Пожар беснее во Шпанија: Загина еден пожарникар


  Властите во Малага, Шпанија, одлучија да продолжат со евакуација на жителите додека трае акцијата за ставање под контрола на пожарот кој со денови беснее и досега проголта 6.000 хектари шума. Тој огромен ппожар, кој од средата вечерта гори на планината Сиера Бермеја, на југот на Шпанија, се зајакна откако во неделата утрото се спои […]

Во Италија Сомалиец со нож нападна петмина, меѓу кои и дете, полицијата го уапси


Италијанската полиција уапси сомалиски барател на азил откако во саботата вечер со нож избоде четири лица и шестгодишно дете во туристичкиот град Римини, објави денеска новинската агенција АНСА. Истражителите засега исклучуваат терористички напад, додава АНСА. Министерката за внатрешни работи Лусијана Ламоргезе го опиша инцидентот како „исклучително сериозен“ и во соопштението наведе дека во понеделник ќе […]

Брисел ужаснат и гневен: Барние од главен преговарач на ЕУ стана анти-ЕУ


Пријателите, колегите и непријателите на Мишел Барние го поставуваат истото прашање за поранешниот главен преговарач на ЕУ за Брегзит: Дали го загуби умот? Барние, францускиот политичар ветеран кој освои големо признание за зачувување на единството на ЕУ во текот на спорниот процес за Брегзит, сега е кандидат на републиканците, неговата десноцентристичка конзервативна партија, за претседател […]

Градоначалничката на Париз ќе се кандидира за претседател на Франција


Градоначалничката на Париз, Ан Идалго (62) денеска објави дека би сакала да се кандидира на француските претседателски избори во 2022 година пред социјалистичката листа, иако анкетите во моментов покажуваат дека таа има мали шанси да победи, доколку не ја обедини поделената левица. -Знаејќи во колку сериозни времиња живееме, за да дадам надеж на нашите животи, […]

Меркел апелира да се искористи неделата на бесплатна вакцинација против Ковид


 Германската канцеларка Ангела Меркел денеска побара од своите сограѓани да ја искористат неделната кампања за вакцинација против Ковид-19, во рамки на која жителите ќе можат да добијат бесплатна доза вакцина на местата каде се вршат богослужби, во спортски објекти, како и во јавниот превоз. Стравувајќи дека стапката на вакцинација во земјата, која моментално е околу 62 […]

МИ5 предупредува на закана од нов „11 септември“


Повлекувањето на американските војници од Авганистан го зголемува ризикот од нов терористички напад, каков што беше тој на 11 септември 2001 година во САД. Ова го изјави шефот на британската контраразузнавачка служба Кен Мекалум, пренесува Тајмс. Според шефот на МИ5, одлуката на Вашингтон ги „оживеа и охрабри“ исламските екстремисти. Ова значи не само подигнување на […]

(Видео) Во Данска одржан концерт со 50.000 луѓе


  оОдека илјадници луѓе низ Европа протестираат против епидемиолошките мерки за сузбивање на корона вирусот, во Данка беше одржан конест на кој присуствуваа 50.000 луѓе. Данска ги укина сите мерки па во Копенхаген се одржа концерт пред 50.000 гледачи, на стадионот во чија близина е поставен и штанд за вакцинирање против Ковид-19, јави ДПА. The […]

Германска покраина со одлука: Нема плата за невакцинираните ако треба да одат во изолација


 Во германската провинција Баден-Виртемберг, во среда ќе стапи во сила мерка според која невакцинираните луѓе, доколку се разболат од Ковид-19 и мора да бидат ставени во изолација, нема да примаат плата за тој период. И други германски провинции, како Северна Рајна-Вестфалија, Хесен, Долна Саксонија и Мекленбург -Западна Померанија, планираат од 15 септември да усвојат таква […]

Во Јапонија вакцинирани над 50 отсто од население, ублажување на мерките евентуално во ноември


Јапонската влада денеска соопшти дека повеќе од 50 проценти од граѓаните се целосно вакцинирани против Ковид, и дека владата разгледува план со кој ќе ги ублажи рестриктивните мерки во ноември, доколку мнозинството од населението е имунизирано. Кампањата за вакцинација во Јапонија започна кон средината на февруари, со задоцнување во однос на најразвиените земји во светот, […]

Папата Францискo пристигна во Будимпешта за затворање на Евхаристински конгрес


Папата Франциско рано изутринава пристигна во Будимпешта, во посета на Унгарија, каде што ќе ја прослави завршната миса на Меѓународниот евхаристиски конгрес, јави ДПА. Се очекува илјадници луѓе да присуствуваат на настанот, кој ги привлече претставниците на Црквата од целиот свет да ја зајакнат вербата во Евхаристијата, централен принцип на Римокатоличката црква. Католиците веруваат дека, […]

Невакцинираните имаат 11 пати поголема веројатност да починат од Ковид-19, покажува американска студија


Нова студија изработена во САД покажува дека вакцините против Ковид-19 обезбедуваат силна заштита од хоспитализација и смрт, дури и во случаи кога се работи за многу позаразната делта варијанта. – Студијата, која следеше на 600.000 луѓе од април до средината на јули, покажа дека луѓето кои не биле вакцинирани имале повеќе од 10 пати поголема […]

ФБИ објави доверлив документ: Нови информации за 11 септември


На годишнината од терористичкиот напад, американското ФБИ објави доверлив документ кој носи нови информации за настанот што го шокираше целиот свет. Американското ФБИ објави доверлив документ во кој се наведува дека имало логистичка поддршка за двајца киднапери од Саудиска Арабија за време на терористичките напади врз САД во 2011 година, пренесува Си-Ен-Ен. Во документот се […]

Трамп: Одлуката за повлекување од Авганистан е „срамна“


Доналд Трамп ја оцени како „срамна“ одлуката за повлекување на американските војници од Авганистан, што ја донесе администрацијата на актуелниот шеф на Белата куќа, Џо Бајден. Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја даде изјавата по повод годишнината од нападите на 11 септември. Видео пораката на поранешниот американски претседател беше прикажана синоќа на собир на христијански […]

Гринпис: Руските пожари изгореа површина половина од големината на Германија


Пожарите уништија рекордна површина шумско и степско земјиште во Русија досега оваа година, област со големина што е половина од територијата на Германија, соопшти еколошката организација Гринпис. Оваа организација проценува, врз основа на сателитски податоци, дека изгореле повеќе од 17,6 милиони хектари, со што е соборен претходниот рекорд од 16 милиони хектари поставен во 2016 […]

Јужноафриканската Република одобри вакцинација против Ковид и на деца од 12 години и постари


Регулаторното тело за здравство на Јужноафриканската република (ЈАР) ја одобри употребата на вакцината Фајзер/БиоНТек за деца на возраст од 12 години и постари, отворајќи пат за владата на земјата да ги имунизира тинејџерите. Регулаторното тело соопшти дека одлуката е донесена по ажурираната ревизија за безбедност и ефикасност во март оваа година. По слабиот почеток, кампањата […]

Столтенберг: Борбата против тероризмот ќе продолжи


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг им оддаде почит на жртвите од нападите на 11 септември во САД, велејќи дека Алијансата ќе продолжи да се спротивставува на заканата од глобалниот тероризам, јави ДПА. – Борбата против тероризмот ќе продолжи и НАТО ќе продолжи да ја игра својата улога, вети Столтенберг на церемонијата во седиштето на […]

Каталонските сепаратисти одржаа масовен митинг во Барселона пред разговорите со владата


Сепаратистите од Каталонија го одржаа првиот масовен собир во Барселона од почетокот на пандемијата на коронавирус, сакајќи да покажат единство и покрај поделбите во нивните редови пред преговорите со шпанската влада. Илјадници демонстранти кои го поддржуваат отцепувањето на Каталонија од Шпанија, маршираа со знамиња и транспаренти во центарот на Барселона, пренесува Бета. Луѓето носеа маски […]

Моравиецки: Европа мора да биде силна во воена смисла


Европа мора да биде силна во воена смисла, изјави денеска полскиот премиер Матеуш Моравиецки на заедничката прес-конференција со германската канцеларка Ангела Меркел. – Јас сум за тоа Европа да биде силна од воена гледна точка, така што би имале способност да одвратиме, рече тој. – Само економски силна и општествено одговорна Европа може да биде […]

Со минута молчење во САД почна одбележувањето на две децении од терористичкиот напад


Со минута молчење во 8.46 часот на 11 септември, кога првиот авион се урна врз Светскиот трговски центар во Њујорк пред дваесет години, започна одбележувањето на две децении од терористичкиот напад врз САД, во кој животот го загубија 2.977 луѓе. Во текот на денот на повеќе места ќе има минута молчење, во спомен на жртвите […]

Одрон во Мексико: Загинаа двајца, 10 се исчезнати


Најмалку две лица загинаа, а десет се сметаат исчезнати откако во петокот во Мексико се урна дел од рид. Одронот се случил северно од главниот град Сиудад де Мексико. Итните служби се распоредени на местото на несреќата за да им пружат помош на луѓето ко се затекнале таму. Националната гарда помага во отстранување на штетите. […]