Полска ќе соборува руски воени авиони ако навлезат во нејзиниот воздушен простор


Полскиот премиер Доналд Туск денеска изјави дека нема спор околу тоа дека Полска ќе соборува руски воени авиони ако навлезат во нејзиниот воздушен простор и летаат без дозвола над територијата на Полска. – Сакам да бидам многу јасен: без дискусии ќе донесуваме одлуки за соборување… Тука нема за што да се дискутира, им рече Туск …

Полска ќе соборува руски воени авиони ако навлезат во нејзиниот воздушен простор Read More »

Празни амбасади, дезориентирани дипломати: „Генералите“ сега им даваат извештаи на „капларите“ во Стејт департментот


Претседателот Доналд Трамп вети дека ќе ја реформира американската дипломатија. Упатените велат дека тој наместо тоа ја растура, до тој степен што го поткопува сопственото глобално влијание. Осум месеци од вториот мандат на Трамп, повеќе од половина од амбасадорските места на САД, невообичаено висок број, се празни. Повеќето врвни позиции во Стејт департментот се пополнети …

Празни амбасади, дезориентирани дипломати: „Генералите“ сега им даваат извештаи на „капларите“ во Стејт департментот Read More »

Супертајфун се движи кон Филипините, илјадници евакуирани


Филипините денеска ги прекинаа работата и наставата низ областа Манила и поголемиот дел од земјата, бидејќи супертајфунот Рагаса се приближуваше кон северен Лузон, најголемиот остров во земјата. Се очекува Рагаса да донесе штетни ветрови и обилни дождови. Националните метеоролошки службеници ги кренаа оддалечените острови Бабујан на највисоко ниво на предупредување и ги повикаа жителите на …

Супертајфун се движи кон Филипините, илјадници евакуирани Read More »

Италијанската мафија и Кремљ формираат смртоносен сојуз: Тајни пратки ја загрозуваат безбедноста на целата ЕУ!


Најмодерното оружје произведено во руските државни фабрики со месеци го наоѓа својот пат до Италија, каде што го презема и складира мафијата. Според миланскиот истражен портал Linkiesta, шверцерските патишта водат низ сицилијанските пристаништа и словенечко-италијанската граница, а потоа оружјето се дистрибуира до магацини во предградијата на големите градови. Според извори од римското криминално подземје, во …

Италијанската мафија и Кремљ формираат смртоносен сојуз: Тајни пратки ја загрозуваат безбедноста на целата ЕУ! Read More »

Човекот за чија глава САД даваше 10 милиони долари пристигна во Њујорк за Генералното собрание на ОН


Сирискиот претседател Ахмед ал-Шара пристигна во Њујорк за она што сириските медиуми го нарекоа „историска посета“ за да присуствува на Генералното собрание на ОН. Ова е прв пат од 1967 година шеф на сириска држава да присуствува на годишниот собир, објави сириската новинска агенција САНА. Ал-Шара официјално предводи делегација во која се вклучени неколку министри …

Човекот за чија глава САД даваше 10 милиони долари пристигна во Њујорк за Генералното собрание на ОН Read More »

Трамп бара од главната државна обвинителка да ги гони неговите противници


Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика главната државна обвинителка Пем Бонди, да покрене поагресивни истраги против неговите политички противници. – Не можеме повеќе да одложуваме, тоа ни го уништува угледот и кредибилитетот, напиша Трамп во објава на социјалните мрежи, директно адресирана до Бонди. Трамп изрази фрустрација бидејќи „ништо не се презема“ и ја повика Бонди …

Трамп бара од главната државна обвинителка да ги гони неговите противници Read More »

Десетици илјади демонстранти во Будимпешта поради јавни прашалници на владата на Орбан


Неколку десетици илјади луѓе протестираа вчера во Будимпешта против јавните консултации што ги спроведува премиерот, Виктор Орбан, а според демонстрантите се за партиски цели, со користење на јавни средства. Унгарската влада планира во октомври да започне јавна консултација за оданочувањето откако провладин сајт тврдеше дека опозицијата планира да ги зголеми даноците доколку победи на парламентарните …

Десетици илјади демонстранти во Будимпешта поради јавни прашалници на владата на Орбан Read More »

Трамп: Газа е „вистински хаос, се надеваме дека ќе постигнеме нешто“


 Се надеваме дека ќе постигнеме нешто, изјави американскиот претседател Доналд Трамп на новинарско прашање дали мисли дека може да има дипломатско решение за конфликтот во Газа. – Ја проучуваме Газа и многу интензивно се занимаваме со Газа. Таму е вистински хаос, додаде тој. „Тајмс оф Израел“ потсетува дека САД сметаат дека признавањето на државата Палестина …

Трамп: Газа е „вистински хаос, се надеваме дека ќе постигнеме нешто“ Read More »

Делегација на ЕУ на заседанието на Генералното собрание на ОН во Њујорк


Делегација на Европската Унија предводена од претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен неделава престојува во Њујорк на 80-тото заседание на Генералното собрание на ОН на високо ниво.  Како што соопшти Европскиот совет, предвидено е Кошта в четврток да има обраќање пред Генералното собрание, при што ќе …

Делегација на ЕУ на заседанието на Генералното собрание на ОН во Њујорк Read More »

Одржана комеморација за Кирк: Трамп го нарече маченик за слободата


На преполн стадион во Глендејл, во американската сојузна држава Аризона, вчера се одржа комеморација за убиениот десничарски активист Чарли Кирк кого претседателот Доналд Трамп во својот говор го нарече херој и маченик за американската слобода. Трамп на комеморацијата изјави дека Кирк е „маченик за американската слобода“ и вети дека ќе ја продолжи неговата работа. Тој …

Одржана комеморација за Кирк: Трамп го нарече маченик за слободата Read More »

Франција, Белгија и Нов Зеланд се подготвуваат денеска да ја признаат Палестина


 За време на денешната Конференција на ОН во Њујорк неколку земји планираат формално да признаат палестинска држава, што се организира пред годишниот собир на светските лидери на Генералното собрание на Обединетите нации, јави ДПА. Францускиот претседател Емануел Макрон е домаќин на конференцијата на ОН заедно со Саудиска Арабија, која започнува во 15 часот (19 часот …

Франција, Белгија и Нов Зеланд се подготвуваат денеска да ја признаат Палестина Read More »

И Португалија вчера официјално ја призна независноста на Палестина


Португалија официјално ја призна независноста на палестинската држава, изјави синоќа шефот на дипломатијата на оваа земја, Пауло Рангел, пренесе Бета. Португалија со ваквиот чекор им се придружи на Велика Британија, Канада и Австралија, кои исто така вчера официјално ја признаа независноста на Палестина. „Признавањето на државата Палестина е исполнување на фундаменталната, конзистентна и широко прифатена …

И Португалија вчера официјално ја призна независноста на Палестина Read More »

Саудиска Арабија го предупреди Израел за сериозни последици доколку го анектира Западниот Брег


Саудиска Арабија го предупреди Израел дека ќе има сериозни последици во сите области доколку анектира кој било дел од Западниот Брег, јави израелскиот Канал 12. Според извештајот на израелската телевизија, Ријад не прецизираше какви чекори би можел да преземе, но би можел да прогласи крај на перспективата за нормализација на односите меѓу Саудиска Арабија и …

Саудиска Арабија го предупреди Израел за сериозни последици доколку го анектира Западниот Брег Read More »

Сирија следниот месец ќе одржи парламентарни избори со новата исламистичка власт


Сирија ќе ги одржи своите први парламентарни избори под новата исламистичка администрација на 5 октомври, јави државната новинска агенција Сана. Се очекува новото собрание да ги постави темелите за поширок демократски процес, откако поранешниот сириски претседател Башар ал Асад беше соборен минатиот декември, по 14-годишна војна. Критичарите сметаат дека според сегашниот систем, малцинските групи не …

Сирија следниот месец ќе одржи парламентарни избори со новата исламистичка власт Read More »

Мнозинството Американци веруваат дека ОН е неопходна, но ја критикуваат неефикасноста


 Мнозинството Американци веруваат дека Обединетите нации играат неопходна улога во светот, но ја критикуваат неефикасноста на светската организација, покажуваат резултатите од најновото истражување на јавното мислење на Галуп. Анкетата, објавена денеска, покажува дека 60 проценти од Американците веруваат дека ОН е неопходна, што е помал процент во споредба со претходните анкети спроведени во последната деценија, …

Мнозинството Американци веруваат дека ОН е неопходна, но ја критикуваат неефикасноста Read More »

Макрон го услови отворањето француска амбасада во Палестина со ослободување на заложниците


Планираното признавање на Палестина од страна на Франција нема да вклучува отворање амбасада сè додека палестинското движење Хамас не ги ослободи заложниците што ги држи во Газа, изјави францускиот претседател Емануел Макрон. Тој во интервју за американската телевизија Си-Би-Ес изјави рече дека ослободувањето на заложниците е „јасен услов пред да биде отворена амбасада“. Макрон, исто …

Макрон го услови отворањето француска амбасада во Палестина со ослободување на заложниците Read More »

Tрамп ќе ги брани Полска и балтичките држави ако Русија продолжи да ја ескалира ситуацијата


Американскиот претседател Доналд Трамп вети дека ќе ги брани Полска и балтичките држави ако Русија продолжи да ескалира во регионот, објави Анадолу. „Да“, одговори Трамп кога беше прашан дали би помогнал во одбраната на Полска и балтичките држави од Русија ако Москва продолжи да ескалира. Ова беше кажано пред Трамп да присуствува на комеморацијата за …

Tрамп ќе ги брани Полска и балтичките држави ако Русија продолжи да ја ескалира ситуацијата Read More »

Руските авиони што го нарушуваат воздушниот простор на НАТО може да бидат соборени


 Чeшкиот претседател Петр Павел предупреди дека нарушувањето на воздушниот простор на земјите-членки на НАТО од страна на Русија значително ги зголемува тензиите во Европа и нагласи дека алијансата мора соодветно да одговори, не исклучувајќи ја можноста за соборување на руски авиони. Во изјава за Чешката телевизија, Павел нагласи дека попуштањето не е опција, порачувајќи оти …

Руските авиони што го нарушуваат воздушниот простор на НАТО може да бидат соборени Read More »

Нетанјаху: Формирањето палестинска држава го загрозува постоењето на Израел


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека создавањето палестинска држава го загрозува постоењето на Израел и вети дека ќе се бори против таквите повици пред Генералното собрание на ОН. – Треба да се бориме во ОН и на сите други арени против лажната пропаганда против нас и против повикот за создавање палестинска држава што би …

Нетанјаху: Формирањето палестинска држава го загрозува постоењето на Израел Read More »

(ВИДЕО) Во Москва се одржа руската верзија на Евровизија, учествуваа 23 земји


Во Москва се одржа руската верзија на Евровизија, на која учествуваа 23 земји. На натпреварот насловен Интервизија, победи пејачот Дук Фук од Виетнам. Виетнамецот победи со 422 освоени гласови пред претставниците на Киргистан и Катар. Иако беше најавен, вчера американскиот претставник се повлече во последен момент поради, како што посочија организаторите, политички притисок. Интервизија, која …

(ВИДЕО) Во Москва се одржа руската верзија на Евровизија, учествуваа 23 земји Read More »