(ВИДЕО) Во Москва се одржа руската верзија на Евровизија, учествуваа 23 земји


Во Москва се одржа руската верзија на Евровизија, на која учествуваа 23 земји. На натпреварот насловен Интервизија, победи пејачот Дук Фук од Виетнам. Виетнамецот победи со 422 освоени гласови пред претставниците на Киргистан и Катар. Иако беше најавен, вчера американскиот претставник се повлече во последен момент поради, како што посочија организаторите, политички притисок. Интервизија, која …

(ВИДЕО) Во Москва се одржа руската верзија на Евровизија, учествуваа 23 земји Read More »

Австралија, Велика Британија и Канада официјално ја признаа Палестина


Австралија, Обединетото Кралство и Канада формално ја признаа Палестина како суверена и независна држава, што означува значајна промена во надворешната политика во контекст на војната меѓу Израел и Газа.Сер Кир Стармер објави дека Велика Британија официјално ја признала Палестина како држава. „Денес, за да ја оживее надежта за мир за Палестинците и Израелците и решение …

Австралија, Велика Британија и Канада официјално ја признаа Палестина Read More »

Кражбата на храна од глад не е кривично дело во Италија


Највисокиот суд во Италија донесе историска пресуда, со која кражбата на мала количина храна од страна на бездомник, направена поради глад, не се смета за кривично дело. Случајот започна во 2015 година кога Роман Остријаков, бездомник од Украина, беше фатен во супермаркет во Џенова со храна вредна 4,07 евра, која ја сокрил под јакната откако …

Кражбата на храна од глад не е кривично дело во Италија Read More »

Талибанците не му ја даваат воената база на Трамп


Талибанците ја отфрлија можноста за враќање на американските сили во воената база Баграм во Авганистан, како што побара претседателот на САД Доналд Трамп. – Каков било договор за враќање на поранешната американска воздухопловна база во Баграм е невозможен. Некои луѓе рекоа дека започнале преговори со Авганистан за враќање на воздухопловната база Баграм. Но, договор дури …

Талибанците не му ја даваат воената база на Трамп Read More »

Американската десница тврдеше дека слободата на говорот е света – сега бара цензура


Во емоционално и политички набиените денови по убиството на Чарли Кирк, конзервативниот младински активист кој беше близок сојузник на Доналд Трамп, една изјава се наѕираше на големо. Во понеделникот, американскиот државен обвинител Пем Бонди- службеник задолжен за владеењето на правото во Америка – рече дека администрацијата на Трамп „апсолутно ќе ги таргетира“ оние кои се …

Американската десница тврдеше дека слободата на говорот е света – сега бара цензура Read More »

Два авиони со функционери од Белата куќа на комеморацијата за Чарли Кирк


  Илјадници луѓе преноќија покрај стадионот во Аризона за да му оддадат денес почит на убиениот ултраконзервативен инфлуенсер Чарли Кирк, а меѓу присутните ќе биде и   претседателот Доналд Трамп заедно со потпретседателот Џеј Ди Ванс. Чарли Кирк (31) беше убиен на 10 септември со куршум во вратот додека модерираше дебата на универзитетски кампус во Јута. …

Два авиони со функционери од Белата куќа на комеморацијата за Чарли Кирк Read More »

Приказни од Москва: Русија била за мир, Велика Британија не!


Рускиот претседател Владимир Путин останува заинтересиран и отворен за решавање на ситуацијата во Украина преку преговори и очекува да продолжи соработката со САД по ова прашање, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. -Путин, како и (американскиот претседател Доналд) Трамп, го задржува својот интерес и отвореност за насочување на целата украинска ситуација кон мирно решение, …

Приказни од Москва: Русија била за мир, Велика Британија не! Read More »

Втор ден одложувања на европските аеродроми по кибер-нападот


 Патниците на неколку европски аеродроми продолжија да се соочуваат со одложувања денеска откако кибер-нападоткој ги оневозможи автомтизираните системи за пријавување и качување во авион, јави ДПА. Аеродромите во Берлин, Брисел, Даблин и Лондон вчера пријавија ИТ проблеми, соопшти организацијата за контрола на воздушниот сообраќај Еуроконтрол. Аеродромот Хитроу во Лондон и аеродромот Берлин-Бранденбург (БЕР), кој го …

Втор ден одложувања на европските аеродроми по кибер-нападот Read More »

Сијарто: „Антифа“ е закана, Европа мора да го следи Трамп


Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, ја повика Европската Унија да го следи примерот на Доналд Трамп и да го прогласи антифашистичкото движење „Антифа“ за терористичка организација. -Унгарија е убедена дека Европа мора да ги координира своите активности со оние на Соединетите Американски Држави по толку важно прашање, објави унгарскиот министер за надворешни …

Сијарто: „Антифа“ е закана, Европа мора да го следи Трамп Read More »

Зеленски ќе ги повика сојузниците да престанат да губат време


Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе го повика претседателот  на САД Доналд Трамп да воведе санкции против Русија на состанокот во Обединетите нации во Њујорк следната недела, а  сојузниците на Украина да „престанат да губат време“. Зеленски рече дека очекува дополнителни санкции доколку Владимир Путин одбие да се сретне со него или да се согласи на …

Зеленски ќе ги повика сојузниците да престанат да губат време Read More »

Технолошките компании во хаос по одлуката на Трамп да воведе такси за вработувањето странци


Сеопфатните промени во шемата за виза за странски работници H-1B, на која се потпираат американските технолошки групи, ги натераа компаниите викендов да брзаат да се осигурат дека илјадници вработени низ целиот свет нема да предизвикаат големи нови такси за нив, пренесува Фајненшл Тајмс. Претседателот на САД, Доналд Трамп, потпиша проглас со кој ќе се воведе …

Технолошките компании во хаос по одлуката на Трамп да воведе такси за вработувањето странци Read More »

Британски борбени авиони прелетаа над Полска како дел од мисијата на НАТО „Источна стража“


Британски борбени авиони го извршија својот прв прелет над Полска како дел од мисијата на НАТО „Источна стража“ за обезбедување на источниот крило на алијансата. Мисијата, која беше објавена од британската влада во понеделникот како одговор на нарушување на полскиот воздушен простор, испраќа „јасен сигнал дека воздушниот простор на НАТО ќе биде заштитен“, изјави британскиот …

Британски борбени авиони прелетаа над Полска како дел од мисијата на НАТО „Источна стража“ Read More »

Велика Британија денес официјално ќе ја признае палестинската држава


Британскиот премиер Кир Стармер денес попладне ќе објави официјално признавање на палестинската држава од страна на Велика Британија, пренесуваат британските медиуми. Уште во јули Стармер најави дека неговата влада ќе преземе ваков чекор доколку Израел не исполни низа услови – меѓу кои прекин на огнот, обврска за долгорочен одржлив мир, дозвола за повторна испорака на …

Велика Британија денес официјално ќе ја признае палестинската држава Read More »

Земјите од НАТО следната недела на состанок поради нападот на естонскиот воздушен простор од Русија


Земјите од НАТО во текот на следната недела планираат да одржат состанок, со цел да се договорат во врска со нападот на естонскиот воздушен простор од страна на Русија, односно, како што објави Естонија, од трите руски борбени авиони, изјави портпаролот на Алијансата за ДПА во саботата. Консултациите ќе се одржат според Членот 4 од …

Земјите од НАТО следната недела на состанок поради нападот на естонскиот воздушен простор од Русија Read More »

НАТО ќе користи турски систем за воздушен надзор по руските упади со беспилотни летала


 Зачестените упади во воздушниот простор на источните и југоисточните крила на НАТО од страна на Русија ги поттикна партнерите во алијансата да се потпрат на краткорочно распоредување на турски систем за воздушен надзор, објави ДПА. Обуката за користење на системот ќе биде организирана со помош на Украина, а треба да почне веќе следната недела. Полска …

НАТО ќе користи турски систем за воздушен надзор по руските упади со беспилотни летала Read More »

Шест илјади луѓе евакуирани во Хонгконг откако е пронајдена неексплодирана бомба од Втората светска војна


 Илјадници луѓе беа евакуирани од своите домови во Хонгконг откако беше пронајдена голема неексплодирана бомба од Втората светска војна за експертите да можат да ја деактивираат. Поради „екстремно високите ризици поврзани со нејзиното отстранување“, околу 1.900 домаќинства, составени од 6.000 луѓе, беа „повикани веднаш да се евакуираат“, изјави полициски службеник за новинарите. Операцијата за деактивирање …

Шест илјади луѓе евакуирани во Хонгконг откако е пронајдена неексплодирана бомба од Втората светска војна Read More »

Португалија официјално ја признава Палестина


Португалија им се придружува на земјите кои веќе ја признаа независноста на Палестина. Португалија официјално ќе ја признае палестинската држава во недела, објави португалското Министерство за надворешни работи. „Министерството за надворешни работи потврдува дека Португалија ќе ја признае Државата Палестина… официјалната декларација за признавање ќе биде дадена во недела, 21 септември“, стои во соопштението на …

Португалија официјално ја признава Палестина Read More »

САД планираат да му продадат оружје на Израел во вредност од речиси шест милијарди долари


Администрацијата на Трамп му соопшти на Конгресот дека планира да му продаде оружје во вредност од речиси шест милијарди долари на Израел, што е нов знак на поддршка за сојузникот на Вашингтон кој се соочува со зголемена изолација поради војната во Газа. Договорот вклучува продажба на 30 хеликоптери AH-64 Apache во вредност од 3,8 милијарди …

САД планираат да му продадат оружје на Израел во вредност од речиси шест милијарди долари Read More »

Руски авиони упаднаа во Естонија


Естонија вчера објави дека три руски борбени авиони МиГ-31 влегле во естонскиот воздушен простор без дозвола и останале таму вкупно 12 минути.  -Русија го наруши естонскиот воздушен простор четири пати оваа година, што само по себе е неприфатливо, но најновото нарушување, при што три борбени авиони влегоа во нашиот воздушен простор, е без преседан дрско, …

Руски авиони упаднаа во Естонија Read More »

Русија ја нападна Украина со дронови и ракети, Полска крена во воздух борбени авиони


Русија започна голем напад со ракети и дронови врз украинските градови преку ноќ, при што загина најмалку едно лице, а ранети се 13 други. Експлозии се слушнаа во градовите Павлоград и Николаев околу 4:40 часот наутро по локално време, соопштија локалните власти. Дополнителни експлозии подоцна одекнаа во регионот Днепар кратко по 6 часот наутро. Гувернерот …

Русија ја нападна Украина со дронови и ракети, Полска крена во воздух борбени авиони Read More »