Во Непал убиена и сопругата на поранешниот премиер


 Сопругата на поранешниот премиер на Непал, Џале Нат Канале, почина откако беше жива запалена, кога нејзиниот дом беше запален за време на насилните антивладини протести во земјата. Демонстрантите убија и тројца полицајци, кои претходно се предале, а ја запалија и зградата на полициската управа. Претходно, зградата на парламентот во Непал и домовите на политичките лидери …

Во Непал убиена и сопругата на поранешниот премиер Read More »

Полска ја затвора границата со Белорусија поради воени вежби, контрола на силите и во Литванија


Полска ќе ја затвори границата со Белорусија на полноќ по локално време во четврток поради воените вежби „Запад“ што се одржуваат во Белорусија, изјави во вторник полскиот премиер Доналд Туск, а Литванија исто така најави зајакнување на безбедносните мерки на границата со Белорусија и Русија. Воените вежби „Запад-2025“, што ќе се одржат во Западна Русија …

Полска ја затвора границата со Белорусија поради воени вежби, контрола на силите и во Литванија Read More »

Израел го нападна со ракети и главниот град на Катар, гаѓал лидери на Хамас


  Денес Израел изврши воздушен напад врз политичкото раководство на Хамас, кое се наоѓа во Доха, главниот град на Катар. Ројтерс прв јави за серијата експлозии во Доха. Сведоците слушнаа детонации и видоа чад како доаѓа од еден од централните делови на градот. Недолго потоа, израелската армија објави дека извршила напад врз врвот на Хамас …

Израел го нападна со ракети и главниот град на Катар, гаѓал лидери на Хамас Read More »

Голем прекин на струја поради пожар во Берлин, полицијата се сомнева на политички мотив


 Десетици илјади домаќинства во Берлин останаа без електрична енергија по пожарите што избувнаа на два електрични столба, изјави портпаролка на полицијата, наведувајќи постои сомнеж дека станува збор за „политички мотивиран“ криминален чин. Пожарот избувнал ноќеска во квартот Јоханистал, во југоисточниот дел на главниот град, информира портпаролката на берлинската полиција, пренесе Бета. На пожарникарите им бил …

Голем прекин на струја поради пожар во Берлин, полицијата се сомнева на политички мотив Read More »

Мардок го реши спорот со децата: Тројца добија по 1,1 милијарда долари, синот ја контролира медиумската империја


Руперт Мардок и неговиот син Лахлан постигнаа спогодба со трите деца на медиумскиот магнат, со што заврши горчливата правна битка околу тоа кој ќе ја контролира медиумската империја на Мардок по смртта на 94-годишниот магнат. Според постојниот договор за доверба, контролата врз компанијата требаше да се подели меѓу четирите браќа и сестри по смртта на …

Мардок го реши спорот со децата: Тројца добија по 1,1 милијарда долари, синот ја контролира медиумската империја Read More »

Русија фрли бомба врз луѓе што чекале пензии: 20 загинати


  Руската војска фрли воздушна бомба врз селото Јарова во украинскиот регион Донецк. Најмалку 21 лице беше убиено, а исто толку беа повредени, објави началникот на регионалната воена администрација Вадим Филашкин. „Русите нападнаа луѓе додека тие чекаа пензии. Ова не е воена акција – ова е чист тероризам“, напиша тој. Спасувачи, лекари, полиција и локални …

Русија фрли бомба врз луѓе што чекале пензии: 20 загинати Read More »

Етиопија ја лансираше најголемата хидроелектрана во Африка


Етиопија официјално ја лансираше најголемата хидроелектрана во Африка, проект кој ќе обезбеди енергија за милиони Етиопјани, но исто така ќе ги продлабочи тензиите со Египет кој се наоѓа низводно, што го загрижува целиот регион. Етиопија, втората најнаселена земја во Африка со население од повеќе од 120 милиони, ја гледа браната вредна 5 милијарди долари изградена …

Етиопија ја лансираше најголемата хидроелектрана во Африка Read More »

(Видео) Непал во пламен: Премиерот поднесе оставка, парламентот гори, министрите бегаат со хеликоптери


  Непалскиот премиер КП Шарма Оли поднесе оставка во вторникот попладне, по дводневните насилни протести против корупцијата предводени од членови на Генерацијата З. Во судирите загинаа 25 лица, а десетици беа повредени. Заминувањето на премиерот беше клучна точка во барањата на демонстрантите. Но, во политичкиот систем на Непал, оставката на премиерот не значи автоматски пад …

(Видео) Непал во пламен: Премиерот поднесе оставка, парламентот гори, министрите бегаат со хеликоптери Read More »

Украински дронови ја нападнале вилата на Путин во Сочи


Украински дронови напаѓале во рој врз вилата на рускиот претседател во црноморскиот град Сочи, ноќта откако претседателот се вклучил на онлајн-самит на БРИКС, пишува Еј-Би-Си Њуз. Сепак, не е јасно дали претседателот Владимир Путин во Сочи за време на нападот, бидејќи Путин ретко ја посетува оваа локација откако трае војната во Украина. Според наводите на …

Украински дронови ја нападнале вилата на Путин во Сочи Read More »

Путин се плаши дека враќањето на ветераните од Украина ќе ја дестабилизра Русија


  Рускиот претседател Владимир Путин смета дека враќањето на војската од војната во Украина се заканува да го зголеми криминалот и да го дестабилизира политичкиот систем што го создаде, изјавија за Ројтерс три извори блиски до Кремљ. Според еден од соговорниците на агенцијата, Путин гледа ризик од ситуација слична на 1990-те, кога ветераните почнаа да …

Путин се плаши дека враќањето на ветераните од Украина ќе ја дестабилизра Русија Read More »

Руски директор близок до Путин пронајден обезглавен под мост


Алексеј Синицин, извршен директор на компанијата за производство на калиумови соли „К-Поташ Сервис“, беше пронајден мртов во близина на Калининград. Синицин стана 19-ти руски функционер кој почина под мистериозни околности од почетокот на војната во Украина, пренесува „Москва Тајмс“. Според државната новинска агенција РИА Новости, која се повикува на извор од органите на редот, неговото …

Руски директор близок до Путин пронајден обезглавен под мост Read More »

Премиерот на Непал поднесе оставка откако демонстрантите му ја запалија куќата


Премиерот на Непал, К. П. Шарма Оли, денеска поднесе оставка откако демонстрантите ја запалија неговата куќа за време на протестите поради забраната за социјални медиуми што беше укината рано утрово, објави Би-Би-Си, повикувајќи се на соопштение од кабинетот на премиерот. Полицијата употреби солзавец за да ги растера демонстрантите, според „Хималајски вести“, и иако властите соопштија …

Премиерот на Непал поднесе оставка откако демонстрантите му ја запалија куќата Read More »

Американскиот ЦДЦ издаде предупредување за случаи на салмонела во најмалку 10 сојузни држави


Американскиот Центар за контрола и превенција на болести –ЦДЦ (CDC) издаде предупредување за безбедност на храната поради епидемијата на салмонела за која велат дека е поврзана со готовите оброци на „Metabolic Meals“. „ЦДЦ и здравствените власти во неколку држави истражуваат епидемија на инфекции со салмонела поврзани со одредени готови оброци обезбедени од „Metabolic Meals“, се …

Американскиот ЦДЦ издаде предупредување за случаи на салмонела во најмалку 10 сојузни држави Read More »

Непал ја укина забраната за социјалните медиуми и воведе полициски час


Непал ја укина забраната за социјалните медиуми и воведе полициски час откако во протестите против корупцијата предизвикани од забраната, загинаа 19 луше. Владата ја укина забраната за социјалните медиуми воведена минатата недела, изјави портпаролот на кабинетот и министер за комуникации и информатичка технологија Притви Суба Гурунг. Одлуката доаѓа откако 19 лица беа убиени, а повеќе …

Непал ја укина забраната за социјалните медиуми и воведе полициски час Read More »

Флотилата за Газа објави видео од нападот врз нивниот брод: Активисти цел на дрон, иако Тунис негира


Глобалната флотила Сумуд за Газа, која беше нападната утрово во водите на Тунис, објави видео кое го сними моментот на нападот. Претходно, флотилата објави дека еден од нивните главни бродови бил погоден од дрон во туниските води, а сите шест патници и членови на екипажот се безбедни. Избувна пожар на бродот На платформата X, сметката …

Флотилата за Газа објави видео од нападот врз нивниот брод: Активисти цел на дрон, иако Тунис негира Read More »

Болсонаро бара ослободување од домашен притвор поради операција


Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро побара кратко ослободување од домашен притвор од здравствени причини, јавија француските медиуми. Болсонаро изјави дека му е потребна медицинска интервенција, која ќе биде извршена во приватна клиника во бразилската престолнина. Тој поднел барање до судијата Александар де Мораиш, кој е задолжен за неговиот случај. Лидерот на бразилската крајна десница може …

Болсонаро бара ослободување од домашен притвор поради операција Read More »

Аналена Бербок ја презема претседателската функција на Генералното собрание на ОН


Њујорк – Поранешната шефица на германската дипломатија, Аналена Бербок, денеска и официјално ќе ја преземе функцијата претседател на Генералното собрание на ОН, јави ДПА. На почетокот на 80-тата сесија на ГС на ОН во Њујорк таа го презеде  раководењето со асамблејата од Филемон Јанг, поранешен премиер на Камерун. Бербок беше избрана на оваа едногодишна функција …

Аналена Бербок ја презема претседателската функција на Генералното собрание на ОН Read More »

Лабуристите во Норвешка на пат кон нова победа на изборите


  Малцинската влада на Лабуристичката партија во Норвешка е на пат да победи на реизборите во понеделник, покажаа проекциите на локалните радиодифузери, на национално гласање доминирано од загриженоста за зголемувањето на трошоците за живот и војните во Украина и Газа. Доколку официјалните резултати ги потврдат првичните проекции, премиерот Јонас Гар Сторе, 65, ќе остане на …

Лабуристите во Норвешка на пат кон нова победа на изборите Read More »

Повеќе муслимани отколку христијани во училиштата во Виена -планираат да воведат нов предмет


Децата од исламска вероисповед сега ја сочинуваат најголемата религиозна група во основните и средните училишта во Виена, покажаа податоците на градската власт за изминатата учебна година. Ова повторно ја отвори дебатата за интеграција, споделените вредности и улогата на училиштата во мултикултурно општество, објавува Der Standard. Муслиманите сочинуваат 41,2 проценти од учениците, христијаните 34,5 Според податоците од …

Повеќе муслимани отколку христијани во училиштата во Виена -планираат да воведат нов предмет Read More »

Курти најави производство на дронови и милијарда евра за војската на Косово


  Премиерот на Косово во технички мандат Албин Курти изјави дека во наредните четири години ќе бидат издвоени повеќе од една милијарда евра за косовските безбедносни сили (КБС). Курти, кој вчера беше единогласно избран од членовите на Генералниот совет на Движењето Самоопределување за мандатар за формирање на новата влада, во својот денешен говор зборуваше за …

Курти најави производство на дронови и милијарда евра за војската на Косово Read More »