трансатлантската […]

СЗО: На глобално ниво намален број нови случаи на заразени, нерамномерната дистрибуција на вакцините се уште е закана за економиите


Швајцарија –  Глобалните случаи на Ковид-19 се намалуваат, но нерамномерната дистрибуција на вакцини може да го одложи глобалното економско закрепнување и уште повеќе да ги остави назад земјите во развој, соопшти Светската здравствена организација. Во неделата што заврши на 31 јануари, во светот беа пријавени 3,7 милиони нови случаи на коронавирус, што е за 13 отсто […]

САД подготвуваат закон за санкции за Русија поради Навални


САД –  Група американски сенатори од двете партии го претставија нацрт законот за санкции против Русија пред американскиот Конгрес поради ситуацијата со рускиот опозиционер Алексеј Навални, соопшти прес-службата на сенаторот Марк Рубио, републиканец од Флорида. „Предлог-законот со кој се повикува на одговорност на Русија за малигни активности, наметнува насочени санкции против руски официјални лица, соучесници […]

Вонреден самит на ЕУ на 25 и 26 февраури


 Шефовите на држави и влади на Европската унија (ЕУ) на 25 и 26 февруари ќе одржат вонреден онлајн самит посветен на здравството, одбраната и безбедноста, соопшти денеска Европскиот совет (ЕС). Самитот ќе почне на 25 февруари со седница посветена на координација за Ковид-19, а на вториот ден ќе се дебатира за безбедноста и одбраната. Дипломатски […]

Дмитриев: ЕУ веќе во март може да ја одобри употребата на руската вакцина „Спутник V“


Веќе следниот месец може да се очекува руската вакцина „Спутник V“ да биде одобрена за употреба во ЕУ, изјави денеска директорот на рускиот Фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитриев. -Ги поднесовме документите до Европската медицинска асоцијација, која е европски регулатор. Процесот на преглед може да трае во февруари и почетокот на март, рече Дмитриев во […]

Здравствената агенција на ЕУ почнува со процесот на проценка на вакцината Новавакс


Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска соопшти дека ја почнала процедурата за проценка на вакцината против коронавирусот што ја разви американскиот производител на лекови Новавакс. Врз основа на првичните резултати од лабораториските тестови и клиничките студии, ЕМА ја почна својата постапка за проценка, се вели во соопштението. Тоа значи дека податоците и резултатите од студиите […]

Се намалува бројот на заразени и хоспитализирани со Ковид-19 во САД


Изгледа дека бројот на нови случаи на Ковид-19 и хоспитализации во САД се намалува, додека администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден сè уште верува дека за 100 дена може да ја постигне целта од 100 милиони вакцинации, соопшти денеска работната група на Белата куќа за корона вирусот. Сепак, Рејчел Валенски, директорка на Центарот за контрола […]

Детали за убиствата во Оклахома: Мажот убил две туѓи и три свои деца


Џарон Диџон Приџин (25) е обвинет за убиство на шестмина вчера во Оклахома, меѓу кои пет мали деца. Полицијата го уапси под сомнение за убиство откако застрелал шест жртви, меѓу кои и деца на возраст од 1, 3, 5, 6, и 9 години, соопшти полицијата. Возрасната жртва е 24-годишниот Џеварион Ли, наводно брат на убиецот. […]

Швајцарија не ја одобри вакцината на „АстраЗенека“


Швајцарските регулатори во средата соопштија дека им требаат повеќе информации пред да ја одобрат вакцината за коронавирус „Оксфорд/АстраЗенека“. „Достапните податоци во моментов не упатуваат на позитивна одлука во однос на придобивките и ризиците“, напиша Свисмедик во соопштението за печатот. Наместо тоа, агенцијата сака да види податоци од тековните големи испитувања на луѓе во САД и […]